сабота, 11 април, 2026
Meta.mk

Ознака: труење | 91 резултати

И доктор Нико Беќаровски злоупотребен за ширење „кемтрејлс“ теории на заговор

јануари 11, 2024

Објава на Фејсбук ја манипулира јавноста дека познатиот доктор Нико Беќаровски ја потврдил теоријата на заговор за „кемтрејлс“, според која од авиони нè прскаат со хемиски супстанци, односно отрови кои предизвикуваат симптоми карактеристични за вирусни заболувања. Ова не е точно, изјавата на доктор Беќаровски е злоупотребена и се користи за да се шират невистини, пишува […]

Условна казна доби трујач на животни кој расфрлил отров на јавна површина

ноември 30, 2023

Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе Предлог за издавање казнен налог против 32-годишен жител на селото Глишиќ, обвинет за предизвикување општа опасност и за мачење животни, според одредбите на Кривичниот законик. Како што соопшти Обвинителството, тој на 9 ноември, исекол неколку парчиња салама, ги напрскал со токсичен препарат за прскање винова лоза, ги ставил во ќеси […]

Затруена сопругата на шефот на украинското воено разузнавање Буданов

ноември 28, 2023

Марија Буданова, сопруга на директорот на военото разузнавање на Украина, Кирило Буданов, е во болница со симптоми на труење со тешки метали, пишува Гардијан. Оваа информација ја објавија водечките украински медиуми. Повеќе детали не се соопштуваат, но се наведува дека „овие супстанции на никаков начин не се користат во секојдневниот живот и воените работи“. Според […]

Анализата во Хрватска покажа дека труењето со пијалок е од средство за чистење

ноември 9, 2023

Хрватскиот министер за здравство Вили Берош денеска посочи дека во газираниот пијалок од кој се отру едно лице од Риека можно е да било ставено средство за чистење, пренесува Индекс.хр. Извештајот од наодот од вештачењето покажува дека засега има само еден докажан случај на лице кои има повреди односно оштетување на хранопроводот предизвикан од хемикалии. […]

Од труењето со метомил, в болница почина и 79-годишната жена

октомври 31, 2023

Основно јавно обвинителство-Скопје соопшти дека 15-тина дена откако поради труењето со метомил во домашната храна била примена в болница, починала 79-годишната жена од Скопје. Претходно, неколку дена по приемот в болница почина и 47-годишна жена од истото семејство, а мажот што бил примен заедно со нив, е на домашно лекување. „Од домот на семејството се […]

Се чекаат одговори: Како се затру семејство од Скопје со забранетиот најотровен инсектицид „метомил“

октомври 20, 2023

Метомил, познат под брендови како Акинат (Acinate), Агринат (Agrinate), ДуПонт, Ланате (Lannate), Ланокс (Lanox)… е инсектицид од прва категорија, забранет за продажба во земјава, согласно регулативите на ЕУ, поради неговата висока токсичност и поради штетите што може да ги нанесе по животната средина и живиот свет. Доколку се употреби и само еден грам од отровот, […]

Труењето диви животни е секојдневие на Балканот, но само 20 отсто од случаите се откриени

септември 25, 2023

Труењето на диви животни е честа практика во земјава и на Балканот, но и покрај тоа, помалку од 20 отсто од инцидентите со труење се откриени и документирани. Според Студијата за труење на балканските мршојадци од 2022 година, вистинското влијание на употребата на отрови во природата е веројатно многу поголемо, со оглед на тоа дека […]

Македонски војници се затруле со гас во Словенија, двајца се пренесени в болница

август 17, 2023

При исцрпување на водата од подрумските простории во Домот на културата во Чрна, Словенија 32 лица биле изложени на јаглероден моноксид, при што осуммина од нив биле затруени од гасот и се пренесени в болница, јави Радиотелевизија Словенија. Двајца од нив се македонски војници, дел од контингентот од 100 војници и опрема како помош на […]

Не јадете сладоледи, брза храна и чистете ги фрижидерите – препорачува ИЈЗ за заштита од цревни инфекции

јули 27, 2023

Летниот период и високите температури го зголемуваат ризикот од појава на цревни инфекции, односно инфекции кои се пренесуваат преку храна. Затоа од Одделот за епидемиологија во Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), препорачуваат посебно внимание населението да обрати на тоа, каде и каква храна консумира. За заболувањата кои се пренесуваат преку храна (food borne diseases), е […]

На македонскиот пазар не се увезени небезбедни домати од Албанија

мај 21, 2023

Агенцијата за храна и ветеринарство, овластен државен орган задолжен за контрола на храната која се увезува на граничните премини, вклучително и овошјето и зеленчукот, тврди дека граѓаните треба да бидат спокојни, бидејќи ваков таканаречен увоз не е можен и не бил извршен. Освен ова, Вистиномер провери и во здравствена установа од каде добивме потврда дека […]

Се преврте вагон со амонијак близу Пирот, 51 лице пренесени в болница, над градот уште има опасен „облак“

