Таг: труење
таг: труење
Лекарите велат дека Навални не е отруен, одбиваат да биде пренесен во Берлин
Алексеј Навални, секако најпознатиот критичар на рускиот претседател Владимир Путин, кој вчера колабираше на лет од сибирскиот град Томск до Москва, по што неговиот тим обвини дека бил отруен, сè уште е во кома. Лекарите што се грижат за него во болница во градот Омск, каде што авионот слета, за на Навални (44) да му биде пружена итна помош,...
Алексеј Навални, најгласниот критичар на Путин, е во болница со сомнежи за труење
Рускиот опозициски политичар Алексеј Навални денеска е примен во болница во Сибир, со симптоми кои неговата портпаролка Кира Јармиш ги опиша како знаци на труење. Навални летал од сибирскиот град Томск кон Москва кога се појавиле симптомите и морало да биде хоспитализиран. Било направено принудно слетување во градот Омск, каде е примен на интензивна нега и е без свест,...
Грозев: Руски воени разузнавачи вклучени во труењето на Скрипаљ со години роварат низ Европа
Група од околу 30 луѓе, припадници на Управата за воено разузнавање на Генераштабот на оружените сили на Руската федерација (порано позната како ГРУ) со години се занимава со дестабилизирачки активности во Европа и на Балканот, вклучувајќи и убиства.
Ваквото обвинување во утринската програма на бугарската телевизија „бТВ“ стаса од устата на Христо Грозев, новинар кој е дел од тимот на...
Фекални бактерии во мајонезот причина за труењето на 120 лица во Виница
Причина за труењето на 120 граѓани во Виница било присуство на фекални бактерии во мајонезот што го содржеле сендвичите, покажаа резултатите од земените примероци од страна на Центарот за јавно здравје од Кочани.
Осуммина со потешки симптоми, се на болничко лекување на Инфективното одделение на Клиничката болница во Штип.
Сендвичарницата е затворена се до подобрување на хигиенските услови за подготвка на храна....
Путин: Лицата осомничени од Лондон за „Скрипаљ“ не работеле за војската
Рускиот претседател Владимир Путин денеска порача дека руските безбедносни служби ги идентификувале двете лица кои Велика Британија ги посочи како одговорни за труењето на пребеганиот руски агент Сергеј Скрипаљ и неговата ќерка. Тој рече дека осомничените се цивили и не работеле за војската, односно за нејзината разузнавачка служба.
– Се надевам дека тие ќе контактираат со медиумите, ќе излезат и...
Водата во Гостивар е безбедна за пиење, тврди Институтот за јавно здравје
Институтот за јавно здравје информираше дека водата од водоводот во Гостивар е исправна и безбедна за пиење. Тоа го покажале физичко-хемиските анализи, при што е утврдено дека нема присуство на пестициди, а исто така водата е бактериолошки исправна.
Проблемот со водата во Гостивар се случи кон крајот на минатата седмица и во текот на викендот, кога 360 гостиварци побараа лекарска...
Петнаесет лица затруени во зградата на ЕУ во Брисел
Петнаесет лица се затруле денеска од испарување на хемиска материја во зградата на Европската Унија во Брисел, каде што се одржуваат официјални состаноци.
Пет лица се хоспитализирани, соопшти портпаролот на бриселската противпожарна служба, Пјер Мејс.
Зградата „Европа“, во која редовно се одржуваат министерски состаноци, морало привремено да биде евакуирана, а тие што биле присутни се повикани да се префрлат во соседната зграда...
Затруени 23 работници во фабрика во Штип
Најмалку 23 вработени во фабрика во Штип вчера попладне се пренесени во болница со знаци на труење. По укажаната лекарска помош, лицата се пуштени на домашно лекување, а еден е задржан за понатамошна опсервација.
Инспектори на Државниот санитарен и здравствен инспекторат веднаш излегле на терен.
- Затворивме две трпезарии каде што се јадело и мензата каде што се подготвувала храната што...
Во „Седмица“ имало салмонела, вели Државниот санитарен и здравствен инспекторат
Државниот санитарен и здравствен инспекторат соопшти дека шест лица во сендвичарата „Седмица“ добиле труење со храна и дека тоа било предизвикано од бактеријата салмонела.
„Врз основа на должината на инкубацискиот период, клиничката слика на затруените лица, епидемиолошката анкета, епидемиолошката поврзаност на затруените лица, докажување на бактеријата Salmonella enteritidis кај 6 (шест) затруени лица можеме да констатираме дека се работи за...
Десетина затруени лица во болница, јаделе во „Сендвичара 7“ во Карпош
Десетина лица се во болница откако, како што изјавиле се затруле со храна од познатата скопска сендвичарница „Сендвичара 7“ во Карпош, информира Министерството за здравство
„До завршување на вонредниот надзор бројката на лица со стомачни тегоби, проливи, гадење, повраќање и висока температура 39-40 степени изнесува: 9 лица згрижени на ЈЗУ УК за инфективни болести и фебрилни состојби, од кои 5...
