fbpx
Таг: техничка влада

таг: техничка влада

Агим Нухиу нов министер за внатрешни работи, по Пржинскиот договор смени и во другите министерства

Откако ДИК ги соопшти официјалните конечни резултати од предвремените парламентарни избори, денеска се вршат и министерските смени во техничката влада во согласност со Пржинскиот договор. Досегашниот министер за внатрешни работи Наќе Чулев денеска официјално му ја примопредаде должноста министер за внатрешни работи на Агим Нухиу, кој како кадар на ДУИ досега беше заменик министер на МВР. Во согласност со постоечките...

Министерски смени ќе следат по објавувањето на конечните изборни резултати од ДИК

Откако Државната изборна комисија (ДИК) ќе ги објави конечните резултати од предвремените парламентарни избори, во актуелната техничка влада треба да следуваат министерски смени во согласност со Пржинскиот договор. Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев штом се соопштат конечните резултати ќе мора да си замине од оваа функција, заедно со дополнителната заменик министерка Славјанка Петровска. До изборот на новата влада,...

Порталб: Се дозволуваат верски манифестации, а не се овозможуваат избори што ќе ѝ помогнат на земјата

Во Северна Македонија се дозволуваат верски манифестации, се очекува утре да почнат со работа кафулињата и другите угостителски објекти, а не се овозможува граѓаните да излезат на избори. Изборниот процес ќе ѝ помогне на државата во решавањето на многу постапки што се во застој, односно државата да чекори по евро-атлантскиот пат, пишува Порталб.мк. Според аналитичарите, на земјава ѝ се потребни...

Спасовски побара од Собранието да ја разреши министерката Мизрахи

Техничкиот премиер Оливер Спасовски побара од пратениците во Собранието да ја разрешат техничката министерка за труд и социјална политика Рашела Мизрахи, информираат од владата. Предлогот на премиерот утрово бил доставен до собраниските служби и истиот треба да биде ставен на дневен ред на следната седница. - За сѐ може да има компромис, но, за непочитување на Уставот нема компромиси. Ако...

Новиот владин кабинет примен од претседателот Стево Пендаровски

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, вечерва во својата резиденција на Водно ги прими членовите на новиот состав на преодната Влада за спроведување на избори на пратеници. Пендаровски честитајќи им го изборот на новите министри, изрази очекување „во овие историски моменти за нашата држава, кога треба да се заокружи полноправното членство во НАТО и да се одреди датум за...

Едногласно избрана техничката влада

Со сите гласови „за“ вечерва во Собранието на Република Македонија беше избрана новата преодна, техничка влада, која треба да спроведе слободни, фер и демократски избори. “За” гласаа 101 пратеници, немаше ниту еден глас против, ниту пак воздржан. Во 18 часот ќе биде одржана и седницата на која ќе бидат избрани и дополнителните заменици министри, додека членовите на владата во 18.30 ќе...

Пендаровски му го врачи мандатот за состав на преодна влада на Оливер Спасовски

Претседателот Стево Пендаровски, попладнево во претседателската вила на Водно му го врачи мандатот за составување преодна влада на Оливер Спасовски. - Врз основа на член 84 алинеа прва од Уставот на Република Северна Македонија, а во согласност со член 43 од Законот за Владата на Република Македонија и предлогот на најголемата политичка партија што го формира владиното мнозинство, за мандатор...

Собранието ја констатираше оставката на Заев

Собранието на попладневната седница ја констатираше оставката на премиерот Зоран Заев. Тој утрово ја потпиша и ја достави оставката од премиерската функција, но не беше присутен на седницата во парламентот. Беше константирана и оставката на пратеничката Невенка Стаменковска - Стојкоски, која заминува на позицијата технички министер за информатичко општество и администрација од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. По ова, се очекува во 13.45...

Пендаровски во 13.45 часот ќе му го врачи мандатот на Оливер Спасовски

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска во 13.45 часот, ќе му го врачи мандатот на Оливер Спасовски за состав на преодна Влада за спроведување на избори на пратеници, соопштија од кабинетот на шефот на државата.

Собранието денеска треба да ја избере техничката влада

Според Пржинскиот договор од 2015 година, денеска, на 100 дена пред договорениот датум меѓу власта и опозицијата, премиерот Зоран Заев треба да поднесе оставка, со што ќе почне постапката за формирање на техничка влада, која треба да спроведе слободни, фер и демократски избори. Собраниската седница треба да се одржи пред полноќ, за да може новата влада од утре да почне...

