вторник, 16 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: субвенции | 270 резултати

Производството на струја од сонцето не смее да нè остави без храна

август 24, 2022

Изградбата на соларни полиња и користењето на сончевата енергија за производство на струја е еден од најефикасните начини земјава да ја намали зависноста од увоз на струја. Енергертската криза која нè очекува уште еднаш нè потсети колку земјата заостанува во искористувањето и инвестициите во алтернативните извори на енергија, особено сонцето кое го имаме во изобилие. […]

МТСП: Додатокот од 1.000 денари за енергетска помош ќе продолжи од октомври до март

август 22, 2022

По одредени информации изнесени во јавноста за наводно кратење на додатокот од 1.000 денари за корисниците на Гарантирана Минимална помош (ГМП), Министерството за труд и социјална политика (МТСП), се огласи со демант на таквите шпекулации. Министерството објаснува дека дека се работи за паричен додаток кој се исплаќаше на корисниците на ГМП во период на вонредна […]

Јавен повик за субвенции за инвертери во Скопје, тие што имаат парно немаат право на учество

јуни 13, 2022

Град Скопје објави јавен повик за субвенционирање на граѓаните за набавка на високоефикасни инвертер клима уреди за затоплување за 2022 година. „На повикот може да се аплицира по електронски пат, а може да аплицираат лица што набавиле инвертер клима уреди почнувајќи од 01.01.2022 година и се жители на Град Скопје (општини Гази Баба, Аеродром, Кисела […]

Општина Карпош ќе дава субвенции за велосипеди и електрични тротинети

март 18, 2022

Од понеделник (21 март), Општина Карпош го отвора огласот за субвенционирање на една третина од цената за купување на нов велосипед, но најмногу до 3.000 денари, како и една третина од цената за купување на нов електричен тротинет, односно најмногу до 5.000 денари. Право на аплицирање за субвенциите имаат сите полнолетни жители на општина Карпош, […]

Петиција на екологистите: Реките ќе ги спасиме со укинување на субвенциите за мали хидроцентрали

март 14, 2022

Да се заштитат реките од изградбата на мали хидроцентрали и да се укинат субвенциите за инвеститорите, апелираат македонските екологисти на Светскиот ден на реките. Под мотото „Да ги оставиме реките слободно да течат!“ граѓанската организација „Еко свест“ организира петиција за укинување на субвенциите за малите хидроцентрали и апелира граѓаните, од чии сметки за за електрична […]

(Видео) Се укинува ДДВ-то за основните прехрамбени продукти

март 9, 2022

Премиерот Димитар Ковачевски на прес конференција презентираше 26 мерки кои се поделени во две категории меѓу кои е предвидено намалување на ДДВ-то, се воведува маржа, се намалува акцизата за поевтини горива. Владата предвидува и субвенции за струја, како и ваучери за загрозени категории граѓани и пензионери. Има и кредити за инвестирање на компаниите во проекти […]

Светот годишно троши 1,8 трилиони долари во субвенции што ѝ штетат на животната средина

февруари 18, 2022

Човекот го финансира сопственото исчезнување од планетата преку субвенции што им штетат на климата и животната средина, открива најновата студија за која пишува британскиот весник Гардијан. Најмалку 1,8 трилиони годишно, односно 1.800 милијарди долари се трошат низ целиот свет за субвенции кои доведуваат до уништување на дивиот свет и пораст на глобалното затоплување. Станува збор […]

Владата на печатените медиуми годинава ќе им додели субвенции од 30 милиони денари

декември 29, 2021

Владата на вчерашната седница ја донесе Одлуката за одобрување средства од Буџетот за 2021 година за реализација на Програмата за поддршка за печатените медиуми. „Согласно одлуката, 30 милиони денари ќе им бидат распределени на 11 медиумски компании кои ги исполниле условите на јавниот повик за поддршка за печатење и дистрибуција“, соопштуваат од Владата на РСМ. […]

Железница со 6,3 милиони евра од буџет во 2022 ќе покрива загуби, студентите ги чекаат бесплатните билети

ноември 20, 2021

Во Предлог-државниот буџет за 2022 година, којшто во моментов се наоѓа на комисиска расправа во Собранието на РСМ, се наменети 390 милиони денари (околу 6,3 милиони евра) како државни субвенции за надоместување на услугите од јавниот интерес во железничкиот превоз на патници. Со овие средства догодина ќе се покриваат загубите што ги прави државното претпријатие […]

Вистиномер: Субвенциите од државата добредојдени за печатените медиуми

ноември 12, 2021

Во севкупното финансирање на медиумите со јавни пари влегува и субвенционирањето на печатените медиуми што се прави по утврдени правила. Правилата беа дефинирани во разговори помеѓу претставници на Владата, Асоцијацијата за заштита на националните печатени медиуми, а со свои предлози учествуваа и од ЗНМ, се вели, меѓу другото, во Извештајот на „Метаморфозис“ за реформите во […]

