четврток, 16 април, 2026
Meta.mk

Ознака: Судски совет | 162 резултати

Остра реакција на Судскиот совет за СМС пораката на Русковска

ноември 20, 2019

Судскиот совет најостро го осуди однесувањето на Вилма Русковска, шефицата на ОЈО за гонење на организиран криминал, која преку СМС ги критикуваше и им се закани на судиите во Апелациониот суд кои ја ослободија поранешната специјална јавна обвинителка, Катица Јанева, од затворски притвор. Судиите констатираат дека јавните изјави и закани на Русковска се грубо кршење […]

Судски совет: Нема законски услови за избор на нов претседател на Врховниот суд

ноември 1, 2019

Судскиот совет на Северна Македонија, речиси два месеци по разрешувањето на Јово Вангеловски, сè уште не објавил конкурс за нов претседател на Врховниот суд, пренесува „Порталб.мк“. Од 10 септември, функцијата в.д. претседател на највисокиот суд во земјата, и понатаму ја врши Фаик Арслани. Судскиот совет смета дека сè уште нема законски услови за објавување оглас […]

Судскиот совет да внимава, новиот претседател на Врховен суд да учи од грешките на Вангеловски

септември 24, 2019

Правните експерти очекуваат Судскиот совет конечно да се подобри, а новиот претседател на Врховниот суд, кој и да биде тоа, да не ги повтори грешките на неговиот претходник, Јово Вангеловски. Тој беше разрешен од функцијата затоа што доверената задача ја извршувал несовесно и непрофесионално, пишува Порталб.мк. -Ова е многу клучен и специфичен момент, кога треба […]

Судските закони денеска на владина седница

декември 12, 2018

На 108. седница која ќе се одржи денеска во 13 часот, Владата ќе ги разгледува предлог-законите за судството. Министрите ќе одлучуваат за предлог – законите за изменување и дополнување на Кривичниот законик, на законот за судовите, законот за Судскиот совет, законот за извршување на санкциите и за предлог – законот за изменување и дополнување на […]

Дескоска најави целогодишна контрола на АКМИС-от во 16 судови

декември 11, 2018

Министерката за правда Рената Дескоска соопшти дека донела решение со кое во текот на целата наредна година ќе се врши надзор на работењето на АКМИС системот во 16 судови. Проблемите со информатичкиот систем за автоматска прераспределба на предмети (АКМИС), неговото нефункционирање и преголемото влијание на човечкиот фактор беа утврдени со извештајот на Работната група за […]

Венециската комисија со добра оценка, но и забелешки за судските закони

октомври 19, 2018

Министерката за правда Рената Дескоска учествува на 116-та пленарна сесија на Европската комисија за демократија преку правото (Венециска комисија), на која е разгледано и усвоено Мислењето на Венециската комисија за Законот за изменување и дополнување на Законот за Судскиот совет и Законот за судовите, извести Министерството за правда. „Според мислењето на Венециската комисија, кое е […]

Собранието ги донесе законите за судовите, за Судски совет и за високотo образование

мај 2, 2018

Собранието на Република Македонија на денешната 45. седница ги донесе Законот за високото образование и измените и дополнувањата на законите за судовите, за Судскиот совет, за оружјето и за безбедност на сообраќајот на патиштата, како и за НБРМ, за класифицирани информации, за оружје и за ловство. Процедурално координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев, […]

Заради интегритетот на судиите, извештајот за АКМИС-от ќе се разгледува зад затворени врати

март 14, 2018

Членовите на Судскиот совет на предлог на претсeдателот Зоран Караџовски ја исклучија јавноста кога ќе се расправа за извештајот за АКМИС-от со местење предмети. Според Караџовски, со тоа ќе се зачувал интегритетот на судиите бидејќи ќе се споменувале со име и презиме. Влатко Самарџиски, пак, како член на Советот предложи точката да биде јавна, но […]

Владата бара правна рамка за стопирање на изградбата на рудникот Казандол

март 14, 2018

На 58. седница, Владата ја разгледала и усвоила информацијата за степен на изграденост на рударскиот комплекс Казандол. Од Влада соопштуваат дека го задолжиле Министерството за економија во рок од седум дена да информира условите за раскинување на Договорот за концесија за експлоатација на минерална суровина, бакар, злато и сребро Казандол и за одземање на дозволата за […]

Владата утре ќе усвои предлог-законите за судовите и за Судскиот совет

март 5, 2018

На својата 57-ма седница, утре Владата  ќе ги усвои и предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за Судски совет на Република Македонија, како и предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за судовите. Измените на овие два закона се дел од реформите во правосудството од планот „3-6-9“ на Владата. Со измените на законот за […]

