fbpx
Таг: трошоци

таг: трошоци

Можностите на пристаништето Драч презентирани пред македонски компании

Можностите што ги нуди албанското пристаниште Драч денеска беа презентирани пред македонски бизнисмени. Презентацијата се одржа во Стопанска комора, а целта е да се понуди алтернатива на солунското пристаниште кое поради чести штрајкови и нефункционирање им создва проблеми на компаниите. - Пристаништето во Драч географски и економски е доволно развиено и има добра положба. Имаме три значајни проекти, односно продлабочување на...

Струјата поевтинува за минимални 0,25 проценти

Цената на електричната енергија за домаќинствата ќе се намали за 0,25 проценти. Новата цена на струјата ќе почне да важи од 1 јули. Причина за поевтинување се помалите трошоци кои енергетските компании ги пријавиле до Регулаторна комисија за енергетика (РКЕ), соопшти претседателот на РКЕ, Димитар Петров. Кај ЕЛЕМ, цените се намалуваат за 0,01 процент, кај МЕПСО за 7,99 отсто, а кај...

Виртуелниот оператор „Лајкамобајл“ почна да работи во Македонија

Најголемиот меѓународен мобилен виртуелен оператор „Лајкамобајл“ (Lycamobile) почна со работа во Македонија, која стана 21. држава во интернационалната мрежа. - Понудите на „Лајкамобајл“ особено ќе им бидат привлечни на граѓаните што имаат потреба да им се јават на своите пријатели или роднини во странство, со оглед на тоа дека постојат голем број Македонци низ целиот свет. „Лајкамобајл“ нуди импресивни цени без...

Попладне ќе се знае новата цена на струјата

Регулаторната комисија за енергетика (РЕК) денеска ќе ја соопшти новата цена на струјата. Регулаторите не можат да кажат кои и какви трошоци ќе имаат влијание врз цената, но сето тоа било во согласност со методологијата за пресметка. Оттаму велат дека секоја од компаниите има различни трошоци, но тоа немало да има значително влијание врз крајната цена што ќе ја плаќаат корисниците. Според...

РКЕ: Не можеме да потврдиме дека цената на струјата ќе се намали

Регулаторна комисија за енергетика не може да потврди дека цената на струјата ќе се намали по шпекулациите што се појавија во одредени медиуми дека пресметките ќе одат во надолна насока. - Во период сме кога се пресметува цената, кога се утврдуваат трошоците во рамките на работните групи во комисијата. Во овој момент не би можел да кажам какви ќе бидат предвидувањата....

Два проценти пораст на БДП во првото тримесечје годинава

Стапката на пораст на домашниот бруто-производ (БДП) за првото тримесечје од 2016 година изнесува 2 проценти, објави Државниот завод за статистика. Во првото тримесечје од годинава, најголем пораст е забележан во секторите финансиски дејности и дејности на осигурување од 13,3 проценти, стручни, научни и технички дејности, административни и помошни услужни дејности од 11,7 проценти и градежништво од 7,7 проценти. Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи...

ММФ: Корупцијата годишно „јаде“ два отсто од глобалната економија

Давањето мито вшмукува 1.500 до 2.000 милијарди долари годишно во светот, што ја нагризува економијата и ја влошува социјалната заштита за сиромашните, се наведува во најновиот извештај на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за состојбите со корупцијата. Корупција, мито и другите облици на измами кои се заеднички и за сиромашните и за богатите земји, го ограничуваат економскиот пораст и ја поткопуваат политиката на...

Мало зголемување на трошоците за живот во април во однос на претходниот месец

Трошоците за живот во април годинава во однос на претходниот месец се поголеми за о,1 отсто, а цените на мало се повисоки за 0,5 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Порастот е резултат на повисоките цени на свежото и на разладеното овошје за 4,8 проценти, сушениот зеленчук за 1,4 отсто, на алкохолните пијалаци 0,4 отсто и друго. Во април годинава, исто...

Градежниците очекуваат поволен период за секторот

Очекувањата за договори за градежни работи и за бројот на вработени во наредните три месеци се поповолни во однос на претходното тримесечје, објави Државен завод за статистика. Оценката за економската состојба во првото тримесечје од 2016 година е поповолна во однос на претходното тримесечје, а поповолна и во однос на истиот период лани. Најголемо влијание на ограничувањето за подобрување на тековната градежна...

Брисел: Граничните контроли би чинеле 18 милијарди евра

Европската комисија денеска процени дека повторното воведување на гранични контроли во регионот на Европа во кој се патува без пасош, годишно би ја чинело Унијата околу 18 милијарди евра. Некои членки на Унијата, вклучувајќи ја и Германија, привремено ги зајакнаа граничните контроли поради бранот бегалци. Брисел денеска објави дека директниот трошок за трајна контрола на границите би чинел меѓу 5 милијарди и...

