fbpx
Таг: Титаник

таг: Титаник

Мијалков и Тачи во судот ги слушаа „бомбите“ за изборните нерегуларности

Две „бомби“ беа пуштени на судењето за случајот „Титаник 2“ на СЈО, во кој меѓу обвинетите за изборните нерегуларности на локалните избори во 2013 година се и Сашо Мијалков и Мендух Тачи. Првата бомба, која веќе беше објавена во јавноста, открива разговор меѓу Мијалков и Тачи. Сашо Мијалков, како тогашен директор на УБК му се јавува на лидерот на ДПА, Тачи...

Јанкулоска не дојде во суд поради ризична бременост – „Титаник“ одложен за 3 јули

Поради неприсуство на обвинетата Гордана Јанкулоска заради влошена здравствена состојба односно ризичната бременост, рочиштето за предметот на СЈО „Титаник“ денеска се одложи за 3 јули. Како што информираше адвокатката на Гордана Јанкулоска, Сања Алексиќ, поранешната министерка за внатрешни работи била спречена да дојде на рочиштето поради состојбата во која се наоѓа, при што достави лекарска потврда. Јавната обвинителка Лиле Стефановска истакна...

Јанкулоска и Димовски во „Титаник“ се повикуваат на помилувањето од Иванов

Адвокатот на одбраната во случајот на СЈО „Титаник“, Петар Василев денеска одби да даде воведни зборови повикувајќи се на одлуката на Врховниот суд во Грција да не ги екстрадира Горан Грујевски и Никола Бошкоски, поради помилувањето од претседателот Ѓорге Иванов. Според Василев, кој е адвокат на поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска и пратеникот Илија Димовски, поради помилувањето истрагата...

Укинати притворите на Темелко и Поповски

Основниот суд Скопје 1 им ги укина притворите на поранешниот началник во МВР, Оливер Поповски кој е обвинет за настаните од 27 април во Собранието, како и на градоначалникот на Општина Пустец, Едмонд Темелко, обвинет во предметот на СЈО „Титаник“. „Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција, постапувајќи по предлог на одбраната на Поповски, опфатен со обвинителниот акт поврзан...

СЈО побара да се конфискува имот на Груевски, Протоѓер и Димовски, вреден 2,26 милиони евра

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) денеска побара на дел од обвинетите во процесот „Титаник“, вклучувајќи го и поранешниот премиер Никола Груевски, да им биде конфискуван имот. Обвинителката Лиле Стефанова, во воведниот говор покрај осудителна пресуда, побара за надоместување на незаконски обезбедените средства за финансирање на изборната кампања во 2011 година конфискација на имот на Никола Груевски и Мартин Протoѓер во вредност...

Врховен суд ги одби барањата на одбраната на Груевски за изземање на судиите во „Титаник“

Врховниот суд ги отфрли барањата на одбраната на поранешниот премиер Никола Груевски и останатите 20 обвинети за изземање на судиите во случајот „Титаник“ на СЈО. „Врховниот суд постапувајќи по барање на одбраната за изземање на в.д. претседателот на Апелациониот суд – Скопје, Лидија Димчевска, на 27 април донел решение со кое барањето се одбива како неосновано. Врз основа на ова...

Одложено судењето за „Титаник“

Во Основен суд Скопје 1 денеска повторно се одложи рочиштето за предметот „Титаник“ и следното рочиште е закажано за 9 мај. Судијата Осман Шабани пред сите обвинети соопшти дека денешното рочиште се одлага затоа што Врховниот и Апелацискиот суд се уште не ги доставиле одговорите на барањето за изземање на в.д. претседателот на Апелацискиот суд и неговиот заменик, како...

Јанкулоска е на боледување, „Титаник“ одложен за 2 мај

Судот денеска го одложи рочиштето за случајот „Титаник“ во кој се обвинети 21 лице за изборни измами, поради фактот што сè уште нема донесено одлука за изземање на судиите во овој предмет, јави Макфакс. На денешното судско рочиште во Основен суд Скопје 1 не се појави обвинетата екс-министерка Гордана Јанкулоска, нејзината адвокатка Сања Алексиќ рече дека Јанкулоска има отворено боледување...

Судењето за „Титаник“ одложено за 26 април, адвокатите на Груевски побараа изземање на судиите

Рочиштето за случајот на СЈО „Титаник“ се одложи за 26 април, бидејќи се уште се чека Апелација да одлучи за барањето на адвокатите за изземање на Судскиот совет од овој процес. Во овој случај на СЈО, првообвинет е Никола Груевски, а покрај него обвинети се и екс-министрите Миле Јанакиевски и Гордана Јанкулоска, пратеникот Илија Димовски, градоначалникот на Пустец, Едмонд Темелко...

Груевски негира дека од Виена дал налог за упад во Собранието

По одложувањето на расправата за случајот „Титаник“ во Кривичниот суд, поранешниот премиер Никола Груевски рече дека „интензивниот распоред на судења за случаите на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) е одраз на силен притисок, за да се дефокусира јавноста од актуелните теми во државата како што е спорот за името.“ - Како што можевте и денеска да видите, денеска се чувствуваше  притисокот којшто...

