fbpx
Таг: цивили

таг: цивили

Најмалку 23 цивили загинале во воздушни напади во Јемен

Најмалку 23 цивили вчера загинале во бомбардирање на јеменскиот пристанишен град Ходеида, што го извршила коалцијата предводена од Саудиска Арабија, соопштиле безбедносни претставници на Јемен и очевидци, јавуваат светските агенции. Според нивните тврдења во воздушните напади биле повредени осум луѓе. Меѓународната организација за човекови права ја обвини арапската коалиција дека бомбардира места каде се собираат цивили - пазари, болници, станбени подрачја...

Во нападите на арапската коалиција во Јемен убиени 109 цивили, соопшти ОН

Во воздушните напади на арапската коалиција предводена од Саудиска Арабија во Јемен загинале 109 цивили за десет дена, соопшти денеска координаторот на Обединетите нации (ОН) за хуманитарни прашања, Џејми Мекголдрик, јавуваат светските агенции. Според него, меѓу жртвите се 54 лица кои биле убиени во воздушните напади на пазар во западната провинција Таиз, како и 14 лица од едно исто...

Најмалку 14 лица се убиени, а осум се ранети во напад во Мексико

Најмалку 14 лица се убиени, а осум се ранети во напад на вооружена група на центар за рехабилитација на северот на Мексико, соопшти полицијата. Вооружената група синоќа упаднала во центарот за лекување наркозависници „Обединети семејства“ и почнала да пука на луѓето, каде што во тој момент биле 25 лица. https://twitter.com/AgenteTruffaut/status/912917160539901953 Во последната деценија, најмалку шест напади се извршени врз рехабилитациски центри, а за...

Најмалку 13 цивили загинале во напади на северот на Авганистан

Најмалку 13 цивили, меѓу кои жени и деца, загинале во северниот дел на Авганистан, кога нивната куќа била погодена во артилериски напад, соопштиле официјални претставници. Куќата, како што јавуваат агенциите, била погодена синоќа за време на борбите во провинцијата Фарџаб. Полицијата соопштила дека во нападот се повредени уште двајца цивили. Засега не е познато дали цивилите настрадале во напад на...

Единаесет цивили убиени во напад во Сирија

Најмалку 11 цивили загинаа во воздушните напади во Сирија во изминатите 24 часа, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права. Во нападот на периферијата на Дамаск се убиени осум лица, меѓу кои има и деца, соопштија опозициските активисти. Како што се наведува, тоа е прв инцидент откако Русија пред три дена соопшти дека постигнала спогодба со сириската опозиција за примирје на границите...

ОН: 173 загинати, 100.000 заробени лица во Рака

Високиот комесар за човекови права на Обединетите нации, Зеид Раад ал Хусеин, соопшти дека овој месец најмалку 173 цивили се убиени во операција против Исламска држава во Рака. Тој соопшти дека 100.000 цивили се заробени во тој сириски град. Светските агенции пренесуваат дека Ал Хусеин ги изнел овие податоци во време кога борците со поддршка од САД водат борба за преземање на...

ОН ги обвинија сириските власти за страдањата на цивилите

Високиот комесар на ОН за хуманитарна помош, Стивен О’Брајан, ја обвини сириската влада дека ги користи цивилите како „воена тактика“, одбивајќи да им достави хуманитарна помош на жителите на окупираните градови, што ги принудува цивилите да избираат меѓу глад и бегање на несигурни локации. Тој истакна пред Советот за безбедност на ОН дека илјадници Сиријци во најмалку 10 градови во...

Шест цивили убиени во Алепо

Најмалку шест цивили, од кои четири деца, денеска загинаа во Алепо, соопшти сириската Опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон. Опсерваторијата тврди дека одговорни за нападот се сириските владини сили. Во соседната провинција Идлиб, најмалку 22 милитанти се убиени во воздушните напади во последните 24 часа, наведоа од опсерваторијата, додевајќи дека некои удари ги извеле авиони на сириските сили, а...

Во Ирак во 2016 година загинале 6.878 цивили

Во текот на 2016 година, во Ирак загинале најмалку 6.878 цивили, соопштија од Обединетите нации. Мисијата на ОН за помош на Ирак (УНАМИ) во соопштение наведе дека за време на минатата година повредени биле најмалку 12.388 цивили, додавајќи дека тие податоци не ги вклучуваат жртвите помеѓу цивилите во западната провинција Анбар во мај, јули, август и во декември. Овие бројки „мораат...

Сириската војска ја презеде контролата врз Алепо

Сириската војска денеска соопшти дека ја презела целосната контрола над градот Алепо, по евакуацијата и на последната група цивили и бунтовници од градот, јавува „Би-би-си“. Претставник на Обединетите нации (ОН) претходно соопштил дека за една недела, односно од минатиот четврток до денеска повеќе од 34.000 лица биле евакуирани од градот. Евакуираните цивили и припадници на бунтовничките сили се однесени на територија...

