fbpx
Таг: терористички напад

таг: терористички напад

Жителите од липковскиот регион не се изненадени од инцидентот

Жители од липковскиот регион велат дека не се изненадени од инцидентот бидејќи речиси цел месец во тој реон „се движела група и вршела одредени притисоци“, јави „Дојче веле“. - Добро е што состојбата е мирна. Засега нема никаква вознемиреност, но факт е и дека многу од граѓаните сè уште не знаат што се случило. Генерално, во целиот изминат период, состојбата на...

СДСМ: Нерасветлувањето на инцидентите отвора можност за тензии

СДСМ најостро го осудува инцидентот во липковскиот регион. Oд партијата посочуваат дека нерасветлувањето на инцидентите од безбедносен карактер за кои информира власта последниов период, отвора можност за различни шпекулации и за тензии. „Сериозно се сомневаме во капацитетите на институциите кои се партиски испостави на власта. Ги повикувме граѓаните на воздржаност и да не подлегнуваат на какви било режирани сценарија“, се вели...

Котевски: Комуницираме и со косовските и со српските власти

Теренот околу караулата Гошинце, која ноќеска беше нападната, се обезбедува и се создаваат услови за непречено и безбедно одвивање на увидот, изјави попладнево помошник-министерот за односи со јавностa во Министерството за внатрешни работи, Иво Котевски. Како што пишуваат медиумите, направени се контакти со косовските власти и се очекува утре да се одржат состаноци на највисоко ниво. Комуникација и состаноци ќе има...

ВМРО-ДПМНЕ за Гошинце: Да не се подгреваат тензиите!

Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ најостро го осуди терористичкиот настан во селото Гошинце. Од партијата повикуваат институциите да го расчистат овој случај, а граѓаните да останат смирени. „Повикуваме институциите одлучно и решително да постапат за расчистување на овој случај и да ја обезбедат законитоста, сигурноста и стабилноста по сите основи. Граѓаните да останат смирени и да не дозволат реализација на сценарија, чија цел е...

Познат идентитетот на дел од напаѓачите во Гошинце!?

Извесен „командант“ Џеваир Адеми, од Гњилане, според неофицијални информации, бил водачот на групата што утрово ја зазела караулата „Гошинце“, јавува „Утрински“. Според весникот, логистичка поддршка напаѓачите имале од извесен Фарук, а во групата, наводно, биле препознаени браѓата Ерхан и Кадир Бајрами. Сите иднетификувани биле од Гњилане, Косово. Од МВР засега не ги потврдуваат овие информации, но за весникот оттаму рекле дека споменатите...

Селмани: Ова е дело на луѓе што сакаат да го оттргнат вниманието од реалните проблеми

Во Македонија нема никаква основа за етнички или за каков било конфликт, информациите за она што се случило во полициската станица во Гошинце не кореспондираат со тоа што моментално се случува во  општеството, изјавил за бугарската агенција „Бгнес“ Имер Селмани, поранешен вицепремиер и министер за здравство. „Вакви нешта може да се во интерес на одредени центри. Денес, во 2015 година, нема шанси...

Твитер-досетки за „заземањето“ на Гошинце

По информацијата дека полициската станица во Гошинце, во липковскиот крај, е заземена од вооружени лица и по изјавата од МВР дека институците на државата синоќа биле цел на терористички напад, твитер-заедницата молскавично и масовно реагираше и со доза хумор се обиде да ја релативизира ситуацијата. Еве што го предизвика нападот во Гошинце... pic.twitter.com/bslrN0lnwM — Mind Plumber (@mindplumber) April 21, 2015 Видете...

Возила на ОБСЕ во Липковско

Две теренски возила на ОБСЕ во моментов се во Липковско. Иако полицијата им дозволила да се упатат кон Гошинце, од ОБСЕ одлучиле да не продолжат бидејќи возилата не им биле блиндирани, јавува „Нова ТВ“. Дел од новинарските екипи, пред малку, полицијата ги спречила да продолжат кон Гошинце. Репортерите на „Нова“, Сашка Цветковска и Владо Апостолов, сведочат оти им посочиле на полицајците дека кон Гошинце...

Гошинце: Местенка, порака или тероризам?

„Крајно невообичаена ситуација, која изгледа и несериозно. Да не стануваше збор за државата, би било смешно“, вели за „Мета“ универзитетскиот професор Владимир Пивоваров, во врска со денешниот инцидент на караулата Гошинце, што Министерството за внатрешни работи (МВР) го оквалификува како „терористички напад врз државните институции“. - Во светот се познати  доста методи на дејствување. Но, не и ваков, во кој се вели...

Деветмина уапсени поради вмешаност во терористичкиот напад во Тунис

Девет лица биле уапсени поради поврзаност со терористичкиот напад што вчера се случи во музеј во Тунис, а во кој загинаа 23 лица, од кои 20 странски туристи, јавува „Би-Би-Си“. Како што соопштиле туниските власти, четворица од уапсените биле директно поврзани со нападот, а другите петмина имале „врски со терористичката ќелија“. Одговорноста за нападот во музејот „Бардо“ денеска ја презеде Исламска...

