fbpx
Таг: тврдина

таг: тврдина

Мијалков не поднел жалба оти уште не го добил решението за одземениот пасош

Адвокатот Љупчо Шврговски, кој му е бранител на поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков, обвинет во случаите „Таргет“ и „Тврдина“ кои СЈО ги спои во едно обвинение, за „Мета“ изјави дека досега не ги поднеле жалбите бидејќи Мијалков сè уште не го добил решението на Кривичниот суд со кое му се одредени мерки за претпазливост,...

Расправата за „Тврдина 2“ се одложи, Шврговски не стасал да го види предметот

Денешното рочиште од судскиот процес за случајот „Тврдина 2“, на кое требаше да почне главната расправа, се одложи за 26 септември, на барање на Љупчо Шврговски и на Миле Петровски, застапници на обвинетите. Шврговски од судијката Лидија Петровска побара да го одложи рочиштето бидејќи, како што рече, непосредно пред неговото одржување бил ангажиран за бранител на првообвинетиот Горан Грујовски и...

Судот не одобри притвори побарани од СЈО, се реши за мерки за претпазливост

Основен суд Скопје 1 вечерва ги соопшти одлуките за пет барања од СЈО, со напомена дека за другите ќе се решава и јавноста ќе биде информирана утре. Од петте одлуки соопштени кон крајот на денешниот ден, се гледа дека не е прифатено ниту едно од барањата за притвор, а во некои случаи наместо бараната мерка се изречени мерки на...

Мијалков пристигна на распит во СЈО

Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков, денеска пристигна во Специјалното јавно обвинителство каде, најверојатно, треба да даде исказ за некои од случаите за кои го гони СЈО. Мијалков пристигна околу 13 часот придружуван од адвокатот Љупчо Шврговски, но не сакаше да даде изјава за медиумите пред да влезе во просториите на СЈО. Засега од СЈО не откриваат...

Адвокатите на Заев го добиле решението од судот за запирање на постапката за „Пуч“

Адвокатскиот тим на Зоран Заев го добил решението од Кривичниот суд за формално запирање на постапката за случајот „Пуч“, откако Специјалното јавно обвинителство донесе одлука за откажување од обвинението. Ова денеска го потврди лидерот на СДСМ, Зоран Заев, кој рече дека очекува наредните денови и тој да го добие решението од судот. И од Специјалното јавно обвинителство денеска за „Мета“ потврдија...

Јанкулоска побара и доби одлагање на распитот во СЈО заради увид во доказите против неа

Поранешната министерка за внатреши работи, Гордана Јанкулоска во Специјалното јавно обвинителство, каде денеска беше повикана да даде исказ, се задржа само половина час. Како што соопшти Јанкулоска, таа и нејзиниот адвокатски тим побарале одложување на распитот бидејќи, како што рече, не биле исполнети минималните услови и „процесно-правни стандарди“. Како што појасни, таа побарала да и бидат дадени на увид...

Гордана Јанкулоска дојде на распит во СЈО

Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денеска во 13 часот пристигна во Специјалното јавно обвинителство. Пред да влезе таа не даде изјава за медиумите, но најави дека тоа ќе го стори по распитот. Јанкулоска е осомничена во случајот „Тврдина“ што СЈО го отвори за уништувањето на опремата од незаконското прислушување, како и во случајот „Титаник“ за изборни манипулации. Во СЈО денеска...

Тони Јакимовски, осомничен во „Тврдина“ денеска на распит во СЈО

Тони Јакимовски, шеф на кабинет на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков и второосомничен меѓу петте во случајот „Тврдина“ на Специјалното јавно обвинителство, денеска дојде на распит во СЈО, јавува „Сакам да кажам“ . Јакимовски е и еден од 56-те помилувани на листата за колективна аболиција на претседателот Ѓорѓе Иванов што сега е повлечена. „Тврдина“ е третата истрага на СЈО, што...

Нема мерки за претпазливост за лицата обвинети во „Тврдина“

Судија на претходна постапка во Основниот суд Скопје 1 го одби предлогот на Специјалното јавно обвинителство за определување мерки за претпазливост на лицата Т.Ј., Н.Б. и В.С., обвинети во случајот „Тврдина“, соопштија од Кривичниот суд. „Судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1, постапувајќи по предлог на Обвинителството за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на...

