fbpx
Таг: транспарентност

таг: транспарентност

„Метаморфозис“: На апликацијата „МојДДВ“ ѝ недостасува Политика на приватност

На мобилната апликација „МојДДВ“ ѝ недостасува Политика на приватност која на лесно разбирлив начин ги објаснува мерките кои Управата за јавни приходи ги презема за безбедност и заштита на личните податоци на граѓаните кои се обработуваат со користењето на апликацијата, велат од фондацијата „Метаморфозис“, која го анализираше аспектот на информираност на граѓаните за обработката на личните податоци со користењето...

Истражување: Министерствата и општините најмалку информации објавуваат за финансиите

Центарот за граѓански комуникации го објави рангирањето на институциите според Индексот на активна транспарентност, односно според проактивното објавување информации од јавен карактер изработен во март 2019 година, во кое се вклучени сите министерства, Владата и општините. „Активната транспарентност на министерствата и на општините и во 2019 година останува на ниско ниво, иако е порасната во однос на лани. Процентот на...

Прв состанок на работната група за подготовка на Стратегијата за транспарентност

Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, Фондацијата Отворено општество – Македонија и министерот без ресор задолжен за комуникации, транспарентност и отчетност во Владата, Роберт Поповски, потпишаа Меморандум за соработка со кој ќе се обезбеди поддршка за креирање и имплементација на Стратегијата за транспарентност на Владата на Република Северна Македонија. Денеска се одржа првиот состанок на работната група за подготовка на...

Новата „тајна служба“ (АНБ) ќе има интернет страница за да ја информира јавноста

Новата „тајна служба“, Агенцијата за национална безбедност, ќе има интернет страница на која ќе ја информира јавноста, предвидува предлог-законот за ова владино тело кој е во собраниска процедура. Агенцијата за национална безбедност, самостојна владина агенција, треба да ја замени досегашната Управа за безбедност и контраразузнавање, која е дел од МВР, во рамки на реформата на разузнавачко безбедносниот систем. Врвот на МВР,...

Анализа: Полицијата и образованието најнетранспарентни при јавните набавки

Центарот за граѓански комуникации го објави најновото годишно рангирање на министерствата, секретаријатите и Собранието според транспарентностa, отчетностa и интегритетoт во јавните набавки. Според истражувањето, најдобро рангирани се оние институции што трошат најмалку пари, и обратно. Најслабо рангирани се Министерството за образование и наука и Министерството за внатрешни работи, со исполнување на само 37 проценти од утврдените критериуми, додека најдобро рангирани се...

Државните фирми како тајна ги чуваат имињата на членовите на управните одбори 

Речиси половина од претпријатијата во државна сопственост ги немаат објавено имињата на членовите на управните и на надзорните одбори, а ниту едно претпријатие основано од Владата или од општините не објавува информации за седниците на управните одбори, покажува истражувањето „Транспарентност и отчетност на претпријатијата во државна сопственост“ на Центарот за граѓански комуникации. Меѓу клучните наоди во истражувањето се дека просечното...

„Е-општество“: Медиумската писменост е неопходна за здрава демократија

Потребна е поголема медиумска писменост која ќе доведе до транспарентни и отчетни институции, е заклучокот од Конференцијата „е-Општество“ која Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ ја организира по 14 пат, а оваа година е на тема „медиумски писмени граѓани за отчетни институции“. И на оваа конференција ќе се обидеме да се фокусираме на влијанието на новите технологии врз работата на...

Утре ќе се одржи 14. конференција „е-Општество“ на Фондацијата „Метаморфозис“

Фондацијата за интернет и општество, „Метаморфозис“ утре со почеток од 10 часот во хотелот „Холидеј ин“ по четиринаесетти пат ќе ја организира меѓународната конференција „е-Општество.мк“. Темата на овогодинешната конференција ќе биде „Медиумски писмени граѓани за отчетни институции“. На настанот, во пет одделни сесии ќе дебатираат и дискутираат над дваесет претставници на институциите, медиумските организации и граѓанскиот сектор од Македонија и...

Тевдовски на конференција во Виена посветена на транспарентноста во трошењето

Mинистерот за финансии, Драган Тевдовски учествува на министерска конференција во Виена на која се говори на тема „Финансиското информирање како катализатор за интеграција“. Конференцијата е посветена на значењето на транспарентноста и финансиската одговорност во јавниот и приватниот сектор и реформите за унапредување на финансиските информации. Како што истакнуваат организаторите, реформите во овој сектор придонесуваат за развој на пазарот на капитал, привлекување...

Анализата за отвореноста – поттик за отчетно и интерактивно Собрание

Анализата за степенот на отвореноста, отчетноста и транспарентноста на работата на собранијата во регионот и во Македонија во 2017 година покажа  полоши резултати споредено со претходниот период на истражување. Во просек биле исполнети 61% од индикаторите од областа на отвореност. Резултатот е понизок за 2% во споредба со отвореноста забележана во 2016, кога таа изнесуваше 63%. Анализата направена во рамки на...

