недела, 19 април, 2026
Meta.mk

Ознака: студенти | 942 резултати

По законските измени, во тек е нов повик за субвенциониран студентски оброк

април 14, 2025

Министерството за образование и наука објави нов повик за аплицирање за субвенциониран студентски оброк, откако претходно месецов беа донесени законските измени со кои се прошири опфатот на студенти кои имаат право на субвенциониран студентски оброк. Согласно законските измени, право на субвенциониран оброк сега имаат редовни студенти запишани на прв, односно втор циклус на студии, како […]

Студентите бараат намалување на цените за автобуски превоз: Поевтино е да летаме до Италија отколку да патуваме до Струмица

април 4, 2025

Универзитетското студентско собрание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УСС УКИМ) денес реагираше на, како што велат, недоволната достапност и отсуството на поволности на меѓуградскиот превоз во земјава. Од таму посочија дека по Ковид-пандемијата, голем дел од автобуските и железничките линии беа укинати, а цените на билетите за оние кои останаа, пораснаа драстично. […]

Измените на Законот за субвенциониран студентски оброк пред пратениците, УСС УКИМ апелира да ги изгласаат

април 1, 2025

Измените на Законот за субвенциониран студентски оброк ќе се најдат на дневниот ред на денешната седница во Собранието. Во измените предложени од група пратеници е предвидено менување на условите за тоа кои студенти имаат право на субвенциониран студентски оброк. Освен редовните студенти на додипломски студии, се предлага право на студентски оброк да имаат и студентите […]

Промовирана нова генерација дипломци и магистри на ФИНКИ, Јаневска им порача да работат во Македонија

март 28, 2025

Денес беше промовирана новата генерација дипломци и постдипломци на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ). На церемонијата, министерката за образование и наука им порача да продолжат да стекнуваат знаења и вештини, како најдобар начин за остварување на нивните животни цели. Министерката се […]

Студентската правобранителка на УКИМ: Да ја споделиме маката и да бараме систем кој работи за нас

март 26, 2025

По низата случувања во академската заедница во текот на изминатите две недели кои следуваа по трагедијата во кочанската дискотека „Пулс,“ попладнево со став се огласи студентската правобранителка на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ), Савче Ѓошева. „Свесни сме дека во изминатиот период, од трагичниот настан во Кочани па наваму, неколку настани ја брануваа студентската заедница […]

Презапишување предмети на УКИМ – колку чини и кој наплаќа повеќе

март 26, 2025

Покрај партиципацијата и зголеменитe давачки за „онлајн ресурси“ и „материјални ресурси“, кои на одредени факултети достигнуваат и до 4.000 денари, студентите на некои факултети на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) плаќаат и сума за презапишување на предмети повисока од предвидената во унифицираниот тарифник на универзитетот, воведен минатата година. Според информациите на Мета.мк добиени од […]

Студентскиот пленум на УКИМ се одржа зад затворени врати, без присуство на медиуми

март 24, 2025

Иако беше најавен преку соопштение до медиумите и јавноста, пленумскиот собир на иницијативата „Независен студентски сојуз УКИМ“ се одржа зад затворени врати. Студентите се повлекоа во аулата на Филозофскиот и Филолошкиот факултет во Скопје, а новинарите беа замолени да си заминат и да не снимаат и фотографираат. Иницијативата „Независен студентски сојуз“ минатата седмица соопшти дека […]

Оставки во тишина

март 23, 2025

Последна молитва на моето тело Црн е твојот ветар, а ноќта бела и секој дамар напнат од зрелина. Застани како меч во овој дрворед од тела пред да се срушиш заслепено со белина. Но и тогаш играта ќе продолжи пак со иста таинственост и иста чедност. И тие треви што ќе те покријат со мрак […]

За утре и в понеделник во Скопје закажни три собири за кочанската трагедија

март 22, 2025

За утре и за в понеделник во главниот град се закажани вкупно три собири од три различни иницијативи, а во врска со трагедијата во импровизираната кочанска дискотека „Пулс“ во која животот го загубија 59 лица. Собир за утре закажа иницијативата „Студентски пленум“ која се појави неодамна. Собирот ќе се одржи во 16:30 часот во Градскиот […]

ФСС Економски ги потсети студентите дека од понеделник продолжува наставата

март 22, 2025

Факултетското студентско собрание на Економскиот факултет во Скопје попладнево објави соопштение на својот Инстаграм профил во кое ги потсетува студентите на овој факултет дека од понеделник, 24 март, продолжува редовната формална настава. Од ФСС Економски апелираат до своите колеги да продолжат со посета на наставата за да не се изложувале на дополнителни трошоци, притоа спомнувајќи […]

