fbpx
Таг: Тирана

таг: Тирана

Македонците во Албанија со советнички листи во 16 општини на локалните избори

Владеачката коалиција „Алијанса за европска Албанија“, изминатиов викенд во Тирана ги претстави кандидатите за градоначалници за 61 општина. Партијата на етничките Македонци во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, како дел од ова коалиција, се престави со кандидатот за градоначалник за Општина Пустец, Едмонд Темелко. Темелко и досега ја извршуваше функцијата градоначалник на единствената општина на Македонците во Република Албанија. Освен во...

Цената на црешите во Тирана од 750 до 2.500 денари

Цената на првите цреши на пазарите во Тирана се движи од 1.500 до 5.000 лека (од околу 750 до околу 2.500 денари), пишува МИА. Според пазарџиите на новиот пазар во Тирана, ваквата цена е поради тоа што ова се првите денови од појавата на зрели цреши. Сепак, тие признаваат дека поради екстремно високата цена, има многу малку купувачи.  

Македонците од Албанија повикуваат на смиреност

Македонското друштво „Илинден“ од Тирана, заедно со разгранокот за Голо Брдо, изразуваат длабоко жалење за загинатите полицајци и граѓани во вооружениот судир во Куманово, искренo сочувствувајќи со семејствата на жртвите. Истовремено, до повредените, испраќаат желби за брзо закрепнување. „Повикуваме на смиреност и на трпение, повикуваме на толеранција и на заемно уважување. Апелираме до сите политички фактори во Република Македонија да најдат...

Македонците од Албанија претставени на Националниот младински конгрес во Тирана

Етничките Македонци од Албанија првпат зедоа учество на Националниот младински конгрес во Тирана. Македонското малцинство беше претставено преку претседателот на Македонското друштво „Илинден“ од Тирана, Никола Ѓурѓај, и претседателот на разгранокот на Македонското друштво „Илинден“ во Голо Брдо, Ули Халилај. На конгресот учествуваат 50 младински организации од целата територија на земјата, ангажирани во различни полиња. Собирот претставува можност подобро да се запознаат младинските...

Струга: Презентација на прекугранична програма на ИПА за Македонија и за Албанија

Локалната агенција за развој од Струга и „Еуропартнерс дивелопмент“ од Тирана, денеска ги презентираат резултатите од завршната конференција „Сино и зелено наспроти црно и сиво“. Проектот е дел од прекугранична програма на Инструментот за претпристапна помош (ИПА) за Македонија и за Албанија за периодот од 2007 до 2013. Целта на проектот е да помогне во ефективна и одговорна употреба на природните ресурси во...

Фатос Нано ќе формира нова партија

Поранешниот премиер на Албанија и лидер на Социјалистичката партија, Фатос Нано, одлучи да се врати на политичка сцена со нова политичка партија, во која ќе ги собере незадоволните членови од политиката што ја води актуелниот социјалистички лидер и премиер, Еди Рама. „Еден од незадоволните, кој се очекува да се приклучи кон партијата на Нано е и Бен Блуши, а се споменуваат...

Хан: Политичката клима во Албанија е тензична

Политичката клима во Албанија е тензична, оцени еврокомесарот за соседска политика и за проширувње, Јоханес Хан, кој од вчера попладне престојува во дводневна посета на Тирана. - Политичката клима е тензична и се надевам дека сите ќе се ангажираат за надминување на тензиите бидејќи во чекорењето на земјата кон ЕУ, значајно е постоење на една позитивна клима - изјави Хан. Денеска Хан...

Македонско-албанска соработка во сферата на културата

„Македонско-албанската соработка во сферата на култура се развива успешно и на обострано задоволство. Се остварува низ многубројни активности во делот на заштита на културното наследство, гостувања на театрите од Македонија во Албанија и реципрочни гостувања на театрите од Албанија на меѓународните фестивали во нашата земја. Значајна е и соработката во музичко-сценската, фолклорната и во издавачката дејност, како и во...

Попоски во Тирана на состанок на ПСЈИЕ

Министерот за надворешни работи, Никола Попоски, денеска ќе учествува на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), што се одржува во Тирана. Најавено е Попоски да има свое обраќање, во кое ќе ги изнесе погледите на Република Македонија во однос на унапредување на регионалната соработка, особено во форматот на ПСЈИЕ. Во...

