fbpx
Таг: судир

таг: судир

Во судир на возови во Полска 28 лица се повредени

Во судир на патнички и на товарен воз на северот на Полска, повредени се 28 лица, соопшти денеска Железницата во Полска. Патничкиот воз налетал на товарна композиција во градот Сметово Граничне. Од 11 вагони на патничкиот воз, седум излетале од колосекот. Никој од повредените не е во животна опасност.

Полицијата во Рим се судри со мигрантите

Италијанската полиција се судри со мигрантите кои „окупираа“ помал плоштад во Рим, протестирајќи против наредбата да ја напуштат зградата во која се населиле. Полицијата, со опрема за разбивање демонстранти, употребила водени топови против мигрантите. Две лица се уапсени, соопшти полицијата, истакнувајќи дека бегалците имале плински боци и дека некои од нив и ги отвориле. Се наведува дека мигрантите фрлале камења и шишиња...

Десет морнари исчезнати по судир на американски воен брод и танкер кај Сингапур

Десет морнари се водат за исчезнати, а пет се повредени откако американски воен брод се судри со танкер за нафта источно од Сингапур, соопшти американската морнарица, потсетувајќи дека ова е втор инцидент на американската морнарица во азиските води за помалку од два месеца. Американскиот разорувач „Џон С. Мекејн“ се судрил со трговскиот брод „Алник МЦ“ во раните утрински часови, додека...

Мотоциклист загинал во сообраќајка во Битола

Во сообраќајна несреќа што се случила вчеравечер во Битола, загинал 40-годишен маж од битолското село Горно Оризари, соопшти СВР Битола. Несреќата се случила во 20.35 часот, на крстосницата на улиците 8 Септември и  Арон Ароести. Дошло до судир на автомобил „голф 3“ со битолски регистарски таблички, управуван од А.К. (29) од Битола, и мотоцикл „хонда“ со битолски таблички, управуван од...

Српска државјанка загина во сообраќајна несреќа кај Удово

Д.П. (56), државјанка на Србија, утринава загина во сообраќајна несреќа што се случи на автопатот А-1, на делница Удово - Марвинци, наспроти селото Јосифово, соопшти Министерството за внатрешни работи. Д.П била сопатничка во возилото и починала на местото на несреќата. Сообраќајката се случила утринава во 9.20 часот, помеѓу автомобил „тојота авенис“ управуван од В.С. од Србија и „пежо 308“ управуван од С.П., исто...

Судир меѓу полицијата и демонстрантите пред почетокот на самитот на Г20 во Хамбург

Германската полиција и група демонстранти денеска се судрија на улиците на Хамбург во пресрет на самитот на Г20, кој почнува утре, јавуваат агенциите. Најмалку едно лице било сериозно повредено во насилствата, а на неколку им била укажана помош на самото место, пренесува „Би-би-си“. Полицијата интервенирала со водени топови кон групата демонстранти, кои фрлале шишиња и камења кон полициските екипи. Мерките за безбедност во...

Две жртви во сообраќајки во Арачиново и на автопатот Градско – Велес

Две лица ги загубиле животите во сообраќајни незгоди што се случиле вчера, соопшти МВР. Првата сообраќајка се случила околу 17.30 часот, на улицата 1 во селото Арачиново. А.С. (29) од Арачиново, кој управувал со џип „мерцедес“, удрил во С.Ш. (60), кој починал веднаш, и во едно шестгодишно дете, кое било пренесено во Ургентен центар Скопје. Откако  удрил во пешаците, А.С. избегал,...

Протести во Келн против конвенцијата на ултрадесничарската АФД

Левичарските демонстранти се судрија со германската полиција во Келн, пред почетокот на партиската конвенција на ултрадесничарската Алтернатива за Германија (АФД), пренесува ХРТ. Во судирите, според телевизијата, повредени се двајца полицајци. Во текот на денот во Келн се очекува да се соберат околу 50.000 демонстранти, кои ќе протестираат против јанкењето на влијанието на АФД. Членовите на партијата, на конвенцијата треба да ја...

Едно лице загина, а има и повредени во протестите во Парагвај

Стотина демонстранти излегоа на улиците на Асунсион, главниот град на Парагвај, во знак на протест, бидејќи Сенатот во тајност гласал за уставен амандман со кој му се овозможи на претседателот Хорасио Картес да се кандидира за втор претседателски мандат. Демонстрантите ја запалиле зградата на Конгресот, при што има повредени, а едно лице наводно било убиено од полицијата. Полицијата остро реагирала против...

Заев за ХРТ: Не очекувам насилства и судири

Лидерот на СДСМ, Зорав Заев, во интервју за Хрватската државна телевизија (ХРТ) вели оти не верува дека ќе дојде до судири и до крвопролевања во земјава и дека ако тоа требало да се случи ќе се случело порано. - Тоа како страв постои и сите се плашиме од таа работа, но јас сум уверен дека нема да дојде до тоа....

