fbpx
Таг: Судски совет

таг: Судски совет

Судскиот совет предложи Добрила Кацарска да биде избрана за уставен судија

Судскиот совет на РСМ на денешната седница едногласно ја предложи судијката Добрила Кацарска за избор на нов судија во Уставниот суд. Судскиот совет може да предложи двајца од вкупно девет судии колку што брои Уставниот суд. Судијката Кацарска е предложена на местото на досегашниот уставен судија Владимир Стојановски, чијшто мандат веќе е истечен. Предлогот на Судскиот совет за избор на...

Конкурсот за нов претседател на Врховниот суд се очекува да биде распишан по изборите

По парламентарните избори на 15 јули, Судскиот совет ќе распише конкурс за избор на Претседател на Врховниот суд, известува Порталб.мк. Почнувајќи од 10.09.2019 година, функцијата в.д. претседател на највисокиот суд во државата сé уште ја врши Фаик Арслани. Судскиот совет, за Порталб.мк, потврди дека конкурсот за нов претседател ќе биде објавен по парламентарните избори. Судскиот совет на состанокот одржан на...

Судскиот совет избра четири нови судии во Врховниот суд

Судскиот совет денес изврши избор на нови судии во Врховниот суд, во Кривичниот суд Скопје, како и на судии во основните судови низ земјава. Мирјана Лазарова - Трајковска, Сафет Кадрии, Наке Георгиев и Лидија Мартинова се избрани за судии во Врховниот суд. Членовите на Судскиот совет не успеаја да обезбедат консензус околу изборот на уште двајца судии во Врховниот...

Антикорупциска го чека списокот со податоци од Судскиот совет за да ги провери судиите

Судиите коишто се осомничени за прекршување на законите, ќе бидат мета на Државната комисија за спречување на корупција, известува „Порталб.мк“. Претседателката на Антикорупциска, Билјана Ивановскa, вели дека чекаат одговор од Судскиот совет, од каде бараат да им се достават податоци за судиите чијашто имотна состојба ќе биде проверувана. - Сега веќе одредивме неколку критериуми за начинот на кој ќе биде спроведена...

Судскиот совет му го одзеде имунитетот на Теофиловски, но и го спаси од притвор

По два и пол часа расправа, Судскиот совет одлучи да му го одземе судскиот имунитет на нивниот колега Зоран Теофиловски. Овој член на Судскиот совет ќе мора да учествува во натамошното водење на кривичната постапка за злоупотреба на службена положба, во која тој е првоосомничен, информираат од Судскиот совет. Покрај ова, Судскиот совет одлучи да не го одобри барањето за...

Членот на Судскиот совет Теофиловски сам се пријавил во Кривичен суд и се повикал на имунитетот

Членот на Судскиот совет, Зоран Теофиловски утринава самиот се пријавил во Кривичниот суд Скопје и се повикал на судскиот имунитет. Тој е под истрага и сомнение дека ја злоупотребил службената положба и незаконски легализирал земјиште. Од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ја потврдуваат информацијата, посочувајќи дека судијата на претходна постапка го одложил рочиштето за...

Членот на Судскиот совет Зоран Теофиловски и седум други лица под истрага за злоупотреба на службена должност

Одделот за организиран криминал при МВР и Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција спроведе истражна постапка против осум лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело  – Злоупотреба на службена положба и овластување предвидено и казниво по член 353 став 5 од Кривичниот законик. Меѓу нив е членот на Судскиот совет Зоран Теофиловски,...

Закажани трите „директорски“ седници на Комисија за избор и именувања

Претседателот на собраниската Комисија за избор и именувања, Илија Димовски, за денеска закажа три седници на комисијата, на кои се очекува да се избере главниот државен ревизор на Државниот завод за ревизија. Ревизорите работат без директор речиси две години, при што во изминатиов период во неколку наврати реагираа вработените, но и граѓанските организации. На другите две седници на собраниската комисија...

Невладините бараат итен избор на раководен кадар во десетина институции

На иницијатива на десет мрежи на граѓански организации кои заедно обединуваат околу 100 здруженија и иницијативи, претставници на невладиниот сектор денеска одржаа протест пред македонското собрание. Граѓанските организации бараат итен избор и именување на кадар во повеќе институции и тела од страна на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата. Невладините организации бараат Собранието итно и најдоцна до пред...

Остра реакција на Судскиот совет за СМС пораката на Русковска

Судскиот совет најостро го осуди однесувањето на Вилма Русковска, шефицата на ОЈО за гонење на организиран криминал, која преку СМС ги критикуваше и им се закани на судиите во Апелациониот суд кои ја ослободија поранешната специјална јавна обвинителка, Катица Јанева, од затворски притвор. Судиите констатираат дека јавните изјави и закани на Русковска се грубо кршење на принципот на еднаквост и...

