fbpx
Таг: талибанци

таг: талибанци

ОН: Производството на опиум во Авганистан е зголемено за 43 отсто

Производството на опиум во Авганистан во изминатата година се зголемило за 43 отсто, соопшти Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал (УНОДК), пренесува „Би-би-си“. Според податоците на УНОДК, земјоделските површини на кои се одгледува афион, растението од кое се добива опиумот, се зголемени за 10 отсто и се простираат на површина од 201.000 хектари. Авганистан е најголем светски производител на...

Талибанците извеле координирани напади на Кундуз

Талибанските бунтовници во Авганистан извеле координирани напади во градот Кундуз, на североистокот на земјата, соопштија денеска авганистанските власти. Локалните власти наведоа дека талибанците утринава го нападнале Кундуз од повеќе правци и оти авганистанската војска возвратила на нападот и успеала да ги потисне бунтовничките сили. Како што изјавуваат полициски извори од Кундуз, на периферијата на градот се водат жестоки борби меѓу талибанците...

Нов напад во Кабул, најмалку еден загинат

Најмалку еден цивил загинал во вооружен напад на канцелариите на меѓународна хуманитарна организација во центарот на главниот град на Авганистан, Кабул, јавува „Би-би-си“. Пукањето почнало кога четири вооружени лица влегле во зградата на хуманитарната организација „Кер“ (Care). На престрелката ѝ претходела експлозија на автомобил бомба, во близина на зградата. Сите напаѓачи, како што пренесува „Би-би-си“, се убиени, а засега никој не...

Најмалку 24 загинати во двоен бомбашки напад во Кабул

Најмалку 24 лица загинале, а 91 се повредени во двоен бомбашки напад, кој денеска се случил во Кабул, во близина на министерството за одбрана на Авагнистан, јавува Би-би-си“. Првата бомба била активирана од далечина, а по кратко време бомбаш-самоубиец ја детонирал другата експлозивна направа, соопштиле од авганистанското министерство за одбрана за „Би-би-си“. Одговорноста за нападот ја презеле талибанците, кои стојат и...

Талибанците напредуваат на северот на Авганистан

Талибанците, кои се обидуваат да ги потиснат НАТО силите од Авганистан, после неколку дневни борби освоија клучна област во северната провинција Багхлан. Борбите ескалираа во Авганистан, откако талибанските бунтовници од своите упоришта на југот и на истокот на земјата тргнаа во офанзива во мирниот северен дел. Иако имаат поддршка од американските и авганистанските воздушни сили, владините трупи, според полициски претставник во...

Авганистан не планира продолжување на преговорите со талибанците

Авганистан, Пакистан, Кина и САД не планираат да ги продолжат мировните преговори со талибанците откако претходните состаноци не дадоа резултати, соопштија авганистанските претставници. Портпаролот на авганистанскиот претседател, Ашраф Гани, рече дека не постои план за заживување на мировниот процес, кој тежнееше да ги доведе талибанските лидери на преговарачка маса. Претставниците нагласуваат дека нов состанок не е закажан. Група претставници на четирите земји се...

Талибанци киднапирале десетици патници

Авганистанските талибанци денеска пресретнале конвој автобуси и автомобили и киднапирале 66 патници, соопштија авганистанските власти. Талибанците подоцна соопштија дека задржале 27 лица, а другите ги ослободиле. Нападот се случил во провинцијата Хелманд. Претставникот на провинцијата, Абдул Гафур Тохи, изјави дека талибанците запреле два автобуса и уште околу 15 други возила, ги претресле, што би значело дека барале некого или нешто. Автобусите со цивили...

Авганистан: 14 загинати во самоубиствен напад во Кабул

Четиринаесет лица денеска загинаа, а осум се повредени во самоубиствен бомбашки напад во Кабул, соопшти авганистанското министерство за внатрешни работи. Како што се наведува во соопштението на авганистанското МВР, цел на нападот бил минибус кој превезувал непалски државјани, кои работеле за американска служба за обезбедување. Авганистанските талибанци ја презедоа одговорноста на нападот, кој се случува за време на светиот муслимански месец Рамазан.

Талибанците во Авганистан убиле 16 лица

Талибанци убиле најмалку 16 лица, а десетина ги земале за заложници на северот на Авганистан, соопштија локалните власти. Бунтовниците застанале повеќе автобуси и им наредиле на патниците да излезат, изјавија од полицијата во провинцијата Кундуз. Како што се наведува, талибанците потоа убиле 16 патници, некои ги пуштиле, а некои ги киднапирале. Ова е прв ваков напад од именувањето на новиот водач на...

Талибанците именуваа нов лидер

Авганистанските талибанци денеска соопштија дека нивен нов лидер е Мавлави Хајбатула Акунџада, на местото на Мула Актар Мансур кој беше убиен во напад со дрон од страна на армијата на САД. Како што пренесува „Би-би-си“, засега малку се знае за политиката и правецот кон кој новиот лидер ќе ги води талибанците, но според аналитичарите станува збор за, не толку контроверзен...

