fbpx
Таг: Тамара

таг: Тамара

Тамара Тодевска повторно е сама

Тамара Тодевска ја раскинала свршувачката со кошаркарот Александар Димитровски-Мачка и свадбата е откажана, пренесува порталот „За забава“, повикувајќи се на извори блиски до двојката. Тамара пред неколку дена се иселила од заедничкиот дом, каде живеела со Александар, и се вратила кај мајка ѝ. Пејачката во септември минатата есен ја изненади јавноста со својата неочекувана свршувачка, со оглед на тоа што никој не...

Парите за панорамското тркало може да спасат 516 Тамари

Панорамското тркало што ќе биде поставено на мост на реката Вардар, ќе чини 956 милиони денари, односно речиси 15,55 милиони евра. Оваа сума од 15,5 милиони евра е половина од парите за кои се задолжи Владата пред два дена во вредност од 33 милиони евра и со неа можеа да се спасат 516 Тамари и да се платат оштети за...

Тамара да добие член во Законот!

„Членот на Тамара“, со кој ќе се штитат сите понатамошни случаи на деца и на луѓе што заболеле од ретка болест или, пак, имаат итни здравствени проблеми, предлага Огнен Јанески, новинар и активист. Тој оваа идеја првпат ја кажа на протестот за Тамара што се одржа во саботата во Велес. Јанески вели дека на овој начин Тамара ќе остане запаметена, а и...

Велешани вторпат побараа оставка од Никола Тодоров

Околу 200 велешани се собраа денеска во Младинскиот парк да го искажат својот револт кон министерот за здравство, Никола Тодоров, поради смртта на деветгодишната Тамара Димовска. Граѓаните побараа оставка од Тодоров за смртта на малото девојче, но и за сите други проблеми во здравството. Димче Велев, еден од организаторите на протестот, вели дека Тодоров е единствениот виновник за смртта на Тамара. -...

Протест за Тамара во Велес

Денеска во 12 часот во Младинскиот парк во Велес треба да започне протестот за смртта на малата Тамара Димовска. Нејзините сограѓани по втор пат ќе излезат за да побараа оставка од министерот за здравство Никола Тодоров. Протест за Тамара во Велес требаше да се одржи и минатата недела, но поради големиот медиумски притисок и обвинувањата кон семејството и кон...

В сабота протест за Тамара во Велес

В сабота, во 12 часот, во Младинскиот парк во Велес ќе се одржи нов протест поради смртта на Тамара, на кој ќе се бара оставка од министерот за здравство, Никола Тодоров. Протест требаше да се одржи во неделата, но организаторите го откажаа поради големиот медиумски притисок и обвинувањата кон семејството и кон мајката на Тамара. - Протестот ќе биде на едно...

Протестот за Тамара откажан поради партиски притисоци

Поради големиот медиумски притисок и обвинувањата кон семејството и кон мајката на Тамара, организаторите го откажаа протестот за Тамара во Велес закажан за вчера. Како што пишува на страницата на социјалната мрежа „Фејсбук“, „После монструмските напади од разно-разни владини (не)луѓе. После, денешните текстови кои ги читаме сите, а се преполни со обвинување кон мајката на Тамара, кон нејзините родители, протест...

Тодоров: Сè што имав, кажав за случајот на малата Тамара

Министерот за здравство, Никола Тодоров, денеска изјави дека бил пред Министерството за здравство за време на протестот и го слушнал тоа што го кажале демонстрантите. Тој вели дека кажал сè што имал да каже за случајот на малата Тамара.

„Нова“: Наодот на Тамара е изваден од контекст

Извадени се од контекст деталите од извештајот од обдукцијата на Тамара Димовска, тврдат за „Нова“ од Институтот за судска медицина. Експертите велат дека тие ја навеле бронхопневмонијата како непосредна причина за смрт, но кој е условот и поводот што довел до оваа болест и до смрт, ќе биде предмет на понатамошната истрага. - Ние ја дадовме непосредната причина за смрт, а тоа е бронхопневмонија....

Лекарите ја бранат Парнаџиева, за оставката ќе пресече Владата

Здружението на приватни лекари на Македонија не се согласува со одлуката на Маја Парнаџиева-Змејкова,  директорката на Фондот за здравствено осигурување, која денеска поднесе оставка. Тие велат дека со нејзиното повлекување, ќе настанат сериозни последици во примарното здравство, но, сепак, крајниот збор ќе го има Владата, која ќе одлучи дали ќе им ги прифати оставките на двајцата директори на Фондот...

Дали Парнаџиева и Мехази ќе повлечат други оставки?