Бегалската криза ги чинела државите 10,6 милијарди евра

Членките на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) минатата година потрошиле двојно повеќе пари за покривање на трошоците на мигрантската криза, дури 10,6 милијарди евра, соопшти денеска таа организација. - Државите мораа да пронајдат голема сума пари за покривање на трошоците на историската бегалска криза во Европа и најголем дел од нив досега успеаја да го избегнат пренасочувањето пари...

Зголемени трошоците за живот во март во однос на претходниот месец

Трошоците на живот во март годинава, во однос на претходниот месец, се поголеми за 0,1 отсто, а цените на мало се повисоки за 0,2 проценти, објави Државниот завод за статистика. Повисоките трошоци се должат на повисоките индекси на свежото и разладеното овошје за 2,7 отсто, јајцата за 1,1 отсто, сушениот зeленчук, друг конзервиран и преработен зеленчук, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и...

Еден домашен денар го зголемува БДП колку два денари странски инвестиции

Еден денар странски инвестиции го зголемува домашниот бруто-производ (БДП) во истиот квартал за 0,2 денари, а потоа ефектот е никаков. Еден денар вложен од страна на домашните приватни инвеститори води до зголемување на БДП за 0,9 денари, а еден денар вложен од државата го зголемува БДП за 1,3 денари. Ова значи дека државните пари што биле потрошени на привлекување...

Трошоците за живот лани бележат мало намалување во однос на 2014 година

Индексот на трошоците за живот во 2015 година, во однос на 2014 година, бележи намалување од 0,3 отсто, а индексот на цените на мало бележи намалување од 1,3 отсто, објави Државниот завод за статистика. Движењето на индексот на трошоците за живот во 2015 година беше различно по одделни групи на потрошувачка. Намалување на индексите е забележано во групите транспорт за 9...

Германија ќе потроши 17 милијарди евра на бегалците во 2016 година

Германските сојузни држави планираат да потрошат околу 17 милијарди евра за решавање на проблемите со бегалската криза во 2016 година, пишува германскиот весник „Велт“, повикувајќи се на резултатите од анкетата спроведена меѓу министерствата за финансии на германските држави-покраини. Трошоците, како што пишува медиумот, ќе бидат поголеми бидејќи регионалните министерства за финансии ги базирале своите буџети на процената на федералната влада...

Извршителите нема да блокираат сметки без предупредување?

Со новиот закон за извршување, кој е во собраниска процедура, извршителите нема веќе да им ги блокираат сметките на граѓаните без предупредување. Со овој акт се предлага извршителот, задолжително, пред да блокира сметка, писмено да го извести должникот и да побара од него во рок од три дена да го плати долгот. Истовремено, должникот треба да го извести извршителот дали...

Спасовски: МВР месечно троши повеќе од еден милион евра за мигрантската криза

Министерството за внатрешни работи месечно троши повеќе од еден милион евра за справување со масовниот прилив на мигранти, а и покрај донаторските конференции, одржани повеќепати, до денеска Македонија најголема помош и поддршка доби од Чешката Република, УНХЦР и од Меѓународната организација за миграција (ИОМ). Ова, меѓу другото, го изјавил министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во своето поздравно обраќање на...

600 домашни компании соработуваат со странските инвеститори

Опортуните трошоци на државата од ослободување од данок на добивка, персонален данок на странските директни инвестиции и неискористеноста на дел од земјиштето во ТИРЗ, во периодот од 2009 до 2014 година изнесуваат 26 милиони евра. Веќе 600 домашни компании имаат остварено соработка со инвеститорите врз основа на служби за кетеринг, обезбедување и за одржување објекти. Овие податоци беа изнесени на трибината „Ефектот на...

Трошоците во градежништвото пониски за 2,4 проценти во однос на лани

Во третото тримесечје од 2015 година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување, во споредба со податоците за третото тримесечје од 2014 година, се пониски за 2,4 проценти, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се пониски за 0,5 отсто, трошоците за материјали се пониски за 1,3 отсто, а...

Tрошоците за живот намалени за 0,5 отсто во однос на лани

Индексот на трошоците за живот во октомври 2015 година, во споредба со истиот период лани, бележи намалување за 0,5 отсто, а индексот на цените на мало бележи намалување од 1,2 отсто. Индексот на трошоците за живот во октомври 2015 година е на исто ниво како и претходниот месец, но е забележано движење во подгрупите. Пораст е забележан кај шеќерот, џемот, медот,...

Почина Велибор Џаровски – Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза...