сабота, 6 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: Судски совет | 163 резултати

Судскиот совет на 8 ноември ќе одлучува за избор на претседател на Кривичниот суд

октомври 31, 2017

Судскиот совет за идната среда ја закажа „итната седница“ на која ќе биде разгледана оставката на в.д. претседателот на Основниот суд Скопje 1, Стојанче Рибарев. Според дневниот ред, на седницата ќе биде усвоена и конечната ранг-листа на кандидатите за претседател на Основниот суд Скопје 1, а ќе биде донесена и одлука за избор на претседател […]

Итната седница на Судскиот совет за оставката на Рибарев – следната недела

октомври 27, 2017

Судскиот совет сè уште не ја закажал итната седница по оставката на в.д. претседателот на Основниот суд Скопје 1, Стојанче Рибарев, а како што изјави претседателот на Советот, Зоран Караџовски, таа најверојатно нема да биде одржана денеска и ќе биде закажана од понеделник. Во врска со тоа какво ќе биде решението на Судскиот совет околу […]

Рибарев поднесе оставка од функцијата в.д. претседател на Кривичниот суд во Скопје

октомври 26, 2017

Судијата Стојанче Рибарев, актуелен в.д. претседател на Основниот суд Скопје 1, си поднесе оставка, потврдија од Судскиот совет. Како што соопштија оттаму, известувањето дека поднесува оставка Рибарев го доставил до Судскиот совет вчера. Пет дена претходно, тој испратил известување до Советот дека од истиот ден, односно 20 октомври, е на боледување и дека ќе го […]

СЈО да работи во рамки на ОЈО, предвидува стратегијата за реформи во правосудството

септември 11, 2017

Работната група за подготвување на стратегијата за реформи на правосудниот сектор во Македонија денеска во Охрид ја презентираше нејзината нацрт-верзија, според која треба да се изработат законски решенија за судовите, јавното обвинителство, јавните обвинители и за судскиот совет. Стратегијата за реформи во правосудството и акцискиот план предвидуваат подобрување на условите за работа на судиите, јавните обвинители, […]

Судовите од понеделник со ново работно време – од 7.30 до 15.30 часот

август 30, 2017

Судскиот совет на денешната седница донесе одлука работното време на судовите да почнува во 7.30 часот и да завршува во 15.30 часот, наместо како што бешедосега, од 8.30 до 16.30 часот. Новото работно време на судовоте ќе почне да се применува од понеделник, 4 септември, според одлуката на Владата за промена на работното време на администрацијата. […]

Судскиот совет им го одзеде имунитетот на петмина судии обвинети од СЈО

август 17, 2017

Судскиот совет на денешната седница, затворена за јавност, донел одлука за одземање на имунитетот на судии. Од Советот не соопштуваат кои се судиите и од кои судови доаѓаат, но како што пренесуваат дел од медиумите, станува збор за петмина судии, обвинети во случајот „Титаник 2“ на Специјалното јавно обвинителство. Според информациите во медиумите, станува збор […]

План за намалување на институционалната затвореност во Македонија и во регионот

август 11, 2017

„Сеопфатен план за добро владеење за државните институции во Република Македонија“ е најновото издание изработено врз основа на истражувањето за степенот на отвореност на институциите во шест земји од регионот во рамки на проектот АКТИОН СЕЕ – Одговорност, технологија и мрежа на институционална отвореност во Југоисточна Европа, кој го спроведува Фондацијата за интернет и општество […]

Османи: Политиката нема да се меша, реизборот на судии ќе го прави Судскиот совет

јули 24, 2017

Политичките партии од новото парламентарно мнозинство и од Владата се за реформи, но нема да прават генерален реизбор на судии. Надлежноста на тоа е само на Судскиот совет, кој е надлежен да ги решава тие работи, порача вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, пред почетокот на заедничката работна средба на Секретаријатот за европски прашања и […]

Судскиот совет одлучи да објави нов оглас за избор на претседател на Кривичниот суд

јули 20, 2017

Судскиот совет на денешната седница донесе одлука да објави оглас за избор на претседател на најголемиот кривичен суд во државата, Основниот суд Скопје 1. Огласот, како што најави претседателот на Судскиот совет, Зоран Караџовски, најверојатно ќе биде објавен утре во „Службен весник“ и ќе трае 15 дена. Одговарајќи на новинарско прашање зошто токму во овој […]

ВМРО-ДПМНЕ: Генерален реизбор на судии би бил незаконски

мај 13, 2017

Заплашувањата на Заев и на неговата „ергела платени експерти“ врз судиите и вработените во јавната и државната администрација се само уште еден обид да се врати државата во мрачните 90-тите години на минатиот век, порача Горан Манојлоски од ВМРО-ДПМНЕ на партиска прес-конференција денеска. Тој порача дека реизбор на судиите не може и не смее да […]

Јово Вангеловски – нов претседател на Врховен суд, Стојанче Рибарев – в.д. претседател на Кривичен

