fbpx
Таг: тендери

таг: тендери

Државните институции набавиле 392 нови автомобили, за што потрошиле 8,1 милиони евра

Државните институции набавиле 392 нови патнички возила, за што потрошиле 8,1 милиони евра во последните две и пол години, покажува најновото истражување на Центарот за граѓански комуникации. „Една четвртина од набавените нови возила се поскапи од 30 илјади евра. Најмногу нови возила набавила владината Служба за општи и заеднички работи, 46 „пасати“ по 39 илјади евра секој. Сепак, најскапото возило...

ЕСМ изработува три проекти за проширување на парното греење во Автокоманда и Железара

„Електрани на Северна Македонија“ (ЕСМ) потпиша три договори за изработка на проектна документација за изградба, реконструкција и проширување на топловодната мрежа во скопските населби Автокоманда и Железара. Изготвувањето на проектите треба да биде основа за проширување на дистрибутивната мрежа во системот за снабдување со топлинска енергија од когенеративната електрана „КОГЕЛ“ што се наоѓа во скопската железарница, а е во...

Град Скопје го распиша тендерот за идеен проект за првата линија на „трамвајот на тркала“

Скопските власти денеска го објавија тендерот за избор на проектант што ќе го изработи идејниот проект за првата линија на брзиот автобуски систем - БАС (Bus Rapid Transit - BRT) или популарно наречен „трамвај на тркала“. Станува збор за брза автобуска линија од Ѓорче Петров до Ново Лисиче, со приближна должина од 12,81 километри во една насока, 21 автобуска...

Започнува проектот за изградба и реконструкција на над 400 километри локални патишта

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески денеска од Прилеп го најави почетокот на реализацијата на проектот за изградба и реконструкција на над 400 километри локални патишта и улици во сите 80 општини и Градот Скопје. Вредноста на проектот е 70 милиони евра, кои се обезбедени од Светската банка. Министерството за транспорт и врски веќе го објави првиот тендер за...

Со намалената фреквенција на возила на патиштата ќе опадне и приходот од патарините

Епидемијата на корона вирусот во нашата земја и сите ограничувања на движењата на граѓаните што досега се воведоа, доведуваат до намалена фреквенција на возила на патиштата, а со тоа веројатно е да има и опаѓање на приходите од наплата на патарина. Од Јавното претпријатие за државни патишта за „Мета.мк“ потенцираат дека е рано да се прават проценки за тоа...

Објавен тендерот за воведување електронска наплата на патарина и на Коридорот 8

Покрај можноста за плаќање патарина по електронски пат на автопатот од Табановце до Гевгелија, годинава ќе отпочне постапката за воведување на електронска наплата на патарина и на Коридорот 8. На веб - страницата на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) е објавена втората фаза од тендерот за избор на компанија што ќе го инсталира системот за воведување на...

Годинава ќе се инвестираат над 31,7 милиони евра во железничката инфраструктура

Почеток на изградбата на пругата Бељаковце - Крива Паланка, завршување на изведбата на железничката делница Куманово - Бељаковце и почеток на реконструкцијата на железничките станици на Коридорот 8 се трите главни проекти што планира да ги реализира Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Железници на РСМ во 2020 година. Во изградба, реконструкција и надградба на железничката инфраструктура за годинава се...

Рекордни 44,3 милиони евра од патарини во 2019 година (инфографик)

Јавното претпријатие за државни патишта лани успеало да собере рекорден надоместок од возачите за користењето на македонските автопати. Од патарина во 2019 година биле инкасирани над 44,3 милиони евра, односно за околу 9,1 отсто повеќе во споредба со претходната година. Наплатните станици во последниот квартал од 2019 година оствариле приход од над 10,1 милиони евра, додека најмногу средства биле...

Јавни набавки: Секој трети тендер со само една понуда, секој четврти поништен

Конкуренцијата во јавните набавки во првото полугодие од 2019 година била влошена во однос на претходните две години. Во дури 35 отсто од мониторираните тендери за јавни набавки е регистрирано дека пристигнала само една понуда, покажува најновиот извештај од редовниот мониторинг на јавните набавки во земјава за периодот јануари - јуни 2019 година на Центарот за граѓански комуникации. Просечниот...

Министерствата, секретаријатите и Собранието полутранспарентни при јавни набавки

Министерствата, владините секретаријати и Собранието просечно исполнуваат 55,2 проценти (од максимално можни 100 проценти) од критериумите за транспарентност, отчетност и интегритет во целиот циклус на јавните набавки. Ова е мало подобрување во однос на претходните години (во 2017 година изнесуваше 53,6 проценти, а во 2016 година 51,7 проценти). Ова го покажува третото по ред годишно истражување на начинот на кој...

