fbpx
Таг: телевизија 24

таг: телевизија 24

Советот на ААВМУ едногласно го отфрли барањето да се одземе лиценцата на ТВ „24 Вести“

Едногласно, иако претходно имаше одредени дилеми кај некои членови, Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) на денешната седница го одби барањето од „Канал 77“ да се одземе лиценцата на телевизијата „24 Вести“. Прифаќајќи ја информацијата од стручните служби, Советот го отфрли барањето на предлагачот, чиј идентитет се криеше до самиот крај на решавањето за оваа точка...

ААВМУ поведе прекршочни постапки против ТВ „Нова“, „Алсат-М“ и „Телевизија 24“

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) поведе прекршочни постапки против „ТВ Нова“, „Алсат-М“ и „Телевизија 24“. Постапките, како што соопштија од Агенцијата, се поведени врз основа на извештаите од надзорот на медиумското известување за изборните, а во согласнот со Изборниот законик. ААВМУ повела прекршочна постапка против „ТВ Нова“ и „Алсат-М“ поради надминување на лимитот за платено политичко рекламирање, додека постапката...

Повторно нападната новинарската екипа на ТВ24 на протестот „За заедничка Македонија“

Екипата на „Телевизија 24“ вечерва повторно била нападната на протестот „За заедничка Македонија“. Како што соопштија од телевизијата, нивниот новинар и снимател биле туркани и влечени додека професионално си ја извршувале работата. Новинарот Христијан Баневски, кој секојдневно ги следи протестите, вели дека режисерот Борис Дамовски, кој е еден од организаторите на протестот „За заедничка Македонија“, пред да почне туркањето саркастично...

Новинар на ТВ 24 доби удар со стап од знаме на протестот во Скопје

Новинарот Христијан Баневски вечерва бил удрен по глава со стап од знаме на протестот на „За заедничка Македонија“ во Скопје. За инцидентот информираше Телевизијата 24, која извести дека Баневски бил првин вербално нападнат, а потоа го добил ударот по глава. - На денешниот протест екипата на Телевизија 24 повторно беше вербално, но и физички нападната, кога еден од подржувачите со...

Убиецот зад кочанскиот фемицид доби доживотна казна

Лицето кое ја уби 46-годишната Танкица Маладеновска во Кочани на 25 септември доби доживотна затворска казна, соопшти Јавното обвинителство. Основниот суд во Кочани донесе пресуда за злосторникот за кривичното дело...