март 13, 2017

Судскиот совет на денешната седница ги избра судијата Јово Вангеловски за претседател на Врховниот суд, а врховниот судија Стојанче Рибарев го назначи за в.д. претседател на Основен суд Скопје 1. За изборот на Вангеловски гласаа 12 членови на советот, а еден беше против, а според Бадентеровото правило, кое е неопходно при изборот на претседател на суд, петмина […]

Судскиот совет денеска ќе избира претседатели на Кривичниот и на Врховниот суд

март 13, 2017

Судскиот совет денеска 14 часот закажа седница на која на дневен ред се избор на в.д. претседател на Основен суд Скопје 1 по оставката на судијката Татјана Михајлова. Како трета точка на дневен ред е усвојувањето на конечни ранг-листи на кандидатите за претседатели на Врховен суд, по што ќе се избере и новиот претседател на […]

Која е судијката Татјана „2.000 евра казна за Јанева и за Фетаи“ Михајлова?

март 8, 2017

Судијката Татјана Михајлова вчера си поднесе оставка од функцијата в.д. претседател на најголемиот и најважниот суд во државата, Основниот суд Скопје 1. Причините за ненадејната одлука на Михајлова сè уште не се познати, иако една од шпекулациите е дека тоа го сторила затоа што Врховниот суд поништи седум од осумте прераспоредувања што таа ги потпиша. Молчи […]

Судскиот совет за оставката на Михајлова: Преземаме мерки за решавање на ситуацијата

март 8, 2017

Судскиот совет на Република Македонија денеска преку соопштение потврди дека судијката Татјана Михајлова вчера си поднела неотповиклива оставка на функцијата в.д. претседател на Основниот суд Скопје 1. Од Советот додаваат дека денеска ќе преземат мерки за „адекватно решавање на настанатата ситуација“ и дека во најкраток можен рок ќе закажат седница. – Судијата Татјана Михајлова вчера, […]

Караџовски бил фрапиран од новинарите што известувале за новиот распоред на судии

февруари 22, 2017

Претседателот на Судскиот совет, Зоран Караџовски, бил „зачуден и фрапиран“ од известувањето на новинарите за новиот годишен распоред на судии во Основниот суд Скопје 1, со кој извесен број судии што досега работеле на кривични предмети, се префрлени во прекршочното или во други оддели. – Јас сум зачуден, да не речам фрапиран, од навредливото однесување и […]

ВМРО-ДПМНЕ повторно со напад на Катица Јанева и на СЈО

февруари 2, 2017

ВМРО-ДПМНЕ продолжи со нападите врз СЈО и неговиот прв човек, Катица Јанева, и претпладнево обвини дека работат за Зоран Заев. Порача дека „со повлекувањето на предметот „Пуч“ и аболицијата на криминалецот Заев, Катица Јанева ја поништи и основната причина за постоењето на СЈО“. „Јанева и СЈО се срам за правосудниот систем. СЈО се заортачи со […]

Новите претседатели на Врховниот и на Кривичниот суд ќе се знаат по Нова година

декември 22, 2016

Новите претседатели на Врховниот и на Основниот суд Скопје 1 ќе бидат избрани по Нова година, потврди денеска претседателот на Судскиот совет, Зоран Караџовски, бидејќи сè уште е во тек вонредното оценување на кандидатите за оваа функција во двата суда. Советот, како што рече Караџовски, мора да го почитува и рокот од осум дена за […]

Судијката што треба да го суди Груевски, избрана за в.д. претседател на Кривичен суд

декември 5, 2016

Вршител на должност претседател на Кривичниот суд во Скопје ќе биде судијката Татјана Михајлова, додека в.д. функцијата во Врховниот суд ќе ја извршува судијката Снежана Бајлозова. Вака денеска на седница одлучи Судскиот совет, кој со мнозинство гласови ги избра двете судијки за тие функции. Инаку Татјана Михајлова е судијката што треба да ги суди поранешниот премиер […]

Караџовски по средбите со Панчевски и со судиите: Проблемите во судот не се големи

ноември 28, 2016

Деветмина од вкупно 13 судии што му поднесоа претставка на претседателот на Основниот суд Скопје 1, Владимир Панчевски, денеска одговорија на поканата и се појавија во Судскиот совет, каде имаа средба со членовите и со претседателот на Советот, Зоран Караџовски. Како што соопшти Караџовски по состанокот, средбата поминала во конструктивен дијалог, на кој било разговарано […]

Караџовски: Преголемата транспаретност за состојбите го урива угледот на судството

ноември 23, 2016

Преголемата транспаретност и изнесувањето информации за состојбите во судовите во медиумите го нарушуваат угледот на судството, изјави претседателот на Судскиот совет, Зоран Караџовски, по денешната седница на која, меѓу другото, членовите на советот дискутираа и за последните случувања и скандали во Основниот суд Скопје 1. Караџовски не ги соопшти заклучоците што Судскиот совет ги донел за […]

Страна 7 од 8