fbpx
Таг: цени

таг: цени

Цените на индустриските производи повисоки за 0,5 отсто на годишно ниво

Продажните цени на индустриски производи на домашниот пазар во мај се повисоки за 0,8 отсто на месечно ниво, односно за 0,5 отсто на годишно ниво, објави Државниот завод за статистика. Во мај, во однос на истиот месец лани, продажните цени на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите капитални производи за 7,6 проценти, трајни производи за широка потрошувачка за 3,9 проценти,...

Бензинот поевтинува за половина денар

Бензинот и дизел-горивата поевтинуваат за половина денар по литар, објави денеска Регулаторната комисија за енергетика. Од полноќ, малопродажната цена на „еуросуперот БС-95“ ќе изнесува 63 денари за еден литар, на „еуросуперот БС-98“ 64,50 денари за литар, а еден литар „еуродизелот“ ќе чини 49,50 денари.  

Зголемени цените за разговор на мобилен и за мобилен интернет, се бара трет оператор

Просечната цена за една минута разговор на мобилен телефон е зголемена за повеќе од 15 проценти, а мобилниот интернет поскапува приближно за 20 отсто, информираа од Агенцијата за електронски комуникации. Како причина за поскапувањето се наведуваат промените на пазарот на мобилната телефонија, откако се споија „Македонски телеком“ и „Т-Мобиле“, како и „Оне“ и „Вип“, кои по преземањето и на кабелскиот оепратор „Близу“ настапуваат како...

Поскапа храна, пиво и кафе во Грција со новиот повисок ДДВ

„Цунами“ од поскапувања на храната, облеката, угостителските услуги, билетите за авион и за брод, автомобилите и на илјадници други производи и услуги ја зафати Грција со зголемувањето на данокот на додадена вредност (ДДВ) од 23 на 24 отсто. Поскапувањето доаѓа како дел од пакетот мерки што Грција треба да го спроведе за да ги задоволи европските кредитори. Со ова зголемување од еден отсто, кое е...

Што поскапува во Грција со новите мерки?

Бран поскапувања ја очекуваат Грција летово со изгласаната мерка за зголемување на данокот на додадена вредност на 24 отсто за голем број услуги и производи. Зголемувањето на данокот ќе се одвива во неколку етапи, почнувајќи од јули годинава, па сè до јануари 2018 година. Оваа мерка се очекува да внесе во државната каса 1,8 милијарди евра од поскапувањата на производите и на услугите. Првиот бран...

Продажните цени на индустриските производи повисоки на месечно ниво

Продажните цени на индустриските производи се повисоки за 0,3 проценти на месечно ниво, а се пониски за 4,3 проценти на годишно ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Во март годинава, во споредба со претходниот месец, продажните цени на производителите на индустриски производи се повисоки во секторот рударство и вадење камен за 6,1 отсто, во секторот преработувачка индустрија се на исто ниво,...

Градежниците очекуваат поволен период за секторот

Очекувањата за договори за градежни работи и за бројот на вработени во наредните три месеци се поповолни во однос на претходното тримесечје, објави Државен завод за статистика. Оценката за економската состојба во првото тримесечје од 2016 година е поповолна во однос на претходното тримесечје, а поповолна и во однос на истиот период лани. Најголемо влијание на ограничувањето за подобрување на тековната градежна...

Грција пред Велигден: Полни продавници, празни џебови

Грчките семејства и годинава ќе имаат поскромна велигденска трпеза. Стегањето на финансискиот ремен, намалувањата на платите и на пензиите, како и предупредувањата за нови зголемувања на даноците и за нови намалувања на пензиите не им дозволуваат на грчките граѓани да се опуштат како порано при купувањето за Велигден. Подароците се поскромни, трпезата помала. Сите трговски улици и пазари се преполни, но луѓето повеќе...

Бензините поскапуваат за половина денар

Цената на „еуросупер БС-95“ ќе се зголеми за половина денар и ќе изнесува 62 денари за еден литар, додека малопродажната цена на „еуросупер БС-98“ изнесува 63,50 денари за еден литар. Малопродажните цени на „еуродизелот“ и на екстралесното масло за домаќинство не се менуваат.  