Одложена расправата за „Титаник“, адвокатите бараат време за увид во доказите

По речиси два часа изнесување на приговори од адвокатите на обвинитетите, пред почетокот на главната расправа за случајот „Титаник“, судијата Осман Шабани го одложи рочиштето за 12 април, за да им даде на бранителите дополнтелно време за увид во доказниот материјал од Специјалното јавно обвинителство (СЈО). Четворица од адвокатите приговорија на листите на доказите доставени со цедињата заедно со обвинителниот...

Во новата зграда на Кривичен суд почна првото рочиште за „Титаник“

Во новата зграда на Основен суд Скопје 1 пристигнаа обвинетите во случајот на СЈО „Титаник“, во кој, на поранешни високи државни и функционери на ВМРО-ДПМНЕ им се суди за изборни нерегуларности и влијание врз волјата на гласачите. Со денешното рочиште почнува да функционира новата зграда на Кривичниот суд. Прв од обвинетите пристигна пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, а потоа и...

Со „Титаник“ в понеделник се отвора новата зграда на Основен суд Скопје 1

Основен суд Скопје 1 в понеделник ќе почне со работа во новата зграда, која е во близина на сегашниот објект, пред зградата на МРТ, извести претседателот на судот, Иван Џолев, на денешниот брифинг со новинарите. Првиот судски процес ќе биде „Титаник“, против поранешниот премиер Никола Груевски и другите обвинети. Официјалното пуштање во употреба ќе се случи утре напладне, откако претходно ќе почне...

„Титаник“: Груевски, Јанкулоска и Јанакиески на суд и за изборни злоупотреби

Поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и поранешните министри за внатрешни работи и за транспорт и врски, Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески наскоро ќе седнат на обвинителна клупа за случајот „Титаник“. Од Кривичниот суд денеска соопштија дека Советот за оценка на обвинителен акт го одобрил обвинението на Специјалното јавно обвинителство во целост. Првото рочиште сè уште не се закажано,...

Апелација одлучи две „бомби“ да бидат доказ за случајот „Титаник 2“

Апелацискиот суд денеска соопшти дека две снимки од преслушуваните разговори кои беа јавно објавени ќе бидат доказ за предметот „Титаник 2“, во кој обвинети се лидерот на ДПА, Мендух Тачи, и поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, поранечните членови на ДИК, Бедредин Ибраими, Анета Стефановска и Влатко Сајковски, актуелниот член на ДИК, Сашо Срцев, како и петте судии на Управниот суд: Билјана Никодиновска-Петровска,...

Едмонд Темелко доби уште 30 дена притвор

Основниот Суд Скопје 1 го продолжи притворот за уште 30 дена на градоначалникот на Пустец, Едмонд Темелко, кој беше уапсен кон крајот на минатиот месец. Темелко, обвинет за изборни малверзации во случајот „Титаник“ на СЈО, и понатаму  ќе остане во Истражниот затвор „Скопје“. Тој е во притвор од 26 септември, а во „Титаник“, освен него, обвинети се и Никола Груевски, Гордана...

Основниот суд му определи 30-дневен притвор на Едмонд Темелко

Основниот суд во Скопје го прифатило барањето на СЈО за притвор на Едмонд Темелко, потврдија за „Мета“ од Кривичниот суд во Скопје. На градоначалникот на општината Пустец во Албанија му е одреден 30-дневен притвор за случајот „Титаник“, кој се однесува на изборни нерегуларности на локалните избори во 2013 година. Медиумите пишуваат дека СЈО побарало притвор за Темелко затоа што и покрај...

Сите обвиненија на СЈО се срам за правосудниот систем, сметаат од ВМРО-ДПМНЕ

Почнувајќи од „Титаник“, преку измислените „тврдини, траектории и тенкови“, сите обвиненија се без основа и се срам за правосудниот систем и за тие што ги конструирале, изјави на прес-конференција Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ. Тој додаде дека обвиненијата на СЈО се само наратив од прес-конференциите на Заев и служат единствено за оцрнување на раководството на ВМРО-ДПМНЕ. - Ова не е право и правда,...

Апелација ги одби жалбите во случајот „Титаник“ – нема притвор за Груевски

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и експремиер, Никола Груевски, ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, поранешниот генерален секретар на Владата, Кирил Божиновски, и Мартин Протоѓер, шефот на кабинетот на експремиерот Груевски, сите обвинети во случајот „Титаник“, остануваат без пасошите, одлучи Апелацискиот суд Скопје. Информацијата ја потврдија од судот, а одлуката ќе биде објавена утре. Дел...

Апелација одлучува по жалбите во случајот „Титаник“ – СЈО бара притвори

Апелацискиот суд денеска треба да ги објави решенијата по жалбите за мерките за претпазливост изречени од Кривичниот суд за обвинетите во предметот „Титаник“ на СЈО за изборни нерегуларности. Меѓу обвинетите во случајот „Титаник“ се и поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, како и поранешните министри за транспорт и врски, Миле Јанакиески, и за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, поранешниот...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...