fbpx
Таг: Томислав Николиќ

таг: Томислав Николиќ

Чоколади ги скараа Белград и Загреб

Премиерот на Србија, Александар Вучиќ, денеска по повод извинувањето на претседателката на Хрватска, Колинда Грабар-Китаровиќ, поради делењето чоколади произведени во Србија на децата во Дубровник, изјави дека е среќен и горд што такво нешто, односно такво извинување, не дошло ниту од него, ниту од претседателот на државата, Томислав Николиќ, ниту од кој било друг во Србија. Претседателката на Хрватска, Колинда Грабар-Китаровиќ,...

Николиќ: Претседателските избори можно е да се одржат на 9 април, следната година

Српскиот претседател, Томислав Николиќ, денеска изјави дека разговарал со премиерот и лидер на Српската напредна партија, Александар Вучиќ, околу неговата кандидатура за претседател на државата и ги потврди информациите во медиумите дека претседателските избори е можно да се одржат на 9 април, следната година. Прашан за евентуално одржување и на вонредни парламентарни избори на истиот датум, за што исто така...

Вучиќ и Николиќ: Големата победа на Трамп е надеж за подобри односи САД – Србија

Премиерот на Србија, Александар Вучиќ, му ја честиташе победата на Доналд Трамп на претседателските избори и притоа изрази надеж дека неговата „голема победа“ ќе придонесе за унапредувањето на односите меѓу Србија и САД. Српските аналитичари, пак, не очекуваат битни промени во односите на Вашингтон кон Србија и кон регионот. „Верувам дека на должноста 45. претседател на САД ќе пристапите со посветеност...

Иванов и Николиќ ги повикаа бизнисмените од двете држави да соработуваат повеќе

Претседателот Ѓорге Иванов денеска ги повикал српските бизнисмени да инвестираат во Македонија, а македонските бизнисмени да соработуваат со нивните колеги од Србија, бидејќи тоа придонесува за економско зајакнување на регионот, јавува дописничката на „Мета“ од Белград. На отворањето на бизнис-форумот Србија – Македонија во Стопанската комора на Србија, на кој учествувале 200 бизнисмени од двете земји, Иванов истакнал дека трговската...

Иванов – Николиќ: Во регионот има премногу историја, но не треба да живееме во минатото

Македонија и Србија од воспоставувањето на дипломатските односи успеаја да изградат искрени и пријателски односи и заеднички интерес на двете земји е да продолжат да ја унапредуваат соработката, изјави македонскиот претседател, Ѓорге Иванов, по средбата со својот домаќин, претседателот на Србија, Томислав Николиќ. Иванов рече дека „во регионот има премногу историја и многу историски настани и личности кои треба да...

Ѓорге Иванов во тридневна посета на Србија

Претседателот Ѓорге Иванов од утре ќе биде во тридневна посета на Србија и ќе разговара со претседателот на Србија, Томислав Николиќ, и со премиерот, Александар Вучиќ, а ќе учествува и на бизнис-форум на македонски и на српски бизнисмени. Иванов в недела во Панчево ќе присуствува на свечена академија со која се одбележуваат 70 години од доселувањето на Македонци во Војводина, што...

Иванов ќе присуствува на 70-годишнината од доселувањето на Македонците во Војводина

Претседателот Ѓорге Иванов ќе присуствува на свечена академија по повод 70-годишнината од доселувањето на Македонците во Војводина, на 30 октомври во Панчево, јави дописничката на „Мета“ од Белград. Националниот совет на македонското национално малцинство во Србија најавил дека на централната свеченост во Центарот за култура на Панчево ќе присуствува и српскиот претседател, Томислав Николиќ. Пред одржување на свеченоста, двајцата претседатели ќе...

Србија не го дава Трепча, но не сака судири, порачаа Вучиќ и Николиќ

Владата на Србија денеска одлучи да ги поништи правните последици од сите акти и дејства на Приштина кои се однесуваат на рударско-металуршкиот комбинат Трепча, јавува дописникот на „Мета“ од Белград. На прес-конференцијата, по седницата на владата, премиерот Александар Вучиќ рече дека Трепча е од витално знаење за опстанокот на северот на Косово и додаде дека не разбира зошто Албанците го...

Николиќ: Србија ќе мора да ги затвори границите за мигранти

Претседателот на Србија, Томислав Николиќ, денеска изјави дека ако Европската Унија не ги прифати мигрантите, Србија ќе мора да ги затвори границите. - Ние мора да ја затвориме границата за мигранти затоа што тие не сакале да бидат овде и да живеат со нас – рече Николиќ. Тој додаде дека официјален Белград е во постојан контакт со ЕУ и изрази уверување дека Брисел...

Николиќ: ЕУ да не го условува членството на Србија со признавање на Косово

Српскиот претседател Томислав Николиќ изјави дека Србија сака да стане дел од ЕУ, но бара Брисел да не го условува нејзиното членство со признавање на независноста на Косово. - Нема да бидеме членка на каква било унија што ќе бара нешто такво од нас. Благодарен сум им на сите држави што не го признаа Косово - рече Николиќ. Српскиот претседател рече дека без разлика на...

Утре ќе се распишат предвремени парламентарни избори во Србија

Српската влада денеска му предложи на претседателот на Србија, Томислав Николиќ, да го распушти парламентот и да распише предвремени парламентарни избори, пишуваат српските медиуми. Се очекува Николиќ утре напладне да го потпише указот за распуштање на парламентот и да ги распише парламентарните избори, две години пред редовниот рок. Изборите треба да се одржат најдоцна 60 дена од денот на распуштање на собранието. Српскиот премиер...

Иванов и Николиќ разговараа за бегалците

Пред средбата со претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов, и претседателот на Република Србија, Томислав Николиќ, разговараа за состојбите со бегалската и мигрантската криза и разменија мислења и предлози за нејзино менаџирање. Двајцата соговорници изразија очекување дека односите и соработката меѓу Република Македонија и Република Србија ќе продолжат да се развиваат во духот на добрососедството...

Собранието ги изгласа измените на Законот за извршување на санкциите

Со 78 гласа „за“, Собранието денеска го изгласа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за извршување на санкциите. Од Министерството за правда соопштија дека Законот има за цел решавање...