Пониски цени на индустриските производи

Продажните цени на производителите на индустриски производи се пониски за 0,5 отсто на месечно ниво, а за 4,4 отсто на годишно ниво, објави Државниот завод за статистика. Во февруари во споредба со претходниот месец, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски во секторот рударство и вадење камен за 5,8 отсто, во секторот преработувачка индустрија за 0,2 отсто,...

Годишната инфлација во еврозоната во март била нула

Инфалцијата на годишно ниво во еврозоната во март била непроменета и практично не ни постоела, покажуваат најновите податоци што денеска ги објави статистичката служба на Европската Унија, Евростат. Цените во март не се намалиле ниту се зголемиле, па инфлацијата се задржала на нула. Евростат соопштил дека најголем придонес во инфлацијата дале рестораните и кафулињата, а најголемо негативно влијание имале цените на гасот.

Зголемени трошоците за живот во март во однос на претходниот месец

Трошоците на живот во март годинава, во однос на претходниот месец, се поголеми за 0,1 отсто, а цените на мало се повисоки за 0,2 проценти, објави Државниот завод за статистика. Повисоките трошоци се должат на повисоките индекси на свежото и разладеното овошје за 2,7 отсто, јајцата за 1,1 отсто, сушениот зeленчук, друг конзервиран и преработен зеленчук, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и...

Цените на индустриските производи на домашниот пазар се намалуваат

Продажните цени на индустриските производи на домашниот пазар се пониски за 0,1 отсто на месечно ниво, односно за 0,7 отсто на годишно ниво, објави Државниот завод за статистика. Во февруари 2016, во споредба со претходниот месец, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групите нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,5 отсто и интермедијарни...

Ротшилд: Светот во 2016 година го чека нова економска криза

Ситуацијата во светската економија и на берзите и годинава ќе се влоши, а најтешко ќе им биде на земјите што зависат од цените на суровините, наведува во писмото за клиентите на неговата компанија „РИТ Капитал партнерс“, Џејкоб Ротшилд, еден од најмоќните луѓе во светот. - Во последните неколку години, земјите во развој забрзано се задолжуваa, а сега кредитите им доаѓаат за наплата....

Умерен пораст на цените во домашната економија

Во првите два месеца од 2016 година, општото ниво на цени во домашната економија оствари умерен пораст, во просек за 0,1 отсто на годишна основа. - Остварувањата се пониски од очекуваните, што заедно со надолните ревизии на претпоставките за увозните цени на енергијата и на храната продолжува да упатува на надолни ризици за проекцијата за инфлацијата за следната година. Сепак,...

Бензинот поскапува за три денари

Oд вечерва на полноќ цените на бензинот се зголемуваат за три денари, одлучи Регулаторна комисија за енергетика. Со новите цени, еден литар „еуросупер-95“ ќе чини 58 денари, а еден литар „еуросупер-98“ ќе изнесува 60 денари. Цената на дизел-горивото се зголемува за 2,5 денари, така што еден литар „еуродизел“ ќе чини 43,50 денари.

Се намалуваат продажните цени на индустриските производи на домашниот пазар

Продажните цени на индустриските производи на домашниот пазар се пониски за 0,2 отсто на месечно ниво, односно за 0,4 отсто на годишно ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика во јануари годинава. Во јануари 2016 година, во споредба со декември 2015 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групите интермедијарни производи, освен енергија за...

Се намалуваат цените на индустриските производи

Продажните цени на индустриските производи се пониски за 0,7 отсто на месечно ниво, а за 3,8 проценти на годишно ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Во декември 2015 година, во споредба со претходниот месец, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот рударство и вадење камен за 2,9 проценти, а се пониски во секторот преработувачка...

Се очекува зголемување на цените во градежништвото

Очекувањата за вкупните порачки (договори) за градежни работи се поповолни, а очекувањата за бројот на вработени се дека ќе остане ист во наредните три месеци, објави Државниот завод за статистика. Оцената за финансиската состојба и оцената за сегашната состојба со порачки (договори) на нивните деловни субјекти се понеповолни во споредба со претходното тримесечје. Најголемо влијание на ограничувањето за подобрување на тековната градежна...

Цените на индустриските производи на странските пазари пониски за 6,3 проценти на годишно ниво

Во ноември минатата година, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се пониски за 0,3 отсто на месечно ниво, а за 6,3 проценти на годишно ниво, објави Државниот завод за статистика. Во ноември 2015 година, во споредба со истиот месец претходната година, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се пониски во секторот рударство и...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...