Плевнелиев: Не сум против Русија, но политиката на Путин нè води во 19 век

Не сакам Бугарија да биде вратена во времето на Берлинскиот конгрес (1878 година, н.з.), кога Русија и Австро-Унгарија се договорија да ги поделат сферите на влијание во Европа. Ова го изјави претседателот на Бугарија во заминување, Росен Плевнелиев, во неговото последно интервју како шеф на државата за бугарската „Нова телевизија“, јавува дописникот на „Мета“ од Софија. „Денешниот судир во Европа...

Концептот на две држави е единствениот пат за мир меѓу Израел и Палестина, порача Кери

Успехот на израeлско-палестинскиот мировен договор, базиран на концептот на две држави, е доведен во голема опасност, истакна денеска државниот секретар на САД, Џон Кери. Тој нагласи дека резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации, со која се осудува изградбата на еврејски населби на окупираните палестински територии, е во линија со американските вредности. Минатиот петок, САД решија да не стават...

Трамп: Израел не смее да биде третиран со презир и со непочитување

Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, денеска, во пресрет на говорот на државниот секретар Џон Кери за израелско-палестинскиот судир, порача дека не смее да се дозволи Израел да биде „третиран со таков презир и непочитување“. „Имаа (Израел, н.з) голем пријател во САД, но не повеќе. Почетокот на крајот беше ужасниот договор со Иран и сега ова (Обединетите нации)! Остани силен Израел,...

Во тешка сообраќајка загина едно лице на магистралниот пат Охрид – Кичево

Едно лице го загуби животот, а повеќемина се потешко и полесно повредени, во тешка сообраќајна незгода што вчера попладне се случи на магистралниот пат Охрид - Кичево, кај крстосницата со локалниот пат за селото Издеглавје. – Од повредите, на местото на несреќата починала 74-годишната Даница И. од Охрид, а нејзината смрт е констатирана од медицинска екипа на брза помош. Во...

Судири меѓу демонстранти и полиција во Северна Дакота поради изградбата на нафтовод

Синоќа избувнал судир меѓу полицијата и демонстрантите во близина на нафтовод во изградба во американската сојузна држава Северна Дакота, во моментот кога демонстрантите се обидувале да го поминат мостот на државниот пат кој е блокиран од октомври годинава. Според процените на канцеларијата на шерифот на округот Мортон, околу 400 демонстранти се обиделе да го поминат мостот, јавуваат светските агенции. Полицијата...

Судир меѓу турската армија и Курдите во Сирија

Борци кои ги поддржуваат Курдите се судрија со турската војска во Северна Сирија, во близина на границата со Турција. - Турски тенкови се приближија денеска во Ал-Амарнех во провинцијата Алепо, јужно од границата, и се судрија со борците кои ги поддржуваат курдските сили – изјави Рами Абдел Рахман, директор на сириската Опсерваторијата за човекови права. Турската војска во средата ја почна...

Две лица загинаа во сообраќајна несреќа во близина на Пештани, Охридско

Две лица, кое се превезувале на мотоцикл, загинаа во сообраќајна несреќа која вчера попладне по 18 часот, се случи во близина на селото Пештани, Охридско, на патот над хотелот „Десарет“. До несреќата, според полициските информации, дошло кога мотоциклот, со странски регистарски таблички, на кој се превезувале двајцата настрадани, од засега непознати причини, директно удрил во комби, марка „фолксваген“, движејќи се...

При судир во затвор во Гватемала загинаа 13 затвореници

Најмалку 13 затвореници загинаа во судир во затвор во Гватемала, меѓу кои и поранешен војник осуден за убиство на католички бискуп пред речиси две децении. Војникот Бајрон Лима бил еден од најмоќните фигури во затворскиот систем во Гватемала. Тој за убиството на бискупот Хуан Херардиј бил осуден на затворска казна од 20 години. - Помеѓу загинатите е Бајрон Лима, кој беше...

Во судир на два брода на езеро во Конго загинаа 27 лица

Најмалку 27 лица загинаа кога брод се преврти по судир со друг брод на езерото Маиндомбе во Конго. Двата брода пловеле во спротивна насока, но биле пренасочени од вообичаената рута за да ја избегнат маглата, што довело до судирот, соопшти заменикот гувернер на Маиндомбе, Масамба Малика. Тој изјави дека телата на починатите сè уште се наоѓаат во езерото и дека е можно...

Судир на автобус и на камион во Саудиска Арабија, 15 загинати

Во судир на автобус и на камион во Саудиска Арабија загинаа 15 луѓе, а 60 се повредени, соопшти саудиската Црвена полумесечина. Портпаролот на хуманитарната организација, Абдулах ел Мореибед, изјави дека сообраќајната несреќа се случила вчера на патот помеѓу главниот град Ријад и провинцијата Ел Касим и дека судирот предизвикал пожар во автобусот. Во евакуацијата на повредените, од кои петмина се во критична состојба,...

Израел ја бомбардира Сирија, има над 40 жртви

Израел го бомбардираше регионот околу градот Алепо во Северна Сирија, пренесува Гардијан. Израелските сили таргетирале членови на либанската паравоена организација Хезболах. Има повеќе различни контрадикторни информации за бројот на убиени,...