fbpx
Таг: транспортер

таг: транспортер

Пелагониските општини се подготвени да го спасат „Бит фест“ на градоначалникот Талески

Пелагониските општини Новаци и Демир Хисар се подготвени да ѝ позајмат културни настани на Битола, откако поради притворот на градоначалникот Владимир Талески, годинава не почна културното лето „Бит фест“. По десет години од најдолгото културно лето, градот на клавирите и на конзулите останува без стотиците културни настани поради актуелните случувања во општина Битола со градоначалникот Талески и со секретарот на...

Апелација одлучи: Талески останува во куќен притвор

Апелацискиот суд донел одлука градоначалникот на Битола, Владимир Талески, осомничен во случајот „Транспортер“ што го води Специјалното јавно обвинителство, да остане во куќен притвор, информираат од Основниот суд Скопје 1. „Апелацискиот суд Скопје до Основен суд Скопје 1 – Скопје ја достави одлуката за осомничениот В.Т. кој е опфатен во предметот на СЈО во јавноста познат како „Транспортер“ со која се...

СЈО бара Талески да остане во притвор, а одбраната увид во доказите

Одбраната на градоначалникот Владимир Талески, адвокатите Никола Додевски и Боро Тасевски, како и обвинителот на Специјалното јавно обвинителство, Трајче Пеливанов, попладнево на јавна седница пред Кривичниот совет на Апелацискиот суд ги изложија аргументите „против“ и „за“ куќниот притвор што му е одреден на битолскиот градоначалник. Адвокатот Додевски пред Кривичниот совет истакна дека барањето за притвор на СЈО не било засновано на докази...

ГДОМ бара Талески да биде ослободен од куќен притвор

Неколку стотини граѓани организирани од Граѓанското движење за одбрана на Македонија (ГДОМ) денеска, во 11 часот, пред комплексот судови во Скопје се собраа за, како што велат, да побараат градоначалникот на Битола, Владимир Талески, да биде ослободен од куќен притвор. Граѓаните го блокираа булеварот пред комплексот судови. Меѓу присутните се и градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ, Ивица Коневски, Коце Трајановски, Петре Латиновски, Стевчо Јакимовска...

ГДОМ денеска во 11 часот ќе протестира пред Основен суд Скопје 1

Денеска, во 11 часот, пред Основниот суд Скопје 1 ќе протестира Граѓанското движење за одбрана на Македонија (ГДОМ). Како што пишува во најавата за протестот на нивната страница на „Фејсбук“, приврзаниците на ГДОМ ќе протестираат поради куќниот притвор на битолскиот градоначалник Владимир Талески. „Да се собереме сите и да испратиме гласна порака и охрабрување до судот: судете според закон, а не според...

Коневски: Талески е чесен, а Јанева треба да се соочи со срамот и со судот на јавноста

Владимир Талески е еден од најдобрите градоначалници во Република Македонија, изјави денеска градоначалникот на Аеродром, Ивица Коневски, додавајќи дека Талески чесно и совесно си ја вршел својата функцијата од 2005 година наваму и затоа трипати по ред ја добива поддршката на битолчани. - Тоа добро го знае и аболираниот криминалец Зоран Заев. Тој знае дека со луѓе како Владимир Талески,...

Груевски, Јанкулоска, Мијалков, Јанакиески, Заев од списокот на Иванов се преселија кај Јанева

Специјалното јавно обвинителство продолжува со истражните постапки против сите осомничени во петте случаи што ги отвори, соопшти денеска СЈО. Поради одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за аболиција на политичари и на нивни соработници, за дел од осомничените во овие случаи беа запрени постапките, а дел поради помилувањето не беа официјално осомничени. СЈО поднело и предлог до Апелациониот суд Скопје да го...

СЈО денеска во 11 часот со нова прес-конференција

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) денеска во 11 часот ќе одржи прес-конференција. На последната прес-конференција, СЈО го отвори случајот „Транспортер“ во кој првоосомничен е градоначалникот на Битола, Владимир Талески, но бидејќи тој беше аболиран од претседателот Ѓорге Иванов, против него нема да се води никаква постапка. Во вторникот, судија на претходна постапка му одреди 30 дена притвор на еден од осомничените во „Транспортер“...

Осомничен во „Транспортер“ доби куќен притвор

Судија на претходна постапка му одреди мерка куќен притвор, од 30 дена, на еден од четворицата осомничени во случајот „Транспортер“, кои денеска беа на распит во Кривичниот суд во Скопје, потврдија за „Мета“ од Основниот суд Скопје 1. На другите тројца осомничени, судијата им одредил мерки на претпазливост, односно им ги одзел пасошите и тие мора да се јавуваат еднаш...

Одреден притвор за осомничен во случајот „Транспортер“

Судија на претходна постапка определил мерка притвор за вработен во одделот за јавни набавки во Oпштина Битола, додека за три лица се изречени превентивни мерки. Сите четворица се осомничени за случајот „Транспортер“, кој го отвори Специјалното јавно обвинителство, потврди судот. СЈО покрена истрага за автобускиот превоз на ученици во Битола, а главен осомничен е битолскиот градоначалник, Владимир Талески, но против...

Талески бара Иванов да ја повлече аболицијата, според него СЈО е незаконско

„Kако градоначалник на Битола, работам искрено, посветено и одговорно за доброто на граѓаните. Бидејќи јас лично никогаш не сум правел криминал, не се чувствувам виновен, не сум виновен и не сакам да бидам изедначен со вистинските криминалци во Македонија. Не сакам да има сомнеж или шпекулирање за моето законско работење и затоа од Вас барам аболицијата за мене да ја...

 Битолачани повикуваат на протест и на „граѓанско апсење“ за „Транспортер“

Врие Битола по објавата на Специјалното јавно обвинителство за предистражната постапка за новиот случај „Транспортер“ за битолскиот градоначалник и за неговите соработници за злоупотреба на средства за авобускиот превоз на учениците. Последната истрага на СЈО ги мотивира битолчани да споделуваат свои мислења за обелоденувањето на криминалот во локалната власт, засега само на социјалните мрежи, каде се појавија статуси како „Смрт...

Обединетите нации бараат истрага по откривање на масовни гробници во болниците во Газа

Обединетите нации (ОН) повикуваат на „независна, ефикасна и транспарентна истрага“ за откривањето на масовни гробници во две болници во Газа, кои беа опколени и нападнати од израелските војници оваа...