четврток, 21 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: студенти | 947 резултати

Како грчките студенти го видоа градот: Со грутка во грлото низ „Скопје 2014“

ноември 20, 2014

Ненадејниот наплив на млади грчки студенти кои гласно и љубопитно го разгледуваа и дисeцираа секој дел од центарот на градот, вчера во Скопје беше дел од научната екскурзија на група од 70 студенти од отсекот за балкански, словенски и источни студии при солунскиот Универзитет „Македонија“. Mладата Стела Трагуда и нејзиниот колега Стелјос Солемидис се одмараа […]

Тројца повредени на студентските протести во Лондон

ноември 19, 2014

На студентските протести во центарот на Лондон дојде до судир меѓу демонстрантите и полицијата, во кој полесено се повредени тројца полицајци. Неколку илјади студенти протестираа, противејќи се на зголемувањето на школарината. Полицијата уапсила група студенти откако се оделиле од маршот и ја пробиле заштитната ограда, по што се судриле со полицајците. Скотланд јард соопшти дека […]

Иванов: Треба да се слушне гласот на студентите

ноември 19, 2014

Треба да се слушне гласот на студентите и да се разговара за нивните сознанија и ставови. Треба да се поттикне дијалогот со надлежните институции за да можеме сите да имаме корист од овие промени, и студентите, и стопанството, институциите, како и целото општество, бидејќи високото образование, пред сè, е подготовка на луѓе за самостоен живот, […]

МВР не побарало од „Јутјуб“ да се цензурира видеозаписот од студентскиот протест

ноември 19, 2014

Видеосервисот„Јутјуб“ испратил писмо до порталот „Нова ТВ“ да отстрани дел од видеозаписот од студентските протести откако некој го обележил како непристоен бидејќи „на снимките од 12:45 до 16:14 минута има нарушување на нечија приватност“. Во спорните минути од видеоснимката, освен студентите кои протестираа, се гледаат и лицата на полицајците што го обезбедуваа протестот. Од Министерството за внатрешни работи велат […]

„Студентски пленум“: Не побаравме оставка од министерот Адеми

ноември 19, 2014

Министерот за образование Абдилаќим Адеми или не го прочитал писмото што му го достави „Студентски пленум“ за екстерното оценување или свесно манипулира, зашто ние никаде не побаравме оставка од него, се вели во соопштението од „Студентски пленум“. „Ние на последниот пленум дискутиравме за таа изјава на министерот и сме зачудени. Писмото го објавивме со печат […]

Адеми: Студентите ми бараат оставка, а не се политичка партија

ноември 18, 2014

Студентите кои протестираа вчера за да се укине ектерното тестирање на факултетите сакаат и институционално да ја продолжат борбата. Бараат средби со надлежните институции каде што ќе можат да ги образложат нивните ставови и проблеми. Сè уште не добиле никаков одговор од министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми, на писмото што му го испратија […]

(Фото) Писмо од „Студентски пленум“ до министерот за образование

ноември 18, 2014

„Инбокс 7“ го објави писмото кое „Студентски пленум“, организаторот на вчерашниот масовен студентски марш, му го предаде на министерот за образование, Абдилаќим Адеми, во кое ги изнесува своите барања и причините за протестот против воведување на екстерното тестирање на факултетите. „Нашето барање е последица на неспособноста на студентските парламенти да ги заштитат интересите на студентите…Резултатите […]

Студентите порачаа: Партии не примаме, само индекс имаме

ноември 17, 2014

Околу илјада студенти се собраа пред платото на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ каде што на Меѓународниот ден на студентите го почнаа маршот под мотото „Заедно против екстерното тестирање на факултетите“, организиран од „Студентски пленум“. Студентите носеа транспаренти испишани со зборовите „Екстероното, Титаник на високото образование“, „Активирај се, реализирај се, студентизирај се“, „Јас сум повеќе од […]

Маршот против хунтата во сенка на политичка и економска неизвесност

ноември 17, 2014

Во клима на општествено незадоволство, политичка неизвесност и на страв од нови мерки за штедење, Грција денеска ја одбележува 41-годишнината од настаните на атинската Политехника, денот кога е задушена студентската револуција против воената хунта. Ако грчките студенти, на денешен ден во 1973 година, се најдоа очи в очи со воените тенкови кои безмилосно ги рушеа портите […]

Студентите се упатија кон Владата на Република Македонија

ноември 17, 2014

Повеќе стотици студенти денеска се собраа пред комплексот факултети на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, на марш против идејата на владата да воведе екстерно оценување на универзитетот. Тие маршот го продолжија кон седиштето на Владата на Република Македонија. Според најавите од Министерството за образование и наука, испитот треба да се спроведува двапати: првпат кога студентот ќе ја заврши […]

