fbpx
Таг: туристи

таг: туристи

Бројот на туристи во првиот квартал е зголемен за 10,7 проценти во однос на лани

Во првиот квартал на 2017 година во однос на истиот период лани, бројот на туристите е зголемен за 10,7 проценти и тоа кај домашните туристи има зголемување за 9,4 проценти, а кај странските има зголемување за 11,4 проценти, објави Државниот завод за статистика. Во истиот период има зголемување и кај бројот на ноќевањата и тоа за 9,8 проценти. Кај домашните туристи бројот на...

Градот Скопје постави осум патоказни табли за туристите

Градот Скопје постави осум патоказни табли, на осум локации во центарот на градот, за промоција на културно-историските објекти и за полесна ориентација на граѓаните и на туристите. Како дел од проектот „Поставување туристички патоказни табли“, поставени се осум столба со три патоказни табли, кои ќе им послужат на посетителите и на граѓаните лесно да се ориентираат и да го посетат саканиот...

Холандските туристи ја отворија летната сезона во Охрид

Првиот сезонски чартер-лет со 180 патници од Амстердам, кои допатуваа со авиокомпанијата „Корендон“ на аеродромот „Св. Апостол Павле“, ја отвори летната сезона во Охрид. - Покрај редовните линии кои ги имаме преку целата година на охридскиот аеродром – за Базел, Цирих и за Лондон, како и традиционалните чартер-летови од Холандија, ова лето ќе продолжат сезонските летови кои ги отворивме во...

Во Охрид за празникот најбројни ќе бидат туристите од Турција и од Западна Европа

Велигденската атмосфера во Охрид, како што најавуваат хотелиерите, ќе се повтори и за претстојниот продолжен првомајски празничен викенд. Освен домашните туристи, се очекуваат туристи од Германија, Шведска, Хрватска, Норвешка. Менаџерскиот тим на хотелот „Миленум палас“ информира за голем интерес кај туристите од Турција, што е новина на туристичкиот пазар. – Капацитетите за 2 мај се максимално исполнети, немаме ни едно празно место...

Туристи од Турција и од Далечниот Исток го раздвижија Охрид пред празникот

Туристи од Турција и од Далечниот Исток го раздвижија Охрид пред првомајскиот празник. Туристите од Далечниот Исток го посетија градот во рамките на т.н балканска тура. На почетокот на мај, охриѓани и стружани ги очекуваат првите организирани посети на туристи од Холандија со чартер-летови, со што и официјално ќе биде отворена новата сезона за која предвидувањата се добри. Охридското Езеро, пак, го разубавија...

Хотелиерите очекуваат добра сезона, но се плашат од влошување на безбедносната состојба

Хотелиерите од Охрид и од Струга, како и малите станоиздавачи се задоволни од продажбата на капацитетите во пресрет на туристичката сезона, но се плашат од евентуално влошување на безбедносната состојба. Според најавите и склучените аранжамани за претстојната туристичка сезона, сите очекуваат дека ќе биде успешна, но само доколку не дојде до некоја поголема дестабилизација на безбедносната ситуација, со оглед на...

Атмосферата во Охрид како во главната туристичка сезона

Продолжениот четиридневен празничен викенд за Велигден, го наполни Охрид, кој оддава слика како да сме сред главната туристичка сезона. Најбројни се домашните гости, но насекаде се присутни и странците. Покрај од Скопје, гости има и од Битола, Прилеп, Тетово и од други македонски градови. Традиционално, голем број дојдоа од регионот. Бугарија, Србија, Албанија, Црна Гора, но има гости и од...

Охрид и Струга очекуваат десетици илјади гости за велигденските празници

Охрид и Струга за велигденските празници очекуваат најмалку десетина илјади туристи од земјата и од странство. Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, вели дека побарувачката за Охрид никогаш не била поголема од годинава. Според него, велигденските празници ќе бидат првиот тест и најава за успешна летна туристичка сезона. Според христијанската православна традиција, велигденските јајца се вапсуваат во четврток, но локалната самоуправа...

Бројот на туристите е зголемен за 13,4 отсто во првите два месеци во однос на лани

Во првите два месеци годинава, бројот на туристи е зголемен за 13,4 проценти во однос на истиот период лани, објави Државниот завод за статистика. Кај домашните туристи има зголемување за 12,7 проценти, а кај странските за 13,9 проценти. Во истиот период, бројот на ноќевањата е зголемен за 11,1 отсто, и тоа кај домашните туристи има зголемување за 4,2 проценти, а кај странските...

„ТУИ Холандија“ со уште еден чартер-лет кон Охрид

Тур-операторот „ТУИ Холандија“ оваа година ќе воведе уште еден чартер-лет до Охрид, така што ќе има пет лета неделно, најави директорката на Агенцијата за промоција и поддршка на турзимот на Република Македонија, Лела Крстевска. И покрај политичката нестабилност во земјата, од Агенцијата уверуваат дека тоа немало негативен одраз во побарувачката. Напротив, како што додаваат, според најавите на странските тур-оператори, заклучно...

