fbpx
Таг: Тереза Меј

таг: Тереза Меј

Протече документ од британската влада, Лондон нема план за Брексит, јавува „Би-би-си“

Британската влада нема сеопфатен план за излегувањето на земјата од Европската Унија, а поради поделбата што постои во кабинетот, преговарачката стратегија можеби нема да биде усвоена во следните шест месеци, покажува меморандумот кој протече од кабинетот, јавува „Би-би-си“. Во меморандумот, кој е доставен до „Тајмс“ и во кој „Би-би-си“ има увид, се предупредува дека британската влада работи на 500 проекти...

Вишиот суд одлучи дека нема да се случи Брексит без согласност од парламентот

Британскиот парламент ќе мора да даде согласност за тоа дали Британија смее да го почне процесот за напуштање на Европската Унија, одлучи британскиот виш суд. Тоа значи дека владата не може сама да го активира членот 50 од Лисабонскиот договор. Судиите донесоа одлука Тереза Меј да нема можност да го активира членот 50 без претходна согласност на парламентот. „Судот не ги прифати...

Меј и Меркел: ЕУ е подготвена за санкции кон Русија и кон Асад поради Алепо

Британската премиерка Тереза Меј денеска изјави дека Европската Унија мора да ги разгледа сите опции за да изврши притисок врз Русија и врз сирискиот претседател Башар ал Асад да ги запрат нападите на сирискиот град Алепо. - Бевме многу јасни во поглед на улогата на Русија. ЕУ треба јасно да си каже што мисли. Доколку продолжат злоделата, ЕУ треба ги разгледа...

Нема да има компромиси за Лондон во процесот на излегување од ЕУ, порача Туск

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, денеска зазел цврст став во врска со преговорите за излегувањето на Велика Британија од Европската Унија, ветувајќи дека нема да има компромиси за Лондон во процесот на Брексит, јавуваат светските агенции. Туск изјавил дека задачата на европските преговарачи е да ги заштитат интересите на Европската Унија како целина и на секоја од 27-те земји-членки. Тој...

Руската банка ВТБ ќе го напушти Лондон поради Брексит

Руската банка ВТБ соопшти дека размислува да го пресели своето европско седиште за инвестициско банкарство од Лондон, по одлуката Велика Британија да излезе од Европска Унија. - Преселувањето од Лондон или нашиот опстанок ќе зависи од развојот на ситуацијата поврзана со Брексит. Поради Брексит, ВТБ ќе ги прилагоди своите активности во Лондон, но нема намера да ја затвори канцеларијата таму...

Тереза Меј очекува Брексит да се одвива непречено

Британската премиерка Тереза Меј изјави дека се надева дека процесот за излегување на Велика Британија од Европската Унија ќе помине „непречено“. Таа наведе дека очекува дека ќе бидат гарантирани правата на граѓаните на ЕУ кои веќе престојуваат во Велика Британија. Меј повтори дека ќе го почне официјалниот процес за излегување од ЕУ со членот 50 од Лисабонскиот договор најдоцна до март...

Меј ќе разговара со министрите за Брексит

Британската премиерка Тереза Меј денеска ќе се состане со министрите за да ги разгледаат преговорите за излез на Велика Британија од Европската Унија, јавува „Би-би-си“. Пред летната пауза, Меј побара од министрите да идентификуваат, како што наведе, можност во своите министерства, а сега очекува извештаи од нив, меѓу другото, и за начинот на кој Велика Британија треба да преговара со...

Меј нема да дозволи во парламентот да се гласа за Брексит

Британската премиерка Тереза Меј нема да дозволи во парламентот да се одржи гласање за Брексит пред формалното почнување на постапката за излегување на Велика Британија од Европската Унија. Како што наведува „Дејли телеграф“, Меј на противниците нема да им пружи шанса да ја блокираат одлуката за излегување. Британската премиерка консултирала правници кои велат дека таа има овластување да го почне...

Путин и Меј ќе ги затоплуваат односите во четири очи

Претседаателот на Русија Владимир Путин и премиерката на Велика Британија, Тереза Меј во телефонски разговор изразија незадоволство од сегашната состојба на руско-британските односи, соопшти Кремљ. Во соопштението се наведува дека двете страни се сложиле за зајакнување на соработката на голм број прашања, вклучувајќи го и подобрувањето на дијалогот меѓу разузнавачките служби на двете земји околу осигурување на безбедноста во авионскиот...

Mej: Британија со Брексит не ја напушта Европа

Британската премиерка Тереза Меј денеска во Братислава изјави дека Велика Британија со Брексит не ја напушта Европа. - Остануваме во НАТО. Велика Британија и понатаму ќе стои до своите сојузници на источното крило на НАТО. Неодамна одобривме засилување на британската армија за источното крило и редовно ќе праќаме наши војници на вежбите во Словачка и кај другите сојузници – рече...

