Таг: студентски пленум

таг: студентски пленум

„Студентски пленум“ и „Шарена револуција“ ќе протестираат вечерва пред СПУКМ

Студентите повикуваат на протест, вечерва во 19 чaсот, пред канцеларијата на СПУКМ, кај Студентскиот дом „Кузман Јосифовски Питу“. Поддршка на овој протест ќе даде и „Шарената револуција“, чии поддржувачи, исто така, ќе излезат на протест пред Специјалното јавно обвинителство, кое се наоѓа до СПУКМ. - Ние, студентите од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ кои вчера баравме праведни и слободни избори за...

„Студентски пленум“ бара од УКИМ веднаш да реагира на тепањето студенти

„Студентскиот пленум“ бара од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ веднаш да реагира против тепањето студенти, да не ги признае изборите и да побара истрага за вчерашните случувањата на УКИМ при изборите за нов студентски лидер, вели Ивана Туфегчиќ од „Студентскиот пленум“, пренесува „Дојче веле“. - Во спротивно, ќе ја опструираме работата на СПУКМ и нема да ги признаваме одлуките на...

ДС: Ако на студентски избори се случува хаос, што ли ќе има на парламентарните?

Студенти од „Студентскиот пленум“ вчера беа тепани од полицијата и насилно влечени, за да се овозможи да се прогласи лидер на студентите во организација на власта, реагираат од Демократскиот сојуз. Од партијата им честитаат на студентите за храброста во обидот да спречат одржување на криминални и нелегитмини избори за студентски лидер. „Демократскиот сојуз најостро го осудува вклучувањето во кршењето на изборниот...

Тензично пред СПУКМ, полицијата ги турка студентите од „Студентски пленум“

Припадници на Единицата за брзо распоредување и оклопни возила се распоредени пред седиштето на СПУКМ, каде што членовите на Студентскиот парламент ги заклучија кутиите од денешното гласање за избор на претседател на Студентскиот парламент. Специјалците ги туркаат студентите за да го ослободат просторот пред СПУКМ каде што членовите на „Студентски пленум“ веќе неколку часови чекаат да се изнесат кутиите во...

„Студентски пленум“: СПУКМ со специјалци насилно ги собра кутиите од гласањето

„Студентски пленум“ на својата страница на „Фејсбук“ ги повикува сите студенти и граѓани да одат пред студентскиот дом „Кузман Јосифовски Питу“, затоа што, како што пишуваат, членови на СПУКИМ, заедно со припадници на специјалните полициски сили, насилно ги грабнале гласачките кутии од денешните избори. „Сите пред „Кузман“ студентскиот дом. Пред 20 минути насилно беа украдени четири гласачки кутии и беа донесени...

Студентите гласаат без паравани и без избирачки список

Без паравани, без избирачки список и во кутија обвиена со листови од страните се спроведува денешното гласање за избор за претседател на Студентски парламент на Правниот факултет. Членовите на изборната комисија на некои од студентите што гласаа, не им ставија печат ниту, пак, сакаа да кажат колкава е досегашната излезност на гласањето. https://twitter.com/meta_agency/status/748459169766907904 - За овие прашања ние сме ненадлежни, треба да...

СПУКМ: „Студентски пленум“ сака насилно да ги спречи изборите за нов студентски лидер

Денешните избори за нов лидер на Студентскиот парламент на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (СПУКМ) се одвиваа на транспарентен и демократски начин, со сите правила и регулативи пропишани во статутот и во правилникот за спроведување избори на СПУКМ, се тврди во соопштението на СПУКМ. Оттаму велат дека изборите почнале во 9 часот на сите 23 факултети, точно навреме, а треба...

Од 12 до 16 часот „Студентски пленум“ ќе ги блокира влезовите на гласачките места

„Студентски пленум“ ги повикува студентите и граѓаните да им се придружат денеска од 12 до 16 часот на платото на УКИМ, да ги блокираат местата на кои ќе се гласа за избор на претседател на Студентскиот парламент. Во објавата за настанот на „Фејсбук“ пишува дека бојкотот е за да се врати највисокото претставничко тело во рацете на студентите. „Зошто бојкотираме? За...

Младински образовен форум нема да ги признае изборите за претседател на СПУКИМ

Изборите за претседател на СПУКМ, закажани за утре, 30 јуни 2016 година, не смее да се признаат поради нелегалното распишување и фрапантното кршење на студентските права, повикаа од Младински образовен форум. Од организацијата рекоа дека нема да ги признаат овие избори. „Избори за студентски парламент не треба да се одржат додека не се реформира неговата структура на демократски начин и...

„Студентски пленум“ повика на блокада на студентските избори

„Студентски пленум“ денеска ги повика студентите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) утре во 12 часот да излезат на платото на УКИМ и да се приклучат во блокадата на студентските избори. Тие велат дека студентите имаат право да спречат избори кои се нелегални и нелегитимни. - Потсетуваме дека блокадата не е кривично дело како што претходно пренесоа некои медиуми. Ние...

