fbpx
Таг: трезор

таг: трезор

Ограбен трезорот на НЛБ во Скопје, вработен однел 2 милиони франци и 270.000 евра

Вработен во НЛБ во Скопје од трезорот на банката вчера украл околу 2 милиони швајцарски франци и околу 270.000 евра. Случајот за „Мета“ го потврдија од Министерството за внатрешни работи (МВР). Како што информираат оттаму, кражбата вчера во 16.58 часот ја пријавил директор во банката. Според информациите на МВР, 40-годишниот Б.С. од Скопје, вработен во банката, ги зел парите од трезорот,...

Мијалков си замина од распитот, судијата ќе решава дали ќе му го земе пасошот

Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање и актуелен член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Мијалков, по речиси двочасовен распит го напушти Кривичниот суд. Тој излезе од истиот спореден влез на зградата на Кривичниот суд од каде што и влезе, а неколку минути подоцна и припадниците на специјалните полициски сили го одблокираа влезот. Засега од судот нема...

Мијалков пристигна на распит во Кривичен суд

Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање и актуелен член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Мијалков, денеска точно напладне се појави во Кривичниот суд Скопје, каде, според информациите, треба да даде исказ за случајот „Трезор“ на СЈО во кој тој е еден од осомничените. Мијалков во судот влезе од споредниот источен влез, придружуван од уште две лица. Освен Мијалков, денеска...

Кривичниот суд ја замрзна сметката на „Финзи“

Специјалното јавно обвинителство денеска соопшти дека Основниот суд Скопје 1 донел решение да се замрзне сметката на фирмата „Финзи“. „Во текот на вчерашниот ден, судијата на претходна постапка во Основниот суд Скопје 1 донесе решение со кое наложи да се запре извршувањето на финансиските трансакции на сметките на правното лице ДТУ „Финзи“ ДООЕЛ Скопје. Ова решение беше донесено по повод...

Мијалков: Сите наводи на СЈО се целосно измислени

Специјалното јавно обвинителство е продолжена рака на СДСМ, вели поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков, за „Прес24“. - Toa што го направи СЈО со последниот случај е истото што го говориме подолг период наназад. СЈО функционира како продолжена рака на СДСМ и има единствена цел - неосновано да дискредитира луѓе од раководството на ВМРО-ДПМНЕ, кои Заев ги...

Судот го одби барањето за притвор на еден осомничен во случајот „Трезор“

Одбиено е барањето за притворање на еден осомничен во предметот „Трезор“ на Специјалното јавно обвинителство, информираат од Основниот суд Скопје 1. Во соопштението е наведено дека судијата на претходна постапка, постапувајќи по барањето на СЈО, го отфрла предлогот како неоснован. Попладнево, пак, Специјалното јавно обвинителство побара изземање на судијата на претходна постапка што треба да одлучува за мерките за претпазливост на осомничените во случајот „Трезор“. Обвинителот...

СЈО бара изземање и на судијата што треба да одлучува за притворот за случајот „Трезор“

Специјалното јавно обвинителство побара изземање на судијата на претходна постапка што треба да одлучува за мерките за претпазливост на осомничените во случајот „Трезор“, информираат од Основниот суд Скопје 1. „Претседателот на Основен суд Скопје 1 во рок од три дена треба да одлучи по барањето за изземање на судијата, што е трето по ред барање за изземање судии од страна на...

Кривичен суд денеска ќе ги сослушува осомничените од „Трезор“

Основниот суд Скопје 1 денеска испратил покани за сослушување до лицата осомничени во предметот „Трезор“, кој во средата го отвори Специјалното јавно обвинителство. „Судии од одделот на претходна постапка, постапувајќи по двата предлози – предлогот за определување мерка притвор против едно лице и предлогот за определување мерки на претпазливост против три лица, на Јавното обвинителство за гонење кривични дела кои...

Кривичен суд: Доказите од кодираното уесбе, СЈО ги достави како фотокопии

Специјалното јавно обвинителство доцна попладнево, пред завршување на работното време, ги доставило до судот во форма на фотокопија доказите за определување мерки за претпазливост против четири лица, информираат од Основен суд Скопје 1. Оттаму велат дека предлозите биле доставени, откако во текот на денешниот ден како суд ја информирале јавноста дека СЈО доставило докази на кодиран мемориски стик кој не можел...

ОЈО: Не го вештачевме мобилниот на Крпач, поради јаката заштита

Од сите докази што ги поседуваме, можеме да потврдиме дека Коста Крпач се самоубил, но сега истражуваме што го натерало да посегне по својот живот, брифираат од Основното обвинителство. Како што велат од ОЈО, биле испитани 19 лица, од кои 10 службеници од МВР кои биле на местото на истрагата на денот на самоубиството. Од ОЈО го обвинуваат Специјалното јавно...