Ослободени 1.800 заробеници на Боко харам во Нигерија

Нигериската војска ослободила 1.800 цивили од екстремистичката група Боко харам и заробила повеќе од 500 припадници на групата во изминатата седмица во шумата Самбиса, упориште на екстремистите од североистокот на земјата, соопшти висок воен претставник. Војската спроведува операции во шумата Самбиса која се простира на повеќе од 1.300 квадратни километри во државата Борно, каде борци на групата побегнале по воените порази. -...

Продолжува евакуацијата во Алепо, 1.000 луѓе го напуштија градот

Околу 1.000 луѓе го напуштија денеска источниот дел на Алепо, при новата евакуација на жителите во тој дел од градот, кој е под опасада на владините сили. Шефот на единицата на лекари и на волонтери кои ја коордирнираат евакуацијата, Ахмад ал Дбис, изјави дека луѓето биле евакуирани со 20 автобуси и се упатиле во западниот дел на градот. Иствреме се врши...

Евакуирани 6.462 лица во Алепо

Во изминатото деноноќие од Алепо се евакуирани 6.462 лица, меѓу кои и повеќе од три илјади бунтовници и 300 ранети, соопштија руските власти. Автобусите кои евакуираат лица се придружувани од офицери на рускиот Центар за примирје и од соработници на Црвениот крст. Возилата се движат кон реонот Ал Рашидин, во западниот делови од градот од каде се префрлаат кон градот...

Сириската војска убива цивили во Алепо, тврдат ОН

Обединетите нации денеска соопштија дека сириски провладини сили почнале да влегуваат во домови во источните делови во Алепо и да ги убиваат цивилите кои ќе ги затекнат внатре, пренесува „Би-би-си“. Од канцеларијата за човекови права на Обединетите нации, како што наведува британскиот национален сервис, изјавиле дека имаат веродостојни докази дека во четири области 82 цивили биле убиени на самото место. Портпаролот...

Сириската војска го зазеде стариот дел на Алепо

Сириската војска денеска ја презела целосната контрола над стариот дел на Алепо, кој беше држен од бунтовничките сили, соопшти сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон, јавуваат светските агенции. Сириската војска во стариот дел на градот, кој е втор по големина во Сирија, влегла вчера. Како што јавуваат агенциите, бунтовничките сили во последните две недели изгубиле две третини од...

Сириската војска ги презеде од опозициските сили клучните делови на Алепо

Сиријските владини сили го зазеле клучниот дел на Алепо, Ал-Сакхур, и со тоа ја вратиле контролата над сите северни области од источниот дел на градот што ги држеа бунтовниците, јавуваат светските агенции. Освојувањето на областа Ал-Сакхур го потврдиле сириската државна телевизија, како и сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон. Сириската армија, лојална на претседателот Башар ал-Асад, и нејзините сојузници...

ИД се обидела да донесе цивили во Мосул и да ги користи како жив штит

Исламска држава се обидела да префрли околу 25.000 цивили во Мосул, а се претпоставува дека планот на групацијата бил да ги користат тие луѓе како човечки штит во одбрана на своите позиции. Цивили од Хамам ал Али, град кој се наоѓа јужно од Мосул, се качени во камиони и во минибуси во раните утрински часови, но повеќето се врателе поради...

Околу 1.000 лица иселени од линијата на фронтот за ослободување на Мосул

Ирачките специјални сили преселиле околу илјада лица од село кое се наоѓа во близина на линијата на фронтот за ослободување на Мосул од Исламска држава. Според извештаите на ОН, милитантите во последните денови извршиле бројни злосторства. Меѓународната организација за миграција соопшти дека од почетокот на офанзивата на 17 октомври се раселени околу 9.000 лица. Повеќе од 25.000 припадници на ирачката војска, курдски...

ИД убила 30 цивили во Авганистан

Исламистички екстремисти ноќеска убиле најмалку 30 цивили, меѓу кои и деца, во нестабилната област Гор во централниот дел на Авганистан, соопшти гувернерот на провинцијата. - Припадници на Исламска држава убиле околу 30 цивили, меѓу кои и деца, кои претходно биле киднапирани – изјави гувернерот Насир Казех. Претставници на локалната влада навеле дека цивилите биле киднапирани додека собирале дрва во планина. Екстремистите пукале...

ОН: ИД масакрира цивили во близина на Мосул

Обединетите нации соопштија дека добиле извештаи оти Исламска држава масакрирала цивили во Ирак, додека ирачките владини сили се приближуваат до Мосул, последното прибежиште на ИД во земјата. Комисијата за човекови права на ОН соопшти дека околу 70 тела со рани од куршуми се откриени во куќа во село во близина на Тулул Насер, околу 35 километри јужно од Мосул. Од...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...