недела, 17 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: црква | 92 резултати

Патријархот Иринеј ја освети црквата која ја градеше фондацијата на Николиќ

мај 27, 2017

Патријархот на Српската православна црква Иринеј денеска го освети Храмот на светиот маченик Димитриј во Бајчетина чиј ктитор е претседателот на Србија, Томислав Николиќ. Изградбата на црквата која е во родното место на Николиќ, започна во 2013 година и чини како што наведуваат медиумите, околу милион евра. Николиќ за претседател на Србија беше избран во […]

Верници и други љубопитници ги исполнија изминатата ноќ црквите во Охрид

април 16, 2017

Многуилјаден народ, верници и други љубопитници, ги исполнија изминатата ноќ сите цркви во Охрид. Сепак, радосната вест за Христовото воскресение, најавена со биењето на камбаните, синоќа на полноќ, најбројните ја дочекаа во Светиклиментовиот храм, „Св. Пантелејмон“ на Плаошник. Со празничната богослужба чиноначалствуваше митрополитот дебарско-кичевски г. Тимотеј, кој им ги честита велигденските празници на бројните верници. […]

Најмалку 15 лица загинаа а повеќе од 40 се повредени во црква во Египет

април 9, 2017

Најмалку 15 луѓе ги загубиле животите а над 40 се тешко повредени во експлозија во Коптската православна црква „Свети Ѓорѓи“ во Танта, Египет. Гратчето е близу Каиро, а коптските правослани христијани сочинуваат околу 10 отсто од 85 милионското население на Египет, потсетува египетската телевизија „Ал Арабија“. Телевизијата известува дека уште не се знае причината за […]

Пукал пред црква во Остин, полицијата го убила

јануари 14, 2017

Полицијата во Остин убила маж кој неколкупати пукал од автоматска пушка во воздух пред црква во сојузната држава Тексас. Напаѓачот бил убиен откако одбил да го фрли оружјето, соопшти полицијата. Властите наведуваат дека пукањето во северозападен Остин се случилo откако полицијата добила повик во кој бил пријавен грабеж, а потоа и тепачка на паркиралиште на […]

МПЦ апелира да не се палат бадникови огнови, дрвата да се донираат за сиромашните

јануари 5, 2017

Македонската православна црква апелира денеска да не се палат бадникови огнови, а собраните дрва да се донираат на социјално загрозени семејства. – Верниците кои планираат да организираат коледарски оган, да не го прават тоа, туку да ги донираат дрвата. Исто така, на тој начин ќе покажеме и доволна граѓанска свест во време кога  Скопје, но […]

Најмалку 160 лица загинаа при уривање на покрив на црква во Нигерија

декември 11, 2016

Најмалку 160 лица загинаа кога покров на една црква на југот во Нигерија се урна врз верниците, соопштија денеска властите. Се очекува бројот на загинати да се зголеми. Црквата која се урнала во градот Ујо, во нигериската сојузна држава Аква Иба, била во изградба, а работниците се брзале да ја дозавршат изградбата за да биде готова за […]

Спомен-плоча во чест на научникот Михајло Пупин во Охрид

декември 8, 2016

На камбанаријата покрај црквата „Св. Богородица Перивлепта“ во Охрид, денеска, на посебна свеченост, во рамките на одбележувањето на патрониот празник на градот, Св. Климент Охридски – Чудотворец, ќе биде откриена спомен-плоча во чест на донаторот на црковното ѕвоно, научникот со светска слава од почетокот на минатиот век – Михајло Пупин. Плочата е донација на невладиното […]

Црква се гради во кругот на Клиничката болница во Штип

ноември 14, 2016

На денот на свети Кузман и Дамјан, беа поставени темели на истоимената црква во дворот на Клиничката болница во Штип. Владиката Иларион најави дека осветувањето ќе биде следната година. Уште со најавата дека ќе се гради црква до болницата, социјалните мрежи беа преполни со негодувања. – Зошто наместо за бетон, парите да не се употребат […]

Католичката црква во Албанија денеска ќе прогласи 38 католици за блажени

ноември 5, 2016

Католичката црква во Албанија денеска во градот Скадар ќе прогласи 38 католици за блажени. Сите 38 католици ќе бидат запишани во книгата на блажени поради нивната маченичка смрт за време на комунизмот. Мисата ќе ја одржи кардиналот Анџело Амато. Се очекува на настанот да присуствуваат високи црковни лица од Католичката црква. Меѓу 38 албански маченици […]

ФРОДЕМ: МПЦ да не биде соучесник во одбраната на обвинетите криминални партиски лица

септември 17, 2016

Фронтот за демократска Македонија (ФРОДЕМ) ја повикува Македонската православна црква (МПЦ) да се каже дали во Општината Центар во 2013 година протестирале партиски насилници или верници. Од ФРОДЕМ велат дека во последното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ се вели дека: ,,претставници на Македонската православна црква и здружението на граѓани „Веритас“ се спротивставиле на намерите да се стопира […]

