fbpx
Таг: тестови

таг: тестови

„Вистиномер“: Државата не купувала опрема за ковид-19 во 2018 година, туку опрема за потребите на здравството

Пост со шпекулативна содржина, шири лага дека Северна Македонија уште во 2018 година набавувалa ковид-19 тестови и опрема. Постот на Фејсбук фан пејџот „Опуштено“, со фотографија од министерот за здравство Венко Филипче, е, всушност, насловна фотографија и наслов од информација преземена од портал под името Вести (The News), објавен на 07.09.2020, а преземен од друг портал, СЕЗАСЕ.мк и објавен на 06.09.2020. Откако е пласирана...

Министерот Филипче најави тест за корона кој ќе покажува резултати за 40 минути

На Клиниката за пулмологија и алергологија ќе се воведе тест, кој за 40 минути ќе покаже дали одреден пациент има коронавирус или некој друг вирус, изјави вчера министерот за здравство, Венко Филипче на новинарско прашање. „Тие тестови и досега ги имаше, со тоа што во палетата го немаше овој Sars-Cov-2. Таков апарат ќе биде инсталиран во амбулантата на Клиниката за...

Нови 159 случаи на ковид 19, оздравени се 212 пациенти, а починале 5 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.018 тестирања, а регистрирани се 159 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-45, Куманово-26, Дебар-9, Штип-10, Прилеп-12, Тетово-5, Струга-4, Велес-4, Битола-2, Охрид-2, Кавадарци-7, Гостивар-6, Гевгелија-3, Струмица-4, Крива Паланка-6, Кочани-2, Пробиштип-2, Пехчево-3, Берово-1, Делчево-3, Кратово-1, Свети Николе-1, Кичево-1 Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 212 оздравени пациенти од: Скопје-35, Куманово-42, Штип-49,...

Дезинформатори шират невистини за „египетскиот бог Анубис“ насликан на мобилни пунктови за тестови за ковид-19

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што на Балканот многу лесно ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава и понекогаш и на друг јазик, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борба против дезинформациите во регионот, но и во светот. Грчкиот сервис за...

Вистиномер: ВМРО-ДПМНЕ „не гледа“ дека бројот на активни случаи е паднат за над 600 лица за нецели 3 недели

Иако се вели дека во политиката сè е дозволено, сепак, не е дозволено за политички цели да се спинува со бројките поврзани со здравјето, животот и смртта на граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ, поради спиновите што ги употребува во комуникацијата со јавноста околу корона кризата, не ги пласира најважните факти, а со тоа грубо ја извртува вистината, оценува новиот Контраспин на „Вистиномер“. По...

Апарати за брзи тестови ќе се постават во 16 монтажни ковид центри низ државата

Машини – апарати за тестирање, кои за неколку часови ќе можат да дадат резултати за присуство на корона вирусот, ќе бидат инсталирани во монтажните болници, 16 на број, кои Министерството за здравство ги подготвува за во септември, кога се очекува втор бран на епидемијата. Ова денеска во Штип го најави државниот секретар во Министерството за здравство, д-р Владимир Милошев, кој...

Во функција се тестовите за брза дијагностика на ковид-19 за родилки и пациенти пред интервенција

Министерството за здравство информира дека тестови за брза дијагностика на присуство на корона вирусот се распределени и истите почнуваат да се користат во лабораторијата на Институтот за јавно здравје, на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби и на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје. „Овие тестови иако се ПЦР метода, не се истите кои се користат во...

Регистрирани 120 новозаразени пациенти со ковид-19 во последните 24 часа

Во последните 24 часа се направени 953 тестирања за ковид-19, а регистрирани се рекордни 120 нови случаи. По бројката која ја имавме пред повеќе од еден месец (16 април), кога бројот за едно деноноќие беше 107 пациенти, ова е највисоката бројка регистрирана досега. Како што информираат од Министерството за здравство, во последното деноноќие како последица од болеста починале двајца...

Изминатите 24 часа направени се 771 тестирања за Ковид-19, откриени 62 нови случаи, двајца починати и 17 оздравени

Од 771 тестирање за Ковид-19 направени во последните 24 часа, регистрирани се 62 новозаболени. Во истиот период бројката на починати се искачи за двајца пациенти, а 17 се оздравени, кажуваат податоците од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Од 17-те оздравени, најмногу има од Тетово - 9, од Скопје 5, а по еден од Куманово, Битола и Гостивар. Во ГОБ „8 Септември“...

Сè уште не се знае дали за патување во Грција ќе треба тест за корона

Текстот „Дали се исплаќа задоволството: За тестовите за корона за Грција, ќе треба да се платат 680 евра“ не нуди доказ дека четиричлено семејство треба да плати 680 евра за тестови за корона вирусот ако сака да патува во Грција, пишува „КриТинк“. Протоколот за патување помеѓу Македонија и Грција сè уште не е утврден и оттука сè уште не е...

