четврток, 16 април, 2026
Meta.mk

Ознака: терористички напади | 45 резултати

Абдеслам тврди дека намерно не ја активирал бомбата во Париз

април 2, 2016

Главниот осомнилен за терористичките напади во Париз, Салах Абдеслам одлучил да не го изврши самоубиствениот напад во Париз за да ги зачува животите на другите луѓе, изјавил неговиот брат Мохамед Абдеслам за француската телевизија БФМТВ. Тој ова го изјавил по разговорот со својот брат Салах во затворот во Белгија, каде првоосомничениот за нападите ја чека […]

Белгискиот суд одлучи Абдеслам да ѝ биде испорачан на Франција

март 31, 2016

Белгискиот суд донесе одлука Салах Абдеслам, првоосомничен за терористичките напади во Париз од 13 ноември, минатата година, да биде екстрадиран во Франција, соопшти денеска белгискиот федерален обвинител. Неговиот адвокат претходно денеска соопшти дека Абдеслам сака Белгија да го испорача на Франција и дека има намера да соработува со француските власти. Белгискиот федерален обвинител изјави дека […]

Абдеслам нема да се противи на неговата екстрадиција во Франција

март 24, 2016

Салах Абдеслам, еден од главните осомничени за терористичките напади во Париз од 13 ноември минатата година, нема да се противи и нема да поднесе жалба на неговата екстрадиција од Белгија во Франција, соопштил неговиот адвокат за француските медиуми, пренесува „Би-би-си“. Абдеслам беше уапсен во петокот минатата недела, во акција на белгиската и на француската полиција […]

Турција стравува од нови терористички напади, прогласена е состојба на зголемена готовност

март 2, 2016

Состојба на зголемена готовност е прогласена во Турција по добиените разузнавачки информации дека се можни терористички напади во земјата. Како што пишуваат турските медиуми, разузнавачките служби откриле двајца осомничени што илегално влегле во Турција со намера да извршат терористички напади. Разузнавачите дошле до сознанија дека уапсените требало да се сретнат со неколкумина сириски државјани во округот Караманмарас, […]

Европол: Илјадници „странски борци“ на ИД, закана за безбедноста на Европа

февруари 20, 2016

Меѓу 3.000 и 5.000 т.н. странски борци, државјани на Европската унија, кои се обучувале во камповите на Исламска држава (ИД), се вратиле во земјите на ЕУ и претставуваат нов предизвик и закана за безбедноста на Европа, вели директорот на полицијата на Европската унија – Европол, Роб Вејнрајт, во интервју за германскиот весник „Оснабрукер цајтунг“. Според […]

Уапсен вооружен маж во забавниот парк „Дизниленд“ во Париз

јануари 28, 2016

Француската полиција денеска уапсила маж откако кај него биле пронајдени два пиштоли на влезот од хотелот „Њујорк“ во забавниот парк „Дизниленд“ во Париз, јавува „Би-Би-Си“. Дваесет и осумгодишниот маж, чиј идентитет не се соопштува, не им е познат на француските безбедносни служби. Кај него, според полициските информации, освен пиштолите, бил пронајден и примерок од Куранот […]

Париз се сеќава на жртвите од минатогодишните терористички напади

јануари 10, 2016

Францускиот претседател, Франсоа Оланд, и други високи државни функционери денеска присуствуваа на специјална церемонија на која беше оддадена почит на сите жртви од терористичките напади што минатата година се случија во Париз. Оланд и градоначалничката на Париз, Ан Идалго, ја открија комеморативната плоча, поставена во знак на сеќавање на жртвите од нападот на парискиот сатиричен магазин „Шарли […]

Поддржувач на Исламска држава избодел наставник во Париз

декември 14, 2015

Напаѓач, кој извикувал „Исламска држава“, утрово избодел наставник во училиште во париското предградие Обервилие, јавуваат светските медиуми. Како што пренесува „Би-Би-Си“, напаѓачот почнал да извикува „Ова е Исламска држава, ова е предупредување“, по што го избодел наставникот со нож за сечење кутии или со ножици. Според информaциите, наставникот, кој бил повреден околу вратот, е надвор […]

Спасовски: Нема опасност од терористички напади

декември 3, 2015

Безбедносната состојба во Македонија во моментов е стабилна и нема опасност од терористички напади, изјави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, по денешната посета на Секторот за внатрешни работи Скопје, додавајќи дека е подигнато нивото на безбедност во земјава за да се превенираат можни несакани инциденти. – Превентивно го подигнавме нивото на безбедност во Република Македонија за да превенираме […]

Обама им оддаде почит на загинатите во нападите во Париз

ноември 30, 2015

Американскиот претседател Барак Обама го посети местото на нападот во концертната сала „Батаклан“ во Париз. Обама, придружуван од францускиот претседател Франсоа Оланд и од градоначалничката на Париз, Ан Идалго, положи рози на местото каде терористите убија 90 лица. Мерките за безбедност се засилени во Париз поради доаѓањето на американскиот претседател, кој учествува на конференцијата на […]