Груевски, Заев, Ахмети и Иванов во делегацијата за прогласување на Мајка Тереза за светица

август 5, 2016

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, на 4 септември во Рим ќе ја предводи македонската државно-црковна делегација, на свечениот чин на прогласувањето на Мајка Тереза за светица. На свеченоста, покрај македонскиот претседател, ќе присуствуваат министерот за надворешни работи, Никола Попоски, и министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, делегации на Католичката црква во Република Македонија и на […]

Објавено името и на вториот напаѓач во црквата во Франција

јули 28, 2016

Вториот напаѓач во црквата во Нормандија е идентификуван како 19-годишниот Абдел Малик Петитџан, информираат од француското обвинителство. Петитџан е од град во Источна Франција, во близина на границата со Германија, наведуваат француските медуми. Во јуни полицијата отворила досие за Петитџан поради сомневање дека е радикализиран, а владата наведува дека во земјата има околу 10.500 такви […]

Идентификуван еден од напаѓачите во Сент Етјен ду Рувре

јули 27, 2016

Француските власти идентификуваа еден од двајцата терористи што вчера упаднаа во црквата во Сент Етјен ду Рувре и го убија свештеникот Жак Амел. Станува збор за 19-годишниот Кермиш Адел од Монт Сант Ењан, кој немал криминално досие, но ѝ бил познат на полицијата по двата неуспешни обиди да замине во Сирија. – Сè уште е во […]

Валс: Нападот на црквата е варварски чин

јули 26, 2016

Францускиот премиер Манеул Валс оцени дека нападот на црква на северот на земјата претставува „варварски чин“, поради кој цела Франција треба да остане обединета. Валс на „Твитер“ напиша дека со ужас ја примил веста за варварскиот чин, кој претставува удар за сите Французи и за сите католици и порача дека ќе останат обединети. Француските власти […]

Франција: Полицијата ги уби напаѓачите откако заклале свештеник

јули 26, 2016

Свештеник е убиен за време на заложничката ситуација во црква во францускиот град Сент Етјен ду Рувај, Северна Франција, соопштија полициски извори. Весникот „Фигаро“ јавува дека напаѓачите му го пресекле гркланот на свештеникот. Портпаролот на полицијата потврди дека двајцата напаѓачи се убиени. Според весникот „Пуан“, уште еден верник е убиен, но полицијата засега не ја […]

Заложничка драма во црква во Франција

јули 26, 2016

Двајца мажи вооружени со ножеви, наводно, киднапирале две калуѓерки и неколку верници и ги држат како заложници во црква во францускиот град Сент Етјен ду Рувај, во близина на Руан. Според одредени медиуми, напаѓачите како заложници држат од четири до шест лица. Пожарникари, заедно со специјални сили и припадници на единицата за антитероризам се наоѓаат […]

Осветени конаците на црквата „Пресвета Богородица“ во Заум

јуни 5, 2016

Во присуство на голем број верници, црквени великодостојници, но и преставници на научната бранша, денеска беа осветени конаците на манастирот „Пресвета Богородица“ во местото Заум, на јужниот дел од Охридско Езеро, кај селото Трпејца. Пред осветувањето се служеше света архиерејска литургија, на која чиноначалствуваше архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, во сослужение со надлежниот митрополит […]

Ќе се осветува новиот конак во манастирот „Пресвета Богородица“ во Заум

јуни 5, 2016

Денеска, со отслужување на света архиерејска литургија, на која ќе чиноначалствува архиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан, во сослужение со надлежниот митрополит г. Тимотеј и повардарскиот митрополит г. Агатангел,  ќе биде осветен новоизградениот конак на манастирот „Пресвета Богородица“ во месноста Заум, на брегот на Охридско Езеро. Манастирот е лоциран на околу 20 километри од Охрид, на […]

Во Лешочкиот манастир осветен мермерен крст поставен во чест на руски монаси

мај 27, 2016

Во Лешочкиот манастир, денеска беше осветен мермерен крст поставен во чест на руски монаси. Крстот го освети Архиепископот на Македонската православна црква г.г. Стефан, а е поставен во чест на 35 руски монаси од Валамскиот манастир, кои по Октомвриската револиција во 1926 година пребегнале во Лешочкиот манастир, каде живееле две години. – Крстот нека биде надеж за ова место, кое […]

Митрополитот на грчката православна црква Дамаскин, во Охрид се сретна со владиката Тимотеј

мај 14, 2016

Митрополитот од грчката православна црква на Дидимотихо, Орестиада и Суфли, г. Дамаскин, заедно со повеќе свештенослужители и верници од својата епархија, беше на поклоничко патување на светите места во Охрид. При својата посета, во просториите на Митрополитскиот административен центар на Дебарско-кичевската епархија во Охрид, митрополитот Дамаскин оствари и неофицијална средба со неговото високопреосвештенство, митрополитот дебарско-кичевски, […]

Страна 2 од 5