Граѓаните ќе може да патуваат во Србија од 1 јуни без негативен тест за корона вирусот

Српската премиерка Ана Брнабиќ изјави дека од 1 јуни ќе започне либерализиран режим на поминување на границите со четири земји од регионот Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија и Северна Македонија, без обврска граѓаните на тие земји да имаат негативен тест на Ковид-19 при преминување на границата со Србија. Брнабиќ потенцираше дека ќе се настојува влезот во Србија што повеќе...

ИРЛ: Како лажно декларирани холандски тестови за Ковид-19 од Кина завршија во Македонија, САД и ЕУ?

Брзиот имунолошки тест којшто во Македонија се нудеше во болницата „Систина”, не е од холандски производител како што се тврдеше, а не е ни толку прецизен колку што се тврди, пишува ИРЛ, која подготви истражување за тестовите со своите партнери од OCCRP. Тоа не е единствениот случај на кинески тестови во светот да се нудат како европски или производени...

Нови 26 заразени, 36 оздравени и еден починат пациент од корона вирусот

Во изминатото деноноќие, бројката на нови случаи на заразени со корона вирусот се зголеми за 26, и изнесува 1.326 вкупно регистрирани случаи, додека еден маж на 80 години починал. Со тоа бројката на починати порасна на 57. Во истиот период, регистрирани се 36 оздравени пациенти - од нив 2 пациенти од болничко лекување и 34 кои се лекуваа во...

Српски функционер лажел за тестовите за Ковид-19, а портал дека Сорос е уапсен

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што на Балканот многу лесно ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава и понекогаш и на друг јазик, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борбата против дезинформациите во регионот, односно од Хрватска на север, до...

Од Кина пристигна помош во тестови и заштитна опрема

Вицепремиерот Бујар Османи преку Фејсбук објава информираше дека пристигнала хуманитарна помош од Кина. “Пристигна и последната пратка од кинеската помош во тестови и лична заштитна опрема. Со амбасадорот одржавме онлајн пресконференција“ – напиша Османи. https://www.facebook.com/bujar.osmani.942/videos/1245977728939461/ Вицепремиерот е во домашна изолација откако беше на средба со кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски, за кој се потврди дека е позитивен на корона вирусот.

Филипче најави скрининг на населението во Дебар за да се процени стекнатиот имунитет на корона вирусот

Министерот за здравство Венко Филипче најави дека во Дебар ќе се направи скриниг на 20 до 30 отсто од вкупниот број на население за да се процени имунитетот на граѓаните, што ќе даде насоки за тоа, што може да се очекува на ниво на цела држава. Тој рече дека донацијата од 20.000 тестови ќе овозможи анализа на создадените антитела кај...

Нови 25 лица позитивни, еден починат и петмина излекувани

Од Клиниката за инфективни болести се испишани пет пациенти кои се на два контролни теста негативни, информира министерот за здравство Венко Филипче. Тој рече дека од 28 пациенти во Дебар кои се наоѓаат на домашно лекување, на 11 им се земаат контролни брисеви, а кои се во добра општа здравствена состојба, па согласно тоа ќе се постапи во нивниот...

Филипче: Добро е што бројот на заразени расте линеарно, спремни сме да прифатиме и повеќе

Добро е што засега имаме линеарно зголемување на случаите, иако сме подготвени да прифатиме и да третираме пациенти дури и да има поголем пораст. Целосно се мобилизирани здравствените работници и подготвени се капацитетите. Имаме и излекувани пациенти, така што сме во ситуација да се амортизира приемот, истакна на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче. Во врска со наводите за заболениот...

ИЈЗ: Реагенси за Ковид-19 ќе има доволно

Лабораторијата за вирусологија при Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) е единствената национална референтна лабораторија и лабораторија акредитирана од Светската здравствена организација за детекција на респираторни вируси, вклучително и новиот САРС-КоВ-2 (предизвикувачот на Ковид-19). Реагенси има и ќе има, затоа нема потреба од загриженост кај граганите, порача Шабан Мемети, директор на Институтот за јавно здравје на денешната прес-конференција, на која...

Филипче: Бројот на заболени сега е 35, се прават анализи на уште 30 лица

До 12 часот денеска, вкупната бројка на заболени лица со корона вирус во земјава е 35, иформира на прес-конференција министерот за здравство, Венко Филипче. Доцна синоќа биле изработени резултатите на четворица пациенти кои се позитивни, а биле во врска со четворицата лица од Дебар кај кои вчера беше дијагностициран вирусот. - Сите новодијагностицирани се со лесна клиничка слика, а стабилна...

Без ниту еден доказ се обвинува НАТО, ИСИС и Ал Каеда за петкратното убиство на Смилковско Езеро

Во објавата што ја рецензираме произволно се тврди дека ЦИА ја креирале Ал Каеда и ИСИС и дека НАТО стои зад масакрот на Смилковско Езеро. За ова не се...