fbpx
Таг: топлотен бран

таг: топлотен бран

По два дена пауза, во земјава се враќа сончевото време со температури од над 40 степени

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) предупредува дека сончевото и многу топло време од утре повторно ќе ја зафати нашата земја. Особено топло ќе биде во понеделник и вторник, кога температурите во југоисточниот дел од земјава повторно ќе надминат 40 степени. Сончевото време ќе биде пропратено со слаб до умерен ветер од јужен правец. Умерен, на одредени места, засилен ветер од...

Стратегија за адаптација на здравството кон климатските промени во земјава последен пат е изработена во 2011 година

Македонија за последен пат во 2011 година изработила Стратегија за адаптација на здравствениот сектор кон климатските промени со акционен план. Во меѓувреме, податоците на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за Скопската котлина покажуваат дека дури девет од изминативе 10 години се вбројуваат во најтоплите 20 години измерени во периодот од 1951 до 2020 година за оваа котлина. Продолжени топлотни бранови...

Скопје на +40 степени: Слоновите во Зоолошката градина се ладат, работниците на скелиња градат [фото]

Топлиот бран што ја зафати земјава на почетокот од неделава планира да потрае барем уште една недела. Во Скопје живата во термометарот веќе го достигна 40 - тиот степен, а од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денеска предвидуваат максимални 42 Целзиусови степени во главниот град. Високите температури и сончевото време ја доведоа земјава во портокалово ниво на опасност...

Поради топлотниот бран, Владата препорача постарите и бремените жени да бидат ослободени од работа

Согласно добиените информации од метео-алармот на Управата за хидрометеоролошки работи целата територија на Република Македонија во следните пет дена ќе биде зафатена од високи температури (од 29 јули до 1 август) во портокалова фаза и за нив важат објавените препораки од Министерство за здравство, за намалување на ризиците од високите температури за лицата кои се наоѓаат на отворен простор,...

Екстремни температури во Канада, од топлотниот бран од речиси 50 степени целзиусови, починале околу 500 лица

Опасен топлотен бран ги „пече“ северо-западните делови на САД и на Западна Канада, областите кои се повеќе синоними за студ. Температурите во изминатите денови достигнаа над 45 степени целзиусови, со екстремно топли ноќи меѓу нив, објави Светската метеоролошка организација (СМО). Заклучно со синоќа, во Британска Колумбија се пријавени 136 шумски пожари, од кои девет предизвикаа сериозна загриженост, потврдија надлежните противпожарни...

Министерство за здравство со препораки за превенција од топлотниот бран

Според најавата од Управата за хидрометеоролошки работи, Министерство за здравство информира дека во текот на следните два дена, 24 и 25 јуни (четврток и петок), целата територија на државата ќе биде зафатена со температури од портокалова (алертна) фаза. Во соопштението се додава дека согласно Акцискиот план за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението, потребно е да...

Неделава ни доаѓа првиот топлотен бран со дневни температури и од над 40 степени

Под влијание на многу топла воздушна маса од југ, во Македонија претстојнава недела пристигнува првиот топлотен бран со дневни температури кои ќе достигнат и над 40 степени во делови од земјава. Нестабилното време со повремен дожд, грмежи и засилен ветер ќе се задржи уште во текот на утрешниот ден, а од вторник следи период на стабилно и многу топло...

Топлотен бран денеска и утре – пијте повеќе течности и гледајте повеќе да сте под сенка

Според најавата од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), денеска и утре целата територија на земјава ќе биде зафатена со температури од жолта (алертна) фаза, а Министерството за здравство упати до граѓаните неколку препораки како да избегнат последици од високите температури врз организмот. - Препорачливо е да се остане повеќе во затворени простории (пред се климатизирани), а при неопходен престој на...

Доаѓа топлотен бран – помалку храна, повеќе вода и без алкохол следниве денови

Целата територија на земјава од денеска ќе биде зафатена со високи температури од жолта фаза, а Министерството за здравство излезе со препораки за спречување на последиците од топлотниот бран врз населението. Во текот на екстремно топлите денови што следуваат, од министерството препорачуваат: -Да се остане повеќе во затворени климатизирани простории, а при неопходен престој на отворен простор во овој период,...

