fbpx
Таг: Струмица

таг: Струмица

Заев: Извесно дека ќе има вето од Бугарија, но сепак очекувам крик на пријателство

Вето од Бугарија е повеќе од извесно, но очекувам крик на пријателство, вели премиерот Зоран Заев. Тој нагласува дека до крајот на декември има можност за одржување на прва меѓувладина конференција и дека очекува одговорност и позитивна одлука од бугарската страна - Јас сум подготвен и го подготвив македонскиот народ за евентуална блокада. И тоа е поприлично извесно. Ако кажете...

Полицијата во Струмица пишувала по една казна на секоја минута, 60 санкции за еден час

Министерството за внатрешни работи покрај на територијата на главниот град Скопје, спроведува засилени акциски контроли за санкционирање на непочитувањето на сообраќајните правила и прописи и во другите градови, меѓу кои и Струмица, соопшти портпаролот на МВР Тони Ангеловски на денешната прес конференција во Струмица. „Се санкционираат сите сообраќајни прекршоци, а особено оние кои што се најчеста причина за сообраќајни незгоди...

Благ пораст на цените на становите во екот на кризата од корона вирусот

Зголемување на цените на становите има во второто тримесечје од годинава кога се разгоре кризата од корона вирусот, а забележително е дека цените растат иако понудата на станови ја надминува побарувачката. Според податоците на Народната банка, во вториот квартал на 2020 година, цените на становите во Скопје бележат годишен раст од 1,4 отсто, што претставува мало забавување во споредба со...

Преполните журки и забави без заштитни маски од викендов го запалија алармот кај институциите

Во дискотеките, клубовите, рестораните, црквите, домашните балкони, тераси и тревници деновиве се организираат забави и разни свечености на кои присуствуваат и по стотици гости. На социјалните мрежи секојдневно се редат фотографии од насмеани и гушнати лица без заштитни маски од дискотеки и кафулиња, како и групи на луѓе како се забавуваат и играат на музика. Сите овие фотографии се...

Во шест градови во земјава нема повеќе активни случаи со Ковид-19

Дебар, Радовиш, Гевгелија, Струмица, Пробиштип и Демир Хисар се шесте градови во земјава во кои нема повеќе активни случаи со Ковид-19, информираат од Министерството за здравство. Ваквите позитивни информации доаѓаат по вчерашниот извештај на Институтот за јавно здравје, во кој е забележано дека овие градови веќе немаат пациенти заразени со корона вирусот. Од почетокот на епидемијата, во Дебар беше регистриран...

Негативни се резултатите на четирите лица од Струмица тестирани на корона вирус

Министерството за здравство утрово информира дека вчера попладнето на корона вирус биле тестирани 4 лица од Струмица, поврзани со првата пациентка. Нивните тестови се негативни на вирусот. Исто така, биле тестирани и други 8 сопатници од Скопје на истата пациентка и нивните резултати биле негативни на корона вирусот. „Практично, сите сопатници од комбето на прво заболената, кои во изминатите две...

Земјотрес утрово почувствуван во Струмица и Валандово

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, утрово во 7.26 часот регистрирала земјотрес чиј епицентар се наоѓа на 120 километри југоисточно од Скопје и потекнува од епицентралното подрачје Струмица, информираат од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет. Земјотресот имал локална Рихтерова магнитуда ML=2.6, а бил почувствуван од населението на Струмица, Валандово и околината, со...

Земјотрес од 2,6 Рихтерови степени во Струмица

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет (ПМВ) во Скопје, денеска во 9.48 часот регистрирала земјотрес во епицентралното подрачје на Струмица. Неговата Рихтерова магнитуда изнесува 2.6, а бил почувствуван од населението во околината на Струмица со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Инспекторите пишуваат казни, гумите во Костурино непречено горат

Пожарот со високотоксични испарувања, во кој вчера гореа околу 300 автомобилски и камионски гуми во близина на струмичкото село Костурино, е најверојатно подметнат од непознат сторител, информираат за „Мета.мк“ од струмичката инспекција. Пожарот почнал во близина на работилницата за производство на вар, позната по тоа што со години енормно ја загадува животната средина во струмичко и за која известуваа...

Болницата во Струмица ќе биде приклучена на градскиот гасовод

Владата на 153. седница одобри 5 милиони денари (81.300 евра) од буџетот, за болницата во Струмица да се приклучи на градскиот гасовод. „Донесена е одлука за одобрување средства од буџетот за 2019 година во износ од 5.000.000 денари, за спроведување на мерки за намалување на аерозагадувањето и намалување на високите концентрации на ПМ10 и ПМ2.5 честички во Општина Струмица, кои...

