Таг: трошоци

таг: трошоци

Tрошоците за живот намалени за 0,5 отсто во однос на лани

Индексот на трошоците за живот во октомври 2015 година, во споредба со истиот период лани, бележи намалување за 0,5 отсто, а индексот на цените на мало бележи намалување од 1,2 отсто. Индексот на трошоците за живот во октомври 2015 година е на исто ниво како и претходниот месец, но е забележано движење во подгрупите. Пораст е забележан кај шеќерот, џемот, медот,...

Барателите на азил ќе ја чинат Норвешка една милијарда евра

Норвешката влада очекува дека во 2016 година азил ќе побараат 33.000 мигранти, што е трипати повеќе од годишниот просек изминатите неколку години. Владата проценува дека големиот број мигранти државата ќе ја чинат една милијарда евра, што е многу поголем износ од планираниот буџет. За да ги финансира дополнителните трошоци, постои предлог да се земат пари од државниот фонд, кој, инаку, е...

„Дојче банк“ со рекордна загуба од 6 милијарди евра, ќе отпушти 9.000 вработени

Најголемата германска банка „Дојче банк“, во третиот квартал евидентираше рекордни загуби поради високите судски трошоци, како и отпис на вредноста на т.н. нематеријален имот и удел во една од кинеските банки, пишува „Њујорк тајмс“. Во период од јули до септември, нето-загубата на „Дојче банк“ достигнал 6,01 милијарди евра во споредба со загубата од 94 милиони истиот период лани. Директорот на банката, Џон...

Трошоците за живот во септември намалени за 0,2 отсто во однос на лани

Намалувањето на индексот на трошоците на животот од 0,2 отсто во септември 2015 година, во споредба со претходниот месец, е резултат на пониските индекси на другите неспомнати прехранбени производи за 1,5 отсто, замрзнатиот зеленчук за 0,7 отсто, конзервираната риба за 0,5 отсто, свежото млеко за 0,3 отсто и тестенините за 0,2 отсто. Исто така, намалување на индексите на трошоците за животот е...

Намалени трошоците за градење

Во второто тримесечје од 2015 година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување, во споредба со податоците за второто тримесечје од 2014 година, се пониски за 1,3 отсто, објави Државниот завод за статистика. Во второто тримесечје од 2015 година, во споредба со првото тримесечје од 2015 година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се повисоки...

Намалени трошоците за живот во јули во споредба со јуни

Според податоците на Државниот завод за статистика, намалувањето на индексот на трошоците на животот од 0,7 проценти во јули 2015 година, во споредба со претходниот месец, е резултат на пониските индекси на свежиот зеленчук за 18,9 проценти, свежото овошје за 2,7 проценти, јајцата за 1,7 отсто, сувомесните производи за 0,8 отсто и друго. Исто така, намалување на индексите на трошоците на...

Свежото овошје во јуни поскапо за 18,5 проценти во однос на мај

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот во јуни 2015 година е на исто ниво како и претходниот месец, но е забележано движење во подгрупите. Пораст е забележан кај свежото овошје за 18,5 проценти, сувото овошје за 4 проценти, маслото и маснотиите за 3,1 отсто, другите прехранбени производи за 1,3 проценти, јајцата за 1 процент, рибата,...

Британците ќе плаќаат по половина фунта годишно за одржување на кралското семејство

По нешто повеќе од една фунта на годишно ниво ќе плаќа секој жител на Велика Британија за одржување на кралското семејство. Овој податок е обелоденет откако Бакингамската палата сооопшти дека за изминатата година за кралското семејство биле потрошени 35,7 милиони фунти. Половина од парите биле наменети за тековните службени должности на кралицата, а другите за одржување на кралските резиденции и објекти. Една...

САД дневно трошат по девет милиони долари за борбата против ИД

САД трошат повеќе од девет милиони долари на ден во борбата против Исламска држава, додека за бомбардирањето од почетокот на акцијата потрошиле 2,7 милијарди долари. Меѓународната коалиција од минатиот август спроведува воздушни напади во Ирак и во Сирија. Од извештајот за американските трошоци, кој го објави Пентагон, се гледа дека две третини од трошоците отишле на воздушните напади, јавува „Би-Би-Си“.

Трошоците за живот во мај, поголеми од априлските

Трошоците за живот во мај, во споредба со претходниот месец, се зголемиле за 0,5 отсто, објави Државниот завод за статистика. Тоа е резултат на повисоките индекси на свежото овошје за 4,4 проценти, мастите за 1,8 отсто, другите неспомнати прехранбени  производи за 1,6 отсто, конзервираната риба за 0,8 отсто, конзервираниот зеленчук за 0,7 отсто, рибата за 0,6 отсто, шеќер, џем, мед, чоколада...

