сабота, 7 ноември, 2026
Meta.mk

Ознака: Трајко Славески | 27 резултати

НБРМ времено ќе управува со Алта банка Битола, ограничен пристапот до парите, се бара нов купувач

1 ноември 2026

Граѓаните ќе можат да користат до 10.000 денари неделно, а според гувернерот Трајко Славески, ограничувањето ги опфаќа и плаќањата на сметките. На белградскиот акционер му се одзема правото на глас, а четири-пет домашни и странски субјекти веќе пројавиле интерес за купување на акциите

НБРМ смирува по стечајот на Алта банка во Србија: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен

31 октомври 2026

„Народната банка посочува дека оваа одлука се однесува на работењето на банката во Република Србија и сама по себе не значи автоматско одземање на дозволата за работа на АЛТА банка АД Битола“, велат од НБРМ во соопштение кое е многу слично на соопштението што самата Алта банка А.Д. Битол

СДСМ побара кривични постапки против премиерот Мицкоски и гувернерот Славески за Алта банка

31 октомври 2026

Опозициската партија ги обвини институциите дека ги игнорирале предупредувањата за банката и побара итно постапување од Обвинителството. Реакцијата следува откако српскиот регулатор ѝ ја одзеде дозволата на белградската банка, која лани ја презеде Стопанска банка Битола

Србија ѝ ја одзеде дозволата на Алта банка, која лани ја презеде Стопанска банка Битола

31 октомври 2026

Српската Народна банка утврдила значително влошување на финансиската состојба на белградската банка. Таа во 2025 година стана мнозински акционер во Стопанска банка Битола, во чија претходна сопственичка структура учествуваше и бизнисменот Орце Камчев

ЗНМ и ССНМ: Славески со дисквалификации наместо одговори кон новинарите на ТВ Канал 5

25 март 2026

Критичките прашања не смеат да се третираат како непријателски чин, туку како составен дел од јавната отчетност и демократскиот надзор врз институциите, наведено е во реакцијата на ЗНМ и на ССНМ

Народната банка донесе мерки за олеснување на кредитирањето при купување прв стан

15 септември 2025

Извршниот одбор на Народната банка усвои нова Одлука за макропрудентните мерки поврзани со макропрудентните инструменти за квалитетот на кредитната побарувачка од физичките лица. Со оваа одлука се регулираат основните показатели со кои се оценува кредитоспособноста на физичките лица, кога тие бараат кредити од банките и од штедилниците. Мерките ќе се применуваат од 1 декември 2025 година. Гувернерот […]

Народна Банка ќе ги олесни условите за станбен кредит со поповолни услови за сите коишто за првпат ќе купат стан

26 август 2025

Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, оствари работна средба со директорот на Агенцијата за катастар, Иван Живковски. На средбата се разговараше за тековната состојба на пазарот на недвижности и можностите за поефикасна размена на информациите, што ќе придонесе за подготвување новите мерки за полесен пристап до кредити за прв стан. Гувернерот Славески нагласи дека во […]

Славески се сретна со Рокас: Ценовната стабилност и приближувањето кон ЕУ остануваат приоритети

26 јуни 2025

Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, се сретна со шефот на Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија, амбасадорот Михалис Рокас, соопшти НБРСМ. Средбата се одржа во контекст на тековните економски предизвици и последиците од глобалните случувања врз европската и домашната економија, со акцент на најновите тензии на Блискиот Исток. Во фокусот на разговорот беше […]

Славески бара од банките да ги намалат провизиите, НБРМ ќе го направи првиот чекор

25 јуни 2025

Новиот гувернер на Народната банка, Трајко Славески, на денешната средба со претставниците на банките, штедилниците и останатите членки на Македонската банкарска асоцијација (МБА), презентираше сет конкретни предлози за намалување или укинување на надоместоците за платежни услуги што ги плаќаат граѓаните и компаниите. Народната банка, како што истакна Славески, ќе го направи првиот чекор преку намалување […]

Трајко Славески избран за гувернер на Народната банка

29 мај 2025

Синоќа пред полноќ, Собранието на Република Северна Македонија го избра Трајко Славески за нов гувернер на Народната банка. За неговиот избор гласаа 68 пратеници, додека 16 беа против. Дебатата во Собранието ги подели мнозинството и опозицијата. Пратеници од ВМРО-ДПМНЕ ја нагласија стручноста на Славески и неговиот придонес во економските реформи, додека од СДСМ и други […]

Сиљановска-Давкова го предложи Трајко Славески за нов гувернер на Народната банка

22 мај 2025

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, официјално го достави до Собранието предлогот Трајко Славески да биде новиот гувернер на Народната банка на Република Северна Македонија. Во образложението на предлогот се истакнува дека изборот е резултат на внимателна проценка базирана врз стручност, компетентност, интегритет и реална можност за именување, при што беше потенцирано дека сите разгледани кандидати […]

Контраспин: Владината свита ја личи само со бизнис класа

24 јули 2024

Ставајќи се на браникот на Владата, Славески вели дека патувањето со бизнис класа на владиниот тим било нужност за поефикасен настап на државата во САД. А, притоа иронизира и зајадливо прашува дали можеби високите владини претставници требале да патуваат преку океанот еден месец со брод? Според него, постапката е исправна, а сето друго било гол […]

Арсовска не дојде на советнички прашања, чистеше суви гранки на Водно

26 октомври 2023

Залуден беше уште еден обид да се одржи седница за советнички прашања во Советот на Град Скопје, каде што градоначалничката Данела Арсовска требаше да одговара на прашањата упатени до неа. Таа беше на Водно да врши увид како се сечат суви дрвја и грмушки и се кројат гранки на двете постоечки велосипедски патеки на Водно. […]

Трајко Славески вели дека нема услови за свикување седница на Совет за аерозагадувањето во Скопје

11 јануари 2023

Претседателот на Собранието на град Скопје, Трајко Славески денеска изјави дека не е собран потребниот број на советнички потписи за свикување на вонредна седница и нема услови за свикување на истата, откако претходно советниците од СДСМ, ДОМ и ЛДП побараа итна седница на која скопските градски власти ќе донесат мерки за справување со загадувањето на […]

СДСМ бара седница на скопскиот совет за загадувањето, Славески бара потписи од третина од советниците

10 јануари 2023

Иако 12 советници на СДСМ и советниците од ДОМ и ЛДП ја потпишаа иницијативата за одржување вонредна седница на која би требало да се дебатираат предлог-мерки за решавање на проблемот со загадувањето на воздухот во Скопје, според претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески не се собрани доволно потписи за свикување на седница. Советничката […]

Циркузи во Советот на град Скопје: Кој кому ги украл микрофоните за водење седница?

8 ноември 2022

Обвинувања, навреди, полиција и прекинување на седницата е денешниот епилог од собирањето на советниците од Советот на Град Скопје и градоначалничката Данела Арсовска заради одговарање прашања од интерес на граѓаните. Денот во Град Скопје започна со обвинување на претседателот на Советот, Трајко Славески, дека му се украдени микрофоните од страна на Данела Арсовска, па продолжи […]

Контраспин: Ако Арсовска се однесува „како четиригодишно дете“, кабаетот, сепак, е кај ВМРО-ДПМНЕ

15 септември 2022

Проблемите кои сега се на површина меѓу градоначалничката Данела Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ очигледно се многу подлабоки, а на самата партија одамна ѝ се познати. Тие требало да се воочат и да се надминат уште пред локалните избори, кога ѝ понудиле, а Арсовска прифатила (или обратно), партијата да не истакнува свој кандидат на локалните избори, туку […]

Страна 1 од 2