fbpx
Таг: цена

таг: цена

Рекорден пад на цената на нафтата

Цената на нафтата денеска е на најниско ново во последните шест и пол години поради зголемувањето на нејзиното производство и загриженоста за забавување на економијата на Кина, најголемиот потрошувач на енергентот. Американската сирова нафта падна на 41,35 долари за еден барел, што е најниска цена од почетокот од 2009 година, кога светската економија беше погодена од финансиска криза и од...

Бензините поевтинуваат за 3,5 денари, а дизелот за 2 денари

Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за 3,5 денари за еден литар, а дизелот и екстралесното масло за домаќинство за 2 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Во согласност со одлуката, новата цена на „еуросупер БС-95“ ќе изнесува 67 денари за еден литар, а „еуросупер БС-98“ ќе се продава по цена од 69 денари. Намалувањето се должи на пониската цена на...

Цената на нафтата на најниско ниво во последните шест месеци

Цената на нафтата на меѓународните пазари денеска се спушти на најниска вредност во последните речиси шест месеци, откако падот на цената на кинеските акции го зголеми сомнежот во изгледите за побарувачка на сурова нафта од Кина, водечкиот светски потрошувач. Цената на барел сурова нафта во Лондон падна за 78 центи, на 52,69 американски долари, а кратко време изнесувала и 52,28...

Се зголемуваат продажбата на станови и издавањето деловен простор

Продажбата на становите во првите шест месеци од годинава е зголемена за 30,5 проценти во однос на последните шест месеци од 2014 година, покажува истражувањето на „Фортон Македонија“. Цената на становите, која во просек изнесува 979 евра за еден квадратен метар и е најниска во последните 10 години, намалување на каматните стапки на банките, како и намалувањето на нивното учество од 30...

Цената на бензинот се зголемува за половина денар

Малопродажните цени на „евросупер-95“ и на „евросупер-98“ се зголемуваат за 0,5 денари и со тоа, новата цена на „евросупер-95“ изнесува 71,5 денари за еден литар, а на „евросупер-98“ е 73,5 денари за еден литар. Цената на дизелот, пак, се намалува за 1,5 денар. Новите цени ги објави Регулаторната комисија за енергетика и ќе важат од полноќ.

Струјата од утре поевтинува за 0,33 проценти

Цената на струјата се намалува за 0,33 проценти, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Пресметката на новата цена ќе почне од утре, така што граѓаните во август ќе добијат за 0,33 отсто пониски сметки за струја за јули. Како причина за намалување на цената, претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Димитар Петров, ги истакна намалените трошоци за работење на компаниите, приходите на компаниите,...

Дали струјата ќе поскапи, ќе се знае денеска

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе ја соопшти цената на електричната енергијa што граѓаните ќе ја плаќаат од 1 јули. Стручните служби ги разгледаа поднесените материјални трошоци од државните ЕЛЕМ и МЕПСО и од приватната ЕВН, по што ја донеле и одлуката. Неофицијално, државната ЕЛЕМ поднела материјални трошоци до Регулаторната комисија со кои се бара зголемување на цената на струјата и за...

Цигарите поскапуваат за три денари

Во согласност со календарот за зголемување на акцизата за цигари, од 1 јули цигарите ќе поскапат за три денари. Зголемувањето на цената на цигарите за три денари ќе биде до 1 јули 2016 година, по што во наредните седум години тие ќе поскапуваат по четири денари за една кутија годишно.

Цените на индустриските производи, пониски за 2,6 проценти

Според податоците на Државниот завод за статистика, во април годинава продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се пониски за 0,2 отсто на месечно ниво, односно за 2,6 проценти на годишно ниво. Во април 2015 година, во споредба со март 2015 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се пониски во секторот рударство и вадење...

Лешникот стана луксуз: 1.300 денари килограм!

Цената на еден килограм лешници достигна 1.300 денари, што е двојно повеќе од последната просечна цена од 650 денари. Увозниците велат дека ова поскапување се должи на намалениот род во Турција, земјата од каде најмногу увезуваме, но и на откупот на родот од големите производители на кондиторски производи, како „Нестле“ и „Нутела“. - Родот на лешници во Турција е намален за...