Оланд ѝ порача на Меј што побргу да ги почнат преговорите за Брексит

Францускиот претседател Франсоа Оланд синоќа изјави дека разбира оти на Велика Британија ѝе потребно време за да се подготви за преговорите за излез од ЕУ, но тоа би требало тоа да го направи што поскоро. Оланд ова го изјави на заедничката прес-конференција со новата британска премиерка Тереза Меј во Париз. Тој ја повтори позицијата на Франција дека Британија може да има...

Меј в среда на средба со Меркел, в четврток со Оланд

Новоизбраната премиерка на Велика Британија, Тереза Меј, и германската канцеларка Ангела Меркел в среда ќе се сретнат во Берлин. Портпаролот на Меј изјави дека на средбата ќе биде разговарано за начинот на заедничка работа во пресрет на подготовките на Велика Британија за напуштање на Европската Унија и додаде дека тоа ќе биде нејзина прва официјална посета на друга држава. И портпаролот...

Меркел ја покани Меј во Берлин

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска соопшти дека ја поканила новата британска премиерка Тереза Меј на разговори во Берлин и порачала дека се радува на нивната соработка. - Наша задача е тесно да соработуваме со владите на сојузничките земји – рече Меркел на прес-конференција во киргистанскиот главен град Бишек, додавајќи дека бројните проблеми во светот ја направиле таквата соработка неопходна. Меркел истакнала дека...

Тереза Меј е новиот премиер на Велика Британија

Кралицата Елизабета Втора денеска ѝ додели мандат за формирање на нова влада на Тереза Меј, досегашната министерка за внатрешни работи, соопштија од Бакингамската палата. - Планирам да ја водам Британија во истиот дух како и Камерон – истакнала Меј по именувањето на премиерската функција. Тереза Меј остана единствен кандидат за нов лидер на Конзервативната партија, а со тоа и за нов...

Изборот на нова премиерка на Велика Британија е позитивен сигнал за берзите

Светските брзи денеска бележат подем бидејќи изборот на нова премиерка на Велика Британија ја намали неизвесноста по референдумот. Аналитичарите оценуваат дека расположението на инвеститорите на пазарот се подобрило, бидејќи британската владејачка Конзервативна партија ја избра Тереза Меј за нова лидерка и премиерка. Се очекува и Централната банка на Велика Британија да ја намали референтната каматна стапка.

Британија денеска добива нова премиерка

Велика Британија денеска добива нова премиерка, Тереза Меј, која ќе го наследи Дејвид Камерон, кој, пак, најави оставка откако на референдумот на 23 јуни Британците се изјаснија за излез од Европската Унија. Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека очекува што побрзо излегување на Британија од Унијата и активирање на членот 50 од Лисабонскиот договор, откако Меј ќе ја преземе функцијата. - Референдумот...

Камерон го одржа последниот состанок со Кабинетот

Британскиот премиер Дејвид Камерон денеска за последен пат претседаваше со составот на Кабинетот, еден ден пред да ѝ ја предаде функцијата на досегашната министерка за внатрешни работи, Тереза Меј. Министрите се собраа на последниот проштален состанок, откако беше потврдено дека Меј доаѓа на чело на владејачката пратија, а со тоа го наследува и Камерон на чело на владата. Истовремено, камион за...

„Би-би-си“: Тереза Меј в среда ќе биде именувана за нов премиер на Велика Британија

Британската министерка за внатрешни работи, Тереза Меј, в среда навечер ќе биде именувана за нов премиер на Велика Британија, откако истиот ден актуелниот премиер Дејвид Камерон ќе ја депонира својата оставка, јавува „Би-би-си“. Во изјава дадена надвор од премиерската резиденција на Даунинг стрит 10, Камерон рекол дека в среда на кралицата ќе ѝ ја понуди својата оставка во Бакингамската палата. Тереза...

Андреа Лидсом се повлече од трката за лидер на Конзервативната партија

Андреа Лидсом се повлече од трката за лидер на британската Конзервативна партија, што ѝ отвора пат на Тереза Меј до премиерската фотелја. Министерката за енергетика, наводно, ќе се повлече поради преголемиот притисок. Лидсом денеска јавно ѝ се извини на противкандидатката Тереза Меј поради изјавата дека мајчинството ѝ дава предност во извршувањето на премиерската функција. На британската политичка сцена изби скандал по повод...

Тереза Меј и Андреа Лидсам, единствени кандидатки за премиер на Велика Британија

Велика Британија повторно ќе има жена премиер, првпат по Маргарет Тачер, откако во трката за нов лидер на Конзервативната партија останаа две жени, министерката за внатрешни работи, Тереза Меј, и министерката за енергетика, Андреа Лидсам, јавуваат британските медиуми. На денешното гласање, Меј добила 199, а Лидсам 84 гласови, додека од трката, со 46 освоени гласови, излегол министерот за правда, Мајкл...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...