„Гранит“ ќе го проширува патот од Крива Паланка до Деве Баир

Деновиве ќе започне проширувањето на патот од Крива Паланка до граничниот премин Деве Баир. Јавното претпријатие за државни патишта го потпишало договорот со „Гранит“ од Скопје за изведба на 13-те километри од трасата, со која ќе се обезбеди побрза патна врска меѓу Македонија и Бугарија. Проектот ќе опфати изградба на трета коловозна лента долж целата траса, реконструкција на постојниот коловоз...

Aвтопатот Тетово – Гостивар годинава ќе добие проект за реконструкција и проширување (инфографик)

Дупки на коловозот, нерамен асфалт и немање можност за застанување со возилото на помошна лента. Ова е постојната слика на автопатот Тетово - Гостивар, кој е воедно и еден од најфрекветните патишта во земјава. За минување по оваа делница граѓаните за своите автомобили плаќаат по 60 денари во еден правец, а за возврат добиваат автопат што се наоѓа во...

„Телеком“ ќе прави билети за едно возење за ЈСП и нова Андроид апликација

„Македонски Телеком“ го доби тендерот вреден над 2,2 милиони евра за подготовка на нова Андроид апликација за паметни телефони, за воведување на 300.000 електронски хартиени билети за едно возење и за набавка на нови валидатори за картичката „Скопска“ за јавниот превоз. ЈСП - Скопје на почетокот од јули го склучило договорот, со кој од претстојнава есен на граѓаните повторно ќе...

За заштита од бучава на автопатите ќе се одвојат над два милиона евра

Јавното претпријатие за државни патишта годинава ќе отпочне да го решава проблемот со бучавата од сообраќајот на фреквентните патишта во земјава. На две локации на автопатите од Коридорите 8 и 10 - покрај Куманово и на скопската обиколница во близина на Сарај ќе се постават заштитни огради од бучава, кои на околните домаќинства ќе им овозможат надминување на проблемот...

Рашковски нема да поднесе оставка и ќе тужи повеќе лица за клевета

Генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски најави дека утре ќе поднесе кривична пријава за неовластено снимање против Климент Чепуњовски, како и тужби за клевета и навреди против Иванка Василевска, Горан Момировски, Миленко Неделковски, Љупчо Златев. Арбитражна постапка ќе биде поднесена и против медиумите „Курир“, „Инфомакс“ и „Лидер“. Рашковски, на прес-конференција ги објасни деталите околу случајот во „М-НАВ“, кој беше обелоденет...

Од наесен повторно хартиен билет за едно возење во јавниот превоз

Фото: Борче Поповски
Во автобусите на ЈСП - Скопје и на приватните превозници од септември повторно ќе може да се купи хартиен билет за едно возење. ЈСП во моментов го реализира тендерот за набавка на 300.000 хартиени електронски билети, кои се адекватни на постојниот систем за плаќање во јавниот превоз. Оттаму информираат дека е избрана компанијата што доставила најдобра понуда, во овие...

Цела година ќе се исправаат грешките во проектот на автопатот Кичево – Охрид

Најдоцна за една година треба да се заврши препроектирањето на утврдените пропусти кај автопатот Кичево - Охрид. Јавното претпријатие за државни патишта го објави тендерот за докомплетирање на проектната документација за делницата долга 57 километри, за која државата за нејзината изведба ќе треба да издвои вкупно 598 милиони евра. Како што се наведува во тендерот објавен на Електронскиот систем за...

Јавните набавки оневозможуваат конкуренција меѓу фирмите и се прават нетранспарентно

Во втората половина на 2018 година, имало неколку сериозни проблеми со јавните набавки во земјава, анализира Центар за граѓански комуникации (ЦГЦ). Во нивниот 31. извештај за редовниот мониторинг на јавните набавки, се вели дека зачестено се спроведуваат големи тендери кои не се делат на делови, и со тоа се оневозможува конкуренција помеѓу фирмите, односно се доведува во прашање рационалното и...

Објавен тендерот за проширување на патот од Крива Паланка до Деве Баир

Постојниот магистрален пат Крива Паланка - Деве Баир ќе биде целосно реконструиран и проширен со трета коловозна лента. На веб - страницата на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) е објавен тендерот за изведба на 13 - те километри од оваа траса, која претставува главна патна врска меѓу Северна Македонија и Бугарија. Со проширувањето на патниот правец и...

До крајот на мај продолжен тендерот за набавка на новите автобуси на ЈСП

Фото: Небојша Гелевски
Големиот интерес на производителите на автобуси го продолжи рокот за доставување на понудите за набавка на 30 до 40 единечни и зглобни автобуси за ЈСП - Скопје. Наместо до утре, компаниите ќе можат до 24 мај да ги достават понудите со техничките карактеристики на еколошките автобуси на компримиран гас. Продолжувањето на рокот за доставување на понудите нема да ја одолговлечи...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...