Во пресрет на туристичката сезона, Охрид ја зголеми цената за јавните паркиралишта

Во пресрет на главната туристичка сезона, од денеска цената на јавните паркиралишта во Охрид е повисока за 10 денари. Јавното претпријатие „Билјанини извори“, кое стопанисува со паркиралиштата, во текот на јуни, јули и на август, наместо досегашните 30, ќе наплаќа 40 денари во зоната А, односно 30 денари, наместо 20 денари во зоната Б. На одлуката на Советот на Општината се...

Цената на бензините се намалува, дизелот поскапува

Регулаторната комисија за енергетика одлучи цените на бензините од ноќеска на полноќ да се намалат за еден и пол денар, а дизелот да поскапи за половина денар. Цената на „евросупер-95“ изнесува 70,5 денари за еден литар, а на „евросупер-98“ - 72,5 денари. Дизелот ќе чини 58 денари за еден литар.

Цената на бензините останува иста

Регулаторната комисија за енергетика ги објави старо-новите цени на горивата и освен малото поевтинување на дизел-горивото, тие остануваат непроменети. Во согласност со методологијата за пресметка на цените на РКЕ, малопродажните цени на горивата се намалуваат во просек за 0,5 проценти, а тоа значи дека малопродажните цени на „еуросупер-95“ и „еуросупер-98“ остануваат исти и еден литар од овие горива ќе се продава по...

„Мајкрософт“ постави нова најниска цена на таблет

Стратегијата на „Мајкрософт“ да се бори против таблетите со оперативен систем „андроид“, се чини дека почнува да ги покажува своите први знаци на успех затоа што произведувачите сега нудат модели по неверојатно ниски цени. Таблет-моделот „MOMO7W“ поседува седуминчен екран со резолуција 1024 x 600 пиксели, работи на „виндоус 8.1“, чини 48 долари и не е произведен во Кина. Уредот доаѓа...

Пораст на цената на нафтата

На светските берзи, денеска е забележан пораст на цената на нафтата откако беше најавено дека вработените во рафинериите во САД ќе го прекинат штрајкот со кој дојде до пад на цената на нафтата. Американската лесна нафта за испорака во април на електронските тргувања на Њујоршката берза поскапе за 12 центи на 47,18 долари за еден барел, додека цената на северноморскиот „брент“...

Цената на нафтата и понатаму во слободен пад

Денеска продолжија да паѓа цената на нафтата на светските берзи. Американската лесна нафта поевтини за 58 центи и сега се продава за 45,31 долари за еден барел, додека цената на „брент“ од Северното Море се намали за 54 центи и се продава за 46,05 долари за еден барел. Цените на нафтата се намалуваат уште од јуни минатата година, но почна забрзано да се намалуваат...

Цената на нафтата и понатаму се намалува

Цената на нафтата продолжува да опаѓа, па денеска еден барел „брент“ поевтини 92 центи и чини 46,51 долари, а американскиот бренд WTI поевтини 72 центи и чини 45,23 долари за еден барел. Увозот на нафта во Кина во декември достигна рекордно ниво, првпат надминувајќи 7 милиони барели за едно деноноќие. Но, и покрај огромниот увоз, цената на нафтата продолжува да се намалува.

Паѓа цената на нафтата во светот

Поради порастот на производството во Русија и во Ирак, цената на нафтата на светските пазари продолжува да паѓа. Во моментов вредноста на еден барел нафта „брент“ чини 56,42 долари, што е за 1,58 отсто помалку од вчера.

Како ќе се движи цената на златото во 2015 година

Во 2015 година се очекуваат структурни промени во поглед на златото, особено откако Лондонската берза се движи кон електронски механизам на фиксирање на цената. Инвеститорите се обложуваат на цена на златото меѓу 1.050 и 1.090 долари за унца за следната година, а некои гледаат дури и спуштање до 950 долари. Но, стравувањето доаѓа од соочувањето со предизвиците за зајакнување на доларот,...

Цената на нафтата падна на 59 долари за еден барел

Под 59 долари се спушти цената на еден барел нафта на меѓународните берзи. Тоа се случи по најавата од големите производители дека ќе се задржи производството на досегашното ниво и покрај прекумерното снабдување и намалената побарувачка. На лондонската берза, цената на еден барел нафта се намали за 1,20 долари, во однос на претходното затворање, на 58,81 долари. На американската берза со...

Израел ја бомбардира Сирија, има над 40 жртви

Израел го бомбардираше регионот околу градот Алепо во Северна Сирија, пренесува Гардијан. Израелските сили таргетирале членови на либанската паравоена организација Хезболах. Има повеќе различни контрадикторни информации за бројот на убиени,...