Роднина на Гадафи предвидува: На Европа ќе ѝ се случи 11 септември

Еден од роднините на убиениот либиски лидер, Муамер ел Гадафи, предупреди дека во Европа за една-две години ќе се случи 11 септември, бидејќи на борците на Исламска држава им се приклучуваат десетина илјади мигранти, кои го преминуваат Медитеранот и стигаат до европскиот брег. Ахмед Гадафи ел Дам, еден од безбедносните претставници во кој Гадафи имаше најмногу доверба, предвидува дека половина...

Египет: 26 загинати и 30 повредени во серија терористички напади

Дваесет и шест лица загинаа во серијата терористички напади кои исламистичката група ги изврши на Синајскиот Полуостров во Египет. Десетина војници загинаа при експлозија на автомобил-бомба и при минофрлачки напад извршен врз воената касарна Ел Ариш. Како што јавуваат египетски воени извори, еден мајор на египетската војска загина при напад во Рафах, погранично место со појасот Газа. Засега нема информација за бројот на...

Француската полиција сè уште трага по девојката на терористот Кулибали

Француската полиција сè уште трага по Хајат Бумедијен поради учество во престрелката во Монруж, во која беше убиена една полицајка. Парискиот весник „Паризиен“ јавува дека Бумедијен не е меѓу лицата што се убиени или ранети во вчерашните заложнички драми во Париз. Безбедносните служби на Франција, вчера, околу 17 часот, ја завршија потерата по терористите, браќата Саид и Шариф Кауши, како и Амеди...

Откриена уште една бомба во Истанбул

Турските безбедносни служби денеска деактивираа бомба откриена пред трговски центар во квартот Башакшехир. Случаен минувач ја открил бомбата поставена во сомнителен пакет, по што пријавил во полиција. Ова е втор обид за напад на трговски центар во Истанбул во последните 24 часа.

Пакистан: Осум загинати во терористички напад

Осум лица загинаа, а 16 се ранети во синоќешниот бомбашки напад пред шиитска џамија во пакистанскиот град Равалпинди. Како што јавуваат локалните медиуми, напаѓачот со мотор пристигнал до џамијата, а ја активирал бомбата откако бил запрен при полициска проверка.

Спречен терористички напад во Истанбул

Турските безбедносни служби спречиле бомбашки напад во истанбулски трговски центар, соопштија турските власти. Како што јавуваат турските медиуми, двајца напаѓачи биле уапсени додека се подготвувале за извршување на нападот. Полициски извори соопштија дека уапсените се членови на забранета левичарска група, но групата преку „Твитер“ негираше дека подготвувала терористички напад.

Идентификувани тројцата напаѓачи на „Шарли eбдо“

Француските медиуми, повикувајќи се на полициски извори, објавија дека тројцата напаѓачи осомничени за масакрот во редакцијата на неделникот „Шарли eбдо“ се идентификувани, но сè уште не се уапсени. Според медиумите, станува збор за браќата Саид К., роден 1980 година, и Шериф К., роден 1982 година во Париз, и за Хамид М., роден во 1996 година. За браќата е утврдено дека се...

Бан Ки-мун, Обама и Ватикан го осудија нападот во Франција, ИД го пофали

Осуди за терористичкиот напад што се случи денеска во Франција во сатиричниот неделник „Шарли ебдо“ во кој загинаа 12 луѓе, пристигнуваат од сите страни на светот. Генералниот секретар на ООН, Бан Ки-мун го оцени нападот како ужасно и бесчувствително злосторство кое со ништо не може да се оправда. - Тоа е злосторство врз слободата на говорот и слободата на медиумите, двата...

Оланд: Ова е терористички напад

Варварски чин, терористички акт, беше категоричен Франсоа Оланд во обраќањето до новинарите пред влезот на неделникот, каде изутринава беше извршен терористички напад во кој загинаа 12 лица. - Новинари и полицајци беа кукавички убиени. Напаѓачите ќе бидат ловени сè додека е потребно за да бидат уапсени и изнесени пред судиите и осудени - нагласи шефот на француската држава. Според Франсоа Оланд, повеќе терористички напади...

Четворица осудени зa соучество во нападите во Волгоград

Четири лица се осудени за вмешаност во самоубиствените бомбашки напади во Волгоград, соопшти денеска рускиот Истражен комитет. Во двата бомбашки напади, на железничката станица и на тролејбус минатата година, загинаа 34 лица. Двајца мажи се прогласени за виновни за соучество во терористички акт, затоа што ги криеле бомбашите самоубијци додека го подготвувале експлозивот. Тие се осудени на 19 години затвор. Уште двајца...

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...