fbpx
Таг: струја

таг: струја

Евростат: Цената на струјата во Македонија за 55 отсто поевтина од европската

Според статистичката служба на Европската Унија, Евростат, анализите за земјите кои не се членки на ЕУ, покажуваат дека во Македонија цената на струјата е за 55 отсто поевтина отколку во европските земји, а во Србија за 47 отсто. Просечната цена на струјата во земјите од ЕУ изнесува 18,4 евра за 100 киловат-часови. Како што посочуваат од Евростат, најскапа струја плаќаат Данците...

РКЕ: Не можеме да потврдиме дека цената на струјата ќе се намали

Регулаторна комисија за енергетика не може да потврди дека цената на струјата ќе се намали по шпекулациите што се појавија во одредени медиуми дека пресметките ќе одат во надолна насока. - Во период сме кога се пресметува цената, кога се утврдуваат трошоците во рамките на работните групи во комисијата. Во овој момент не би можел да кажам какви ќе бидат предвидувањата....

Аеродромот во Брисел остана без струја

На бриселскиот аеродром рано утринава снема струја поради што привремено била запрена регистрацијата на патниците. Дефектот во меѓувреме бил поправен, изјави портпаролката на аеродромот. Прекинот на електричната енергија се случил во 6 часот утрината во секторот за заминувања, кој минатата недела беше целосно ставен во функција откако целосно беше уништен во самоубиствениот бомбашки напад на Исламска држава на 22 март, кога...

СДСМ: Министерство за финансии должи 8.000 евра за струја

„Министерството за финансии натрупало долг кој надминува 510.000 денари за неплатени сметки за струја. Тоа е долг поголем од 8.000 евра“, се вели во соопштението на СДСМ. Од СДСМ бараат Ставрески да им одговори на граѓаните за што се потрошени нивните 8.000 евра собрани преку даноци, со коишто требало да се плати струјата во јавната установа Министерство за финансии. - Граѓаните седат во...

Поради поставување нов далновод, можни се прекини во снабдувањето со струја во Тетовско

Поради почнување на градежните работи на последната делница од новиот далновод во Тетово, утре ќе биде исклучен далноводот што ги поврзува Скопје и Тетово. На постојната траса ќе се уриваат старите и ќе се градат нови столбови. - Поради изградбата на далновод, Тетово и околните населени места ќе останат да се снабдуваат со електрична енергија од страната на Гостивар. Сепак, поради едностраното снабдување...

Снегот предизвика хаос во Словенија

Поради обилните врнежи од снег, во Словенија околу десетина илјади домаќинства останаа без струја, повеќето во подрачјето на Љубљана и на Дравоград. Снегот предизвика проблеми и во сообраќајот. Забележани се повеќе сообраќајки, а постои опасност од снежни одрони. Метеоролозите најавуваат подобри временски услови, но не се очекува зголемување на температурата, која е особено ниска за овој период од годината. Вржени од снег...

СДСМ: Провизии од 44 милиони евра во енергетскиот сектор

Регулаторната комисија за енергетика, чиј претседател е од редовите на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Кратово, трет ден молчи за чии интереси дозволува увоз на струја поскапа за неверојатни 41,7 проценти, кога цената на регионалните берзи е падната за 20 евра за еден мегават-час, се вели во соопштението на СДСМ. Во него се вели дека додека се молчи за скапиот увоз,...

СДСМ: Во земјава се увезува струја поскапа за неверојатни 41,7 отсто

Од Регулаторна комисија за енергетика (РКЕ) да излезат и да објаснат зошто дозволуваат граѓаните да ја натплаќаат увезената струја, порача денеска Митко Андреевски, претседател на комисијата за енергетика на СДСМ. „Со последната одлука, РКЕ утврдила дека ЕВН ќе набавува електрична енергија на слободниот пазар за 51,46 евра за еден мегават-час! Но, последните податоци од берзите на електрична енергија во регионот: бугарската...

„Часот на планетата Земја“ вечерва и во Македонија

Во Охрид, вечерва за одбележувањето на најголемата светска еколошка акција, „Часот на планетата Земја“, во симболичен мрак ќе потонат црквата „Света Софија“, градскиот плоштад и гимназијата „Св. Климент Охридски“. Покрај Охрид, поддршка кон акцијата најавија и градовите Струмица, Битола, Велес, Крушево, Ресен, Радовиш, Струга, Куманово, Кавадарци и Берово, а осветлувањето ќе биде исклучено и во резерватот Јасен, цементарницата Усје, трговските...

Пожар на трафостаница го остави Гостивар без струја

Експлозија на трафостаница во Гостивар, која предизвика пожар на овој објект го остави поголемиот дел од градот без струја. Прекинот во снабдувањето со електрична енергија настанал околу 2.30 часот по полноќ, кога настанала експлозијата. - Се случил дефект на главната трафостаница Гостивар 1. Дефектот набргу е саниран. Во поголемиот дел од Гостивар каде имаше прекини во снабдувањето со струја, состојбата...

