вторник, 20 јануари, 2026
Meta.mk

Ознака: студентски дом | 34 резултати

Опомени и казни за студентите кои ќе фрлаат ѓубре во „Пелагонија“

12 февруари 2019

Екипите на „Комунална хигиена“ денеска и утре ќе го чистат дворот на Студентскиот дом „Пелагонија“, откако на социјалните мрежи се појавија фотографии од дворот на студентскиот дом полн со ѓубре. Директорот на домот, Бујар Муртезани, најави дека во иднина студентите кои ќе фрлат отпад во дворот ќе се соочат прво со опомена, потоа со парична […]

Адеми најави реконструкции на училишта и домови и изградба на нови објекти

31 јули 2018

Министерот за образование и наука, Арбер Адеми, денеска најави реконструкции на училишта и ученички домови, како и завршување на започнатите реконструкции на студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје, но и изградба на нови училишни објекти. Ќе се вршат реконструкции на училишта или изградба на нови училишни објекти во општините Боговиње, Студеничани, Демир Капија, Чаир и […]

На местото на „Космос“, ФОН ќе гради универзитетски град

2 октомври 2017

Универзитетот ФОН потпишал меморандум за соработка со коинвеститорите „ЈИДА констракшн“ и ФИНЕ, со кои ќе обезбеди финансиска и техничка поддршка за доизградба на универзитетскиот град на местото на поранешниот станбен комплекс „Космос“, кој беше урнат во текот на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, како и за изградба на нова универзитетска болница. „Со потпишувањето на овој меморандум, субјектите […]

Директорот на Државен студентски дом вели дека сите сметки за вода се платени

30 септември 2017

Невистина се тврдењата на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје дека Државниот студентски дом „Скопје“ (ДСД) или Министерството за образование и наука не ги плаќале сметките за вода, реагираше Атанас Бојчев, директор на ДСД. Јавното претпријатие, откако вчера Бојчев обвини дека неосновано ја сопрело водата во студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу“, реагираше и порача дека […]

„Водовод и канализација“ демантира: Многу сметки на студентскиот дом не се платени

29 септември 2017

ЈП Водовод и канализација- Скопје ја демантираше изјавата на директорот на Државниот студентски дом „Скопје“, дека претпријатието без предупредување ја сопрело водата во студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу“ денеска, велејќи дека тоа се случува поради неплаќање сметки во последните пет месеци и поради неподмирување на долгот од претходно. „Министерката уште во јуни месец вети […]

Поради неплатен долг сопрена водата во студентскиот дом „Кузман“

29 септември 2017

Водата во студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу“ во Скопје била сопрена утрово од ЈП „Водовод и канализација“, иако на претпријатието му било кажано дека е најдено решение за да се покрие долгот за вода, соопшти Државен студентски дом „Скопје“. Според в.д. директорот Атанас Бојчев, водата била сопрена без предупредување. – Постапката на ова јавно […]

ВМРО-ДПМНЕ: Досега не се случило образовна институција да остане без струја поради долг

16 јуни 2017

„Колку и да се обидуваат да бараат алиби, фактите говорат дека досега никогаш не се случило студентските домови или која било друга образовна институција да остане без електрична енергија поради долг кон дистрибутерот. Електрична енергија немало само кога се реализирале градежни интервенции во објектите“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на Министерството за […]

Универзитетски Штип не го одбележува денот на студентите

17 ноември 2015

Меѓународниот ден на студентите не се одбележува во универзитетскиот град Штип. Според претседателот на Студентскиот парламент, Горан Стаменков, причината за ова е затоа што поголемиот дел од раководството на организацијата сè уште е во странство преку програмите за размена. Оние студенти што денеска сакаа да зборуваат јавно, се пожалија на студентскиот стандард, побараа поголема отчетност во трошењето […]

Тендер за реконструкција на блок А во студентскиот дом „Гоце Делчев“

16 ноември 2015

Министерството за образование и за наука објави оглас за санација и за адаптација на блокот А на студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје, чија проценета вредност за градежни активности изнесува 80 милиони денари или 1,3 милион евра. Според електронскиот систем за јавни набавки, понудите на заинтересираните компании треба да се поднесат до 7 декември во 11 […]

При крај е реновирањето на блокот Б во студентскиот дом „Гоце Делчев“

24 октомври 2015

Во студентскиот дом „Гоце Делчев“, во блокот Б, завршени се градежните активности, а следната недела се очекува набавката на мебелот, информираше заменик-министерот за образование, Спиро Ристовски. По целосната реконструкција на овој блок, се очекува и реновирање на блокот А. Ристовски информираше дека во фаза на подготовка е и проект за другите два блока, како и за […]

Страна 2 од 2