Регионален индекс: Македонија со најотворени институции во регионот кој се затвора

Загрижува тенденцијата за паѓање на отвореноста во Црна Гора и во регионот, а македонската влада е најтранспарентната од владите во регионот, беше одбележано на конференцијата на тема „Отвореност на институциите на извршната власт во Црна Гора и регионот“, која се одржа во Подгорица. Конференцијата, по повод Меѓународниот ден за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен...

Собранието со благ пад во отвореноста и отчетноста во однос на минатата година

Во поглед на нивото на транспарентност, односно отвореност кон јавноста, како и на отчетност, Собранието на Република Македонија според новата проценка во рамки на студијата на регионалната мрежа на граѓански организации „ACTION SEE“ годинава стои полошо отколку при претходното мерење. Отвореноста на Собранието е проценета на 58 отсто од индикаторите за отвореност, што е за еден отсто помалку отколку во...

Владата на Македонија најдобра во регионот според индексот на отвореност на институциите

Според најновото истражување, Владата на Македонија покажа 75,61% отвореност и најдобри резултати во регионот и пораст од 23,27% во споредба со изминатиот период. Истражувањето е направено преку Индексот на отвореност, дизајниран според единствена Методологија за мониторинг која одговара на потребите и препораките за земјите од Западен Балкан. Ова истражување за отвореноста, отчетноста и транспарентноста на институциите во Македонија и 5 држави...

Индекс на транспарентност: Министерствата и Владата подобри од општините

Центарот за граѓански комуникации го објави Индексот на активна транспарентност за 2018 година кој содржи рангирање на 97 институции од извршната власт на централно и на локално ниво (министерствата, Владата и општините) според степенот на исполнетост на обврските за проактивно објавување јавни информации (на сопствена иницијатива на институциите). „Индексот на активна транспарентност за годинава изнесува 43,5 проценти (од можни 100 проценти)...

Манчевски: Отворените податоци ќе придонесат за социјален и економски развој

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, денеска беше дел од презентацијата на нацрт Стратегијата и Акцискиот план за отворени податоци. Тој се осврна на важноста од отворените податоци за гарантирање на транспарентноста и отчетноста во работењето на институциите и за обезбедување на квалитетни услуги за граѓаните. „Препознавме дека отворените податоци можат да бидат силен поттик за социјален и економски развој....

Клиниката за хематологија најави засилен мониторинг на јавните набавки со лекови

ЈЗУ Универзитетска клиника за хематологија – Скопје информира дека организациите „Транспарентност Македонија“ и Здружението на граѓани за борба против рак „Борка“, со свои претставници ќе го мониторираат целокупниот процес на јавни набавки. „Согласно член 30, став 1 од Законот за јавни набавки, со својство на надворешни стручни лица кои не се вработени на клиниката, со делегирана надлежност да го следат и да...

Нетранспарентноста и корупцијата во судството се како „брат и сестра“

Судството во земјава има проблеми со аспектот на транспарентноста на судските постапки во сите негови фази, а не е исклучено дека зад тоа може да се крие и корупцијата во сите нејзини форми и облици. Ова е генералниот заклучок што го извлековме од нашите соговорници истражувајќи само еден, но многу значаен аспект од корпусот сегменти во судска постапка кои...

И министерските трошења во бифеата на државните институции ќе бидат објавувани

Не само предложениот дневен ред од седниците на владите, туку актуелната власт планира целосниот усвоен дневен ред, материјалите и записите од седниците на Владата јавно да се објавуваат, рече Роберт Поповски, министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност на денешната средба со претставниците на медиумите и невладините организации, на која се расправаше за актуелните политики и процеси...

Денеска јавна дискусија за транспарентноста на Владата

Јавна дискусија за агендата за транспарентност на Владата ќе се одржи денеска во 12 часот, во медиа-центарот на Владата. На дискусијата ќе се обрати министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски, а целта е, како што информираат од Владата, размена на идеи и мислења за актуелните политики и процеси поврзани со транспарентноста и работата на Владата. „Од...

САД: Поголема транспарентност и почитување на правните процедури

Амбасадата на САД во Македонија повика на поголема транспарентност и на следење на процедурите при расветлување на настаните во Собранието од 27 април годинава. „Ги следиме вестите за апсењата. Ја повикуваме полицијата и обвинителството да продолжат со решавањето на случаите со апсолутна транспарентност и со почит кон правните процеси. Иако извршителите на нападите од 27 април треба да се соочат со одговорност за...

По вторпат транспортирано лице со мозочен удар од Унгарија со полициски хеликоптер

Лице со мозочен удар денеска беше превезено од Уггарија во земјава со полициски хеликоптер на МВР, опремен со потребна медицинска опрема за таков лет. Ова е вторпат да се...