fbpx
Таг: тројноубиство

таг: тројноубиство

Построги законски решенија за располагањето со службено оружје

Надлежните институции ги разгледуваат можностите за преземање мерки кои се однесуваат на построга регулатива во однос на располагањето и на ракувањето со службено оружје, информираше денеска министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска. Актуелниот Закон за оружје се однесува само на оружјето што се поседува со приватна дозвола и, како што рече Јанкулоска, постои простор за построга регулатива во делот со...

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги користи трагедиите на луѓето за политички цели

СДСМ продолжува на крајно нечовечки начин да ја злоупотребува трагедијата за да добие некој ситен партиски поен, наведува ВМРО-ДПМНЕ во реакција на прес-конференцијата во која СДСМ побара оставки од министерот за одбрана, Зоран Јолевски и од началникот на Генерал-штабот, Горанчо Котевски. ВМРО-ДПМНЕ апелира до СДСМ да не користи лични трагедии за политички цели бидејќи, како што велат од ВМРО-ДПМНЕ, тое е...

Погребани жртвите од вчерашното тројно убиство во Злетово

Жртвите на вчерашното тројно убиство во Злетово, брачниот пар Илија М. (65) и Јана М. 63) и 51-годишниот Методија Д., денеска беа погребани на гробиштата во Злетово, јавува дописникот на „Мета“ од Штип. Погребано беше и телото и на 40-годишниот професионален војник Д.М., кој го изврши трикратното убиство. Во Пробиштип денеска е прогласен ден на жалост. Злетовци се сè уште...

СДСМ бара оставки од Јолевски и од Котевски

Недозволив е молкот на министерот за одбрана Зоран Јолевски и на началникот на Генералштабот Горанчо Котевски, како и на премиерот Никола Груевски за грозоморното убиство што се случи вчера во Злетово, обвинуваат од опозцијата. - Бараме Јолевски и Котевски веднаш да си поднесат неотповикливи оставки. Во црно се две семејства на убиените и уште едно на професионалниот војник. МО и...

Либералите бараат засилени психолошки контроли за полицајците и за војниците

Ако тројното убиство во Кавадарци беше шок за јавноста, вчерашното тројно убиство во Злетово покажува дека во македонските безбедносни и одбранбени сили подолго време кадровската и психолошката селекција и пристапот до оружје на нивните припадници се запоставени, реагираат од Либералната партија. - Со тоа, се стекнува впечаток дека припадниците на безбедносните сили се препуштени сами на себе и дека тие,...

СДСМ: Денешното убиство е доказ на нефункционирањето на институциите

Денешното тројно убиство, овојпат извршено од  професионален војник на АРМ, е нов доказ за целосно нефункционирање на институциите на системот во Македонија, обвинува СДСМ. Опозицијата прашува дали  Министерството за одбрана и Генерал-штабот имаат информации дека професионалниот војник имал семејни проблеми подолг временски период? - Сето ова упатува на сериозни институционални пропусти. Длабоко сочувствуваме со семејствата на жртвите и бараме одговорност за...

Vrasje e trefishtë: U gjet trupi i vrasësit të dyshuar

  Ushtari profesionist D.M. (40), i dyshuar për vrasje të trefishtë  që sot në mëngjes ndodhi në rrethinën e Probishtipit në Zletovë, është personi trupi i të cilit u gjet i varur në afërsi të fshatit, bën të ditur nga policia, informon korrespodenti i “Metës” nga Shtipi. Siç informon polica, pasi ka vrarë viktimat, ka shkuar në shtëpi, ku ka takuar...

Тројно убиство: Осомничениот најден обесен во близина на селото?!

Во близина на Злетово, полицијата пронашла обесен маж, за кој се претпоставува дека е професионалниот војник Д.М. (40), осомничен за тројното убиство што утрово се случи во селото, неофицијално дознава „Мета“ од полициски извори. Во тек е постапка за утврдување на идентитетот на лицето, чие тело е пронајдено.

Тројно убиство: Осомничениот, вооружен до заби, дошол во Злетово

Четириесетгодишниот професионален војник Д.М. пред да го изврши тројното убиство во Злетово бил на стража и по завршувањето на работните обврски, со комлетна воена опрема, дошол во селото, јавува дописинкот на „Мета“ од Штип. Тој првин се упатил во домот на М.Д. (50), вработен во државниот пазарен инспекторат. Соседите сведочат дека слушнале расправија, по што осомничениот го убил М.Д. Потоа, осомничениот заминал...

Професионален војник осомничен за тројното убиство во Злетово

Четириесетгодишен професионален војник е осомничен за тројното убиство што утрово се случи во Злетово, пренесуваат медиумите. Според првичните информации, тој ги застрелал родителите на својата сопруга и уште едно машко лице. Телата на жртвите биле пронајдени на две одделни локации во селото. Како што пренесуваат медиумите, осомничениот во времето на убиството бил на службена должност. Осомничениот е во бегство и полицијата трага по...

Телата на убиените во Злетово биле најдени на две одделни локации

Жртвите на тројното убиство, што утрово се случи во пробиштипското село Злетово, биле најдени на две одделни локации, велат за „Мета“ од МВР. Сè уште трае потрагата по убиецот, многу полициски екипи се во селото и се врши увид. Убиени се двајца мажи и една жена, во кои било стрелано со огнено оружје. Според првичните, неофицијални информации, едниот маж и жената се родители на...

Тројно убиство во пробиштипското село Злетово

Тројно убиство се случило утрово, околу 7 часот, во пробиштипското село Злетово, објави МРТ. Од полицијата ја потврдиле информацијата за јавниот телевизиски сервис. Како што информирале оттаму, биле убиени двајца мажи и една жена, а според неофицијални информации, едниот маж и жената се родители на сопругата на убиецот. Осомничениот, веднаш по убиството, побегнал и полицијата трага по него. Повеќе детали од МВР најавуваат...

Сателитскиот интернет „Старлинк“ наскоро ќе стане достапен и во Македонија

Сателитската интернет-услуга „Старлинк“ на компанијата „Спејс Екс“ од минатата недела е достапна во 32 земји во светот. Според соопштението на компанијата и објавената мапа, може да се види дека „Старлинк“...