fbpx
Таг: судски процес

таг: судски процес

Процес „Таргет-Тврдина“- прислушуваните сведоци бараат милиони евра отштета

Денеска во Кривичниот суд во Скопје продолжи судењето за предметот „Таргет-Тврдина“ за незаконското прислушување во периодот од 2008 до 2015 година. За нелегално прислушување на над четири илјади телефонски броеви обвинети се поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков и поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, избеганите Горан Грујевски и Никола Бошковски, Тони Јакимовски, како и неколку вработени во...

ААВМУ бара казни од 4.000 евра за Алсат-М и Шења за неизбалансирано известување во кампањата

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) поведе прекршочни постапки против телевизиите Алсат-М и Шења, бидејќи спротивно од одредбите во Изборниот законик при известувањето за изборната кампања не обезбедиле избалансирано покривање на изборниот процес во дневно-информативните и во посебните информативни емисии во согласност со принципот на пропорционалност според бројот на потврдени листи на кандидати за пратеници. Од Основниот кривичен...

Боки-13 за предметот „Меѓународен сојуз“: Мицески и Амзоски не се мали деца за да бидат измамени

Продолжува судењето за случајот „Меѓународен сојуз“ во кој се обвинети Бојан Јовановски-Боки 13, Јасна Мандиќ, Фросина Ременски, Миле Јовановски и Христина Блажеска за кривичните дела „измама“ и „перење пари“. На денешното рочиште Боки-13 изјави дека проектите за старечки домови, кои според обвинителството се фиктивни, всушност се реални, со договори потпишани и донесени на собрание на невладината Mеѓународен сојуз. Тој...

Премиерот Спасовски сведочеше за настаните поврзани со упадот во Собранието на 27 април

Премиерот Оливер Спасовски денеска по втор пат сведочеше за случувањата поврзани со упадот во Собранието на 27 април 2017 година во судскиот процес против организаторите на „крвавиот четврток“. Актуелниот премиер Спасовски во судницата се соочи со поранешниот собраниски спикер Трајко Вељаноски, кој е еден од обвинетите во судскиот случај. Спасовски сведочеше дека на 27 април дал предлог и побарал пратениците...

Сведоци на суд изјавија дека ВМРО-ДПМНЕ стоела зад протестите на „За заедничка Македонија“

Сведоците Михаил Младеновски и Сашко Коцевски денеска ги дадоа своите изјави на новото судско рочиште во процесот против организаторите на упадот во Собранието на 27 април 2017 година. Младеновски, којшто претходно беше обвинет во судскиот процес за настаните од 27 април, рече дека тогашната Управа за безбедност и контраразузнавање (УБК) го подготвила планот за упад во Собранието. Тој посочи...

Судски процес против „Дурмо Турс“: Обвинетите се чувствуваат невини

Денеска во Кривичниот суд во Скопје започна судењето против превозникот „Дурмо Турс“, поради несреќата кај Ласкарци, при што загинаа 16 патници, пренесува „Порталб.мк“. Случајот го застапува скопскиот основен обвинител Дарко Јакимовски, а судии се Дијана Груевска-Илиевска, Александра Ристеска и тројца други судии. Во воведното обраќање, обвинителот Јакимовски рече дека било само прашање на време кога несреќата ќе се случи, бидејќи биле...

Во Кривичен суд денеска судења за „Насилство во Општина Центар“, „Тврдина“ и „Таргет“

Во Кривичниот суд денеска ќе се одржат две судски рочишта за три случаи на Специјалното јавно обвинителство (СЈО). Во 10 часот ќе почне судењето за случаите „Тврдина“ и „Таргет“, кои се споени во еден предмет. Во случаите за нелегалното преслушување, „Таргет“ и за уништување на опремата на прислушувањето, „Тврдина“, обвинети се 12 лица. Први се екс-директорот на УБК, Сашо Мијалков...

Спасовски: Владата ќе побара меѓународна истрага за „Диво Насеље“

Владата ќе бара дополнителна - меѓународна истрага за настаните во Диво Насеље од 9 и 10 мај 2015 година, за да се дознае вистината за овој настан, изјави денеска министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски во касарната „Ѓорче Петров“, каде беше извршено примопредавање на донација од Словачка за граничната полиција. - Во однос на кумановските настани ќе...

Лидија Петровска ќе го суди Талески за „Транспортер“

Судскиот процес за случајот „Транспортер“, што го отвори Специјалното јавно обвинителство, а во кој првообвинет е битолскиот градоначалник Владимир Талески, ќе го води судијката Лидија Петровска, соопшти денеска Кривичниот суд во Скопје. Како што информираат оттаму, Советот за оценка на обвинителен акт при Основниот суд Скопје 1 го одобрил обвинението што го поднесе Специјалното јавно обвинителство за случајот „Транспортер“, во...

Местенка, тероризам или криминал: Две години без одговори за акцијата во Диво Насеље

И по точно две години  прашањата што се наметнаа уште додека Диво Насеље во Куманово сè уште мирисаше на барут и на чад од дводневната борба помеѓу специјалните полициски сили и вооружената група, остануваат неодговорени. Одговори на клучните дилеми нема ниту по една и пол година судски процеси: Кои биле вистинските мотиви и цели на кумановската група?; Дали станува збор за...