Се реконструира стариот, ќе се гради нов пат од Струмица до бугарската граница

Државата ќе инвестира во изградба на нов експресен пат од Струмица до македонско - бугарската граница кај граничниот премин Ново Село. Ова во изјава за медиумите го истакна министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, кој заедно со директорот на ЈП за државни патишта Зоран Китанов денеска беа на увид во рехабилитацијата на регионалниот пат Струмица - Ново Село. Регионалниот...

Сашо Мијалков доби три години затвор, Мендух Тачи три години и два месеци

Шест лица денеска добија затворски казни од Судот во предметот „Титаник 2“ на Специјалното јавно обвинителство, за направени изборни нерегуларности за време на локалните избори во 2013 година. Најголема казна, од четири и пол години, доби поранешниот член на Државната изборна комисија, Бедредин Ибраими. Претседателот на Демократската партија на Албанците, Мендух Тачи доби казна затвор од три години и два...

Општина Струмица поднесе барање до Владата за намалување на стапката на ДДВ за гасот

Општина Струмица доставила барање до Владата за намалување на стапката на данокот на додадена вредност (ДДВ) за гасот од 18 на пет проценти. Според градоначалникот Коста Јаневски, решението на проблемот со загадениот воздух, во кое во најголем дел учествува затоплувањето на домовите е преку гасификација, како и проширување на гасоводната мрежа. За таа цел Јавното претпријатие „Срумица гас“ аплицирало до...

Заев ги смирува граѓаните: За Иловица ќе донесеме одлука за која нема да се каеме

Јасни беа пораките на граѓаните на општините Босилово и Ново Село на информативната средба со премиерот Зоран Заев и министерот за економија Крешник Бектеши: рудникот во Иловица не смее да проработи. Заев и Бектеши повторија дека нема компромис со здравјето на луѓето, за што во изминатите девет месеци се направиле суштински законски промени. - Направивме измени на законот да не...

Укинати интервентните мерките против загадувањето во Струмица

Престануваат да важат интервентните препораки и мерки кои беа активирани при надминувањето на прагот на алармирање во Струмица, соопшти владината прес-служба. „Ве информираме дека согласно податоците од ДАМСКВ на 22.01.2019 година, среднодневните концентрации на ПМ10 се под дефинираниот праг на алармирање од 188 микрограми на кубен метар, и епизодата од два последователни дена е прекината во Струмица“, се вели во...

Екологистите до Владата: Решете го „рудникот на смртта“ или народот сам ќе го реши

Активистите на еколошките здруженија кои се спротиставуваат на отворањето на рудникот на бакар и злато Иловица во струмичката котлина ѝ упатија ултиматум на Владата да ѝ ја одземе концесијата на компанијата „Еуромакс Рисорсис“ најдоцна до вторник, 16 октомври, кога е предвидена да се одржи седница на Владата. Во спротивно, тие најавија дека „ќе го повикаат народот сам да се...

Земјотрес во Струмица ноќеска

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје ноќеска во 2.10 часот регистрирала земјотрес во струмичкото подрачје, поточно на 125 километри југоисточно од Скопје. Рихтеровата магнитуда на земјотресот изнесува 3 степени, а земјотресот од населението во Струмица и околината бил почувствуван со интензитет од 4 степени според Европската макросеизмичка скала, соопшти Сеизмолошката опсерваторија.

Контраспин: Петте струмички студенти, петте пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски

Барањето за амнестија може да биде поставено, но само откако сите ќе дознаеме што навистина се случи на 27 април 2017 година. А, да се споредуваат тие настани, петте обвинети пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и петте стрелани струмички студенти во 1951 г. е неумесно, невкусно и калкулантски, пишува „Вистиномер.мк“. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, од говорот на протестниот марш на неговата партија во...

СДСМ: Струмица беше заборавена од ВМРО-ДПМНЕ 11 години, Мицкоски да се извини

Мицкоски да им се извини на граѓаните за тоа што Струмица 11 години беше заборавена од ВМРО-ДПМНЕ, се вели во реакцијата на СДСМ на повикот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, на протестен марш в недела во Струмица. Од СДСМ додаваат дека „во отсуство на конкретни ставови, политики,  решенија, идеи, Христијан Мицкоски се обидува да ги направи граѓаните нервозни“. „Македонија добива покана за членство во НАТО,...

Мицкоски повикува на протестен марш в недела во Струмица

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски преку видео обраќање повика на протестен марш во Струмица во недела со почетокот од 13 часот од паркот во Струмица до општината. - Јас како и многумина од ВМРО-ДПМНЕ сме одлучни дека ќе одиме до крај и нема назад се до конечната победа која ќе и донесе победа на Македонија. Време е да се...

Почина Велибор Џаровски – Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза...