fbpx
Таг: цигари

таг: цигари

Од битолска фирма украдени 700.000 денари и пакети цигари

Ноќта меѓу неделата и понеделникот, непознат сторител успеал да провали во управната зграда на битолската фирма „Агромаркетинг“ и однел плен чија вредност била проценета на повеќе од еден милион денари, соопшти полицијата. Крадецот во зградата на „Агромаркетинг“, која се наоѓа на улицата Македонска дивизија во Битола, влегол сечејќи го лимениот покрив. Од фирмата, според полицијата, биле украдени околу 700.000 денари и...

Ирска воведе неутрални кутии за сите видови цигари

Закон за воведување унифицирани, неутрални кутии за сите марки цигари воведе Ирска, која стана првата земја во Европска Унија што усвојува ваков закон. Според најновите прописи, сите видови реклами, вклучувајќи го и логото и бојата, ќе бидат забранети, додека сите кутии ќе имаат универзален, неутрален изглед со здравствено предупредување. Овој закон наиде на поддршка од сите партии и е усвоен без гласање, а по...

Цигарите од јули ќе поскапат за три денари

Цигарите треба да поскапат за околу 3 денари по кутија од 1 јули 2015 година, според календарот за зголемување на акцизите. Цената на цигарите ќе се зголемува и наредните седум години. До 2016 година, ќе поскапуваат по 3 денари годишно, а секоја наредна година по околу 4 денари за една кутија. Значи, ако кутија цигари сега чини 60 денари, од 2016...

Од следната година ќе поскапат цигарите

Цигарите од 1 јули следната година ќе поскапат за 0,15 денари по парче или за околу три денари за една кутија. Во согласност со календарот за зголемување на акзицата за цигарите, по три денари за една кутија ќе се зголемува цената на цигарите до 1 јули 2016 година, а во наредните седум години цигарите ќе поскапуваат за околу четири денари за една...

Првите цигари од прилепски „Филип Морис“ од идната недела

Една од трите водечки меѓународни марки на „Филип Морис“ излезе од производствените погони во Прилеп. Цигарите веќе од идната недела ќе можат да се најдат во малопродажба. Домашното производство почна два месеца откако „Филип Морис - Тутунски комбинат Прилеп“, заедничката фирма на двете компании, стана целосно оперативна. „Филип Морис“ и прилепскиот комбинат договор за партнерство потпишаа во мај годинава.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...