вторник, 21 април, 2026
Meta.mk

Ознака: царинска управа | 123 резултати

Златен накит во вредност од 4 милиони денари запленет на ГП Богородица

јуни 7, 2024

Над еден килограм златен накит во вредност од 4 милиони денари е запленет од страна на царинските службеници при влез на граничниот премин Богородица, со што е спречен обид за избегнување плаќање увозни давачки во висина од еден милион денари, соопшти Царинската управа. Златото било откриено при личен претрес на патник кој се обидел накитот […]

Спречен влез на 1,7 тони спорни лекови во земјава

мај 22, 2024

Царински службеници на влез на Меѓународен Аеродром – Скопје, спречија влез на 1,7 тони медикаменти, „Силденафил цитат упс“ и „Сибутрамин“, кои се штетни по здравјето на граѓаните, соопштија од Царинската управа. Оттаму информираат дека лековите не биле регистрирани во Агенција за лекови, а фирмата увозник немала ниту дозвола за промет на големо со медицински средства, […]

Запленети 4,8 килограми злато при влез на ГП Богородица

мај 16, 2024

Царински службеници заплениле 4,8 килограми златен накит со проценета вредност од 20,4 милиони денари, по контрола на автобус на граничниот премин Богородица при влез во државата, информираше Царинската управа. „Царинските службеници на граничниот премин Богородица селектираа автобус кој сообраќал на линија Истанбул – Гостивар, при што е извршен детален претрес. Во пределот за багаж е […]

Запленети 22 патнички автомобили управувани од македонски државјани

март 18, 2024

Во дводневна заедничка акција на секторот за контрола и истраги при Царинска управа и Министерството за внатрешни работи (МВР), запленети се 22 патнички моторни возила со странски регистарски таблици управувани од македонски државјани. Запленетите возила се од различни марки, а меѓу нив, четири се марка МЕРЦЕДЕС, три се марка АУДИ, две се марка БМВ, едно […]

Царинска управа: Полицијата барала дрога во сомнително возило, но не нашла

март 12, 2024

Вработени во СВР Скопје извршиле претрес на патничко моторно возило поради сомневање дека во него има наркотични средства, но не нашле дрога во возилото, соопштија денеска во Царинската управа. „На ден 11 март, во попладневните часови, на патниот правец Петровец – Скопје од страна на СВР Скопје е извршен претрес на патничко моторно возило, кое […]

Нов видеонадзор на граничните премини – дигитални камери и автоматско препознавање на регистарски таблици

март 5, 2024

Сите гранични премини во земјава добиваат нов видеонадзор – се инсталираат 350 различни типови на дигитални камери, систем за автоматско препознавање на регистарски таблици и централен систем за складирање на податоци. Набавката и инсталацијата на новиот видеонадзор чини околу 1 милион евра, информираше денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочварски од граничниот премин Дојран […]

Царинска управа: Спречен шверц на 4,4 тони месо од дивеч ризичен по здравјето

февруари 13, 2024

Мобилен тим на Секторот на контрола и истраги на Царинска управа спречил шверц на 4,4 тони месо од дивеч ризичен по здравјето на граѓаните, што возач на камион во сопственост на грчка фирма сакал да го внесе во државава. Месото од дивеч во вредност од 4 милиони денари, ниту било декларирано во царинската декларација, ниту […]

Царината заплени 47 папагали на ГП Табановце

февруари 11, 2024

Царинската управа запленила 47 папагали откако српски државјанин сакал да ги внесе во државава без да ги пријави. „Царинските службеници на влез на граничен премин Табановце го прашале дали има нешто да пријави, по што откако одговорил дека нема ништо за пријавување поради сомневање извршиле детален преглед на возилото при што во багажникот пронајдоа кафези […]

(ВИДЕО) Сребрени прстени, ланчиња и обетки тешки 1,3 килограми запленети на ГП Богородица

февруари 10, 2024

Патник кој патувал од Турција се обидел на внесе 1,3 килограми сребрен накит во земјава преку граничниот премин Богородица, без да го пријави кај царинските органи, соопшти денеска Царинската управа. Цариниците го заплениле накитот, откако го откриле при преглед на патничко возило со кое лицето патувало како совозач. Станува збор за 157 парчиња прстени, 21 […]

(ВИДЕО) На скопскиот аеродром запленети 185.000 норвешки круни пронајдени во црна торба

февруари 9, 2024

Царинската управа соопшти дека запленила 185 илјади норвешки круни, откако патник на излез од државата на Меѓународниот аеродром Скопје не ги пријавил истите кај царинскиот орган. Патникот, кој бил норвешки државјанин со потекло од Косово, во себе во црна торба носел 305 илјади норвешки круни што царинските службеници ги пронашле при контрола на скенер. Согласно […]

