петок, 15 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: транспарентност | 121 резултати

Истражување на Метаморфозис: Просечната отвореност на општините за 2021 година изнесувала ниски 25 проценти

септември 23, 2021

Во земјава постојат општини кои имаат изработено две службени веб-страници или со веб-страница за информирање на граѓаните што не е регистрирана на доменот gov.mk. Некои општини, како онаа на општина Сарај, не ги задоволува барањата за сајбер безбедност, а дури 12 од локалните самоуправи во земјава го немале објавено буџетот на општинската веб-страница. Голем дел […]

Метаморфозис: Отвореноста не им е приоритет на општините

септември 22, 2021

Само 10 општини во земјава имаат објавено граѓански буџет, додека единиците на локална самоуправа исполнуваат скромни 27 проценти од индикаторите опфатени во под-областа финансиска транспарентност. Општините не објавуваат податоци за платите на функционерите и надоместоците на членовите на Советот на општината. Ова се само мал дел од резултатите од спроведеното истражување за Индексот на отвореност, […]

Николовски: Активната транспарентност на институциите е зголемена за 18 отсто, споредено со 2016

јуни 6, 2021

Mерките што се преземаат во насока на поголема транспарентност и отчетност на институциите, даваат позитивни резултати, и тоа се нотира во релевантните извештаи, порача на денешната прес-конференција, вицепремиерот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски. „Активната транспарентност на министерствата, на Владата и на општините, оваа година […]

Индекс на отвореност: Македонското Собрание на второ место во регионот на Западен Балкан

декември 31, 2020

Парламентот на Северна Македонија има отвореност од 65,6 отсто, што е втор најдобар резултат во анализираните земји од Западен Балкан (Северна Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора), веднаш по Црна Гора со 67,5 отсто, но овие резултати и не се толку добри, оти генерално отвореноста на парламентите во регионот е во стагнација, се вели […]

Конференција на ЦДТ: Транспарентноста во голем дел од Западен Бакан во опаѓање

декември 23, 2020

Транспарентоста на различните категории на власта во голем дел од Западен Балкан е во опаѓање. Кога нема примена на она што е регулирано со прописите или на она на што лицата се обврзале со стапување на јавна функција, не може да се зборува за политичка волја за почитување на законите. Корона кризата, пак, ги соголи […]

МИОА и Фондацијата Метаморфозис ја промовираа онлајн платформата за отворено владино партнерство ovp.gov.mk

декември 9, 2020

Министерство за информатичко општество и администрација МИОА во соработка со Фондацијата Метаморфозис, во рамките на проектот за граѓанско учество поддржан од УСАИД, ја развија онлајн платформата односно веб-порталот за отворено владино партнерство ovp.gov.mk. „Порталот за отворено владино партнерство (ОВП) има за цел да послужи како платформа за интеракција и размена на информациите во четири сегменти […]

Пандемијата со ковид-19 ја влоши транспарентноста на институциите и го ограничи пристапот до информации од јавен карактер

октомври 21, 2020

Пандемијата со ковид-19 ја намали транспарентноста на институциите и го ограничи пристапот до информации од јавен карактер е заклучокот на денешната онлајн дебата „Пристап до информации од јавен карактер во време на пандемија“, која беше организирана од страна на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ). Тамара Чаусидис од БИРН истакна дека транспарентноста која […]

Во првите 6 месеци од Акцискиот план на Стратегијата за транспарентност не е исполнета ниту една обврска

октомври 6, 2020

Фондацијата „Метаморфозис“ изготви Извештај за проценка на нивото на спроведување на Акцискиот план (АП) на Стратегијата за транспарентност (2019-2021) во првите шест месеци (ноември 2019-мај 2020). Мониторингот го проценува спроведувањето на АП во две димензии: дали се спроведува навремено и дали се спроведува целосно во случаен примерок од 50 институции: 16 министерства и 34 органи […]

Промовирани видеа со кои ќе се зголемува свесноста за правото на слободен пристап до информации од јавен карактер

септември 29, 2020

Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер објави видеа на македонски и албански со толковен јазик, со кои ќе се зголемува свеста на граѓаните, граѓанските организации, медиумите да го користат правото на слободен пристап до информации од јавен карактер. https://www.youtube.com/watch?v=LLgI5E2MhnA&feature=emb_logo Воедно, преку видеата ќе се потсети и на законската […]

Заев: Пристапот до информации во време на криза спасува животи

септември 28, 2020

Оваа година Меѓународниот ден на правото на пристап до информации од јавен карактер, ОН и УНЕСКО го посветија на остварувањето на ова право во услови на криза, и во услови кога за ова право се исполнети сите уставни и законски гаранции во демократските општества, пишува премиерот Зоран Заев на неговиот фејсбук-профил по повод Меѓународниот ден […]