Стопанска комора на Македонија на бизнис-форум во Тирана

Стопанската комора на Македонија, во соработка со Министерството за надворешни работи на Република Македонија, на 2 и 3 април ќе учествува на бизнис-форум во Тирана, Република Албанија. Манифестацијата ќе се одржи  во рамките на претстојната официјална посета на претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов, на Република Албанија. „Присуството на македонски компании на бизнис-форумот, како дел од делегацијата на претседателот Иванов, ќе биде дополнителен...

Македонско друштво „Илинден” од Тирана одбележа шест години плодна активност

Mакедонско друштво „Илинден“ од Тирана, по повод шестгодишнината од основањето, на заслужни активисти им додели благодарници „Илинден“. Признанијата им се доделени на Џевит Дрини и на Хамит Гордани, активисти од Тирана, и на Ибраим Фетаху и на Мојси Халилај, активисти од областа Голо Брдо. Сите се членови на Македонско друштво „Илинден“ со седишта во Тирана и во Голо Брдо. Од Република...

Претставници од ФУЕН во посета на Македонско друштво „Илинден” од Тирана

Потпретседателот на Федералната унија на европските националности (ФУЕН), Халит Хабип Оглу, кој во исто време е и претседател на Федерацијата на Турците од Западна Тракија во Европа, денеска во Тирана го посети Македонското друштво „Илинден“. Во разговор со претседателот на Македонско друштво „Илинден-Тирана“, Никола Ѓурѓај, потпретседателот Незир Меча, претседателот на Македонско друштво „Илинден-Тирана, Огранок - Голо Брдо“,  Ули Халилај, и со...

Етничките Македонци незадоволни и од положбата и од статусот во Албанија

Етничките Македоци кои живеат на целата територија на Албанија, не се задоволни од својот статус во земјата. За некави права можат да говорат само Македонците од етнички чистиот регион Мала Преспа, каде имаат и своја општина. Новата територијална поделба уште повеќе ќе ги стесни можностите за културна и за национална еманципација. Претставници на Македонското друштво „Илинден“ од Тирана, тоа го...

Во Тирана почина Цветан Мазнику, фолклорист и активист за правата на Македонците

Во Тирана, на 80-годишна возраст, почина Цветан Мазнику, голем македонски активист и собирач на фолклорот на Македонците во Албанија. Автор е на една од двете првообјавени книги на македонски јазик во Албанија. Има објавено повеќе од 660 поговорки, а собрал околу 3.000 поговорки, клетви, благослови и други творби од областа на Голо Брдо. Од 1990 година активно собира народно творештво...

„Илинден“ од Тирана со осуда за Институтот за бугарски јазик во Софија

Македонското друштво „Илинден“ од Тирана и Македонско друштво „Илинден“ - Тирана, разгранок Голо Брдо, ги отфрлаат тврдењата на Институтот за бугарски јазик во Софија дека дијалектите на Македонците во Голо Брдо, Мала Преспа, Гора и Врник во Албанија биле бугарски дијалекти и ги оценуваат како како груб фалисфикат на историјата и на вистината. „Според мапата што ја изработи Институтот за бугарски...

Албанија: Уапсени осум лица за шверц на оружјe за Сирија

Албанската полиција уапси осуммина лица кои се обидела да прошверцуваат оружја за Сирија. Како што соопшти полицијата, Групата албански државјани е уапсена во Тирана и во градовите Шијак и Драч. При апсењето, кај лицата се пронајдени седум автоматски пушки, две сачмарки, шест пиштоли, пет бомби и муниција. Полицијата соопшти дека трага по уште четворица осомничени, кои се во бегство,...

„Бизнисот на задоволството“ доби награда за најдобар долгометражен филм на фестивал во САД

Филмот „Бизнисот на задоволството“ на авторот Гоце Цветановски ја доби наградата за најдобар долгометражен филм на „Риверсајд Филм фестивал“ во Калифорнија, САД. Фестивалот, што се одржа од 10 до...