вторник, 19 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: судења | 14 резултати

Груевски не е во „Процес“, „кафкијанските процеси“ беа симбол на неговото владеење

март 15, 2018

Изразот „кафкијански процес“ во текот на изминативе десетина години честопати се користеше како метафора за де се опишат многубројните судски неправди со кои се соочуваа македонските граѓани. Токму оваа фраза стана симбол (или еден од симболите) на владеењето на Никола Груевски и на судството, кое во неговото време наместо правда делеше неправда. За разлика од главниот […]

Почнува судењето на Канческа – Милевска за случајот „Тендери“ на СЈО

февруари 21, 2018

Денеска во Кривичниот суд во Скопје треба да почне судскиот процес против поранешната министерка за култура, Елизабета Канческа – Милевска, обвинета во случајот „Тендери“ на Специјалното јавно обвинителство. Канческа-Милевска е обвинета во предметот „Тендери“ за злоупотреби со тендерот за извршување градежни работи во Музејот на ВМРО, од проектот „Скопје 2014“, со што буџетот, според СЈО, […]

Продолжуваат судењата за нападот врз Села на 27 април и на Кочан за „Труст“ на СЈО

февруари 20, 2018

Во Кривичниот суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето на десетмината обвинети за обид за убиство на лидерот на Алијанса за Албанците и пратеник Зијадин Села за време на насилствата во Собранието од 27 април, минатата година. На денешното рочиште треба да бидат сослушани тројца вештаци. Инаку, вчера пред судот сведочеше Села, кој разкажа […]

Почнува судењето на Талевска за „Тифани“, Села треба да сведочи за нападот од 27 април

февруари 19, 2018

Во Кривичниот суд во Скопје за денеска се закажани три рочишта од судските процеси по обвиненија на Специјалното јавно обвинителство, а треба да продолжи и судењето на напаѓачите на пратеникот и лидер на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, за време на насилствата во Собранието од 27 април, минатата година. На денешното рочиште против напаѓачите на […]

Судењето на Канческа – Милевска за „Тендери“ закажано за 21 февруари

јануари 29, 2018

Кривичниот суд за 21 февруари го закажа почетокот на судењето на поранешната министерка за култура и актуелна пратеничка во Собранието, Елизабета Канческа – Милевска за случајот „Тендери“ на Специјалното јавно обвинителство. Два порано, односно на 19 февруари на обвинителна клупа во Кривичниот суд треба да седне новинарката и уредничка на „Сител“, Ивона Талеска, која се […]

Кривичен добил 6.000 евра за нови камери, но не ги набавил поради тендерот

јануари 26, 2018

Кривичниот суд во Скопје во декември, минатата година добил 350.000 денари (околу 6.000 евра) од Судскиот буџетски совет за да набави нови камери за снимање на судењата, но немал доволно време да ја спроведе тендерската постапка. Поради ова Судскиот буџетски совет на 31 декември ги повлекол парите назад. Ова денеска на бифинг со новинарите го […]

Судењето на Јанкулоска и Груевски за „Тенк“ на 30 јануари, на Мијалков за „Трезор“ на 5 февруари

декември 29, 2017

Судечките совети кои постапуваат по случаите „Тенк“ и „Трезор“ на Специјалното јавно обвинителство ги одредија термините за главна расправа, соопшти денеска Кривичниот суд во Скопје. Како што информираат оттаму, судењето за „Тенк“ е закажано за 30 јануари, а главната расправа за „Трезор“ за 5 февруари, следната година. Инаку, првообвинета во случајот „Тенк“, кој се однесува […]

Ноември ќе биде „најсудски“ месец во годината

октомври 27, 2016

Следниот месец во Кривичниот суд во Скопје се закажани и треба да се одржат рочиштата од судските процеси што предзвикуваат најголем интерес во јавноста, меѓу кои судењето за „Пуч“, за настаните во Општина Центар од јуни 2013 година, за „Диво Насеље“ итн. Речиси сите судења се за случаи кои имаат директна или индиректна врска со прислушуваните […]

ОН бараат судења за воени злосторства пред да завршат судирите во Сирија

март 15, 2016

Известувачите за човековите права на ОН во Сирија денеска соопштија дека не треба да се чека завршувањето на судирите за да се почне со подготовките на судењата за воени злосторства. – Не треба да се чека постигнување на конечен мировен договор за да се усвојат мерките за поставување на основата на одговорност – рече претседателот […]

Денеска во исто време треба да продолжат судењата за „Пуч“ и за „Диво Насеље“

март 2, 2016

Денеска во Основниот суд Скопје 1, во исто време, во 10 часот, се закажани рочиштата од судењата за настаните во кумановско Диво Насеље од 9 и од 10 мај минатата година и за случајот „Пуч“, во кој еден од обвинетите е лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Специјалното јавно обвинителство, како што пренесоа дел од медиумите, […]

Страна 1 од 1