АХВ: Внимавајте каква храна купувате, високите температури може да предизвикаат труења

kupuvanje potroshuvachka koshnichka GTC zhena
Пред најавеното зголемување на дневните температури, кои според метеоролозите во одредени региони ќе надминат 40 Целзиусови степени, Агенцијата за храна и ветеринарство предупреди дека жешкото време ги зголемуваат ризиците од појава на труење со храна и упати низа препораки за избор на храна и нејзино чување и подготвување. За да се спречи појава на труење со храна, неопходно е да...

Денеска тропски жеги, со температура над 35 степени

Kamen
Македонија неделава е зафатена од топлотен бран со температури од жолта (алертна) фаза. Според информациите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), денеска максималните температури на повеќе места ќе надминат и 35 степени. Се очекува температурите утре да достигнат 40 степени. УВ индексот ќе биде 9. Територијата на Македонија неделава е зафатена од топлотен бран со температури од жолта (алертна) фаза. Зголемената...

Топлотен бран за викендот, Македонија ќе биде во жолта фаза

Според најавата на метео-алармот од Управата за хидрометеоролошки работи, во текот на викендот што следува, територијата на целата држава ќе биде зафатена со температура од жолта (алертна) фаза, информираат од Министерство за здравство. Од таму апелираат граѓаните особено да внимаваат на своето здравје, поради температурните осцилации во изминатиот период. Исто така, потребно е да се избегнува директна сончева изложеност, како и да се почитуваат општите...

Забрана за работа на 84 работодавци кои не ги почитувале препораките за топлотен бран

Министерството за труд и социјална политика информираше дека од 4 до 6 август државните инспектори за труд од областа безбедност и здравје при работа, извршиле вкупно 207 инспекциски надзори кај работодавци за почитување на препораките за топлотен бран, при што донеле 84 забрани за работа на работодавци кои не ги почитувале препораките да не се работи на отворено од...

Пет лица починале од високите температури во Бугарија

Пет лица починале вчера од топлото време, со екстремно висока температура во Бугарија. Температурата на одделни места во земјата достигнала до 44 Целзиусови степени, јавуваат бугарските медиуми. Меѓу починатите бил и 75-годишен маж, кој излегол да трча во паркот во Софија и починал на самото место. Екипите на итната помош во Софија вчера интервенирале на околу 200 повици од граѓани, а...

МТСП: Работодавците да ги почитуваат препораките за заштита од топлото време

Министерството за труд и социјална политика (МТСП) денеска ги повика работодавците да ги почитуваат и да се придржуваат до препораките за заштита на работниците во деновите со неповолни временски услови за работа, односно од топлотниот бран кој ја зафати земјава. На работодавците, како што стои во соопштението од МТСП, им се препорачува да го реорганизираат работното време во насока на...

Министерство за здравство: Внимателно изложувајте се на повисока температура

Министерството за здравство препорача да се внимава со изложување на најавената висока температура на воздухот, што, како што соопшти, може да има последици по здравјето кај некои лица. „Се препорачува граѓаните да бидат внимателни, имајќи предвид дека изложеноста на повисока температура, без претходна постепена адаптација, создава чувство на поинтензивна топлина слична на таа во летните месеци и може да предизвика здравствени...

Топлотен бран го зафати истокот на Австралија, температури и до 48 степени

Австралиските служби за вонредни ситуации се подготвуваат за потенцијален температурен шок, додека пожарникарите се борат со околу 50 пожари во државата Нов Јужен Велс, по топлотниот бран кој го зафати источниот брег на земјата, јавуваат медиумите. Метеоролозите предвидуваат дека во некои подрачја температурата на воздухот ќе порасне на рекордни 48 Целзиусови степени. На граѓаните на истокот на земјата им е...

Македонија во портокалова фаза – бремените и хронично болните да не одат на работа

Министерството за здравство, поради високата температура, излезе со препораки во кои се повикуваат работодавците денеска и утре да ги ослободат од работните обврски бремените жени и хронично болните лица на возраст над 60 години. Во дописот се повикуваат работодавците да го реорганизираат работното време за да се избегнуваат активности на отворено во периодот од 11 до 17 часот. Препораките доаѓаат по најавите...

Нови 46 нови случаи на пертусис, од нив 9 се хоспитализирани

Во периодот од 12 до 18 април, пријавени се 46 нови случаи на голема кашлица, со зголемување од 4,5 отсто споредено со претходниот седмодневен период, информира одделот за епидемиологија...