Таг: топилница
таг: топилница
Од следната недела конечно почнува отстранувањето на црната депонија кај велешка „Топилницата“, најави концесионерот
Конечно ќе почне да се чисти црниот рид со троска покрај велешка „Топилница“, кој со децении го труе Велес. Околу 300.000 тони згура од идната недела ќе започне да се извезуваат во Србија и во Косово, информираат од компанијата која пред две години ја доби концесијата за остранување на згурата, „Кепс Монт Гроуп“ ДООО Скопје. Остатокот од троската,...
Казахстан е нова дестинација за згурата од Топилница
Компанија од Турција е заинтересирана да ја купи згурата од Топилница, а суровините кои можат да се искористат би се преработувале во Казахстан. Претставници на фирмата веќе го посетија Велес и земаа примероци од троската, а идната недела се очекува повторно да дојдат во земјата и со концесионерот „Кепс монт груп“ да ги започнат административните преговори. Во тој период,...
Компанија заинтересирана за згурата од Топилница ќе го посети Велес
Нова компанија, заинтересирана да ја купи техногената минерална суровина од Топилница, на крајот од месецов треба да го посети Велес, а до средината на август ќе се знае кога ќе почне редовниот транспорт на згурата. Откако Малезија стана неизвесна дестинација за извоз на троската, бидејќи на почетокот на годината земјата забрани увоз на опасен отпад, компанијата „Кепс монт груп“,...
Загадувањето на воздухот ќе се мери на четири места околу депонијата со згура од Топилница
Општина Велес ќе го контролира загадувањето околу депонијата со троска на некогашната Топилница, додека траат градежните работи за ископување и транспорт на минералната суровина. Емисиите на прашина ќе мора да се мерат на четири мерни точки, а загадувањето не смее да го надминува законски максималниот утврден лимит од 50 микрограми на кубен метар прашина.
Според условите кои општинските власти ги...
Троската од велешката топилница се анализира за радиоактивност и токсичност во Грција
Примероци од црниот рид со згура од Топилницата во Велес се испратени на анализа во Грција заради обезбедување на последната дозвола пред да започне транспортот на суровината. Грчките власти ќе испитуваат радиоактивност и токсичност на троската пред да обезбедат МСДС (Material Safety Data Sheet), документ за квалитет на стоката при меѓународен превоз. Троската, до крајните дестинации ќе патува преку...
Почвата под згурата во Велес ќе се промени со нова во длабина од еден метар
Промената на земјата во Велес, на местото каде што се наоѓа историскиот отпад од работата на Топилницата и прочистувањето на почвата од децениските загадувања со тешки метали, ќе биде направено веднаш штом се извезат и последните количини од техногената минерална суровина. Компанијата „Кепс монт груп“, која има концесија да ја извезе троската, последица од долгогодишната работа на Топилницата, има...
Малезија си даде уште три месеци да одлучува дали ќе го земе отпадот од Топилница
Дали згурата од велешката Топилница ќе замине за Малезија ќе се знае за околу три месеци. Рокот од шест месеци за малезиската влада да даде зелено светло или целосно да забрани увоз на отпад, истече на почетокот на месецов. Одлука не беше донесена заради актуелните состојби околку пандемијата со ковид-19. Сите активности за мониторинг на договорите за увоз на...
Магдоносот во Велес „богат“ со олово и кадмиум
Лиснатиот зеленчук, а особено магдоносот во Велес има најголема концентрација на тешки метали. Истражувањата на почвата, спроведени во 2019 и 2018 година покажуваат дека зеленчукот што го консумираат велешани содржи со 1,5 пати поголема концентрација олово од дозволената и 2,5 пати поголема концентрација кадмиум. Загадувањето е резултат на огромните количини тешки метали, кои сè уште стојат на отворено покрај...
Ремедијација на почвата во Велес ќе прават и „Кепс монт груп“ и државата
Комплетна ремедијација на почвата на која се наоѓа црниот рид згура последица од работењето на Топилницата во Велес, ќе треба да се направи откако ќе се извезе минералната техногена суровина.
Тоа е суровина која произлегува од технолошки процес, а во случајот на Топилница, минералната техногена суровина содржи околу 10 проценти цинк, еден процент олово како и други опасни метали како...
Во зградата на велешката Топилница има сулфурна киселина, предупредуваат екологистите
Голема количина сулфурна киселина складирана во депо, сѐ уште стои во објектот на некогашната Топилница во Велес. Екологистите од овој град предупредуваат дека не само огромниот црн рид со згура е опасност за здравјето на велешани. Загадувањето демне и од напуштената зграда, која како сениште стои и потсетува на еколошката агонија која ја поминаа жителите на Велес. Таа е...
Велешката згура може да патува и за Африка и за Источна Европа
Две држави, една во Источна Европа и една во Африка, се новите потенцијални дестинации каде што би можела да се транспортира згурата од велешката Топилница. Останува отворена и опцијата троската да замине и за Малезија, која на почетокот на годината ги затвори границите за увоз на отпад. Компанијата „Кепс монт груп“, која доби концесија да ја собере и продаде...
Запира ремедијацијата на почвата во Велес, ќе продолжи кога ќе се дислоцира троската
Ремедијацијата на почвата во Велес ќе продолжи кога ќе биде исчистен огромнот рид со троска, остаток од работењето на некогашната Топилница за цинк и олово. Годинава, првпат по 15 години, нема да се садат растенија кои од почвата извлекуваат тешки метали, со оглед на тоа што последното се покажа како неуспешно. Наместо да се намалуваат, концентрациите на олово, цинк...
Во Велес воздухот е почист, но почвата сè уште е отровна
Велешани дишат почист воздух во последните години, откако е затворена Топилницата, но тоа не е случај и со почвата во градот. Нивоата на кадмиум, цинк и олово во воздухот се под максимално дозволените вредности, покажуваат податоците од мерењата направени од Институтот за јавно здравје од Велес. Почвата, пак, и по деконтаминацијата во градот и околината, со засадување маслодајна репка,...
Од вкупно 1,8 милиони тони згура на црниот рид на велешка Топилница, само стотина тони заминале за Малезија
Само стотина тони, како пробни количини суровина, од црниот рид згура од велешката Топилница се транспортирани во Малезија. Компанијата „Кепс монт груп“ сè уште не започнала со редовен транспорт на остатоците во јаловиштето, а општинските власти во Велес немаат информации каде е застојот. Концесионерот во октомври минатата година ја доби Б-интегрираната еколошка дозвола, која беше последната препрека да започне...
Никако да почне чистењето на отровниот рид во Велес
На бандерите во Велес секојдневно можат да се забележат жални вести за починати и млади и средовечни лица кои прерано си заминуваат бидејќи заболуваат од рак и други болести предизвикани од долгогодишното труење од топилницата за олово и цинк. Иако овој индустриски капацитет не функционира веќе петнаесетина години отровните остатоци од неговото работење сè уште ја загадуваат животната средина...
Се зголеми количеството на монетарно злато во државните девизни резерви
Народната банка го зголеми количеството на монетарно злато во девизните резерви на Македонија преку постапка на претопување на пригодни ковани пари и на одземени златни предмети во монетарно злато.
На тој начин, Народна банка стекна нови шест прачки монетарно злато со пазарна вредност од околу 2,6 милиони евра, кое во целост ги задоволува стандардите за квалитет утврдени на пазарот на благородни...