Студентите ги добија првите средства за субвенциониран студентски оброк

октомври 1, 2021

Студентите кои го остварија правото на студентски оброк во рамки на првиот рок кој траеше во текот на август, денеска на своите трансакциски сметки ги добиле првите средства во износ од 1.440 денари. Како што соопштуваат од МОН, средствата се однесуваат за периодот од 15 септември, кога стапи на сила законот со кој е регулирано […]

МОН: Студенти, аплицирајте да добивате 2.400 денари месечно за студентски оброк

август 11, 2021

Министерството за образование и наука (МОН), потсетува дека во тек е јавниот повик за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк, што подразбира добивање на месечен паричен надоместок од 2.400 денари за девет месеци во годината. Рокот за пријавување за тековните студенти е од 1 до 31 август 2021 година. За кандидатите кои ќе се […]

Затворен повикот за субвенции за вградување плински уред во возилата, поднесени 670 барања

јули 7, 2021

По еден месец од објавувањето на јавниот повик за субвенции за уред на погон на течен гас (ТНГ), метан или друг вид алтернативно гориво во возилата, Министерството за економија денеска го затвори повикот, поради големиот интерес искажан од граѓаните. Иако јавниот повик требаше да трае 60 дена, од 7 јуни како ден на неговото објавување, […]

СКМ: За подобар пазар со млечни производи потребна е и постојана едукација на сите чинители

јуни 7, 2021

Унапредувањето на пазарот на млечни производи во земјата не подразбира исклучиво инвестиции во агроиндустрискиот комплекс, туку и континуирана едукација на сите засегнати страни во комплексниот процес на млекопроизводството, почнувајќи од фармерите и самите млеко-преработувачи, преку дистрибутерите и трговците, па сè до крајните потрошувачи. Ова беше истакнато на денешната прес конференција во Стопанската комора на Северна […]

Бектеши: Субвенции до 300 евра за граѓаните кои во возилата ќе вградат уред на плин или метан

јуни 7, 2021

Сите граѓани кои имаат возила не постари од 2005 година, од утре ќе можат да купат и да вградат уред на погон на течен гас (ТНГ), метан или друг вид на алтернативно гориво во возилата, при што ќе остварат поврат од 50 проценти од трошокот, но не повеќе од 18.000 денари, информираше на денешната прес […]

Град Скопје: Пристигнаа 1.650 барања за субвенции за инвертер клима уреди

мај 19, 2021

Градот Скопје информира дека јавниот повик за доделување субвенции за инвертер клима уреди за затоплување на домаќинствата се исцрпени. „Во текот на наредните денови Градот Скопје ќе ги обработува пристигнатите барања за субвенции и ако се утврди дека не се исцрпени сите средства предвидени за оваа намена, постои можност повикот да се продолжи, за што […]

Град Скопје ги потроши парите за велосипеди, дадени субвенции на 3.057 граѓани

мај 7, 2021

Град Скопје го затвори јавниот повик за субвенции за велосипеди затоа што се исцрпиле сите планирани средства за период од само дваесетина дена. „Поради големата заинтересираност на граѓаните за субвенциите за купување нови велосипеди и исполнување на предвидените средства, овој јавен повик е затворен“, соопштија од Градот. Јавниот повик беше објавен на 19 април 2021 […]

Од денеска може да се аплицира за субвенции за велосипеди и електрични тротинети од Градот Скопје

април 19, 2021

Градот Скопје денеска ги објави повиците за доделување субвенции за купување велосипеди и електрични тротинети во 2021 година. Аплицирањето на овие повици ќе биде онлајн, а средствата ќе се доделуваат по принципот „прв дојден – прв услужен“ до исцрпувањето на средствата, информираат градските власти. „Граѓаните ќе можат да доставуваат фискални сметки за купен велосипед или […]

Ќе се делат субвенции од 1,3 милиони евра за зголемување на енергетската ефикасност на домаќинствата

март 31, 2021

Владата преку буџетот на Министерството за економија, во рамки на Програмата за промоција на обновливи извори на енергија и зголемување на енергетската ефикасност на домаќинствата, обезбеди вкупно 82 милиона денари (1,3 милиони евра) за субвенции на домаќинствата за 2021 година, кои ќе се реализираат преку веќе објавените четири јавни повици. Тие се однесуваат на надоместување […]

Субвенции од 663 илјади евра за поддршка на жени претприемачки, мали бизниси и занаетчии

март 29, 2021

Министерството за економија ги презентираше трите јавни повици од Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво (КИП) за 2021 година, за поддршка на домашни компании, објавени пред десетина дена. Околу 663 илјади евра се предвидени за субвенции за микро и мали претпријатија, за женско претпримеништво и за занаетчии, за нивни пријавени трошоци во 2020 и во 2021 година. За микро и мали […]

Страна 3 од 14