fbpx
Таг: Талат Џафери

таг: Талат Џафери

Избори 2024: ВМРО-ДПМНЕ ќе ги соопшти имињата на министрите, Џафери ќе ги објави оставките

На седница на Извршниот комитет вечерва, се очекува ВМРО-ДПМНЕ да ги соопшти имињата на министрите за внатрешни работи и за труд и социјална политика и на дополнителните заменици министри за финансии, за информатичко општество и администрација и за земјоделство, шумарство и водостопанство, кои ќе бидат дел од техничката влада. Пратеничката и заменик координаторка на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, синоќа во емисијата...

Контраспин: Како СДСМ мисли да биде избрана привремена влада без двајца министри?

Ставот на ВМРО-ДПМНЕ за неподршка на привремената влада на Талат Џафери е несериозен и тежок за разбирање, ама ставот на СДСМ дека во тој случај „местата во техничката Влада на ДПМНЕ треба да останат празни, а мандатарот да предложи Влада во која што тие места ќе бидат непополнети“ е спин, затоа што прво е незаконски и таква влада тешко...

Од 22 јануари почнуваат подготовките за техничката влада

Во пресрет на парламентарните и претседателски избори, од 22 до 28 јануари ќе почнат формалните подготовки за техничката Влада во Собранието, соопшти Кабинетот на претседателот на Парламентот по првата средба со координаторите на пратеничките групи. Во овие седум дена, треба да се констатира оставката на претседател на Влада и претседател на Собрание, да се избере нов претседател на Собрание, да...

ВМРО-ДПМНЕ на 11 јануари ќе разговара за кандидатите во техничката влада

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска информираше дека на 11 јануари ќе имаат состанок на извршниот и централниот комитет на партијата, на кој ќе се разговара за кандидатите за министри и заменици-министри во техничката влада која треба да ја води земјава од 28 јануари. Мицкоски денеска во одговорите пред новинарите не сакаше да прецизира за евентуални имиња на идните министри...

Предвремените избори на Мицкоски ги стасаа редовните, Џафери наскоро во „премиерскиот костум“

ВМРО-ДПМНЕ со години опсесивно бараше предвремени парламентарни избори сѐ до 20 октомври, кога партискиот лидер Христијан Мицкоски се помири дека ќе бидат во редовниот термин. Опозицијата бараше да нема техничка влада и премиер од ДУИ, ама си легна на „брашното“. Талат Џафери е сѐ поблиску до премиерското столче, извесно е дека тој ќе го замени премиерот Димитар Ковачевски во...

Сигналите од ВМРО-ДПМНЕ за учество во „техничката влада“ се недвосмислени

Повеќе сигнали од високи функционери и претставници на ВМРО-ДПМНЕ укажуваат дека партијата ќе учествува во преодната, „пржинска или техничка влада“. Тоа што органите на партијата допрва ќе решавале за тоа прашање може да биде или за политички маркетинг, дотолку повеќе што за технички премиер е веќе номиниран Талат Џафери, или заштита на претседателот на партијата Христијан Мицкоски, кој јавно...

Ковачевски ja повика ВМРО-ДПМНЕ да учествува во техничката влада

Премиерот Димитар Ковачевски денеска ја повика ВМРО-ДПМНЕ да учествува во техничката влада, која треба да профункционира од 28 јануари 2024 година. Тој ја потсети опозициската партија дека учеството во техничката влада е законска обврска согласно Законот за влада и Изборниот законик и предупреди дека неучеството на опозицијата во техничката влада може да фрли дамка врз изборниот процес. „Од партијата ВМРО-ДПМНЕ треба...

Јован Митрески ќе биде предложен за Претседател на Собранието, ВМРО-ДПМНЕ ќе одлучува дали ќе биде дел од техничката влада

Јован Митрески ќе биде предложен за Претседател на Собранието, изјави денеска Даниела Маркоска, пратеничка на СДСМ. Таа информира дека претседателот Димитар Ковачевски, за утре закажал состанок на раководството на партијата, на кој се очекува Митрески да биде предложен за Претседател на Собранието и потврден од страна на раководството и Извршниот одбор на СДСМ. Маркоска потврди дека владеачката партија се согласува...

ДУИ го избра Талат Џафери за технички премиер, ќе стапи на функција на 28 јануари

Актуелниот претседател на Собранието на РСМ, Талат Џафери ќе биде идниот технички премиер, кој ќе седне на чело на македонската влада на 28 јануари 2024 година. За ова попладнево информираше министерот за надворешни работи Бујар Османи, кој посочи дека Централното претседателство на ДУИ денеска одржало состанок. За шеф на Централниот изборен штаб на ДУИ за изборите 2024 година е избран...

Одбележан денешниот празник „Св. Климент Охридски“

Со низа на активности, денешниот државен празник 8 Декември - „Св. Климент Охридски“ беше одбележан во земјава од страна на властите. Централната манифестација се одржа во НУБ „Св.Климент Охридски“ во центарот на Скопје, а доделувањето на Наградата „Св.Климент Охридски“ беше организирана во македонското Собрание. Владина делегација, предводена од премиерот Димитар Ковачевски положи цвеќе и оддаде почит на патронот на македонската...