Труење или стомачен вирус испрати гости на струшки хотел в болница
Гостин на хотелот „Изгрев“ на струшкото крајбрежје се пожали на „Мета“ дека попладнето во саботата, откако претходно појадувале во хотелот, тој и неговото семејство почнале да чувствуваат мачнина, а потоа почнале и да повраќаат, поради што побарале лекарска помош во Општата болница во Струга, каде разбрале дека имало и други туристи од хотелот „Изгрев“ со исти симптоми. Гостинот се...
АХВ: Храната во „Леар“ била соодветно чувана и послужена, а мензата чиста
Храната во „Леар“, каде 23 лица вчера пријавија лесни симптоми на труење, била соодветно дистрибуирана, чувана и послужена, во оригиналното пакување и со адекватен рок на употреба, а мензата ги исполнува хигиенските услови поради што не е изречена мерка за нејзино привремено затворање, соопшти денеска Агенцијата за храна и ветеринарство.
Инспектори на АХВ во соработка со Санитарната инспекција денеска и...
Повторно труење со храна кај вработени во тетовската фабрика „Леар“
Дваесет и пет вработени од фабриката „Леар“ биле примени во тетовската клиничката болница заради интервенција поради гадење и повраќање. Работниците потоа се пуштени на закрепнување дома. Тоа се случило по денешниот појадок, а од тетовската брза помош информираа дека кај дел од луѓето интервенирале во фабриката, а некои самите дошле да побараат помош.
Според неофицијалните сознанија, труењето најверојатно настанало од консумирање салама...
Град Скопје реагира на труењето животни
Градот Скопје најостро ја осудува постапката на одредени неодговорни поединци или групи, кои фрлаат отров и отровни материи заради труење на бездомни животни, се вели во соопштението што денеска го испратија градските власти.
Реакцијата уследи денеска, откако оваа и претходната седмица реагираа неколку скопски општини, а постојано реагираа и здруженија за заштита на животните и многу поединци.
„Оваа постапка е крајно неодговорна и...
„Леар“: Фабриката ќе биде затворена сè додека не се реши случајот со труењето
Во писменото соопштение на фабриката „Леар“, каде што синоќа беа затруени околу 200 луѓе, се вели дека фабриката ќе биде затворена сè додека не се реши случајот и додека не се осигурат дека нема да се повтори.
„За компанијата „Леар“ ништо не е поважно од здравјето и од благосостојбата на вработените. Ние имаме одлични услови за здравје и за безбедност...
Бесими: За 48 часа треба да се знаат причините за труењето на работниците во „Леар“
Во Клиничката болница во Тетово во моментов на лекување е задржано едно лице од вкупно 183 работници од фабриката „Леар“ во ТИРЗ Тетово, кои рано утрово биле хоспитализирани на клиниката поради симптоми на труење од храна, вели директорот на Клиничката болница, Флорим Бесими.
- Во раните утрински часови, за краток период поголем број пациенити, масовно побараа лекарска помош во нашата...
Околу 220 вработени во фабриката „Леар“ во ТИРЗ Тетово биле затруени од храна
Околу 220 вработени во фабриката „Леар“, која се наоѓа во технолошко-индустриската развојна зона во Тетово, ноќеска биле затруени, најверојатно со храна, информираат извори од Клиничкиот центар во Тетово.
Според првичните информации, тие вечерале околу еден часот по полноќ и неколку часа по вечерата, почувствувале стомачни тегоби, по што добиле дијареа.
Околу четири часот по полноќ, вработените со возила на итна медицинска помош...
На Меѓународниот ден на водите, „Арсена“ потсети на загадената вода во Гевгелија
Граѓанската иницијатива „Арсена“ подели пакувања чиста вода на штанд поставен на градското шеталиште во центарот на Гевгелија, по повод Меѓународниот ден на водите.
Мотото на оваа акција беше „Здрава вода за здрав живот“, а целта беше да се актуелизира долгогодишниот проблем на гевгеличани со потребата од чиста вода за пиење, поради присуството на енормно високи концентрации на отровниот металоид арсен во водите од...
Пакистан: Најмалку 26 лица починале од отровен алкохол
Најмалку 26 лица од областа Пенџаб, во источниот дел на Пакистан, починале, а дванаесетмина се тешко болни откако пиеле отровен алкохол во неделата за Божиќ, соопштиле локалните власти, пренесува „Би-би-си“.
Починатите, од кои 24 биле христијани, а двајца муслимани, консумирале домашна ракија, која ја набавиле од засега непознато место. Полицијата почнала истрага за да открие каде бил направен и продаден...
21-годишна девојка од Скудриње починала од труење со јаглерод моноксид
Дваесет и едногодишна девојка од долнореканското село Скудриње починала, најверојанто од труење со јаглерод моноксид, а најзината една година постара сестра е пренесена на лекување во скопските клиники.
Трагичниот настан се случи ноќеска, додека двете сестри спиеле во просторија од нивниот семеен дом, која се затоплувала со печка на дрва.
Сестрите, кои биле во бесознание, ги забележале нивните родители. Прва помош...