декември 26, 2022

Во источниот српски град Пирот и околината претпладнево сѐ уште е на сила вонредна состојба, а над дел од градот сѐ уште има опасен „облак“. Вчера попладне еден вагон со амонијак, во железничка композиција што тргнала од Бугарија, се излизгал од шините и отровниот гас истекол во атмосферата. Вкупно 51 лице, биле пренесени во болница […]

Се зголемил бројот на мршојадци во земјава, но отровите и понатаму ги демнат

септември 3, 2022

Бројот на парови од белоглавиот и египетскиот мршојадец, кои се гнездат во С. Македонија се зголемил. Годинава, Македонското еколошко друштво пребројало десет парови белоглави мршојадци, за разлика од 2018 година, кога биле само шест. Бројките на гнездечки парови на египетскиот мршојадец, пак, веќе три години се стабилни и не е регистрирана загуба на ниту една […]

Вистиномер: Видео покажува траги од кондензација од авиони, а не прскање со отрови и коронавирус

август 17, 2022

Оваа објава на Фејсбук е уште една во низата теории на заговор за кемтрејлс, според кои вообичаените траги од кондензација што ги создаваат авионите во воздухот се „хемиски патеки“, составени од хемиски или биолошки агенси за „злобни цели“. Но, не постои никакво труење  и распрскување отрови од авиони, ниту пак, тие нè заразуваат со коронавирусот. […]

Порталб: Висок е бројот на труења со храна во Тетово, лекарите препорачуваат што да не се јаде

август 10, 2022

Бројот на труења со храна во текот на летово во Тетово е висок. Во ургентното одделение на тетовската болница, во тек на една смена од 12 часа, има над 100 амбулантски прегледи. За фактичката состојба, Порталб.мк разговараше со д-р Африм Алиу, а подготви и список на тоа што да се избегнува во исхраната. Во последните […]

Не излегувајте во периодот од 10 до 14 часот, апелира Министерството за здравство

јуни 27, 2022

Поради високите температури кои деновиве ја зафатија територијата на земјава, Министерството за здравство апелира граѓаните да ги почитуваат општите препораки за заштита на здравјето, а особено да внимаваат и да преземаат соодветни мерки за заштита од УВ зрачењето. Ако УВ индексот е повисок од 8, задолжително да се користи крема со заштитен фактор и капа, […]

Иако се забранети, деца купуваат енергетски пијалоци и завршуваат на Токсикологија

јуни 12, 2022

Иако продажбата на енергетски пијалоци на лица под 18 години е забранета со закон, малолетници можат слободно да ги купат во продавници што се наоѓаат околу основните училишта. Цените се различни, се продаваат за 40 денари за лименка, па нагоре. Сепак, лекарите предупредуваат за штетното влијание врз детскиот организам заради состојките таурин и кофеин. На […]

Концесионерот не го оградил арсенот и не поставил табли за предупредување во Лојане, ќе биде казнет

јуни 3, 2022

Јаловиштето со околу 15.000 тони арсен сулфид, опасен отпад којшто е лоциран во рудникот „Лојане“ на околу 100-тина метри од основно училиште, не е ограден. Ова за Мета.мк го потврдуваат од Државниот инспекторат за техничка инспекција, кои посочуваат дека турската компанија „Калтун Мадденџилик“ до моментот на поседување на концесијата, односно Договорот за концесија за екплоатација […]

Отровите ги уништуваат дивите животни, трујачите никој не ги гони

април 28, 2022

Илегалното труење го уништува биодиверзитетот на Балканот, а само еден отсто од случаите завршуваат на суд, покажува најновата Студија за труење на мршојадците, која ја објави Македонското еколошко друштво (МЕД). Според податоците од документот, илегалната употреба на отровни супстанци во животната средина заради отстранување на „несакани“ животни го осиромашува биодиверзитетот и претставува закана за јавното […]

Труењето и криволовот ги истребија дивите животни, но во земјава и понатаму нема ниту една казна за еколошки криминал

март 14, 2022

Труење, криволов или недозволена трговија се меѓу главните закани за дивиот свет во земјава. Египетскиот мршојадец и балканскиот рис се на работ на истребување, а и мечките, волците, лисиците или шакалите не се под помала закана. Сепак, и покрај тоа што ова се едни од главните причини за десеткувањето на полулациите на најзагрозените животни во […]

Инспекторатите бараат арсенот во Лојане и Табановце да се огради и да има табли за предупредување

февруари 12, 2022

По пишувањата на Мета.мк и Порталб.мк за опасностите од расфрланиот арсен и други отпадни минерални суровини во Лојане и Табановце, Државниот инспекторат за техничка инспекција (ДИТИ) на 4 февруари годинава изврши инспекциски надзор на посочените локации и констатирале дека јаловиштето во кругот на рудникот „Лојане“ и депонијата кај железничката станица во Табановце не се оградени […]

Страна 2 од 5