fbpx
Таг: Телма

таг: Телма

„Вистиномер.мк“: Аргументите на Мицкоски за „погрешниот“ попис се спин

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју за ТВ Телма од 10 јуни оваа гоидна изрече став, кој „Вистиномер.мк“ го оцени како извртена вистина, т.е. спин: - Денеска според оваа методологија која што е избрана и која што се обидуваме да ја протуркаме на брза трака во рамките на Собранието, се попишуваат сите оние кои имаат матичен број во Република...

Анкета: Пендаровски го зголемил водството на 3,7 отсто пред Сиљановска

Стево Пендаровски, претседателскиот кандидат на СДСМ и ДУИ, е во благо водство (27,2%) пред Гордана Сиљановска Давкова, кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ (23,5%), односно разликата е 3,7 процентни поени. Со ова се потврдува ставот дека се работи за изедначена трка, иако Пендаровски во меѓувреме, од претходната анкета, го зголемил водството од 2,6 на 3,7 процентни поени. Ова го покажаа резултатите од истражувањето...

Анкета: Мнозинството граѓани се против каква и да е промена на името

Никаква промена на името е ставот на речиси половина од граѓаните или 47,1 проценти, покажува најновата анкета на МЦМС и Институтот за демократија, која ја објави „Телма“. Само 14,4 отсто од граѓаните би прифатиле „двојна формула“, речиси исто толку 14,1 би прифатиле име за севкупна употреба или ерга омнес. Договорено име за во меѓународните организации е прифатливо за 13,6...

ССНМ најостро ги осуди заканите со тужби од бизнисменот Гечев кон Лупевска Созен

Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници ССНМ, изразува најостра осуда и протест поради директните закани кон новинарката Снежана Лупевска Созен и телевизија „Телма“ искажани вчера за време на интервјуто на „Топ тема“ од страна на сопственикот на „ИГМ трејд“, Илија Гечев, се вели во соопштението на ССНМ. Во него се додава дека јавната закана дека Лупевска ќе биде повеќекратно...

Центар, Гази Баба и Карпош би можеле да добијат градоначалник во првиот круг

Три скопски општини би можеле да добијат градоначалник уште во првиот круг на гласање, покажа анкетата што ја спроведе „М-проспект“ на барање на „Телма“ и на МЦМС, на примерок од 1.560 испитаници. Општините Центар, Гази Баба и Карпош по гласањето на 15 октомври би можеле да добијат градоначалник. Според анкетата, кандидатот на СДСМ за Центар, Саша Богдановиќ, ќе го победи Дејан...

Анкета: Трајановски и Шилегов најверојатно во втор круг во трката за градоначалник на Скопје

Изборите за градоначалник на Скопје ќе бидат неизвесни, покажа телефонска анкета што во периодот од 23 септември до 2 октомври ја спроведе „М-проспект“ на барање на „Телма“ и на МЦМС, на примерок од 1.560 испитаници, со статистичка грешка од 2,5 отсто. Според податоците, разликата меѓу двајцата кандидати за градоначалник на Скопје, на ВМРО-ДПМНЕ , Коце Трајановски, и на СДСМ, Петре Шилегов,...

Заев: Имаме асови во ракавот што не сме ги употребиле против Грција

„И ние имаме асови во ракавот што не сме ги употребиле, немојте да мислите дека ги немаме поради тоа што не ги употребуваме. Веројатно и Грција има такви адути, но тоа е нејзина работа“, рече премиерот Зоран Заев, одговарајќи на прашање за спорот за името со Грција во вечерашната емисија „Топ-тема“ на телевизијата „Телма“. Премиерот Заев кажа дека новата власт...

ВМРО-ДПМНЕ: Ајде да ги расчистиме дилемите на предвремени парламентарни избори

Во врска со анкетата што „Телма“ ја објави во соработка со „М-Проспект“ и со МЦМС, ВМРО-ДПМНЕ сака да ги повика СДСМ и Зоран Заев да се охрабрат и да излезат и на предвремени парламентарни избори, на кои граѓаните ќе кажат што мислат за расипничкото и неодговорно владеење на СДСМ, се вели во реакцијата на опозициската партија. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека само...

Анкета: 58,9 отсто од граѓаните задоволни од Владата, СДСМ води пред ВМРО-ДПМНЕ

Речиси 60 отсто од граѓаните на Македонија се задоволни од работата на новата влада во првите 100 дена, покажува анкетата спроведена од Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и од телевизијата „Телма“. Резултатите од анкетата покажуваат дека 58,9 од испитаниците се изјасниле дека се задволни од Владата во првите 100 дена, 34,9 отсто рекле дека се незадоволни, а 6,2 отсто...

Анкета на „Телма“: Граѓаните веруваат дека зад упадот во Собранието стои ВМРО-ДПМНЕ

Во најновата анкета на телевизија „Телма“ и на МЦМС, направена од 10 до 15 мај, на прашањето кој стои зад нападот во Собранието, 40,5 проценти изјавиле дека тоа е ВМРО-ДПМНЕ, 20 проценти изјавиле дека толпата влегла спонтано, 8,7 проценти сметаат дека упадот бил спроведен од странски служби, 4,6 проценти - СДСМ, а 25,4 проценти одговориле дека не знаат. Високи 81,3...