Уште една жртва од падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад

март 21, 2025

Српските студентски движења „Студенти у блокади“ преку социјалните мрежи на јавноста ѝ соопштија дека по четири месеци тешка борба, денеска починал еден од повредените од трагедијата на железничката станица во Нови Сад. Ова го прави шеснаесетата жртва во несреќата. Станува збор за Вукашин Црнчевиќ, млад тинејџер кој што утрово им подлегнал на повредите. Од Студентските движења […]

Илјадници студенти се собраа на платото на УКИМ – министерката Јаневска исвиркана

март 17, 2025

Дождот во Скопје не ги спречи илјадниците студенти да се соберат на општествениот кампус на УКИМ за да изразат почит кон настраданите во трагедијата во Кочани, каде животот го загубија 59 главно млади лица, а уште 150 се повредени од кои 45 во критична состојба. Покрај студентите, на платото на факултетот беа присутни ректорката на […]

Студентите бараат откажување на наставата и испитите за време на деновите на жалост

март 17, 2025

Студентските организации од повеќе државни и приватни универзитети во земјата информираа дека поднеле барања за прекин на наставата и организирање собири додека траат деновите на жалост по повод трагедијата во Кочани, во која животот го загубија 59 главно млади лица, а над 150 се повредени. Универзитетското студентско собрание при најголемиот универзитет во земјата, УКИМ информираше […]

Утре на пладне заеднички час на платото на УКИМ – студентите ќе изразат сочувство за жртвите

март 16, 2025

Студентите на Универзитетот Св. Кирил и Методиј (УКИМ) најавија дека почнувајќи од утре (понеделник) па сè до 21 март (петок) секој ден во 12 часот ќе организираат собири за да искажат сочувство за жртвите и поддршка за повредените во пожарот во Кочани. Утрешниот собир ќе се одржи на платото пред општествениот кампус на УКИМ. Тие ги […]

Вучиќ: Многу луѓе дојдоа од внатрешноста, не беше користен звучен топ туку анти-дрон пушка

март 15, 2025

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, по повод денешниот протест во Белград изјави дека станува збор за голем собир, на кој присуствувал огромен број луѓе од внатрешноста на земјата, јавува српската ТВ Н1. Според него, смиреноста на полицијата доцела до тоа да нема жртви или тешко повредени на протестот. „Вкупно 56 лица се повредени, но никој […]

Прекинат масовниот протест во Белград по повеќе инциденти – бил искористен и звучен топ?

март 15, 2025

Масовниот протест на студентите во Белград на кој покрај нив учествуваа стотици илјади граѓани, беше насилно прекинат откако дојде до инциденти од правец на Пионерскиот парк пред зградата на Претседателството, каде во шатори се сместени поддржувачи на претседателот на Србија, Александар Вучиќ. NAJVAŽNIJI INFO: Iz pravca Pionirskog parka su bačene flaše i kamenice. Ovaj protest […]

Огромен број граѓани на протестот во Белград, пристапот до Собранието отежнат, силно полициско присуство

март 15, 2025

Додека протестот во Белград се разгорува, атмосферата останува напната, пишува српски Данас.рс. Студентите во блокада, кои го повикаа протестот, објавија дека главниот собир ќе се одржи пред Собранието на Србија, како и на Славија, каде што ќе бидат поставени бина, хор и говорници. Огромен број граѓани се движат кон центарот на Белград, а воени ветерани […]

Мицкоски не очекува прелевање од Србија, но подготвен е да помогне ако некој побара помош

март 15, 2025

Нашата домашна задача е наша домашна задача, а домашната задача на другите земји си е нивна домашна задача, рече премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во врска со големиот протест во Србија. Како што додаде тој, „ако некој побара помош од нас, советодавна или било каква, тука сме, во рамките на Уставот на […]

Напната атмосфера во Белград – распоредена полиција, но и воени ветерани, има инциденти

март 15, 2025

Реки луѓе се слеваат кон центарот на српскиот главен град, додека големиот се интензивира, а во градот се распоредени големи полициски сили. Денес во 16 часот ќе започне протестот пред Народното собрание под името „15 за 15“, на кој српските студенти и граѓаните на Србија ќе побараат одговорност од властите за смртта на 15 лица […]

Повреден студент-редар и професор на Електротехничкиот факултет во Белград

март 15, 2025

Во раните утрински часови на 15 март 2025 година, околу 1 часот по полноќ, пред зградата на техничките факултети во Белград се случи инцидент во кој беа повредени студент-редар и професор од Електротехничкиот факултет (ЕТФ), јавува ТВ Н1. Според објавата на Инстаграм профилот „ЕТФ во блокада“, по нападот интервенирала полицијата, но студентите изразија загриженост дека […]

Страна 3 од 47