Лани регистриран рекорден увоз на нови возила во земјава [инфографик]

јануари 27, 2024

Продажбата на возила во С.Македонија лани достигнала рекордни бројки во делот на новопроизведените автомобили, камиони и автобуси, а голем раст е забележан и кај увозот на половни возила, покажуваат податоците на Царинската управа на РСМ. Во 2023 година во земјава биле увезени вкупно 47.050 возила, при што 35.832 биле увезени на старо, додека 11.218 биле […]

Царината заплени 18.000 евра од патници при обид за нелегален пренос

декември 28, 2023

Царинската управа на РСМ соопшти дека е спречен нелегален изнес и внес на девизи во државата во износ од 18.000 евра, откако во три различни случаи, царинските службеници при контрола на патници откриле поголеми износи на девизи, коишто спротивно на закон, патниците сакале да ги пренесат без да ги пријават. „Во два случаи станува збор […]

На „Деве Баир“ запленети речиси 2.000 парчиња брендирана облека

декември 21, 2023

Речиси 2.000 парчиња брендирана облека, обувки и женски чанти со потписот на Луи Витон, Диор, Монклер, Гучи, Версаче, Барбери, Мајкл Корс и други светски познати модни брендови се запленети од страна на мобилен тим при Секторот за контрола и истраги, по извршена контрола на товарно моторно возило пријавено за транзит на граничниот премин „Деве Баир“. […]

Царината одзела возило и стока вредна над 92.000 евра на ГП „Богородица“

декември 12, 2023

Царински инспектори од Секторот за контрола и истраги од Царинската управа привремено задржале товарно моторно возило со полуприколка, натоварено со алуминиумски котури во вредност од 92.635 евра, откако возачот на возилото – странски државјанин, при влез во земјава на граничниот премин „Богородица“ се обидел на царинскиот орган да му стави на увид транспортно средство на […]

Богоев: Вештачка интелигенција ќе ја унапредува анализата на ризик во Царината

декември 11, 2023

Директорот на Царинската управа, Стефан Богоев и директорот на Интернационалната агенција при Царинската служба на Јужна Кореја, Јун-Шик Ким, остварија средба во рамки на проектот „Имплементација на систем за управување со ризици и податочен склад“ што е финансиран со грант вреден 4,8 милиони долари од јужнокорејската влада. Воспоставувањето на новиот систем, што ќе користи вештачка […]

Запленети над 50.000 евра на скопскиот аеродром од патник од Истанбул

декември 7, 2023

Запленети се 50.600 евра коишто патник на влез во државата на царинската испостава на скопскиот аеродром не ги пријавил кај царинските службеници, соопшти Царинска управа. Патникот кој патувал од Истанбул на влез се определил да помине на зелен канал каде што минуваат лица кои немаат ништо за пријавување. Притоа, царинските службеници го селектирале за преглед, […]

Можен е прекин на работата во финансии по одлуката да им се скратат 30 отсто од приходите

декември 6, 2023

Одлуката на Уставниот суд според која од идниот месец во Министерството за финансии и во некои од органите под ова министерство, повеќе да не го добиваат надополнувањето на плата од 30 отсто, предизвика револт кај овие вработени, кои веќе размислуваат за прекин на работата ако не се најде решение. Како што за Телма изјавил првиот […]

Уставен суд: 30 отсто пониска плата за вработените во финансиските институции

декември 5, 2023

Декемвриската плата на вработените во Министерството за финансии, во Управата за јавни приходи, Царинска управа, Државен девизен инспекторат, Бирото за јавни набавки, Управа за спречување перење пари и финансирање на тероризмот, Управата за финансиска полиција ќе биде за 30 отсто пониска, откако Уставниот суд на денешната седница поведе постапка за оценување на уставноста на членот 66 […]

Царината на три гранични премини заплени сребрен накит, часовници и облека

ноември 21, 2023

Околу 2,7 килограми сребрен накит, 33 часовници и 160 парчиња облека со вкупна вредност од над половина милион денари биле запленети изминатиот викенд на граничните премини Богородица, Блаце и Табановце, соопштува Царинската управа. Спречен е обид за шверц и избегнување плаќање царински давачки од околу 150 илјади денари. Во првиот случај, на граничниот премин Богородица, […]

Запленета облека „Версаче“, „Најк“, „Долче Габана“ од 26 илјади евра

ноември 3, 2023

На граничниот премин Табановце спречен бил обид за криумчарење на брендирана облека и обувки вредни 1,6 милиони денари денари од познати модни марки меѓу кои „Долче и Габана“, „Версаче“ „Мајкл Корс“ „Ралф Лoрен“ и „Најк“, во два засебни случаи на контроли на влез во државата на граничниот премин Табановце, информира Царинската управа. Брендираната роба за […]

Страна 2 од 6