Судски совет: Нема законски услови за избор на нов претседател на Врховниот суд

Судскиот совет на Северна Македонија, речиси два месеци по разрешувањето на Јово Вангеловски, сè уште не објавил конкурс за нов претседател на Врховниот суд, пренесува „Порталб.мк“. Од 10 септември, функцијата в.д. претседател на највисокиот суд во земјата, и понатаму ја врши Фаик Арслани. Судскиот совет смета дека сè уште нема законски услови за објавување оглас за нов претседател. „Кога ќе се...

Судскиот совет да внимава, новиот претседател на Врховен суд да учи од грешките на Вангеловски

Правните експерти очекуваат Судскиот совет конечно да се подобри, а новиот претседател на Врховниот суд, кој и да биде тоа, да не ги повтори грешките на неговиот претходник, Јово Вангеловски. Тој беше разрешен од функцијата затоа што доверената задача ја извршувал несовесно и непрофесионално, пишува Порталб.мк. -Ова е многу клучен и специфичен момент, кога треба да се покаже дека институциите...

Судските закони денеска на владина седница

На 108. седница која ќе се одржи денеска во 13 часот, Владата ќе ги разгледува предлог-законите за судството. Министрите ќе одлучуваат за предлог – законите за изменување и дополнување на Кривичниот законик, на законот за судовите, законот за Судскиот совет, законот за извршување на санкциите и за предлог – законот за изменување и дополнување на законот за прекршоци. Владата денеска ќе...

Дескоска најави целогодишна контрола на АКМИС-от во 16 судови

Министерката за правда Рената Дескоска соопшти дека донела решение со кое во текот на целата наредна година ќе се врши надзор на работењето на АКМИС системот во 16 судови. Проблемите со информатичкиот систем за автоматска прераспределба на предмети (АКМИС), неговото нефункционирање и преголемото влијание на човечкиот фактор беа утврдени со извештајот на Работната група за овој систем формирана од министерството...

Венециската комисија со добра оценка, но и забелешки за судските закони

Министерката за правда Рената Дескоска учествува на 116-та пленарна сесија на Европската комисија за демократија преку правото (Венециска комисија), на која е разгледано и усвоено Мислењето на Венециската комисија за Законот за изменување и дополнување на Законот за Судскиот совет и Законот за судовите, извести Министерството за правда. „Според мислењето на Венециската комисија, кое е неодамна доставено до Министерството за...

Собранието ги донесе законите за судовите, за Судски совет и за високотo образование

Собранието на Република Македонија на денешната 45. седница ги донесе Законот за високото образование и измените и дополнувањата на законите за судовите, за Судскиот совет, за оружјето и за безбедност на сообраќајот на патиштата, како и за НБРМ, за класифицирани информации, за оружје и за ловство. Процедурално координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев, рече дека нема да гласаат...

Заради интегритетот на судиите, извештајот за АКМИС-от ќе се разгледува зад затворени врати

Членовите на Судскиот совет на предлог на претсeдателот Зоран Караџовски ја исклучија јавноста кога ќе се расправа за извештајот за АКМИС-от со местење предмети. Според Караџовски, со тоа ќе се зачувал интегритетот на судиите бидејќи ќе се споменувале со име и презиме. Влатко Самарџиски, пак, како член на Советот предложи точката да биде јавна, но неговиот предлог не помина. Ова...

Владата бара правна рамка за стопирање на изградбата на рудникот Казандол

На 58. седница, Владата ја разгледала и усвоила информацијата за степен на изграденост на рударскиот комплекс Казандол. Од Влада соопштуваат дека го задолжиле Министерството за економија во рок од седум дена да информира условите за раскинување на Договорот за концесија за експлоатација на минерална суровина, бакар, злато и сребро Казандол и за одземање на дозволата за експлоатација на минерални суровини доделена...

Владата утре ќе усвои предлог-законите за судовите и за Судскиот совет

На својата 57-ма седница, утре Владата  ќе ги усвои и предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за Судски совет на Република Македонија, како и предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за судовите. Измените на овие два закона се дел од реформите во правосудството од планот „3-6-9“ на Владата. Со измените на законот за судовите се предвидува судија да може...

Контролорите на судството од порано знаеле што се случува во Кривичниот суд во Скопје

Извештајот за состојбите во Кривичниот суд во Скопје што го испратил Стојанче Рибарев – в.д. претседател на судот од март до крај на октомври 2017 година, потврди дека тие што се задолжени да ги контролираат судовите, а тоа се Врховниот суд и Судскиот совет знаеле се од порано, та сепак даваат изјави, „ништо помпезно, ништо страшно“, пишува „Вистиномер.мк“ Новинарите од...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...