Полицијата со солзавец против студентите во Атина

ноември 13, 2014

Грчката полиција употреби солзавец за да ги растера четириесетината студенти кои насилно се обиделе да влезат во Атинската правна школа. Објектот на правната школа вчера беше затворен во знак на одбележување на годишнината од студентското востание на 17 ноември 1973 година против воената хунта. Портпаролката на грчката влада соопшти дека нема да се дозволи владеење на […]

Американ колеџ со договор за соработка со Мастрихт школата

ноември 12, 2014

Договор за соработка со Мастрихт школата за менаџмент потпиша денеска Американ колеџ од Скопје со што стана првата високообразовна институција во земјава со воведување на МБА програмата. Таа е рангирана помеѓу првите 100 во светот по Шангајската листа и како глобален проект се спроведува во уште 15 земји во светот. Предвидено е програмата да се реализира […]

„Студентски пленум“ в среда пред платото на УКИМ

ноември 10, 2014

Студентската иницијатива „Студентски пленум“ на својата фејсбук-страница објави дека четвртиот по ред собир на студентите ќе се одржи в среда, точно напладне, пред платото на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј, пренесува „Радио МОФ“. Студентите почнаа да организираат собири пред повеќе од две недели по најавите од Министерството за образование за воведување на екстерно тестирање во […]

ФЗОМ електронски ќе ги добива потврдите од редовните студенти

ноември 10, 2014

Редовните студенти ќе можат по електронски пат да испраќаат потврди до Фонодот за здравствено осигурување наместо, како досега, писмено до шалтерите на ФЗОМ. Ова го предвидува новиот проект на фондот „Електронски потврди за редовни студенти“, кој почна да се реализира минатата недела. Директорката на ФЗОМ, Маја Парнарџиева-Змејкова, кажа дека 43 високо-образовни институции во Македонија потпишале […]

Доделени 20 стипендии за Универзитетот „Шефилд“

ноември 10, 2014

Стипендии за постдипломски студии на „Сити-колеџ“ во Солун, кој е дел од Универзитетот „Шефилд“ од Велика Британија, денеска добија 20 најдобри студенти. Стипендиите, кои го носат името на поранешниот претседател Борис Трајковски, се доделуваат традиционално веќе петта година по ред. Секоја стипендија поединечно е во висина на уписнината на „Сити-колеџ“ и изнесува 14.890 евра, од кои […]

Ќе се доделуваат стипендии „Борис Трајковски“

ноември 10, 2014

Заменик министерот за образование и наука, Спиро Ристовски, денеска во Вила „Водно“, ќе се обрати на свеченоста по повод доделувањето на стипендиите „Борис Трајковски“ за академската 2014/2015 година. Стипендиите се доделуваат за студии од втор циклус на извршната програма за бизнис и администрација при „Сити-колеџ“ – Меѓународен факултет во состав на Универзитетот „Шефилд“ од Велика Британија, […]

Демонстрантите ја нападнаа зградата на владата во Чилпансинго во Мексико

ноември 9, 2014

Стотина демонстранти во мексичката држава Гереро ја нападна зградата на владата во главниот град Чилпансинго, палејќи притоа автомобили по улиците. Демонстрантите ја обвинуваат владата за вмешаност и убиство на 43 студенти во градот Игуала во септември. Протестите следат по изјавите на државниот обвинител Хесис Муриљо Карам дека членовите на бандата Герерос унидос ги признале убиствата […]

Илјада демонстранти на улиците на Хонг Конг

ноември 9, 2014

Околу илјада демонстранти маршираа денеска до кабинетот на кинеската влада во Хонг Конг, барајќи измена на регулативите за избор на лидер во тој град. Демонстрантите, меѓу кои најбројни се студентите, од 28 септември се на улици во Хонг Конг и блокираат три главни раскрсници во таа азиска финансиска престолнина. Тие бараат слободни избори за првиот човек на Хонг […]

Уапсените во Мексико признаа дека извршиле масовно убиство

ноември 8, 2014

Тројца припадници на наркобанда, уапсени за време на истрага за исчезнувањето на 43 студенти од мексиканскиот град Игуала, признаа дека убиле голема група луѓе, соопшти државниот обвинител Хесус Муриљо. Тој рече дека тројцата уапсени признале дека запалиле група луѓе, и тоа додека некои од нив уште биле живи, во депонија близу Игуала во државата Гереро, […]

(ФОТОГРАФИИ) „Студентски плеунум“ постави табли на средно Водно

ноември 6, 2014

Студентската иницијатива „Студентски пленум“ на 4 ноември 2014 година (среда) постави табли на патот кон средно Водно за потсетување на Студентскиот парламент при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ дека треба да заземе проактивен став на темата државен испит, најавена од министерот за образование и наука, Абдулаким Адеми. – Сметаме дека СПУКМ треба да почне посериозно да ги претставува […]

Страна 47 од 48