вторник, 19 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: судири | 62 резултати

Судири меѓу полицијата и демонстрантите во Бахреин

јануари 5, 2016

Полицијата во Бахреин употреби солзавец врз демонстрантите кои протестираа поради погубувањето на истакнатиот шиитски свештеник во Саудиска Арабија. Стотина демонстранти излегле на улиците на Ситра, град јужно од престолнината Манама. Шиитите во Бахреин се огорчени поради погубувањето на свештеникот Нимр ал Нимр, кое саудиските власти го извршија на 1 јануари, кога беа егзекутирани уште 46 лица […]

Во судири со демонстрантите во Приштина, повредени се 17 полицајци

ноември 17, 2015

Вкупно 17 припадници на косовската полиција се повредени во судирите со демонстрантите во Приштина. Двајца полицајци добиле тешки повреди, но не се во животна опасност. Во нередите се оштетени осум цивилни, едно службено и четири полициски возила. Оштетена била и зградата на парламентот, но и друг јавен и приватен имот.

Засилени меѓусебните судири на талибанците во Авганистан

ноември 9, 2015

Сè поголем е бројот на жртвите во судирите меѓу спротиставените талибанскии фракции на југоистокот на Авганистан, соопшти Гул Ислам Сајал, портпарол на гувернерот на провинцијата Забул. Во соопштението се наведува дека најмалку 47 борци се убиени, а 53 се ранети за време на тридневните судири. Противничката страна заробила најмалку 18 припадници на новата талибанска фракција.

Судири меѓу полицијата и демонстрантите во Лондон

ноември 6, 2015

Илјада активисти кои синоќа се собраа во центарот на Лондон за да учествуваат во антикапиталистичките демонстрации „Марш на милион маски“, се судрија со полицијата. Демонстрантите фрлале петарди и шишиња кон полицијата, а неколку од демонстрантите добиле повреди откако полицијата се обидела да го сопре маршот. Тројца мажи се уапсени бидејќи се однесувале сомнително и е утврдено […]

Меркел: Постои опасност од вооружени судири на Балканот

ноември 3, 2015

Германската канцеларка Ангела Меркел предупреди на опасност од вооружени судири на Балканот, каде што поминуваат најголем дел од бегалците, во случај Германија да ја затвори границата со Австрија. – Тензии во земјите на Западен Балкан веќе има и не сакаме да дојде до воени судири – изјавила Меркел на собирот на Христијанско-демократската унија во Дармштат, […]

Сè уште траат судирите меѓу владините сили и талибанците во Кундуз

октомври 1, 2015

Судирите меѓу авганистанските сили и талибанците и понатаму траат во Кундуз, важно стратешко место на северот на Авганистан, јавуваа „Би-Би-Си“. Официјалните авганистански претставници претходно јавија дека ја имаат контролата над главните делови на градот. Според жителите на градот, талибанците се потиснати во центарот на градот, а судири се регистрирани и во канцеларијата на гувернерот на покраината […]

Дрезден: Судир меѓу ултрадесничарите и полицијата кај прифатилиштето за бегалци

август 23, 2015

Двајца полицајци се повредени во напад на приврзаниците на екстремистричката десница врз полицијата пред прифатилиштето за бегалци во близина на Дрзден, јавува агенцијата ДПА. Втора ноќ по ред радикалните десничари фрлаат петарди, камења и шишиња врз полицијата. Претходната ноќ 31 полицаец беа повредени кога демонстрантите на ист начин се обидоа да го блокираат патот за […]

Брисел бара прекин на огнот во Украина

август 17, 2015

ЕУ денеска ја осуди ескалацијата на насилството на истокот на Украина и ги повика двете страни да го почитуваат прекинот на огинот, соопшти портпаролката на шефицата за надворешна политика на ЕИ, Кетрин Реј. Таа ги повика завојуваните страни да ги преземат сите мерки за да ги заштитат цивилите и во целост да го почитуваат меѓународното […]

Јемен: Шест жртви во судирите со Хутите

август 13, 2015

Шест цивили денеска се убиени во артилериски напад на бунтовниците Хути во Таиз, третиот град по големина во Јемен, соопштија претставниците на земјата. Според зборовите на претставниците, кои не биле овластени да даваат изјави, бунтовниците го нападнале Таиз за да ја сочуваат контролата во градот. Според истите извори, бунтовниците се повлекуваат од југот на Јемен, каде […]

