fbpx
Таг: царинска управа

таг: царинска управа

Царината заплени 29 килограми марихуана на граничниот премин Блаце

Царинските екипи на граничниот премин Блаце вчера во возило во кое се превезувале четворица албански државјани, пронашле и заплениле 29 килограми марихуана, соопшти денеска Царинската управа. Како што информираат оттаму, возачот на автомобилот 26-годишниот Б.Г., и тројцата негови сопатници, синоќа, околу 22.30 часот, се пријавиле за влез во земјава. Цариниците го селектирале возилото за детален перглед и под подот откриле...

Запленети 2,7 килограми марихуана на граничниот премин Ќафасан

Царински екипи вчера, на граничниот премин Ќафасан на македонско-албанската граница, заплениле 2,7 килограми марихуана, сокриена во автомобил со македонски регистарски ознаки, што го управувал 34-годишниот Е.М., соопшти денеска Царинска управа. Во автомобилот, според царината, биле пронајдени 12 најлонски пакетчиња со марихуана, сокриени на повеќе места во возилото. „Во багажниот простор под резервната гума, пронајдени се четири најлонски пакетчиња, наполнети со тревкаста материја...

Запленети злато и платина на граничниот премин Богородица

Царинските службеници на граничниот премин Богородица, на македонско-грчката граница, вчера заплениле околу еден килограм златна жица во парчиња и 57 грама платина, соопшти денеска Царинската управа. Како што информираат оттаму, вредноста на запленетото злато и платина е проценета на околу 38.000 евра. Златото и платината биле сокриени во пластичен сад наполнет со ориз, што цариниците го нашле во возило што го...

Албански државјанин шверцувал свежа риба на Ќафасан

Царинска управа на Република Македонија открила и запленила 20 килограми свежа риба на граничниот премин Ќафасан, кај Струга. Шверцуваната риба била откриена при контрола на албански автомобил, управуван од албански државјанин, пријавен за влез во земјата на граничниот премин на албанско-македонската граница. Непријавените риби, пронајдени во две торби, кои биле сместени пред совозачкото седиште, се привремено здржани, а против возачот ќе биде...

Царината заплени 34 килограми марихуана на преминот Дојран

Царинските екипи вчера на граничниот премин Дојран кон Грција, заплениле 34 килограми марихуана, која била пронајдена во камион со македонски регистарски ознаки, соопштија денеска од Царинска управа. Дрогата била спакувана во 35 пакетчиња сокриени во две црни патни торби. „На 24 јули 2016 година, околу 16.30 часот, на излез од Република Македонија на граничниот премин Дојран се пријави товарно моторно возило...

Кичевец се обидел да прошверцува 22 златници на „Александар Велики“

Царински тим на скопскиот аеродром „Александар Велики“, вчера попладне, во багажот на македонски државјанин, кој пристигнал од Рим, открил 22 златници вредни 12.000 американски долари, соопштија денеска од Царинската управа. Како што информираат оттаму, станува збор за кичевецот Н.Р., кој, иако се упатил кон зелениот канал, каде минуваат патници кои немаат што да пријават, цариниците сепак го селектирале за детална...

Царината почна со делење брошури за патниците

Во пресрет на летните одмори и на зголемената фрекфенција на патници на граничните премини, Царинската управа деновиве почна со делење брошури за информирање на патниците што влегуваат, излегуваат или транзитираат низ земјава, за нивните права и обврски, а за да се овозможи брза, безбедна и лесна царинска контрола, соопштуваат од Царината. Како што информираат оттаму, информативните брошури се на македонски и...

На Богородица запленети повеќе од 8 килограми марихуана

Екипи на одделот за организиран криминал на МВР и на Царинската управа завчера во заедничка акција на граничниот премин Богородица заплениле повеќе од 8 килограми марихуана, сокриена во возило што го управувал 19-годишен скопјанец, соопшти денеска МВР. Како што информираат оттаму, против возачот М.С. (19) е поднесена кривична пријава за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги и прекурсори,...