Никола Јанкуловски избран за нов ректор на УКИМ

Деканот на Медицинскиот факултет, Никола Јанкуловски, е избран за нов ректор на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“. Тој освои 43 гласа, наспроти неговиот противкандидат, професорот Ненад Новковски, кој освои шест гласа, додека шест ливчиња беа неважечки. Јанкуловски ќе биде ректор на УКИМ во наредните четири години. Пред почетокот на седницата на Сенатот на УКИМ, „Студентски пленум“ го блокираше влезот на Ректоратот за да ги...

„Студентски пленум“ ја напушти седницата на УКИМ откако им беа исклучени микрофоните

Четворицата претставници на „Студентски пленум“ ја напуштија седницата на Ректоратот на Универзитетот „Кирил и Методиј“ на која треба да се избира нов ректор, откако им беше одземен зборот и им ги исклучија микрофоните. Тие се побунија против одлуката на комисијата за верификација на Сенатот, да ги верификува мандатите на десетте претставници на Студентскиот парламент при УКИМ (СПУКМ), тврдејќи дека...

„Студентски пленум“ го блокира влезот пред Ректоратот на УКИМ

Претставници на „Студентски пленум“ во моментов го блокираат влезот на Ректоратот на УКИМ, каде за денеска во 10 часот е најавена седница на која би требало да се избира нов ректор, јавува „Нова ТВ“. Студентите го блокираат влезот за сите вработени, бидејќи, како што тврдат, ректорот ќе се избира со 10 гласови на 10 студентски претставници кои не се легитимни. Тие велат...

„Студентски пленум“ повика на бојкот на изборите на СПУКМ

Од „Студентски пленум“ ги повикаа студентите да не излегуваат на изборите на СПУКМ закажани за 30 јуни затоа што, како што велат, сакаат вистински студентски претставници, а не марионети и нема да дозволат криминални избори за студентски претставници. „Ги повикуваме студентите да не излегуваат на изборите на СПУКМ на 30 јуни. Со бојкотот, сите заедно испраќаме најсилна порака: Нема да...

„Студентски пленум“ бара средба со ректорот на УКИМ

Oфицијално барање до ректорот на УКИМ за средба, во понеделник испрати „Студентскиот пленум“. Пленумците на овој состанок сакааат да дискутираат за постапката за избор на нов ректор, која според пленумот е закочена поради нелегитимноста на студентските претставници во раководните органи на универзитетот. „Студентското организирање е многу значајна тема во земјата и соодветно треба да се адресира од сите засегнати страни...

Студентски пленум: Нелегитимните студентски претставници се вечна болка на УКИМ

Членовите на Студентскиот пленум, денеска на својата страница на „Фејсбук“ обвинија дека нелегитимни претставници ќе гласаат за избор на нов ректор на УКИМ. „Дознаваме дека се именувани 10 нови претставници, без студентите да знаат кои се тие и на кој начин се избрани. Ректорската управа е закажана за 15 јуни додека изборот ќе се спроведе на 27 јуни и планирано е да гласаат новоименуваните...

Продолжен куќниот притвор на Савески и на уште двајца демонстранти за нови 30 дена

За нови 30 дена им е продолжен куќниот притвор на членот на президиумот на Левица, професорот Здравко Савески, и на уште двајца демонстранти приведени по протестите во Скопје против одлуката за аболиција на функционери и на нивни блиски соработници што ја донесе претседателот, Ѓорге Иванов, објави „СДК“. На Савески, Владимир Куновски, кој е член на Левица, и на Борјан Ефтимов, член...

„Студенски пленум“: Власта го уништува високото образование, а опозицијата молчи

„Студентскиот пленум“ соопшти дека силно се спротиставува на формирањето на уште еден, нов државен универзитет во земјава, кој, според пленумци, уште еднаш ги расветлува намерите на власта „за систематско уништување на високото образование и за негово претворање во алатка што власта ќе ја користи во сопствена полза“. Од „Студентски пленум“ ја прашуваат власта дали на ваквиот чекор му претходела каква било анализа...

„Студентски пленум“ пак го блокира Ректоратот на УКИМ, ректорот им ветил средба

Поради тоа што не беа разгледани барањата на „Студентски пленум“ во рокот што неговите претставници го побараа, студентите денеска повторно го блокираа влезот на Ректоратот на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“. „Како што е веќе познато, нашите барања не беа разгледани во разумен рок. Затоа денеска, доследни на нашиот збор, студенти од „Студентски пленум“ повторно дојдоа да ја блокираат работата на Ректоратот. По...

„Студентски пленум“: Има најмалку три други локации за изградба на барокните факултети

Изградбата на објектите за Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство и за Факултетот за физичка култура е неопходна затоа што студентите студираат во нечовечки услови. Но, сепак, се поставува прашањето дали овие факултети мораше да се изградат баш на оваа локација, сметаат претставниците на „Студентски пленум“. - Освен тоа што се исекоа 47 дрвја, има и други нелогичности околу изградбата...

Контраспин: Укинувањето на балансерот никако не може да биде тежок удар врз Уставот

Правната одлука за т.н. балансер, во насока на усогласеност на правните акти на државата со Уставот, може да биде само поттик на принципот на еднаквост во мултиетничко општество, бидејќи...