Јанкулоска и Грујовски денеска на распит за „Тврдина“

Денеска во Основниот суд Скопје 1, на распит пред судија ќе излезат осомничените од случајот „Тврдина“. Судијката Александра Поп-Стефанија, во присуство на обвинител од Специјалното јавно обвинителство, денеска ќе ги сослушува осомничените Горан Грујовски, началник на петтата управа во УБК, Гордана Јанкулоска, поранешната министерка за внатрешни работи, која е веќе пристигната во судот, и уште тројца осомничени кои се товарат...

Кривична пријава од СДСМ против судијката Поп-Стефанија за случајот „Тврдина“

СДСМ ќе поднесе кривична пријава за судијката Александра Поп-Стефанија за одлуката да го прогласи Специјалното јавно обвинителство за ненадлежно за случајот „Тврдина“ - уништување на опрема за прислушување. - Во името на заштитата на правото и на законите, СДСМ ќе побара преиспитување на нејзината работа, како и на работата на претседателот на Кривичниот суд, Владимир Панчевски. Криминогената одлука да се прогласи...

Груевски, Јанкулоска, Мијалков, Јанакиески, Заев од списокот на Иванов се преселија кај Јанева

Специјалното јавно обвинителство продолжува со истражните постапки против сите осомничени во петте случаи што ги отвори, соопшти денеска СЈО. Поради одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за аболиција на политичари и на нивни соработници, за дел од осомничените во овие случаи беа запрени постапките, а дел поради помилувањето не беа официјално осомничени. СЈО поднело и предлог до Апелациониот суд Скопје да го...

Судот в среда ќе одлучува за мерките против четворицата осомничени во „Тврдина“

Кривичниот суд следната недела ќе одлучува за барањата на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) да им бидат одредени мерки на претпазливост на четворица од осомничените во случајот „Тврдина“, меѓу кои е и поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска. Од судот за „Мета“ потврдуваат дека е испратена покана до Специјалното обвинителство да ги образложи пред судија на претходна постапка причините поради...

Адвокатите на Грујовски поднесоа жалба на притворот

Адвокатскиот тим на првоосмничениот во случајот „Тврдина“, Горан Грујовски поднесе жалба на притворот за началникот на петтата управа. „Барањето е испратено до судија на претходна постапка и кога ќе бидат комплетирани списите ќе бидат доставени на одлучување до Кривичниот совет. Според законот за Кривична постапка, Кривичниот совет има рок од 48 часа да одлучи за жалбата“, велат за „Мета“ од...

Јанкулоска на „Фејсбук“: Во обид да одработи за Заев, СЈО се надмина себеси

Гордана Јанкулоска, поранешната министерка за внатрешни работи,  на „Фејсбук“ го сподели своето мислење за случајот „Тврдина“, кој денеска Специјалното јавно обвинителство го отвори против неа и службеници во МВР за уништување на опремата со која се вршело нелегалното прислушување. „Во обид повторно да одработи за Заев, СЈО се надмина себеси. Отвориле истрага за расходувани неупотребливи предмети и наводна штета од...

Началникот на УБК на распит во Апелациониот суд

Горан Грујовски, началник на Управата за државна безбедност (УБК) исказ дава во Апелациониот, наместо во Кривичниот суд од безбедносни причини, поради судскиот процес „Диво насеље“. На распитот се присутни и обвинители од Специјалното јавно обвинителство. Како што изјави денеска обвинителката Ленче Ристовска, во случајот „Тврдина“ под истрага се петмина службени лица, началници во МВР, кои ја злоупотребиле својата службена положба со што...

Штипјанец пронајден мртов на Исарот

Анонимен повик до лекарите во итната помош алармирал дека тело на маж е забележано на тврдината Исар во Штип. Екипата веднаш излегла на терен, каде лекар констатирал смрт. Првично не се знаел идентитетот на починатиот, но подоцна полицијата утврдила дека се работи за 40-годишниот Маријанче Б. Немало траги на насилна смрт. Засега не може да се утврди дали се работи за самоубиство,...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...