Владата денеска очекува нов предлог од ВМРО-ДПМНЕ за технички министер за внатрешни работи

Владата останува на ставот дека предложениот технички министер за внатрешни работи Драган Ковачки е противуставно решение, и од тука очекува нов предлог од ВМРО-ДПМНЕ денеска. Тоа би било предуслов за од утре Оливер Спасовски да ја преземе функцијата премиер на техничката влада пред одржувањето на изборите. Спасовски вчера изрази верување дека опозицијата ќе предложи нов кандидат кој ќе го раководи Министерството...

ВМРО – ДПМНЕ ги објави предлозите за министри и заменици во техничката влада

Покрај веќе познатиот предлог за Драган Ковачки за технички министер за внатрешни работи, опозициската партија ВМРО - ДПМНЕ денеска излезе со имињата и на другите министри и заменици што планира да ги внесе во претстојната техничка влада. За технички министер за труд и социјална политика е предложена Рашела Мизрахи, доктор на науки по биохемија, која што не била активна...

Изборите нема да ја одложат реализацијата на инфраструктурните проекти

Формирањето на техничката влада на 3 јануари, одржувањето на предвремените парламентарни избори и пост-изборните договарања за новата извршна власт ќе одземат најмалку пет месеци од 2020 година. И покрај ваквата преокупација со политика во најава, државните власти тврдат дека претстојните избори нема да влијаат на одложување на најавените инфраструктурни проекти што треба да почнат да се градат, ниту пак...

ВМРО-ДПМНЕ: Оставки на Заев, Спасовски и Царовска за фер предвремени избори

На вчерашната седница на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ биле прифатени предлозите на претседателот на партијата Христијан Мицкоски за формирање Анкетна комисија во Собранието која би ги истражувала нерегуларностите и неправилностите на референдумот, како и барање за разрешување на Јавниот обвинител, Љубомир Јовески. Како што информираше ноќеска потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, жа пратеничката група е единствена во ставот дека не...

Заев: Го прифативме барањето на ВМРО-ДПМНЕ за техничка влада пред секои идни избори

По шест часа преговарање за време на лидерската средба во Клубот на пратениците, премиерот Зоран Заев рече дека го прифатиле барањето на ВМРО-ДПМНЕ за техничка влада пред секои следни избори и дека дополнително треба да се договорат за референдумот. - За овие три лидерски средби требаа многу нерви, трпение и лидерство. Се договоривме денеска да заврши лидерската средба, а каков...

ИК на ВМРО-ДПМНЕ: Да се почитува законот што предвидува недвосмислени прашања

Во врска со формулацијата на референдумското прашање, ИК на ВМРО-ДПМНЕ смета дека за да се согледа јасно волјата на граѓаните, мора да се почитува законот што предвидува недвосмислени прашања, било заклучено на синоќешниот состанок на Извршен комитет на партијата. „ИК му даде целосна и недвосмислена поддршка на партискиот лидер Христијан Мицкоски да ги застапува ставовите на партијата во натамошниот тек на...

Заев: Може да разговараме и за предвремени избори, а можна е и лидерска средба

Заслужува внимание барањето на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори пред да се разговара за членството во НАТО и ЕУ, ако тоа гарантира успешен референдумски процес, рече премиерот Зоран Заев денеска, на свеченоста за почеток на градежните работи на фабриката на американската компанија „Дура“ во Бунарџик. - Кога? После една година? Во секој случај вредно е за внимание кога опозицијата...

Рама: Не сме во криза како некои соседни земји, па да се бара техничка влада

Откако тричасовните преговори меѓу него и претседателот на Демократската партија, Љуљзим Баша, вчеравечер завршија неуспешно, денеска премиерот на Албанија и претседател на Социјалистичката партија, Еди Рама, на прес-конференција кажа дека опозицијата не може да бара техничка влада, бидејќи ситуацијата не е „како во некои соседни земји“. - На Демократската партија ѝ дадовме систем за да ги контролира сите државни структури...

Пропаднаа преговорите меѓу власта и опозицијата во Албанија, посредувани од ЕП

Преговорите меѓу власта и опозацијата во Албанија, посредувани од европарламентарците Кнут Флекенштајн и Дејвид Мекалистер, не успеаја да донесат никакви резултати, јавува дописникот на „Мета“ од Тирана. Опозицијата, предводена од Љуљзим Баша, смета дека критериумите за техничка влада не треба да бидат предмет на преговори. Разговорите на двајцата европратеници со претставниците на власта и на опозацијата траеја нeколку часа. Извори...

Баша повика на граѓанска непослушност и на блокирање на патишта

Претседателот на албанската Демократска партија, Љуљзим Баша, вчера повика на засилување на протестите против власта и за денеска најави блокада на главните патишта, притоа критикувајќи ја полицијата што не издала дозвола за протестите. Баша рече дека сите полицајци што ќе се обидат да ги сопрат демонстрантите, ќе бидат снимани и со дронови и од тлото. Во текот на кампањата во...

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...