fbpx
Таг: ЦИВИЛ

таг: ЦИВИЛ

ЦИВИЛ преку акција ги повикува граѓаните да ги споделат своите очекувања и барања од идната Влада

Со јавен повик, организацијата ЦИВИЛ ги повикува сите заинтересирани граѓани да ги споделат своите очекувања, предлози и барања за идната Влада на Република Северна Македонија. Учесниците во оваа акција за прибирање мислења, предлози и барања, можат да се потпишат и да испратат фотографија со кратка биографска белешка (максимум 10 реда), можат да се снимаат со видео обраќање, но можат...

Црната медиумска кампања на изборите се водеше на дел од онлајн медиумите и на социјалните мрежи

Како во изборната кампања, така и за време на изборниот молк, дел од онлајн медиумите во земјава, како и одредени личности но и анонимуси на социјалните мрежи, ја одиграа нечистата пропагандна кампања за партиите на изминатите парламентарни избори. Ваквиот заклучок произлегува од констатациите изнесени во мониторингот на медиумите што го извршија мисијата на ОБСЕ/ОДИХР и на организацијата ЦИВИЛ. Специјалната мисија...

ЦИВИЛ: Нотирани помали изборни нерегуларности помеѓу кои и еден случај на лажна вест

Мониторингот на ЦИВИЛ што ги следи изборите бележи еден случај на лажни вести во периодот од 13 до 16 часот. Оттаму информираат дека во изборно место 2476 во Гази Баба еден гласач за Канал 5 дал изјава, откако гласал, тврдејќи дека параванот бил низок и дека набљудувачите му сугерирале за кого да гласа. Според набљудувачот на ЦИВИЛ, не е...

ЦИВИЛ регистрираше 18 нови изборни нерегуларности

Освен трите инциденти регистрирани по почетокот на гласањето денеска, организацијата ЦИВИЛ, која го следи гласањето на голем број избирачки места, во меѓувреме регистрирала вкупно 18 инциденти или други изборни нерегуларности, соопштени Џабир Дерала, претседателот на ЦИВИЛ на прес-конференцијата во 10 часот. Меѓу нерегуларностите што се забележани, се контрола од партиски набљудувач кој што заокружува на ливчињата, некористење УВ ламба за...

Мирен почеток на изборниот ден, набљудувачите на ЦИВИЛ бележат мал број нерегуларности

Забележани се одреден број инциденти, со кршење на изборниот молк и негативна кампања до отворањето на избирачките места утрово, а самиот процес на гласањето од 7 часот е одбележан со многу мал број нерегуларности, во Кочани и Брвеница, и непочитување на заштитните мерки за ковид-19 во Чаир, соопшти претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала, на првата денешна прес-конференција, која се...

„Гласај!“ – нова иницијатива на Цивил за граѓанско учество и излезност на изборите

Цивил ја поведе иницијативата „Гласај / Voto“ на социјалните мрежи, за да им даде поттик на граѓанките и граѓаните да го искористат своето право на глас и да излезат на гласање на 15 јули. „Изборите нѐ затекнаа во време на пандемија кога заштитата на јавното здравје е приоритет. Затоа, Цивил повикува на гласање, но и на максимално придржување кон мерките за заштита од...

ЦИВИЛ: Социјалните мрежи и дел од медиумите и на овие избори се користат за ширење лажни вести и омраза

Граѓанската организација ЦИВИЛ денеска одржа прес-конференција за да ги претстават нивните досегашни наоди од мониторингот на платеното политичко рекламирање и медиумското известување пред и за време на изборната кампања за изборите што ќе се одржат на 15 јули. Од тимот на ЦИВИЛ посочија дека првата недела од предизборната кампања почнала жестоко и валкано, со жалење дека дезинформациите, клеветите, вербалното...

Седиштето на ЦИВИЛ мета на вандализам со заканувачки и навредливи пораки

Седиштето на ЦИВИЛ повторно е мета на вандализам со заканувачки и навредливи пораки, информираат од организацијата. Оттаму појаснуваат дека панелот во дворот зад седиштето на организацијата што се користи за состаноци и изјави за јавноста е турнат, а врз него е ставена лопата. „Натписот со логото на организацијата и натписот „Слободна зона“ веднаш под него се скинати, а пред вратата...

ЦИВИЛ: Да се стави крај на неказнивоста за повреда на слободата на медиумите

Како организација за човекови права, ЦИВИЛ секогаш е на страната на новинарките и новинарите и ги повикува да ја продолжат комуникацијата со организацијата и секој обид за притисок врз нив да го пријават, велат од таму по повод Светскиот ден на слободата на медиумите 3 мај. „Оваа година, Северна Македонија бележи значителен пад на бројот на напади врз новинар(к)ите, но,...

Анализа: Кога верски лидер наместо да обединува шири говор на омраза

Изјавата на лидерот на Исламската верска заедница на Северна Македонија, Реис Улема Сулејман Реџепи, во која тој ги нарекува своите сограѓани од македонска етничка припадност “дивјаци и народ без идентитет“, беше причина за голем број реакции во јавноста. Познати јавни личности го осудија овој вокабулар, особено нагласувајќи ја неговата функција, која треба да обединува, наместо да разделува. Невладината организација Хелсиншки комитет, поднесе тужба...