Џафери: Македонија од крајот на јануари со техничка влада пред изборите

Доколку 8 мај е прифатлив датум за одржување на вториот круг од претседателските избори и парламентарните избори, тогаш изборите би се распишале најдоцна на 28 февруари, а техничката влада би требало да се формира до 28 јануари, изјави денеска претседателот на Собранието Талат Џафери. Инаку, иако сè уште не е утврден точниот датум за изборите, партиите деновиве сè почесто 8...

Државниот врв со честитки за Денот на албанската азбука

Честитки по повод одбележувањето на 22 Ноември – Денот на албанската азбука, упати денеска државниот врв до припадниците на албанската етничка заедница во Македонија. Претседателот Стево Пендаровски испрати желби за мир, здравје, радост и благосостојба, но и желба „да ги потврдиме заедничките уверувања за солидарност и за рамноправност, како клучни за просперитетот на нашата заедничка татковина“. Пендаровски потсети дека пред 115...

Желјасков: Верувам ќе надвладее разумот и ќе се радуваме на вашите преговори со ЕУ

Веруваме дека разумот и политичката волја ќе надвладеат и уште оваа година ќе можеме да се радуваме на почетокот на преговорите со ЕУ. За нас е исклучително важно Република Северна Македонија и Албанија заеднички да се движат по тој пат, рече претседателот на Народното собрание на Република Бугарија, Росен Желјасков во изјава за медиумите по денешната средба со претседателот...

Џафери: До Нова година партиите да го договорат датумот за избори

Претседателот на Собранието, Талат Џафери им даде рок на политичките партии во Собранието до Нова година да го договорат датумот за избори. По овој рок, Џафери рече дека ќе мора да постапи согласно уставните обврски и да ги распише изборите. Тој денеска пред новинарите во селото Форино, кажа дека како претседател на Собранието е должен да го обезбеди времето кое...

Џафери: Претседателот на Собранието има право да ја прекине седницата

Откако опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска го обвини собранискиот спикер Талат Џафери дека спротивно на Деловникот ја одложил точката за гласање за уставните измени на собраниската седница, Џафери на прес-конференција одговори дека партијата ја дезинформира и манипулира јавноста. Претседателот на Собранието рече дека имал целосно право и се водел од неговата политичка проценка за одлуката да ја прекине седницата откако расправата беше...

Џафери: Европската идеја од пред 120 години е на дофат, време е за разум и одговорност

Претседателот на Собранието, Талат Џафери во своето денешно обраќање од Мечкин Камен во Крушево по повод одбележувањето на Денот на републиката - 2 Август порача дека европската идеја од пред 120 години од Крушевскиот манифест за слобода, обединување и просперитет веќе е на дофат. Граѓаните и политичките фактори во земјава се пред уште една голема и одлучувачка одлука за...

Злоупотребенa фотографија: Претседателката на ДКСК е сликана со сопругот, а не со синот на Џафери

Од медиумски објави поврзани со приватниот дел од животот на Ивановска, очигледно е дека човекот со кој е сликана на фотографијата прикажана во постот е нејзиниот сопруг, а не синот на претседателот на Собранието. Исто така, од Антикорупциската комисија излегоа со демант на тврдењата објавени на социјалните мрежи пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:   На социјалната...

Џафери на аудиенција кај Папата Франциск во Ватикан

Државно – црковна делегација предводена од претседателот на Собранието, Талат Џафери, ќе присуствува на молебен во базиликата „Сан Клементе” во Рим, каде што ќе положи венец на гробот на Св. Кирил и ќе положи цвеќе пред спомен - плочата на македонски јазик во чест на Св. Кирил во базиликата „Санта Марија Маџоре”. Традиционално, делегацијата присуствуваше и на аудиенција кај Папата...

Прва собраниска седница посветена исклучиво на унапредување на родовата еднаквост

Собранието, по повод Меѓународниот ден на жената 8.Март, ја одржува првата седница посветена исклучиво на унапредување на родовата еднаквост. Истовремено се одбележува и 20-годишнината од формирањето на Клубот на пратенички. На дневен ред е Информацијата за напредокот за родовите прашања во последните две децении во Република Северна Македонија. На седницата присуствуваат министерките и заменичките-министри во Владата, претставници од дипломатскиот кор,...

Контраспин: Џафери спинува – не е проблем роднинството туку (не)почитувањето на законите

Талат Џафери спинува кога вели дека сензацијата е затоа што тој е на висока функција и дека без оглед на тоа и неговото дете има право да конкурира и да добие работа (неспорно), а спинува и кога затворената постапка на Антикорупциска ја толкува како сè да било чисто. Во овој случај, интересот на јавноста е токму поради заштитата на...

Двете изборни среди училиштата ќе ги одработуваат на 18 мај и на 1 јуни

Основните училишта во текот на вчерашниот ден добиле известување од Министерството за образование и наука (МОН), дека деновите во кои ќе се одржат изборите, ќе треба да се одработат...