Голем интерес за Охрид за велигденските празници

На десетина дена пред Велигден, повеќе од 60 отсто од хотелските капацитети во Охрид се резервирани, а не е помал интересот ни за сместување кај малите станоиздавачи. Охрид, традиционално, токму за Велигден го има првото големо „туристичко крштевање“ за таа година, а така ќе биде и годинава. Најголемиот број од најавените туристи се од Србија, Грција и од Бугарија. Од Албанија,...

Двајца млади Французи кои сакаат да го обиколат светот пеш, викендов се во Охрид

Двајца млади Французи, Грегори (28) и Фелих (25), кои сакаат да го обиколат светот пеш, викендов престојуваат во Охрид. Тие имаат и приколка од три квадратни метри, во која ги носат потребните работи. Грегори е веќе допломиран архитект, додека Фелих е студент по архитектура. Родната Франција ја оставиле пред две години и тргнале на долг пат. Преку Швајцарија, земјите на...

Македонија лани ја посетиле 9.000 руски туристи

Македонија минатата година ја посетиле 9.000 руски државјани, кои оствариле 23.500 ноќевања. Поголемиот дел од нив биле во Охрид, македонскиот туристички бисер, кој туристичките оператори од Руската Федерација високо го рангираат. Годинава се очекува зголемување на оваа бројка, а за тоа придонесуваат и субвенциите, кои за посетителите од Руската Федерација изнесуваат и до 65 евра по турист, а се однесуваат на...

Пролетна атмосфера во Охрид на првиот пролетен ден

Првиот ден на пролетта, донесе и атмосфера на пролет во македонскиот туристички центар Охрид. Сончевото, пријатно и топло време, ги наполни шеталиштата, крајезерскиот кеј, отворените летни бавчи на кафулињата и на рестораните. Од хотелите информираат дека имаат мал број гости од Турција и од Шведска, а дека изминатиов викенд престојувале гости од Албанија, Грција и од други соседни земји, како...

Зголемен бројот на туристи во јануари за 13,3 проценти во однос на лани

Бројот на туристите во јануари годинава изнесувал 43.220 и во однос на истиот месец лани, тој е зголемен за 13,3 проценти, објави Државен завод за статистика. Бројот на ноќевања истиот месец изнесувал 87.894 денари и во однос на лани има зголемување од 11,7 проценти. Во истиот период бројот на домашните туристи е зголемен за 10,3 проценти, а бројот на странските туристи е...

Отсега и Јапонците во балканската туристичка тура

Агенцијата за промоција и за поддршка на туризмот на Република Македонија и ЏИКА - Јапонската агенција за меѓународна соработка, потпишаа меморандум за соработка, со кој нашата земја, заедно со Албанија, Србија, Црна Гора и со Босна и Херцеговина, ќе го промовираат Балканот во Јапонија. Тоа значи дека отсега и Јапонците ќе бидат дел од таканаречената балканската туристичка тура, во која се...

Голем број туристи од Грција, Бугарија и од Албанија во Охрид за Прочка

Стотици Грци, но и помал број туристи од Албанија и од Бугарија, допатуваа во Охрид и во Струга за прослава на верскиот христијански празник Прочка. Гостите што допатуваа во Охрид го заживеаја градот. Кафулињата и рестораните се полни, а шеталиштето наликува како во сезона. Навечер гостите ги посетуваат православните храмови. Задоволни се и туристичките агенции, хотелитерите и приватните станоиздавачи. Лани, во посета на...

Бројот на туристи лани е зголемен за 5 проценти во однос на 2015 година

Бројот на туристи лани е зголемен за 5 проценти, во однос на 2015 година објави Државниот завод за статистика. Кај домашните туристи зголемувањето е за 4,8 проценти, а кај странските за 5,1 процент. За истиот период, бројот на ноќевањата е зголемен за 2,8 проценти и тоа кај домашните туристи има зголемување за 3,6 проценти, а кај странските за 1,7 проценти. Според податоците...

Пролетната температура и сонцето го наполнија охридското шеталиште

Убавото и сончево време, со дневна температура која напладне достигна 10 Целзиусови степени, ги извлече охриѓани од своите домови, а туристите надвор од хотелите. Некои уживаа во прошетка и во другарување со галебите по кејот на Охридско Езеро, други ги посетија летните тераси на градскиот плоштад. Ликовниот уметник и познат екологист Свето Стефаноски доби инспирација и во средината на јануари и сред зима,...

Новиот мост во Струга атракција за стружани и за туристите

Топлото време ги извади денеска стружани од нивните домови, а туристите од хотелите. Хотелите „Дрим“, „Белград“, „Макпетрол“ и другите беа закупени со поголемиот дел од капацитетите за продолжениот празничен новогодишен викенд. Покрај кафулињата на езерскиот брег и по должината на реката Црн Дрим, деновиве нова атракција е новиот дрвен мост, што стружани како подарок го добија непосредно пред дочекот на...

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...