Каменос фатен во лага за трошоците за неговото патување во САД

Грчките медиуми го обвинуваат коалицискиот партнер на премиерот Алексис Ципрас и министер за одбрана, Панос Каменос, за лага околу точната финансиска сума што била потрошена за неговиот престој во Вашингтон. Иако владата на СИРИЗА вети и се залага за што помали трошоци кои вклучуваат возење со економска наместо со прва и со бизнис-класа, некористење државни автомобили, весниците „Прото тема“ и „Та неа“...

„Македонски телеком“ и „Ти-мобајл“ со намалени приходи од говорни услуги

„Македонски телеком“ АД - Скопје и „Ти-мобајл Македонија“ ја задржаа водечката позиција на пазарот во првиот квартал од 2015 година и покрај силното пазарно опкружување, покажуваат неревидираните  консолидирани финансиски резултати во согласност со меѓународните стандарди за финансиско известување (МСФИ). Продолжува трендот на пораст на приходите во сегментот на интернет и на интернет-телевизија, а се намалуваат приходите од говорните услуги. Приходите од продажба...

Русија, Кина и Саудиска Арабија ги зголемиле трошоците за вооружување

Трошоците за вооружување минатата година биле намалени во САД и во Западна Европа, но биле зголемени во другите делови на светот поради конфликтите на Блиски Исток, во Источна Европа и во Африка, соопшти денеска Стокхолмскиот меѓународен институт за истражување на мирот. На оружје минатата година потрошени се 1.800 милијарди долари, што е за 0,4 отсто помалку во однос на годината...

Намалени трошоците за живот

За 0,8 отсто се намалиле трошоците за живот во јануари годинава во споредба со претходниот месец, а цените на мало се намалиле за 1 процент. Според податоците на Државниот завод за статистика, намалувањето на трошоците за животот е резултат на пониските цени на свежото овошје за 2,6 отсто, свежиот зеленчук за 1,9, јајцата за 1,4 отсто, трајните колбасичарски производи, конзервираните месни...

Последно упатство: За 12.000 денари хонорар, повеќе од 6.000 денари придонеси

На вчерашниот семинар за пресметка на трошоците за хонорарно ангажираните лица, на кој учествувале авторските агенции и претставници од Фондот за пензиско осигурување, Управата за јавни приходи (УЈП) и од Фондот за здравствено осигурување, биле претставени новите пресметки според изменетите законски решенија. Како што дознава „Мета“, пак, пресметките предизвикале загриженост поради сумата која за придонеси треба да ја платат хонорано...

Цените пониски од лани

Цените на мало се намалиле за 0,3 отсто во споредба со лани во номеври, а трошоците на животот останале на исто ниво. На годишно ниво, пак, трошоците се намалиле за 0,3 отсто, а цените за 0,9 проценти, објави Државниот завод за статистика. Намалување на трошоците на живот во декември во однос на ноември 2014 е забележано во групите: рекреација и култура...

Од поевтината нафта граѓаните нема да се офајдат

Падот на цената на нафтата на светските берзи и намалувањето на цената на горивата на домашниот пазар, не се очекува да го растовари буџетот на граѓаните, бидејќи нема многу или воопшто нема да влијае на цените на  производитево малопродажба, сметаат експертите што ги консултираше „Мета“. Според професорот Атанаско Туневски, падот на цената на нафтата сигурно ќе се одрази поволно на индустриите...

Груевски: Имаме најниски трошоци за почнување бизнис во Европа

Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, денеска присуствуваше и се обрати на Виенскиот економски форум. На годинешниот настан, покрај македонскиот премиер, присуствуваат и претседателот на Република Австрија, Хајнц Фишер, австрискиот премиер Вернер Фајман и речиси сите премиери од Балканот. Премиерот Груевски во своето обраќање ја истакна значајноста на самиот форум, посочувајќи дека ваквите настани помагаат во креирање заеднички...

Фондот нема да го покрие лекувањето на Тамара Димовска

Фондот за здравство нема да ги покрие трошоците за лекување во странство на малата Тамара Димовска од Велес, на која ѝ се заканува траен инвалидитет, јави „Телма“. Тамара имала метална шипка која ѝ била прикачена за ’рбетот и ја одржувала исправена, но таа станала прекуса за нејзината висина и само ѝ правела дополнителни проблеми, па затоа, пред една година, доктор од...

Во октомври трошоците за живот пораснале за 0,2 проценти

Трошоците на живот во октомври, во однос на претходниот месец, бележат зголемување од 0,2 проценти, додека цените на мало се намалени за 0,1 процент, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Порастот на трошоците на животот од 0,2 проценти во октомври 2014 година, во споредба со претходниот месец, е резултат на повисоките индекси на свежиот зеленчук за 5,8 проценти, мармаладите за 1,4 проценти, конзервираниот зеленчук за 0,9 отсто,...

Концерт на рап-бендот КЕМ и гости во четврток во „Public Room“

Овој четврток во „Public Room“ ќе се одржи концерт или „сесија во живо“ на бендот KEM, со поддршка од нивните пријатели Прва Гарда (Dope Kukjata) и Jiggy. Концертот ќе започне...