Царинската управа заплени 22 килограми марихуана

Царинските службеници од одделението за оперативни работи во соработка со Министерството за внатрешни работи, вчера, околу 23. 20 часот, на граничниот премин Табановце на излез од Македонија, селектирале за контрола патничко моторно возило со бугарски регистарски ознаки, управувано од бугарски државјанин. При детална контрола на возилото со помош на царинско куче, биле пронајдени 40 пакувања обвиткани со леплива лента и со алуминиумска...

Царинската управа лани наплатила 109 милиони евра

Царинската управа на Македонија минатата година наплатила 67.233.72.000 денари (109.323.122 евра), што е за 6,6 проценти повеќе во однос на 2014 година, а за 1,8 отсто повеќе во однос на планираното. Ова денеска го кажа директорката на управата, Наташа Радеска-Крстевска, на одбележувањето на 24-годишнината од основањето на Царината како самостоен државен орган. Таа истакна дека е зголемена наплатата на акцизите за 15,4 проценти, на...

Драган Даравелски уапсен во Белград, потвди МВР

Поранешниот директор на Царинската управа на Македонија, Драган Даравелски, е уапсен од српската полиција во Белград, врз основа на потерница распишана од македонски власти, потврдија за „Мета“ од Министерството за внатрешни работи. Даравелски, кој беше директор на царината во периодот од 1999 до 2002 година, повеќе од една деценија се бараше со потерница од македонските власти, но Белград сè досега...

Инспектори на царината заплениле 8,5 килограми злато, шверцувано од Турција

Инспектори од Одделението за истраги на Царинската управа вчера при претрес на автомобил, марка „голф 5“, на патот Гостивар - Дебреше, откриле 8,5 килограми злато, наменето за македонскиот пазар, соопшти Царинската управа. Според Царината, златото, чија вредност се проценува на околу 200.000 евра, било набавено во Турција и потоа прошверцувано во Македонија. „Околу 10.30 часот, за детална царинска контрола сопрен е...

Двајца ресенци во Прилеп продавале шверцуван „ред бул“ и алкохол

Инспектори од одделението за истраги на Царинската управа, неделава, во организирана акција заплениле поголеми количества шверцувани алкохолни и енергетски пијалаци, кои незаконски се продавале на подрачјето на Прилеп. За нелегалната продажба, како што соопштуваат од Цариската управа, осомничени се две лица од Ресен. „Со примена на мерка технички надзор, односно набљудување на движење на лица и на превозни средства, беа лоцирани...

МВР и царината заплениле 30 килограми марихуана на граничниот премин Богородица

Министерството за внатрешни работи (МВР) и Царинската управа во саботата минатата недела, при контрола на автомобил на граничниот премин Богородица, откриле и заплениле околу 30 килограми марихуана. Како што информираат од МВР, во саботата, околу 19 часот, на граничниот премин Богородица на излез од земјава бил запрен автомобил марка „рено меган сценик“ со гостиварски регистарски ознаки, што го управувал Р.Н....

Царината заплени 35 литри алкохолни пијалаци без бандероли во Охрид и Струга

Мобилните тимови на Царинската управа при контрола на малопродажни и угостителски објекти на територијата на општините Охрид, Струга и Вевчани, откриле и заплениле алкохолни пијалаци без бандероли. Од угостителски објекти во Охрид и Струга привремено биле задржани 26,2 литри ракија и вкупно 8,75 литри други алкохолни пијалоци, како узо, виски и амарето. Сите привремено задржани алкохолни пијалоци не биле означени со...

Царинската управа лани наплатила 63.064 милиони денари

Законски измени за олеснување и за забрзување на царинските постапки, наплата на финансиски приходи на државата, олеснување на трговијата, одржување на лојалната конкуренција, заштита на здравјето на граѓаните и безбедноста на државата се дел од активностите на Царинската управа за изминатата година. Директорката Наташа Радеска-Крстевска истакна дека посветено работеле на реализација на економските политики, одржување и на унапредување на конкурентниот економски...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...