„Цивил“: Реисот Сулејман Реџепи да одговара за говорот на омраза

Неприфатливо е поглавар на верска заедница, чија цел е да обединува, а не да создава раздор меѓу народот, своите сограѓани да ги квалификува како „дивјаци и луѓе без идентитет“, реагираат од граѓанската организација „Цивил“. Според нив, неприфатливо е човек кој е полн со толкава омраза да биде највисокиот претставник на една верска заедница во земјата. „Исто така, неприфатливо е што оваа...

ЦИВИЛ: Да се казнат оние кои употребуваат говор на омраза

Најостро го осудуваме екстремниот говор на омраза со кој се користи трагедијата на загинатите и повредените за да манифестираат невидена суровост и нечовечност, велат од ЦИВИЛ – Центар за Слобода. „Ги повикуваме релевантните институции да преземат итни мерки и соодветно да ги казнат лицата што безмилосно и бесрамно ја користат оваа трагедија, за искажување на своите ниски, фашистички и нечовечки...

„Цивил“: Починати лица и фантоми и натаму фигурираат во Избирачкиот список

Фантомски гласачи, починати лица со право на глас, лица регистрирани на погрешна адреса. Избирачкиот список е далеку од прочистен, велат од граѓанската организација „Цивил“. До нив уште во првиот ден од јавниот увид пристигнале низа пријави за недоследности. Но најголем проблем, според „Цивил“, е лавиринтот во кој ќе се заглават граѓаните доколку сакаат да го пријават случајот. Затоа организацијата...

„Цивил“: Регистрирано е семејно гласање, кршење на молкот и закани по набљудувачите

Невладината организација „Цивил“ нотирала три случаи на притисок врз нивните надзорни тимови и тоа во општините Штип, Кавадарци и Сарај, информираат од таму. Поради, како што велат, крајно сериозните закани, „Цивил“ ги повлече набљудувачите од село Ласкарци, општина Сарај. Заканите дошле од член на избирачкиот одбор, кој било револтиран од присуството на набљудувачите на „Цивил“, односно од извештаите на „Цивил“...

„Цивил“: Неколку нерегуларности и мирен почеток на гласањето

Набљудувачите на невладината организација „Цивил“ утринава бележат мирен и навремен почеток на изборниот ден во 35-те општини каде што се спроведува вториот круг од локалните избори. Исклучок прави избирачкото место 2433, во ОУ „Витуриа“, во општина Сарај, кое било заклучено до 8.30 часот. Времето на гласање на ова гласачко место, според законот, мора да се продолжи за толку време колку...

„Цивил“: Засилено дејство на партиски активисти и нарушување на изборниот молк

Тимовите на невладината организација „Цивил“, кои ги надгледуваат изборите, денеска забележале засилено дејство на партиските активисти во општините, каде што утре треба да се гласа во вториот круг на локалните избори, се вели во нивното соопштение. „Изборниот молк се крши во текот на ноќта и во текот на предизборниот молк. „Цивил“ доби неколку извештаи од изборните набљудувачи и едно аудиосведоштво за изборен поткуп...

„Цивил“: Нема потврда за наводите на ВМРО-ДПМНЕ за поткуп на гласачи

Набљудувачите на „Цивил“ не откриле ниту еден случај што би ги потврдил како основани наводите на ВМРО-ДПМНЕ за поткуп на гласачи, изнесени пред првиот круг од локалните избори, што се одржа на 15 октомври. Како што пишува „Цивил медиа“, ваквите наводи на ВМРО-ДПМНЕ, со навестувања за поткуп на гласачи, биле дел од документ што лидерот на партијата, Никола Груевски, им го...

Мирен почеток на изборниот ден со помали нерегуларности, оцени „Цивил“

Претседателот на невладината организација „Цивил“, Џабир Дерала, утринава на прес-конференција рече дека почетокот на изборниот ден бил мирен, со низа помали нерегуларности, односно технички проблеми со кои се соочуваат избирачките одбори. Посочи дека во текот на вчерашниот ден регистрирале повеќе од 20 случаи на прекршување на изборниот молк и тоа во Велес, Ресен, Скопје, Штип, Тетово и во Гостивар. – Се лепеа плакати во една...

„Цивил“ бара политичките партии, кандидатите и институциите да ги почитуваат законите

Невладината организација „Цивил“ упати барање до политичките партии да го почитуваат Изборниот законик, Уставот и законите на Република Македонија, да го почитуваат изборниот молк и да ги сопрат евентуалните планови, ако такви постојат, за изборен поткуп, притисоци и за манипулација на гласачите. „Бараме од родителите и од наставниот кадар да ги почитуваат децата и да ги остават надвор од политиката....

Да се вложат максимални напори изборите да бидат фер и демократски, бара „Цивил“

„Цивил“ – Центар за слобода по повод распишувањето на локалните избори, потсетува дека институциите и учесниците во изборната трка мораат до максимум да ги почитуваат демократските стандарди за спроведување слободни избори. Од досегашното набљудување, од „Цивил“ забележале дека предизборната кампања е почната далеку порано, пред датумот на нивното официјално распишување и оттаму ги потсетуваат политичките партии дека според Изборниот законик,...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...