Четворица загинати во судири на истокот на Украина

јули 18, 2015

Најмалку четири лица загинаа за време на последните 24 часа на истокот на Украина, соопштија денеска украинските власти. – Тројца цивили загинаа во воздушните напади на бунтовниците во градот Авдивка – соопшти министерството за внатрешни работи на Украина. Авдивка е под контрола на украинските прозападни власти, но се наоѓа недалеку од аеродромот во Доњецк, кој […]

Тројца убиени и 14 ранети војници во Украина

јуни 18, 2015

Украинската војска соопшти дека тројца војници се убиени, а 14 се ранети во борбите на истокот на земјата во последните 24 часа. Портпаролот на војската, Андриј Лисенко, изјави дека „не опаѓа интензитетот на судирите, туку оти престануваат опсежните воени операции“. Од почетокот на судирите во Украина, досега загинале повеќе од 6.400 лица. Властите во Киев […]

Судирите во светот чинат 14.300 милијарди долари

јуни 17, 2015

Трошоците за судирите во светот во 2014 година достигнале цифра од рекордни 14.300 милијарди долари, што е 13,4 отсто од глобалниот домашен бруто-производ. „Индексот на светскиот мир“ го направи австрискиот Институт за економија и мир, кој соопшти дека се работи за сума која одговара на збирното богатство на Бразил, Велика Британија, Германија, Канада, Франција и […]

20 загинати и ранети во нови судири на истокот на Украина

јуни 13, 2015

Во последните 24 часа, шест украински војници загинале, а 14 биле ранети во судирите со проруските бунтовници на истокот на Украина, соопштиле денеска официјални претставници на украинските власти, пренесуваат медиумите. – Ситуацијата во близина на аеродромомот во Донецк и понатаму е нестаблна. Непријателот повторно користи тенкови, блиндирани возила и тешка артилерија – изјавил портпаролот на […]

Украина: Пет загинати во последните 24 часа

јуни 11, 2015

Пет лица загинаа во последните 24 часа на истокот на Украина. Портпаролот на украинската војска, Андриј Лисенко, изјави дека двајца војници загинале, а 13 се ранети во нападите на проруските сепаратисти, кои користат тешко вооружување. Претставникот на бунтовниците, Едуард Басурин, соопшти дека три жени загинале во гранатирањето на Горивке, триесетина километри североисточно од Донецк. Набљудувачите […]

Дваесет и шест загинати во судирите на војската и на бунтовниците во Пакистан

јуни 8, 2015

Седум пакистански војници и 19 бунтовници загинаа во судирот во близина на границата со Авганистан, соопшти денеска војската. Во соопштението се наведува дека во племенската област Северен Вазиристан, во текот на ноќта дошло до жестока размена на оган и оти меѓу загинатите бунтовници има и пет нивни команданти. Седум војници настрадале кога еден од бунтовниците […]

ОН: 6.000 загинати во судирите во Украина

март 2, 2015

Повеќе од 6.000 луѓе загинаа во Украина од почетокот на судирите што почнаа минатата година, соопшти денеска високиот комесар на ОН за човекови права, Зеид Раад ал Хусеин. Според податоците на Комисијата на ОН со седиште во Женева, повеќе од стотина цивили и припадници на војската загинаа во последната недела во судирите во Дебаљцево и во близина на […]

Четириесет украински војници загинаа во Донецк

јануари 20, 2015

Најмалку 40 украински војници загинаа во последното деноноќие во борбите во Донецк, соопштија властите на самопрогласената Донецка народна република. Како што јавуваат руските медиуми, пет бунтовници и пет цивили се убиени за време на судирите, а 26 се ранети.

НАТО доби поддршка од ОН за обука на силите во Авганистан

декември 14, 2014

Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) го поддржа новиот договор според кој НАТО ќе ги обучува и ќе им помага на меѓународните сили за безбедност во Авганистан, пренесуваат медиумите. Резолуцијата за ова прашање е едногласно усвоена и во неа се нагласува дека новата мисија е од значење за стабизизација на состојбите во Авганистан. Судирите […]

Страна 3 од 3