Обвинетите во „Диво насеље“ в петок ќе дадат искази пред судот

Во големата сала на Врховниот суд денеска продолжи судењето против 37 обвинети за настаните во Диво насеље, во Куманово од 9 и 10 мај 2015 година. По рочиштата, кои неколку месеци се одвиваа зад затворени врати, поради сослушување на заштитетни сведоци на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција и докази од посебни истражни мерки, денеска судењето повторно...

УБК му одговорила на СЈО за користењето класифицирани податоци во „Тврдина 2“

Специјалното јавно обвинителство добило одговор од Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) на барањето за користење класифицирани информации во судската постапка за случајот „Тврдина 2“, потврдија за „Мета“ од кабинетот на Катица Јанева. Од СЈО не откриваат што им било одговорено, но велат дека за тоа ќе го запознаат судот на рочиштето закажано за 17 јануари. „Од наша страна беа испратени барања...

Денеска треба да продолжи судењето на Заев за случајот „Поткуп“

Денеска во 10 часот во Основниот суд Скопје 1 треба да продолжи судскиот процес против лидерот на СДСМ, Зоран Заев, за случајот „Поткуп“. Заев, според обвинението, се товари дека во својство на службено лице, како градоначалник на Струмица, од бизнисменот Иван Николов побарал поткуп од 163.924 евра, односно по 2 евра за еден квадратен метар градежно земјиште во Струмица, кое...

Почнува судењето на директорката на ММФ, Кристин Лагард

Денеска во Париз почнува судењето на генералната директорка на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристин Лагард, која е обвинета за небрежност во случај на арбитража, додека беше министерка за финансии на Франција, јавуваат светските агенции. Лаград, која е под истрага од 2014 година, најавила дека за време на судењето, кое треба да трае до 20 декември, ќе земе отсуство од ММФ. На...

Денеска треба да почне судењето за обвинението на СЈО против Грујовски

Денеска, во 11.30 часот, во Кривичниот суд во Скопје треба да почне судскиот процес за уништувањето на документација поврзана со опремата од незаконското прислушување, за што Специјалното јавно обвинителство на 15 септември, годинава поднесе обвинение против седум лица. Првообвинет во случајот е поранешниот началник на петтата управа, Горан Грујовски, кого СЈО го товари за  фалсификување службена исправа, односно за уништување...

Одложено судењето на Заев за случајот „Поткуп“, неговите адвокати не се појавија

Денешното рочиште за судскиот процес против лидерот на СДСМ и актуелен градоначалник на Струмица, Зоран Заев, за случајот „Поткуп“, е повторно одложено. Во судницата се појави Заев, но не беа присутни тројцата негови адвокати. Двајца од нив, Филип Медарски и Јаким Наумов, преку свои ополномоштени претставници известија дека поради нивната влошена здравствена состојба не можеле да дојдат на денешното рочиште,...

Кривична постапка против уште еден член на Левица

Основниот суд Скопје 1 почна судски процес против уште еден член на Левица, Мариглен Демири, поради учество на протестите годинава, соопштија денеска од партијата. „Режимот не престанува со политичкиот прогон против членовите на Левица. Малку му беше што веќе води судски процес против двајца наши членови, Здравко Савески и Владимир Куновски, па реши да поведе кривична постапка против уште еден...

Зад затворени врати продолжува судскиот процес за „Диво Насеље“

По пауза од еден месец, денеска во големата сала на Врховниот суд продолжува судскиот процес за настаните во Диво Насеље, Куманово, од 9 и 10 мај минатата година. Денешното рочиште, како и претходните неколку, е затворено за јавност, бидејќи сè уште се сослушуваат заштитени сведоци предложени од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. И денеска, како што е вообичаено...

Од Косово екстрадиран уште еден од обвинетите за настаните во Диво Насеље

Вчера од Косово во земјава бил екстрадиран Сулејман Османи, познат како командант Сула, кој е еден од обвинетите за настаните во Диво Насеље во Куманово од 9 и од 10 мај минатата година, потврдиле од Министерството за внатрешни работи, пренесуваат медиумите. Педесет и петгодишниот Османи, жител на селото Брест, беше уапсен веднаш по настаните во Диво Насеље, но под сомнителни...

Денеска треба да продолжи судењето за настаните во Диво Насеље

Денеска во 10 часот, во големата сала на Врховниот суд треба да се одржи ново рочиште за случајот „Диво Насеље“ во кој се обвинети 29 лица за настаните во Куманово од 9 и 10 мај, минатата година. Судскиот процес, требаше да продолжи во петокот, минатата недела, но рочиштето беше одложено, бидејќи судијката, Верка Петковска, која го води предметот, беше на...

Мерките што важеа во ковид пандемијата злоупотребени за антикампања на Филипче

Во објавата што ја рецензираме се пропушта контекстот и за глобалната пандемија, која имаше влијание врз целиот свет во поглед на економијата и бизнисот, а и неосновано се обвинува...