Контролорите на судството од порано знаеле што се случува во Кривичниот суд во Скопје

март 1, 2018

Извештајот за состојбите во Кривичниот суд во Скопје што го испратил Стојанче Рибарев – в.д. претседател на судот од март до крај на октомври 2017 година, потврди дека тие што се задолжени да ги контролираат судовите, а тоа се Врховниот суд и Судскиот совет знаеле се од порано, та сепак даваат изјави, „ништо помпезно, ништо […]

Судии се јавувале кај Караџовски да прашаат дали навистина ќе има масовни разрешувања

февруари 15, 2018

Судскиот совет на денешната седница нема да одлучува по барањата за разрешување на судии, туку ќе ја почне постапката со избор на членови на Советот кои ќе ги застапуваат барањата за разрешување и ќе се бираат комисии кои ќе истражуваат дали има основи за разрешување, по што ќе реферираат до Судскиот совет. Ова денеска го […]

Судскиот совет треба да одлучува по 110 барања за разрешување на судии

февруари 13, 2018

Судскиот совет на седници во наредниот период, од кои првата е закажана во четврток, траба да расправа за 110 барања за поведување на постапка за утврдување на одговорност, односно за разрешување на судии, пренесува „Телма“. Најмногу иницијативи за разрешување на судии се поднесени од Советот за утврдување на факти и за поведување постапка за утврдување одговорност […]

Амбасадата на САД му понудила експертска помош на Судскиот совет за реформите

јануари 18, 2018

Претседателот на Судскиот совет, Зоран Караџовски вчера имал средба со претставниците на Амбасадата на САД во земјава, Дејвид Стивенсон – шеф на политичкиот и економскиот сектор и со Џон Т. Мекнил – правен советник. На состанокот, како што информираат денеска од Советот, било разговарано за начинот на избор на судиите, како и за одговорноста на […]

Караџовски: Хроника на едно салто мортале, како “инфантилното“ СЈО го смести во ЈО

јануари 4, 2018

Претседателот на Судскиот совет Зоран Караџовски на денешната прес-конференција, меѓу другото рече оти смета дека Специјалното јавно обвинителство што поскоро треба да стане дел од редовното Јавно обвинителство и да не се чека 2019 година, како што предвидува стратегијата за реформи во правосудството, затоа што би било доцна. Тој се пожали и дека во македонското […]

Караџовски не бил „во романтична врска“ со власта, бара поголеми плати за судиите

јануари 4, 2018

Претседателот на Судскиот совет, Зоран Караџовски на денешната прес-конфренцијата најави дека во 2018 година советот ќе презема конкретни активности за подобрување на условите за работа на судиите бидејќи, како што се пожали, платите во македонското судство се најниски во цела Европа. – Знаеме дека во штотуку усвоениот буџет не се предвидени средства, меѓутоа затоа треба […]

Џолев даде заклетва и стана претседател на Основниот суд во Скопје

ноември 10, 2017

Новиозибраниот претседател на Основниот суд Скопје 1 Иван Џолев денеска даде свечена изјава пред членовите на Судскиот совет, со што и официјално стапи на функцијата. Судскиот совет пред два дена со 11 гласа „за“ и два „против“, го избра Џолев за претседател на Основниот суд Скопје 1. Џолев е судијата кој неодамна изјави дека поранешниот […]

Судскиот совет денеска избира нов претседател на Основен суд – Скопје 1

ноември 8, 2017

Судскиот совет на денешната седница ќе ја разгледа оставката на в.д. претседателот на Основниот суд – Скопје 1, Стојанче Рибарев, и ќе избира нов претседател на судот. Советот ќе ја усвои конечната ранг-листа на кандидати за наследник на Рибарев, кој во октомври, шест месеци по неговото назначување, си поднесе оставка од лични причини. Претенденти за […]

Првпат ќе се мери спроведувањето на реформите во правосудството

ноември 6, 2017

Центарот за правни истражувања и анализи заедно со Министерството за правда и со Судскиот совет секоја година ќе врши мерење на начинот на кој се спроведуваат реформите во правосудниот систем во земјава. – Досега во Македонија се донесени две стратегии за реформи во правосудниот систем, а немаме појдовна точка од која може да почнеме со […]

Судскиот совет на 8 ноември ќе одлучува за избор на претседател на Кривичниот суд

октомври 31, 2017

Судскиот совет за идната среда ја закажа „итната седница“ на која ќе биде разгледана оставката на в.д. претседателот на Основниот суд Скопje 1, Стојанче Рибарев. Според дневниот ред, на седницата ќе биде усвоена и конечната ранг-листа на кандидатите за претседател на Основниот суд Скопје 1, а ќе биде донесена и одлука за избор на претседател […]

Страна 6 од 8