Светските лидери се собираат во Париз, на Самитот на ОН за климатските промени

ноември 29, 2015

Лидерите на речиси 150 земји од светот се собираат во Париз на Самитот на Обединетите нации за климатските промени, кој почнува утре (30 ноември), јавуваат светските медиуми. На 21. сесија на Конференцијата на членките (COP 21), светските лидери, меѓу кои и претседателите на САД, Кина, Индија и на земјите-членки на Европската унија (ЕУ), како најодговорни за […]

Полиција, детектори и кучиња – Скопје деновиве како Париз и Брисел

ноември 27, 2015

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вчера изјави дека „превентивно е подигнато нивото на безбедност за да им се обезбеди сигурност на граѓаните“, а тоа се потврдува и деновиве на спортски настани, јавни собири и концерти кога повеќе од забележливо е присуството на редовните и специјални полициски единици и строг режим на контрола на посетителите […]

Германија: Уапсено лице што го продало оружјето за нападите во Париз

ноември 27, 2015

Германските власти уапсиле 34-годишен маж, осомничен за илегална набавка и за продажба на оружје, соопшти германското обвинителство. Весникот „Билд“ јавува дека уапсениот е осомничен дека го продал оружјето користено во терористичките напади во Париз и оти тоа било купено преку интернет. Оружјето „калашњиков“ е купено на 7 ноември преку интернет од германскиот продавач од Бадер-Виртемберг, […]

Намалена опасноста од напади во Брисел од највисоко четврто на трето ниво

ноември 26, 2015

Белгиските власти го симнаа нивото на опасност од напади во Брисел од максимално четврто на трето ниво, јавува „Би-Би-Си“, повикувајќи се на извештаи од белгиските медиуми. Главниот град на Белгија речиси една недела беше под највисоко ниво на опасност поради сомнежи дека дел од осомничените за терористичките напади во Париз на 13 ноември се кријат […]

САД ги предупредуваат своите граѓани за опасност од терористички напади

ноември 24, 2015

Американскиот Стејт департмент издаде предупредување за граѓаните на САД за патување низ целиот свет, поради загриженост дека терористички групи и поединци планираат нови напади по тој во Париз. Стејт департментот предупредува дека групите како ИД, Ал каеда и Боко харам продолжуваат да планираат терористички напади во повеќе региони. „Овие напади може да имаат широк спектар на тактика, […]

Белгија: Приведени уште пет лица

ноември 23, 2015

Белгиските власти денеска соопштија дека уште пет лица се приведени во полициската акција во Белгија. Со тоа бројот на приведените во неделата, кога во Брисел беше подигнато нивото на безбедност, се искачи на 21. Главниот осомничен, џихадистот Салах Абдеслам, кој учествувал во терористичкиот напад во Париз, сè уште е во бегство.

Министерски состанок на ЕУ за построги контроли на надворешните граници

ноември 19, 2015

Министрите за внатрешни работи на земјите-членки на Европската унија на состанокот, закажан за утре, треба да ги договорат мерките за построга контрола на надворешните граници од Шенген-зоната по терористичките напади што се случија на 13 ноември во Париз, пренесува хрватската државна телевизија ХРТ. Според документот кој ќе биде на маса, министрите се очекува да се […]

Париз: Потврдена смртта на мозокот на терористичките напади

ноември 19, 2015

Француското обвинителство потврди дека Абделхамид Абауд, еден од организаторите на терористичките напади во Париз, е убиен вчера во полициската акција во париското предградие Сен Дени. Абауд е идентификуван според отпечатоци од прсти. Во серијата терористички напади, извршени на 13 ноември во главниот град на Франција, загинаа 129 лица, а повеќе од 350 се повредени.

Голема полициска акција во Париз, најмалку двајца убиени

ноември 18, 2015

Најмалку двајца осомничени се убиени при претрес во стан во париското предградие Сен Дени, во полициска акција за апсење осомничени за терористичките напади што во петокот минатата недела се случија во француската престолнина, јавуваат светските медиуми. Меѓу убиените, како што јавува „Би-Би-Си“, е и една жена, која се разнела самата, активирајќи самоубиствен елек. Полициската операција […]

МВР за „Мета“: Французите побараа асистенција, во тек се проверки за бомбашот од Париз

ноември 17, 2015

Француските власти – Национално централно биро (НЦБ) Париз до сите земји-членки на Интерпол, меѓу кои и Република Македонија, доставија одредени барања за проверка во базите на податоци што би помогнале во истрагата за откривање на можните сторители, организатори и помагачи на терористичките напади, велат за „Мета“ од Министерството за внатрешни работи (МВР). Како одговор на нашите […]

Страна 2 од 3