Кривичен суд: СЈО за притворот за „Трезор“ ни достави кодирано уесбе што не се отвора

Специјалното јавно обвинителство до Основниот суд Скопје 1 доставило уесбе кое било кодирано и не можело да се отвори, па предлозите за определување мерки за претпазливост во случајот „Трезор“ се вратени во СЈО, информираат од судот. „СЈО до судот поднесе три предлози за определување мерки за претпазливост за четири лица, а доказите заедно со само еден писмен акт - документ, кои во...

„Трезор“ го разбуди Зврлевски: Обвинителството денеска ќе брифира за Коста Крпач

Денеска, во 12 часот, Основното јавно обвинителство на Марко Зврлевски ќе одржи „тематски брифинг“ со новинарите, на кој ќе се зборува за случајот со Коста Крпач. Вчера СЈО ја обелодени истрагата за злоупотреба на средствата од државниот буџет преку фирмата „Финзи“ ДООЕЛ Скопје, чиј сопственик во еден период бил Коста Крпач. Тој подоцна се јавува и како сведок на ова...

Осомничениот од „Трезор“ треба да се појави на распит за притворот

Денеска судија на претходна постапка треба да го повика осомничениот од случајот „Трезор“ за кој  Специјалното јавно обвинителство бара да му се одреди мерка притвор да се појави на распит во Основниот суд Скопје 1. На распитот треба да присуствува и обвинител од Специјалното јавно обвинителство, кој треба да образложи зошто се бара мерката притвор. По распитот на осомничениот, судот треба...

Притвор за едно лице и замрзнување на сметката на „Финзи“ побара СЈО за „Трезор“

Во врска со истрагата во предметот „Трезор“, Специјалното јавно обвинителство до Основниот суд Скопје 1 поднесе предлог за определување мерки за претпазливост за три осомничени лица, со кои е побарано од судот да ги одземе патните исправи на овие лица. - Воедно, за едно осомничено лице побарано е определување мерка притвор поради опасност од бегство, постоење на основан страв дека...

Како „Финзи“ преку опремата за прислушување го оштетила буџетот

Специјалното јавно обвинителство на прес-конференција ја презентираше новата истрага наречена „Трезор“, која се однесува на економски криминал. Како што појасни обвинителката Фатиме Фетаи, постојат основани сомнежи за три раководни лица од Управата за безбедност и контратразузнавање и за едно лице од МВР. Во истражната постапка, според Фетаи, било утврдено дека четрвтоосомничениот вработен во МВР им помогнал на првите тројца осомничени, раководни лица од...

„Трезор“: Крпач на СЈО му ги открил тајните на „братските“ фирми

Клучниот сведок на Специјалното јавно обвинителство за случајот „Трезор“, Коста Крпач, на 27 април годинава, околу 13.20 часот, беше пронајден мртов во станот на улицата Народен фронт, во населбата Капиштец. Првите индиции, според МВР, беа дека се работи за самоубиство. Сепак, и по пет месеци од настанот, Јавното обвинителство, кое го води овој случај, сè уште ја нема завршено...

СЈО: Опрема за УБК била преплатена преку „Финзи“ на Крпач

Специјалното јавно обвинителство отвори нова истрага наречена „Трезор“, која се однесува на економски криминал. Како што рече обвинителката Фатиме Фетаи, се работи за груба злоупотреба на средствата од буџетот на Република Македонија. - Од доказите прибавени за овој предмет, тие средства преку оштетување на буџетот биле искористени за лична корист и за богатење. Во овој момент истрагата се одвива за...

СЈО денеска со детали за новата истрага „Трезор“

Специјалното јавно обвинителство отворило нова истрага која носи работен назив „Трезор“ и за која детали ќе соопштат денеска на прес-конференција во 10 часот. – Ве известуваме дека утре, со почеток во 10 часот, во просториите на ова јавно обвинителство ќе се одржи прес-конференција на која ќе биде презентирана новата истрага, која носи работен назив „Трезор“ – информираа вчера од СЈО. На...

СЈО утре со детали за новата истрага „Трезор“

Специјалното јавно обвинителство отворило нова истрага која носи работен назив „Трезор“ и за која детали ќе соопштат на прес-конференција утре во 10 часот. - Ве известуваме дека утре, со почеток во 10 часот, во просториите на ова јавно обвинителство ќе се одржи прес-конференција на која ќе биде презентирана новата истрага, која носи работен назив „Трезор“ – информираат од СЈО. На последната...

Војската на САД го бомбардираше трезорот на ИД

Американското министерство за одбрана објави видеоснимка од воздушен напад на трезорот на Исламска држава во Мосул кој бил изведен на 11 јануари. Снимката без звук, покажува момент во кој две бомби од 900 килограми ја погодуваат зградата, по што почнуваат да летаат банкноти и да паѓаат на улиците и на соседните покриви. Официјални лица од САД не соопштија за која валута...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...