ВМРО-ДПМНЕ: Да веруваше Заев во анкетата на „Телма“ ќе излезеше на нови избори

СДСМ загуби на изборите, а народот му порача на аболираниот криминалец Зоран Заев дека нема да дозволи такви ликови да ја водат државата, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на вчерашната анкета која ја објави телевизија „Телма“. „Секогаш кога СДСМ е во паника прибегнува кон истите методи на лаги и манипулации. Доколку Заев барем малку веруваше во анкетите на ’Телма’ и во порастот...

Се топи разликата, но ВМРО-ДПМНЕ сè уште води пред СДСМ, покажа анкетата на „Телма“

Разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ е 3,9 отсто во корист на владејачката партија, покажа анкетата што ја нарача телевизија „Телма“, а ја спроведоа Институтот за демократија „Социетас цивилис“ и МЦМС, преку агенцијата „М проспект“. Истата анкета, кај албанскиот блок констатирала 3,3 отсто предност во полза на ДУИ, во однос на ДПА. Новата анкета, која е направена според изборни единици и...

Разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ е 4,8 отсто, покажа анкетата на „Телма“

Разликата меѓу најголемите македонски политички партии изнесува 4,8 отсто, покажа анкетата што ја нарача телевизија „Телма“, а ја спроведоа Институтот за демократија „Социетас цивилис“ и МЦМС. Доколку утре се одржат избори, за ВМРО-ДПМНЕ би гласале 23,7 отсто од гласачите, за СДСМ - 18,9 отсто, за ДУИ - 6,2 отсто, за ДПА - 3,3 отсто, за Беса - 1,2 отсто, додека за други партии...

Новинар на „Телма“ нападнат пред зградата на МВР

Новинарот на телевизијата „Телма“, Павле Беловски, вечерва бил физички нападнат од непознато лице пред зградата на Министерството за внатрешни работи (МВР), непосредно пред да се вклучи во живо во последното издание на вестите, јави телевизијата. Напаѓачот му се доближил на новинарот и почнал да го удира со тупаници. Новинарот не бил повреден, а неколкумина полицајци кои биле во близина, веднаш...

„Телма“ е згрозена од нападите од сите страни

Телевизија „Телма“ е згрозена од тенденциозните шпекулации изнесени во соопштенијата на ЗНМ и опозициските портали како и владините портали и обидот ситуацијата мотивирана од финансиски причини да добие политички контекст. „Притоа провладините портали го обвинија менаџментот на „Телма“ дека наводно брка новинари кои одбиваат да работат под диктат на СДСМ. ЗНМ обвинува дека „Телма“ наводно планира да отпушти критички настроени...

ЗНМ: Менаџментот на „Телма“ смислено ја чисти телевизијата од критички новинари

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) изразува загриженост за последните случувања во телевизија „Телма“. Бркањето на 12 искусни и познати новинари претставува сериозно кршење на социјалните права на новинарите и понатамошно влошување на состојбата со слободата на медиумите - велат од ЗНМ. „Тврдењата на менаџментот на телевизијата дека укинувањето на работни места се прави поради лошата економска состојба на компанијата се неуверливи. Компанија која има проблем...

„Телма“ ќе разгледа дали има можности да се задржат новинарите на работа

Раководството на „Телма“ и синдикатот на телевизијата се договориле да се разгледаат сите можности со кои не би имало потреба од отпуштање на вработени, било одлучено на попладневната средба, изјави новинарката Виолета Зајкова, синдикален претставник. - Се договоривме да се види дали на овие луѓе може да им се најде друго работно место во телевизијата, да се види дали оние што се...

ССНМ и ЗНМ чекаат средба во „Телма“ за да изреагираат

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) се уште нема никаква официјална информација за отпуштањето на новинари во телевизијата „Телма“. Од ССНМ велат дека не биле консултирани за одлуката со која за технолошки вишок се прогласени 12 новинари и најавуваат средба со директорот и главен уредник на телевизијата Атанас Кировски. Неофицијално, Синдикатот ќе бара на овие луѓе да им биде понудено...

СДСМ: Менаџментот на телевизија „Телма“ да ја преиспита својата одлука

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија со голема загриженост ја прими веста дека 12 вработени во телевизија „Телма“ се прогласени за технолошки вишок, со одлука на менаџментот на овој медиум - се вели во соопштението на СДСМ. Понатаму се додава дека „менаџментот на телевизијата, како раководство на угледен, релевантен и респектабилен медиум, треба да се произнесе и во детали да ја објасни причината...

„Телма“: Не им се е приклучивме на „Алфа“, „Канал 5“, „Сител“ и на „Алсат“ оти уште се преговара

Сметавме дека не треба да се приклучиме на протестот на националните телевизии затоа што официјално сè уште се водат преговори и се надеваме дека измените во законот ќе бидат поволни за медиумите, е одговорот на директорот и главниот и одговорен уредник на телевизија „Телма“, Атанас Кировски, на прашањето зошто телевизијата не стои зад соопштението на Асоцијацијата на електронски медиуми. Инаку...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...