Директорите на ФЗО, Маја Парнаџиева-Змејкова и Џемили Мехази, денеска си поднесоа оставка од функциите, едниот пред, а другиот по протестот за Тамара. И двајцата се избрани државни функционери, што значи дека нив ги назначува Vладата и таа ги разрешува. Оттаму, Владата на седница треба да одлучи дали ќе им ги прифати оставките. Ако се оди според плакатите што граѓаните ги носеа на...

Мајката на Тамара: Сите ќе ве стигне божјата правда

Со солзи во очите и со црвени картони во рацете, родителите на малата Тамара Димовска денеска ја предводеа колоната од неколку стотици граѓани кои бараа одговорните за смртта на девојчето да си поднесат оставка. Протестниот марш почна точно напладне пред зградата на Фондот за здравствено осигурување, од каде што ечеше звук на срце кое престанува да работи. На присутните им се...

Тамара починала од бронхопневмонија

По извршената обдукција на телото на починатата Тамара Димовска, Институтот за судска медицина потврди дека причината за нејзината смрт е бронхопневмонија. „Во извештајот од обдукцијата, утврдено е дека причината за смртта не е сколиоза, туку бронхопневмонија, односно акутно воспаление на респираторните органи, а утврдено е и присуство на емфизем во белите дробови“, се вели во денешното соопштение од Државниот санитарен и здравствен...

Денеска напладне протестен марш за Тамара

Денеска, во 12 часот, пред Фондот за здравствено осигурување ќе почне голем протестен марш насловен „Црвен картон за министерот за здравство, Никола Тодоров“. Крајна цел на маршот ќе биде Министерството за здравство, каде што сите присутни ќе побараат оставки од Тодоров и од дриректорите на Фондот за здравствено осигурување, Маја Парнаџиева-Змејкова и Џемали Мехази, оставки од членовите во Управниот одбор,...

Утре протестен марш за Тамара

Утре, точно напладне, пред Фондот за здравствено осигурување ќе почне голем протестен марш насловен „Црвен картон за министерот за здравство, Никола Тодоров“. Крајна цел на маршот ќе биде Министерството за здравство, каде што сите присутни ќе побараат оставки од Тодоров и од дриректорите на Фондот за здравствено осигурување, Маја Парнаџиева-Змејкова и Џемали Мехази, оставки од членовите во Управниот одбор, како...

Хелсиншки поднесе тужба против Никола Тодоров

Хелсиншкиот комитет ги поднесе тужбите против министерот за здравство, Никола Тодоров, и двајцата директори на Фондот за здравствено осигурување, Маја Парнаџиева-Змејковска и Џемали Мехази, за несовесно работење во случајот на малата Тамара Димовска. До велешкото обвинителство, најдоцна до утре, треба да бидат доставени резултатите од обдукцијата на телото на Тамара, која почина на 9 февруари, денот кога Фондот требаше да...

Со молк и со бели маски на лицето, „Ајде“ го искажа револтот за смртта на Тамара

Облечени во црно, со молк и со бели маски на лицата, граѓаните од здружението „Ајде“ денеска маршираа од Старата скопска чаршија до Министерството за здравство. Маските на лицата ја симболизираа безличноста и беспомошноста на граѓанинот пред институциите, а нивниот молкот - игнорантскиот однос на институциите кон граѓаните. Организаторите пред објектот на Mинистерството пуштија звук на отчукување на срце што престанува да работи...

Протест за Тамара и црвен картон за Тодоров на 24 февруари

Во вторник, 24 февруари, точно напладне, граѓаните ќе маршираат за да го искажат својот револт за смртта на малата Тамара Димовска од Велес. Маршот ќе почне пред Фондот за здравствено осигурување, а ќе заврши кај Министерството за здравство. Присутните ќе повикуваат на одговорност за смртта на Тамара, која почина чекајќи го решението од ФЗО за да замине на операција во Турција. Протестот...

Информативна пролет со „Твитер“ и со „Јутјуб“ во Македонија

Студентските маршови и протести, „бомбата“ на Заев и сега „контра-бомбата“ на Анонимусите и случајот со малата Тамара од Велес се темите за кои социјалните мрежи зовреа. За разлика од твитер-заедницата, која неуморно твиташе и споделуваше информации на овие теми, традиционалните медиуми парцијално ги пренесоа или целосно ги игнорираа. Тие полека ја губат битката со времето, па информациите им доцнат и...

Протест за Тамара: Кога системот убива дете, што останува како утеха?

Неколку стотини граѓани денеска под мотото „Секое наше дете е Тамара“ се собраа во Младинскиот парк во Велес за да го изразат револтот и да побараат одговорност за здравствените власти за смртта на деветгодишната Тамара Димовска, која боледуваше од сколиоза и почина чекајќи одобрение за седмата операција. - Денеска се собравме повторно предизвикани од човечка грешка! Се собравме да се...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...