Убиен лидерот на авганистанските талибанци во напад на американски дрон

Водачот на авганистанските талибанци, Мула Актар Мансур е убиен во напад на американско безпилотно летало. Смртта на Мансур, како што јавуваат светските агенции, денеска ја потврдил и талибанскиот командант Мула Абдул Рауф, кој рекол дека водачот бил убиен во петокот вечерта во погранична област меѓу Авганистан и Пакистан. Неименуван службеник на САД, синоќа соопштил дека лидерот на талибанците најверојатно е...

Авганистан го повика Пакистан на борба против талибанците

Авганистанскиот претседател Ашраф Гани го повика Пакистан да се бори против талибанците наместо да ги повикува на мировни преговори. Гани ја даде изјавата пред авганистанскиот парламент, една недела откако талибанците во Кабул убија 64 лица, а ранија повеќе од 340. Тој, исто така, рече дека Исламабад треба да почне воена операција против талибанците чии лидери се наоѓаат во Пакистан и кои им...

Повеќемина убиени и повеќе од 200 повредени во бомбашки напад во Кабул

Неколку лица се убиени, а повеќе од 200 се повредени во силна експлозија што утрово одекнала во главниот град на Авганистан, Кабул, јавува „Би-би-си“, повикувајќи се на официјални информации на авганистанските власти. Министерот за внатрешни работи на Авганистан, Седик Седики, изјавил дека станува збор за самоубиствен бомбашки напад, во кој било детонирано возило со експлозив, предизвикувајќи силна експлозија. Во реонот...

Талибанците најавија офанзива

Авганистанските талибанци утринава објавија почеток на својата „пролетна офанзива“, која ја нарекле „Операција Омар“ во знак на основачот на движењето, мулата Омар. Тие во соопштението предупредија дека ќе „изведат напади од големи размери на непријателски позиции во земјата“. Талибанците најавуваат „долга и крвава“ офанзива за годинава и наведуваат дека џихад против американските напаѓачи е „света обврска“. Офанзивата почнува во момент кога владата во...

Расте бројот на загинатите во Лахорe – мета на нападот биле христијаните

Бројот на загинатите во самоубиствениот бомбашки напад во близина на градскиот парк во пакистанскиот град Лахорe се искачи на 65 лица, јавуваат локалните медиуми. Бројот на повредените, според последните информации достигна 300. Сепак, властите проценуваат дека ќе растат бројките на загинатите и повредените. Експлозијата одекнала во паркинг зоната, во близина на влезната капија на паркот „Гулшан ел Икбал“, во непосредна...

Авганистанските власти очекуваат продолжување на мировните преговори

Властите во Кабул се надеваат дека до крајот на месецот ќе биде одреден датум за обнова на преговорите со талибанците, изјави денеска авганистанскиот министер за надворешни работи, Салахудин Рабани, на почеток на состанокот со претставниците на четирите земји на кој се очекува повторно покренување на мировниот процес. На состанокот учествуваат претставници на САД, Кина, Авганистан и на Пакистан, но не...

Во бомбашки напад во Кабул загинаа 20 лица

Најмалку 20 лица се убиени во напад на талибански бомбаш-самоубиец на полициската база во западниот дел на Кабул, соопшти авганистанското министерство за внатрешни работи. „Како резултат на терористички напад, 20 луѓе загинаа, а 29 се повредени“, се наведува во соопштението. Бомбашот-самоубиец ја активирал бомбата додека чекал ред да влезе во канцеларијата на полицијата. Авганистанската престолнина во текот на јануари ја потресоа серија...

Талибанците најавуваат напади на школи во Пакистан

Талибанската фракција одговорна за масакрот на Универзитетот „Бача Кан“, на северозападот на Пакистан, денеска објави видеопорака во која се најавува дека ќе ги целат школи во земјата, нарекувајќи ги „расадници“ на лица кои го доведуваат во прашање законот на Алах. Во видеозаписот, кој брзо се ширеше преку „Фејсбук“, е прикажан Халиф Омер Мансур, чија фракција ја презеде одговорноста за нападот на...

Талибанците негираат дека стојат зад нападот во Пакистан

Портпаролот на пакистанските талибанци, Мухамад Корасани, негираше дека милитантната организација стои зад нападот на Универзитетот „Бача Кан“, на северозападот на земјата, во кој загинаа 21 лице, а ранети се околу 60. Изјавата доаѓа откако еден командант на талибанците изјави дека четворица негови борци го нападнале универзитетот. Пакистанската полиција соопшти дека нападот е завршен и оти убиени се четворица напаѓачи.

Талибанците ослободија Канаѓанец по пет години заложништво

Канаѓанецот Колин Рутерфорд, кого талибанците го киднапираа во Авганистан пред пет години, е ослободен, соопштија денеска канадските власти. Началникот на авганистанската полиција, Аминулах Амаркил, рече дека киднапираниот вчера е пуштен на слобода во провинцијата Газни, се наведува во соопштението. Рутерфорд е киднапиран во ноември 2010 година во Авганистан, каде престојувал како турист, но беше обвинет за шпионажа. Канадската амбасада во Кабул не...

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да го остварат 2.147 гласачи. Сите гласачки места во казнено поправните установи се отворени утрово во 7...