Куна го остави половина Скопје без струја

Заталкана куна била причината за дефект на трафостаницата во Козле, поради што населбите Козле, Водно, Карпош и дел од Тафталиџе синоќа останаа без струја, информираат од ЕВН. Од компанијата објаснуваат дека реагирале итно, по што бил спречен поголем дефект. - Станува збор за дефект на трафостаницата во Козле, од каде се напојуваат овие делови на градот. По речиси двочасовна интервенција, дефектот беше отстранет - изјави портпаролот на ЕВН,...

72,6 отсто од потрошената електрична енергија е од домашни извори

Македонија лани во декември потрошила вкупно 824.591 мегават-часови електрична енергија, 28,117 милиони кубни метри природен гас, 782.427 тони јаглен и 97.408 тони нафтени продукти, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Според податоците, 72,6 отсто од потрошената електрична енергија е од домашни извори, а 98,2 отсто од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на електрична енергија.

Силниот ветер го остави битолскиот регион со часови без струја

Силниот ветер кој од ноќеска дува во битолско-пелагонискиот крај остави делови од градот без струја, како и дваесетина села во регионот. Ветрот на места дувал и со брзина од 90 до 100 километри на час. Поради дефект на електрична мрежа, без напојување се многу деловни објакти во индустрискиот дел на градот, како и сите села на патот од Битола кон граничниот...

Силен ветер остави 8.000 домаќинства без струја во Финска

Прекин во снабдувањето со електрична енергија на околу 8.000 домаќинстава, во 45 општини во централниот дел на Финска, денеска предизвика силниот ветер од западен правец. Силниот ветер корнел дрва, кои на неколку места паднале врз далноводниот систем, предизвикувајќи кинење на електропроводните кабли. Службите на енергетските компании работат на отстранување на дефектите, но снабдувањето со струја сè уште не е целосно обновено. Финскиот...

Потрошени 642.279 мегават-часови електрична енергија во октомври

Во октомври годинава, потрошени се вкупно 642.279 мегават-часови електрична енергија, 9,629 милиони кубни метри природен гас, 433.055 тони јаглен и 90.171 тон нафтени продукти, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. 62,1 отсто од вкупно потрошената екелектрична енергија е од домашни извори, а 94,9 проценти од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на струја.

Поради неплатени сметки исклучени водата и струјата во рудникот „Индоминерали и метали“

Погонот за флотација и управната зграда на рудникот „Индоминерали и метали“ останаа без вода и струја затоа што се исклучени поради неплатени сметки. Рудникот му должи 25.000 евра на Јавното комунално претпријатие „Никола Карев“ за неплатена вода за околу една година. Исто толкав период рудникот ги нема намирено ниту сметките за струја на „ЕВН Макодонија“. Директорот на ЈКП „Никола Карев“, Игор Бошков,...

Најавен бојкот на наставата во училиштето „Браќа Миладиновци“ во Струга

Учениците од најголемото основно училиште во Струга, „Браќа Миладиновци“, од четврток ќе ја бојкотираат наставата затоа што немаат струја од почетокот на новата учебна година. На денешната седница на Советот на родители е договорено в четврток и в петок да се бојкотира само првиот час, додека од понеделник да има целосен бојкот на наставата во ова училиште. Исто така, од...

Во Штип 14 семејства втор ден се без струја

Втор ден без струја се 14 семјества кои живеат како потстанари во државната зграда во штипската населба 8 Ноември. Станарите сметките за струја уредно ги платиле, меѓутоа дистрибутивната компанија ја исклучила зградата од системот од безбедносни причини. До прозорците висат електрични кабли што лесно можат да се дофатат. На места се и соголени и опасни по животот на луѓето....

Работник загина од струја при возобновата на манастирот „Света Богородица Захумска“

Работник по потекло од Република Албанија, загина вчера од струен удар, при возобновата на конаците во манастирот „Света Богородица Захумска“ , на брегот на Охридско Езеро, кај Љубаништа. Несреќниот настан се случил околу 14.15 часот, кога работникот изведувал работи на електричната инсталација кај орманчето за напојување со електрична енергија. Во еден момент била допрена една од фазите на електричната инсталација. На местото на настанот...

Дете мигрант го удрило струја во Гевгелија

Дванаесетгодишно дете државјанин на Авганистан вчера го удрило струја на железничката станица во Гевгелија каде има празни вагони во резерва. „Од страна на Црвен Крст лицето веднаш е однесено во Општа болница во Гевгелија за укажување на лекарска помош. Лицето било во придружба на своите родители и по нивна изјава истите не приметиле како дошло до електричниот удар“, информираат од...

Уапсени тројца германски државјани за наводно шпионирање за Кина

Полицијата во Дизелдорф и Бад Хомбург уапси тројца германски државјани за шпионирање за кинеската тајна служба. Двајца мажи и една жена се во притвор, објави во понеделникот федералното обвинителство,...