ЗНМ и РКЕ потпишаа Меморандум за соработка за поголема транспарентност во работењето на регулаторите

септември 10, 2020

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) потпишаа Меморандум за соработка во кој основен постулат е информирање на граѓаните за постапките и процесите за заштита на правата на потрошувачите за енергетските услуги. „Меморандумот за соработка е дополнителен чекор кон унапредување на мисијата за транспарентност на работењето, а […]

Во Полог три години нема укажувачи, ниту барања за транспарентност на институциите

јули 22, 2020

Во полошкиот регион три години немало ниедна пријава од укажувачи, а речиси воопшто не се користат ниту можностите за слободен пристап до информации од јавен карактер, ни правото да се поднесе претставка или предлог до институција. Ова се заклучоците од извештајот од мониторингот на примената на Законот за заштита на укажувачите, Законот за слободен пристап […]

Ангеловска: Отсега и општините и нивните јавни претпријатија на „Отворени финансии“

јуни 20, 2020

Отсега на платформата Отворени финансии ќе можат да се следат и сите исплати на единиците на локалната самоуправа и нивните буџетски институции. За ова информираше денеска министерката за финансии Нина Ангеловска, која посочи дека е направена надградба со која се зголемени перформансите на системот и осега ќе се објавуваат и трансакциите на општините и нивните […]

На институциите им требаат 25 дена за одговор на барањата за слободен пристап до информации

јуни 19, 2020

Најголем дел од институциите во земјава не го почитуваат законскиот рок од 20 дена за одговор на барањето за слободен пристап до информации од јавен карактер, покажува „Индексот на активна транспарентност 2020“ на Центарот за граѓански комуникации. За потребите на овој извештај, од Центарот за граѓански комуникации во ист ден испратиле идентично прашање во форма […]

Конституиран Советот за координација и следење на Отвореното владино партнерство

мај 7, 2020

Преку видео-седница беше конституиран Советот за координација и следење на процесот на Отворено владино партнерство (ОВП на Република Северна Македонија) и Националниот Акциски план за ОВП 2018-2020. На он-лајн средбата учествуваа 36 претставници од институциите, граѓанските организации, меѓународните организации, меѓу кои членовите на Советот. Отворено владино партнерство е доброволна меѓународна иницијатива која цели кон обезбедување […]

Српскиот министер Златибор Лончар се фали со транспарентност, а локалните власти молчат

април 28, 2020

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што на Балканот многу лесно ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава и понекогаш и на друг јазик, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борбата против дезинформациите во регионот, односно од […]

ЦГК: Склучени 71 договор во вредност од 1,5 милиони евра, за итни јавни набавки за заштита од корона вирусот

април 22, 2020

За итни јавни набавки поврзани со заштита и превенција од ширењето на заразата од коронавирусот, од почетокот на март до 20 април склучени се 71 договор во вкупна вредност од 1,5 милион евра, информираат од Центарот за граѓански комуникации, . Од таму велат дека, иако во мониторираниот период е зголемен бројот на објавени договори за […]

Бизнисот бара транспарентни, дневни информации од спроведувањето на економските мерки

април 13, 2020

Компаниите, членки на Стопанската комора на Македонија, бараат од Владата, на истиот начин како што секој ден се известува за бројот на новозаболени, починати или оздравени лица од корона вирусот, да се известува и за тоа кои економски мерки се расположливи во моментот и како се користат. Од СКМ порачаа дека на тој начин со […]

Транспаренси: Владата да се воздржи од одлуки што не се совпаѓаат со Уставот и законите

април 9, 2020

Во услови на светска пандемија предизвикана од новиот корона вирус, Владата во треба да се воздржи од носење на одлуки надвор од она што е утврдено со Уставот и со Закон, а посебно од одлуките чие донесување не е суштинско, а може да предизвика сомнежи од аспект на нивната оправданост во овие услови, порача Транспаренси […]

ИРИ и понуди на Владата експертиза за лажните вести

март 11, 2020

Министерот задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност Роберт Поповски, денеска се сретна со претставници на Меѓународниот републикански институт (ИРИ), Олин Ветингтон, член на Управниот одбор на ИРИ, Овен Паун, директор на ИРИ за Македонија и Илина Мангова, заменик-директорка на ИРИ за Македонија. „Стратешките заложби за транспарентност и борбата со лажните вести мора да продолжат и […]

Страна 3 од 6